исчезнат македонец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Jul 2022 09:41:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png исчезнат македонец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови детали за потрагата: Во лоцирањето на Мартин се вклучува и авион од солунски аероклуб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-za-potragata-vo-lociranjeto-na-martin-se-vkluchuva-i-avion-od-solunski-aeroklub/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-za-potragata-vo-lociranjeto-na-martin-se-vkluchuva-i-avion-od-solunski-aeroklub/#respond Wed, 13 Jul 2022 09:41:32 +0000 https://kurir.mk/?p=704367

Иако редовно предвидениот рок за потрага и спасување измина, сепак потрагата на Халкидики по исчезнатото момче од Северна Македонија продолжува и денеска, со еден патролен чамец на Крајбрежната служба на Грција и со учество на спасувачки тимови и волонтери, јави дописничката на МИА од Атина. Од спасувачката служба предмалку соопштија дека во потрагата по исчезнатиот Мартин, која трае пет дена,  напладне се вклучува и авион од солунски аероклуб. Пракса на грчката крајбрежна служба е потрагата да трае 72 часа, односно три дена, меѓутоа како што вчера соопштија од нашето Министерство за надворешни работи овој рок е продолжен по телефонскиот разговор меѓу шефовите на двете дипломатии Бујар Османи и Никос Дедниас. – За време на разговорот Османи замоли за продолжување на потрагата и покрај изминувањето на редовниот рок, при што беше информиран од својот колега дека е донесена одлука со која се продолжува потрагата по исчезнатиот, соопштија од МНР и додадоа дека шефот на дипломатијата упатил благодарност за трудот и пожртвуваноста на грчката крајбрежна служба, военото воздухопловство и локалното население, кои се вклучени во потрагата. Разговорот бил по формалното упатување на нота до Министерството за надворешни работи на Грција со молба за продолжување на потрагата. Спасувачката акција започна во саботата попладне и трае веќе четврти ден, додека пак вчера, според грчките медиуми, во потрагата бил вклучен и подводен дрон, но без резултат. На Халкидики е и мајката на исчезнатиот М.Ј., а потрагата ја следи и генералниот конзул во Солун. Двајцата спасени македонски државјани веќе се во Северна Македонија, 25-годишниот Васил завчера беше отпуштен од болницата на Халкидики, додека пак 30-годишниот Иван вчера ја напушти солунската болница. Спасувачката акција и потрагата започнаа во саботата во попладневните часови, кога тројцата државјани на Северна Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот. Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата. Еден од тројцата пријатели, беше спасен во саботата по поминати околу два часа во вода, додека пак во неделата, по околу 20 часа во морето беше пронајден и 30-годишниот Иван.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-za-potragata-vo-lociranjeto-na-martin-se-vkluchuva-i-avion-od-solunski-aeroklub/feed/ 0
Мајката на Мартин низ солзи: Сѐ што сакам е да го најдете моето дете, потрагата продолжува и денес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkata-na-martin-niz-solzi-s-shto-sakam-e-da-go-najdete-moeto-dete-potragata-prodolzuva-i-denes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkata-na-martin-niz-solzi-s-shto-sakam-e-da-go-najdete-moeto-dete-potragata-prodolzuva-i-denes/#respond Wed, 13 Jul 2022 07:13:43 +0000 https://kurir.mk/?p=704246

Потрагата на Халкидики за пронаоѓање на последниот исчезнат македонски турист продолжува утринава со учество на патролен брод на крајбрежната стража, како и на волонтери – спасувачи, откако во текот на вчерашниот ден беше вклучен и подводен дрон. Мајката на Мартин апелираше до спасувачите на волонтерската служба ОФКАТ да не престанат да бараат ниту една минута, а со солзи во очите постојано им вели „сѐ што сакам е да го најдете моето дете, пренесуваат грчките медиуми. Подводниот дрон е голема помош во потрагата по Мартин, но струите се многу силни Воедно, братот на Мартин во објава на Фејсбук вчера порача „иако поминаа четири дена, не губиме надеж и продолжуваме да бараме“. Претседателот на ОФКАТ, Христос Рамос, нагласи дека спасувачите вложуваат натчовечки напори да го најдат момчето и да го вратат кај неговото семејство. Информациите од Иван и поволните услови се надеж за пронаоѓање на Мартин – најблиските и спасувачите имаат верба. Вчера од болница беше отпуштен 30-годишниот Иван, кој помина околу 19 часа во морето пред да биде спасен. Мартин и неговите двајца пријатели биле на одмор на Халкидики кога во саботата попладне, славејќи го роденденот на нивниот 30-годишен пријател Иван, завршија во водата борејќи се за да преживеат. Иван беше пронајден во неделата напладне, а првиот исчезнат, 25-годишниот Васил, веднаш го лоцирала крајбрежната стража.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkata-na-martin-niz-solzi-s-shto-sakam-e-da-go-najdete-moeto-dete-potragata-prodolzuva-i-denes/feed/ 0
СЕ ОГЛАСИ БРАТОТ НА ИСЧЕЗНАТИОТ МАКЕДОНЕЦ – потрагата завршува, сега бара помош од цела Македонија, Владата и МНР! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-bratot-na-ischeznatiot-makedonec-potragata-zavrshuva-sega-bara-pomosh-od-cela-makedonija-vladata-i-mnr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-bratot-na-ischeznatiot-makedonec-potragata-zavrshuva-sega-bara-pomosh-od-cela-makedonija-vladata-i-mnr/#respond Tue, 12 Jul 2022 13:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=703928

Четврти ден во Грција се трага по Македонецот кој исчезна во саботата кога силните морски струи го извлекоа на море заедно со двајца негови пријатели на плажата Мити, во Посиди на Халкидики. Денеска по пат на социјалната мрежа Фејсбук се огласи и неговиот брат кој упати апел до Владата на Република Македонија, како и до МНР и сите граѓани: - Јас сум братот на Мартин и упатувам голема благодарност до спасувачкиот тим на ОФКАТ од Грција и до Генералниот конзулат во Солун, кои поминаа три дена се заедно со нашето семејство во потрага по нашиот син Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели се уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме до Македонската влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да се продолжи потрагата по Мартин, бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност а за чија помош би можела владата да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин. Ве молиме шерувајте за да стигне постот до сите кои би можеле да помогнат во овие исклучително тешки моменти за нашето семејство, напиша Горан Јовановски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-bratot-na-ischeznatiot-makedonec-potragata-zavrshuva-sega-bara-pomosh-od-cela-makedonija-vladata-i-mnr/feed/ 0