исчезнати лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 09 Sep 2023 18:53:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png исчезнати лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Седуммина исчезнати во поплавите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sedummina-ischeznati-vo-poplavite-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sedummina-ischeznati-vo-poplavite-vo-grtsija/#respond Sat, 09 Sep 2023 19:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=876430

Во невремето „Даниел“ што во вторникот ја зафати Грција и предизвика поплави и катастрофални штети во повеќе места во централниот дел на земјата, за исчезнати се водат седум лица, меѓу кои и двајца туристи од Австрија, јави дописничката на МИА од Атина. Бројот на исчезнати до вчера беше четири лица, додека пак денеска бројот се зголеми на седум лица. Во поплавите, животот го загубија десетмина, а спасени се стотици граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sedummina-ischeznati-vo-poplavite-vo-grtsija/feed/ 0
Околу 850 лица се уште се водат за исчезнати по катастрофалните пожари на Хавaите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-850-litsa-se-ushte-se-vodat-za-ischeznati-po-katastrofalnite-pozhari-na-havaite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-850-litsa-se-ushte-se-vodat-za-ischeznati-po-katastrofalnite-pozhari-na-havaite/#respond Mon, 21 Aug 2023 17:32:51 +0000 https://kurir.mk/?p=869297

Околу 850 лица се уште се водат за исчезнати по разорните шумски пожари на хавајскиот остров Мауи, изјави градоначалникот на оваа област Ричард Бисен. Бисен кажа дека повеќе од 1.200 лица, кои биле на списокот на исчезнати, досега се пронајдени безбедни, а се очекува бројките да варираат, јави Радио Слободна Европа. Официјално е потврдено дека досега во пожарите загинаа 141 лице. Американскиот претседател Џо Бајден треба да го посети островот, првпат откако островот го зафатија пожарите. Официјален претставник на Белата куќа за американските медиуми изјави дека Бајден планира да именува федерален службеник за итни случаи кој ќе ги води долгорочните напори за закрепнување на островот. Пожарот уништи голем дел од историскиот град Мауи Лахаина, а овие пожари се сметаат за најлошата природна катастрофа во историјата на Хаваите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-850-litsa-se-ushte-se-vodat-za-ischeznati-po-katastrofalnite-pozhari-na-havaite/feed/ 0
ТРОЈЦАТА МЛАДИ САМИ ГО НАПУШТИЛЕ КАВОС – ја известиле агенцијата, но комуникацијата со водичот довела до ХАОС! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojtsata-mladi-sami-go-napushtile-kavos-ja-izvestile-agentsijata-no-komunikatsijata-so-vodichot-dovela-do-haos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojtsata-mladi-sami-go-napushtile-kavos-ja-izvestile-agentsijata-no-komunikatsijata-so-vodichot-dovela-do-haos/#respond Sun, 13 Aug 2023 14:01:50 +0000 https://kurir.mk/?p=866236

Тројцата млади кои наводно биле пријавени за исчезнати, самоволно го напуштиле градот Кавос на островот Крф уште пред три дена и биле живи и здрави. Притоа ја известиле агенцијата преку која патувале. Но очигледно комуникацијата со водичот на групата била проблем. Инаку од македонскиот конзулат потврдија, по контактите со грчката полиција дека немало пријавено случај за исчезнување на лица од Македонија, кои летуваат во Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojtsata-mladi-sami-go-napushtile-kavos-ja-izvestile-agentsijata-no-komunikatsijata-so-vodichot-dovela-do-haos/feed/ 0
Три млади лица од Македонија исчезнаа во Грција- Два дена никаква трага, во собата траги од крв, ги нема и нивните куфери! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-mladi-litsa-od-makedonija-ischeznaa-vo-grtsija-dva-dena-nikakva-traga-vo-sobata-tragi-od-krv-gi-nema-i-nivnite-kuferi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-mladi-litsa-od-makedonija-ischeznaa-vo-grtsija-dva-dena-nikakva-traga-vo-sobata-tragi-od-krv-gi-nema-i-nivnite-kuferi/#respond Sun, 13 Aug 2023 12:34:11 +0000 https://kurir.mk/?p=866224

Неофицијално од туристи од Македонија кои се сместени на Кавос на островот Крф во Грција исчезнале. ТВ21 дознава дека тројца туристи од Македонија ги нема веќе два дена. Водичот на македонската агенција Рапсоди Травел информирал дека тројца од групата која пред 9 дена замина од Македонија на Кавос, ги нема и не одговараат на нивните телефони, дури ниту на „Вибер“. Патем, објавени се фотографии од собите кои ги напуштиле, каде имало траги од крв, и ги немале нивните куфери. Исчезнувањето е пријавено на грчката полиција, која пак по службена должност треба да го извести нашето конзуларно претставништво во Грција, а тие македонското МНР. Потврда е побарана и од туристичката агенција која го организира патувањето но никој не одговара на телефонските повици. Во меѓувреме, од ТВ21 го контактирале и МНР од каде рекле дека ќе ја проверат информацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-mladi-litsa-od-makedonija-ischeznaa-vo-grtsija-dva-dena-nikakva-traga-vo-sobata-tragi-od-krv-gi-nema-i-nivnite-kuferi/feed/ 0
Две мајки во полиција, им исчезнале ќерките – една е малолетна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-majki-vo-politsija-im-ischeznale-kerkite-edna-e-maloletna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-majki-vo-politsija-im-ischeznale-kerkite-edna-e-maloletna/#respond Sat, 08 Apr 2023 14:24:41 +0000 https://kurir.mk/?p=821846

На 07.04.2023 во 23:30 часот во Полициската станица Драчево, М.М.(44) од с.Драчевица, скопско, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка И.М.(14), која имала здравствени проблеми. Според пријавата, таа и претходно се оддалечувала. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На 07.04.2023 во 22.40 во Полициското одделение Групчин, С.Б.(45) од с.Церово, тетовско, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка А.Б.(23).  Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-majki-vo-politsija-im-ischeznale-kerkite-edna-e-maloletna/feed/ 0
ОН: Во Ирак во последните 50 години исчезнале милион луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-irak-vo-poslednite-50-godini-ischeznale-milion-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-irak-vo-poslednite-50-godini-ischeznale-milion-luge/#respond Tue, 04 Apr 2023 15:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=820165

ОН денеска соопштија дека до еден милион луѓе „исчезнале“ во Ирак во последните 50 години и ги повикаа ирачките власти да ги истражат исчезнувањата, што може да биде проблем, бидејќи ирачкиот закон не го признава присилното исчезнување како кривично дело. - Комитетот на ОН за присилни исчезнувања го повика Ирак веднаш да воспостави основа за спречување, искоренување и одговор на овие грозоморни злосторства, се вели во соопштението. Во извештајот се наведува дека околу 290.000 луѓе, од кои околу 100.000 биле Курди, исчезнале за време на „геноцидната кампања“ на Хусеин во регионот на Ирачки Курдистан помеѓу 1968 и 2003 година, и дека повеќе луѓе исчезнале за време на инвазијата на САД и нивните сојузници во 2003 година, кога беа заробени најмалку 200.000 Ирачани, од кои речиси половина во затвори со кои управувале САД или Велика Британија. - Затворениците биле уапсени без налог поради учество во бунтовнички операции, додека други биле „цивили на погрешно место во погрешно време“, соопшти Комитетот. Новиот бран на киднапирања следел по прогласувањето калифат од страна на Исламската држава над дел од територијата на Ирак. - Другите обрасци кои се во тек вклучуваат наводно присилно исчезнување на деца, особено на децата Јазиди родени откако нивните мајки биле сексуално злоставувани во камповите на Исламската држава, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-irak-vo-poslednite-50-godini-ischeznale-milion-luge/feed/ 0
„Објавете ја вистинската слика за обемот на трагедијата“ – не се знае колку луѓе се исчезнати по несреќата во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/objavete-ja-vistinskata-slika-za-obemot-na-tragedijata-ne-se-znae-kolku-luge-se-ischeznati-po-nesrekata-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/objavete-ja-vistinskata-slika-za-obemot-na-tragedijata-ne-se-znae-kolku-luge-se-ischeznati-po-nesrekata-vo-grtsija/#respond Thu, 02 Mar 2023 16:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=807275

Од грчката опозициска партија СИРИЗА упатуваат апел до надлежните да ја објават „вистинската слика за обемот на трагедијата“ и коментираат дека сѐ уште е непознат бројот на исчезнати по железничката несреќа кај Темпи во вторникот навечер. -Речиси два дена по трагедијата кај Темпи и уште нема официјално соопштение за бројот на лица кои се сметаат за исчезнати. Апелираме до надлежните органи конечно да ја дадат вистинската слика за обемот на трагедијата, вели портпаролката на СИРИЗА Попи Цапаниду. Според последните официјални податоци од Противпожарната служба на Грција што се однесуваа до 11 часот утрово, потврдениот број на загинати е 46 лица, меѓутоа, форензичарката од Лариса Рубини Леондари, попладнево, за грчките медиуми рече дека во тек е идентификација на телата преку ДНК анализи и дека бројот на загинати е 57. Социјалните мрежи и медиумите во Грција се полни со апели од роднини и пријатели на исчезнати лица, кои објавуваат фотографии и бараат информации. Бројот на исчезнати сѐ уште не е познат, ниту пак постои точна информација колку патници имало во возот. Неколку часа по несреќата од компанијата „Hellenic train“ соопштија дека во патничкиот воз се превезувале „околу 350 патници“, а портпаролот на Противпожарната служба вчера рече дека имало 342 патници, десет членови на екипажот, а во товарниот имало две лица. Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите објасни дека од повеќе причини тешко е да се знае точниот број на патници. Прво, како што рече, поради тоа што не се сите билети со име и презиме, бидејќи не биле сите купени онлајн, а оние кои се од шалтер се без лични податоци. И второ, бидејќи некои луѓе можеби се качиле во возот во последен момент. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/objavete-ja-vistinskata-slika-za-obemot-na-tragedijata-ne-se-znae-kolku-luge-se-ischeznati-po-nesrekata-vo-grtsija/feed/ 0
Четири лица исчезнале на Кожув: Среќен крај на спасувачката акција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-litsa-ischeznale-na-kozhuv-sreken-kraj-na-spasuvachkata-aktsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-litsa-ischeznale-na-kozhuv-sreken-kraj-na-spasuvachkata-aktsija/#respond Sun, 05 Feb 2023 18:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=796436

Четири исчезнати лица на планината Кожув, денеска биле пронајдени живи и здрави од гевгелиските службеници при Системот за управување со кризи и доцна попладнево биле упатени кон своите домови, информира Центарот за управување со кризи. - Пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица, е примена денеска во 14:50 часот. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените, бидејќи лицата повеќе од еден ден не биле достапни, времето било многу студено со ветар и снег, а последен пат таткото остварил телефонски контакт околу 15.00 часот, еден ден пред тоа, односно на 4 февруари, во саботата. Тој посочил дека, иако постојано се обидувал да ги добие телефонски, тие на сите четири броја биле недостапни. Конкретно, тие заедно, четворицата исчезнати, во текот на вчерашниот ден заминале од населба Смрдлива Вода, што е на подножјето на планината, кон месноста „Мала Рупа“ на планината Кожуф, информираат од ЦУК. Од ЦУК нагласуваат дека, Секторот за операции и координација во ЦУК, преку регионалните центри во Струмица и во Гевгелија, веднаш стапил во координација со надлежни локални институции: Полицијата – СВР Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ЈП „Национални шуми“ – подружница Гевгелија и преку Кабинетот на градоначалникот до сите други надлежни локални институции, служби и претпријатија. - Тие рационално, заеднички и плански реагирале и по кусо време исчезнатите лица биле пронајдени на планината Кожув, конкретно кај месноста „Мала Рупа“ над населбата Смрдлива Вода, а во комуникација и помош и од граѓани, месни жители, а и членови на планинарски друштва. Пронајдените четири исчезнати лица, живи и здрави од страна на ангажираните субјекти на Системот за управување со кризи (СУК) од Гевгелија се упатени доцна попладнево кон своите домови, известуваат од ЦУК. Оттаму потенцираат дека ја координирале и ја следеле ситуацијата во согласност со стандардните оперативни процедури за вакви итни случаи.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-litsa-ischeznale-na-kozhuv-sreken-kraj-na-spasuvachkata-aktsija/feed/ 0
„ICMP“: Над 15.000 исчезнати во војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/icmp-nad-15-000-ischeznati-vo-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/icmp-nad-15-000-ischeznati-vo-vojnata-vo-ukraina/#respond Fri, 25 Nov 2022 07:15:12 +0000 https://kurir.mk/?p=766175

Повеќе од 15 илјади луѓе исчезнале од почетокот на војната во Украина, изјави синоќа официјален претставник на Меѓународната комисија за исчезнати лица (ICMP), организацијата основана по војната во поранешна Југославија. Организацијата со седиште во Хаг летото отвори канцеларија во Киев, за да им помогне на украинските власти во документирањето податоци и пронаоѓањето исчезнати лица. Директорот на Програмата „ICMP“ за Европа, Метју Холидеј, рече дека не се знае колку лица се насилно раселени, колкумина се затворени во Русија, колку се живи и одвоени од своите семејства, колкумина се загинати, колку закопани во необележани гробови… „Процесот на потрага по исчезнати лица во Украина ќе продолжи со години и години по завршувањето на војната“, рече Холидеј. Се проценува дека бројката од 15 илјади исчезнати е далеку од реалноста, со оглед на тоа што не е позната судбината на 25 илјади луѓе само од Мариупол. „Бројките се огромни, како и предизвиците за Украина. Освен тоа, не се знае кога ќе заврши војната, изјави Холидеј. Од „ICMP“, единствената меѓународна организација што работи исклучиво на решавање на проблемот со исчезнатите лица, посочуваат дека со складирање примероци од ДНК на роднини на исчезнати лица, се создаваат бази на податоци. Во Киев организацијата почна да собира ДНК материјали што ќе му помогнат на обвинителството во истрагата за воените злосторства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/icmp-nad-15-000-ischeznati-vo-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Трае потрагата по 151 лице кои се водат како исчезнати по смртоносниот земјотрес во Индонезија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trae-potragata-po-151-lice-koi-se-vodat-kako-ischeznati-po-smrtonosniot-zemjotres-vo-indonezija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trae-potragata-po-151-lice-koi-se-vodat-kako-ischeznati-po-smrtonosniot-zemjotres-vo-indonezija/#respond Wed, 23 Nov 2022 06:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=765045

Два дена по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што уништи област во провинцијата Западна Јава во Индонезија, во кој загинаа најмалку 268 лица, спасувачките екипи и денеска трагаат по 151 лице кое сè уште се водат како исчезнати. Многу од загинатите во земјотресот што го погоди округот Цианџур се деца кои посетувале религиозни часови во џамиите после училиште, соопштија официјални лица. – Нашиот фокус е во следните три дена да ги пронајдеме оние што сè уште се водат како исчезнати, изјави Сухарјанто, шеф на Националната агенција за управување со катастрофи. Според агенцијата, повеќе од 1.000 луѓе се повредени, а 58.000 се раселени по земјотресот, кој предизвика лизгање на земјиште кое затрупа домови и луѓе. Повеќе од 2.300 згради и домови беа оштетени, од кои многу целосно се урнаа. Земјотресот се случи во 13:21 часот по локално време со епицентар на 10 километри југозападно од Цианџур, соопшти Националната метеоролошка, геофизичка и климатолошка агенција. Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, област позната по чести земјотреси и вулкански ерупции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trae-potragata-po-151-lice-koi-se-vodat-kako-ischeznati-po-smrtonosniot-zemjotres-vo-indonezija/feed/ 0