исчезнати луѓе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Apr 2022 05:44:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png исчезнати луѓе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски: Украина има сознанија за илјадници исчезнати луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ukraina-ima-soznanija-za-iljadnici-ischeznati-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ukraina-ima-soznanija-za-iljadnici-ischeznati-lugje/#respond Thu, 07 Apr 2022 05:44:53 +0000 https://kurir.mk/?p=659458

Москва нема да ја избегне одговорноста за големиот број Украинци убиени во војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа, при своето полноќно видео обраќање, пренесува ДПА. – Веќе имаме сознанија за илјадници исчезнати луѓе, рече тој во обраќањето објавено на Телеграм. Украинскиот претседател појасни дека има само две можности за тоа што се случило со исчезнатите лица – или биле депортирани во Русија или се убиени. Зеленски вели дека Москва ја променила својата тактика по осудата од меѓународната заедница по објавувањето на фотографиите од Буча, каде што беа пронајдени стотици тела на цивили по повлекувањето на руските трупи. – Москва сега се обидува да ги отстрани телата на убиените во областите окупирани од руските војници од улиците и подрумите, но истраги, сведоци и сателитски снимки ќе се користат за да се утврдат околностите на исчезнувањата, рече Зеленски. Тој оцени дека Москва во меѓувреме продолжува да ја гради борбената моќ за да ги оствари своите амбиции во Донбас, на истокот на Украина, каде руските единици се подготвуваат да продолжат со офанзивите. Владата во Киев ги повика луѓето во Луганск, Доњецк и Харков да избегаат на побезбедни места. Зеленски рече дека додека Русија не почне сериозно да посакува мир, Украина „ќе се бори и нема да се повлече“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ukraina-ima-soznanija-za-iljadnici-ischeznati-lugje/feed/ 0
Лани во Мексико исчезнале речиси 7.000 луѓе  https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lani-vo-meksiko-ischeznale-rechisi-7-000-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lani-vo-meksiko-ischeznale-rechisi-7-000-lugje/#respond Sat, 30 Jan 2021 08:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=461786

Речиси 7.000 Мексиканци се официјално прогласени за исчезнати во 2020 година, што е за 22 отсто повеќе од претходната година, изјави заменик-секретарот за човекови права Алехандро Енсинас. Енкинас додаде дека бројот на откриени тајни гробови опаднал за една третина минатата година, а бројот на телата пронајдени во тие гробови е помал за 18 проценти и е 1.086. Половина од пронајдените тела биле во државите Халиско и Гвантанамо, каде што картелот Нова генерација на Халиско бил вклучен во крвави територијални спорови. Само во општината Салто во Халиско се пронајдени 189 тела. Идентификувањето и враќањето на тие тела на нивните семејства продолжува да биде тежок процес. Од вкупно 2.395 тела пронајдени откако сегашната администрација стапи на должност во декември 2018 година, 39 проценти се идентификувани, а околу 22 проценти се вратени на нивните роднини. Од 2006 година, повеќе од 80.000 луѓе се официјално пријавени за исчезнати во Мексико.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lani-vo-meksiko-ischeznale-rechisi-7-000-lugje/feed/ 0