исчезнати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 06:20:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png исчезнати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Над 2.000 загинати и околу 6 илјади исчезнати откако две брани се урнаа од невремето во Либија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nad-2-000-zaginati-i-okolu-6-iljadi-ischeznati-otkako-dve-brani-se-urnaa-od-nevremeto-vo-libija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nad-2-000-zaginati-i-okolu-6-iljadi-ischeznati-otkako-dve-brani-se-urnaa-od-nevremeto-vo-libija/#respond Tue, 12 Sep 2023 06:20:08 +0000 https://kurir.mk/?p=877136

Повеќе од две илјади луѓе загинаа, а околу шест илјади се водат за исчезнати во Дерна, Либија каде што под притисок на поплавите предизвикани од бурата „Даниел“ се урнаа две брани, пишува Си-ен-ен. -Како резултат на тоа, се урнаа три моста. Водата што тече однесе цели населби, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална Армија. Шефот на либиската служба за вонредни состојби, Осама Али, за Си-Ен-Ен изјави дека по уривањето на браната „целата вода отишла во областа кај Дерна, која е планинско крајбрежно подрачје“. Тој додаде дека куќите во долините биле однесени од силни струи од кал кои носеле возила и остатоци. Телефонските линии во градот исто така се во прекин, што ги отежнува напорите за спасување, рече Али, а работниците не можеа да влезат во Дерна поради огромното уништување. Али рече дека властите не ги предвиделе размерите на катастрофата. Шефот на либиската источна влада, поддржана од парламентот, Осама Хамад, ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nad-2-000-zaginati-i-okolu-6-iljadi-ischeznati-otkako-dve-brani-se-urnaa-od-nevremeto-vo-libija/feed/ 0
Десет млади ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на Мундијал, а потоа исчезнаа https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/deset-mladi-rakometari-od-burundi-dojdoa-vo-hrvatska-na-mundijal-a-potoa-ischeznaa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/deset-mladi-rakometari-od-burundi-dojdoa-vo-hrvatska-na-mundijal-a-potoa-ischeznaa/#respond Thu, 10 Aug 2023 20:05:37 +0000 https://kurir.mk/?p=865629

Хрватската полиција се уште трага по исчезнатите 10 граѓани на Бурунди во Хрватска. Станува збор за млади ракометари учесници на Светското кадетско ракометно првенство, што меѓу другите градови се игра и во Риека. Станува збор за десет млади момчиња, родени 2006 година, кои вчера на 9 август околу 15 часот и 30 минути се оддалечиле во непознат правец од кругот на студентскиот центар Риека, каде што биле сместени за време на првенството и не одговараат на телефонски повици. Се преземаат мерки и дејствија за пронаоѓање на исчезнатите лица, како и утврдување на сите релевантни факти и околности за нивното исчезнување, информираат од тамошната полиција. - Како организатор на Светското првенство во ракомет за мажи во категоријата У-19, можеме да потврдиме дека десетмина африкански репрезентативци пред натпреварот против Бахреин го напуштија кампусот во Сушак каде што се наоѓаа, а без знаење на стручниот штаб на својата репрезентација, во непознат правец. И покрај тоа што беа почитувани највисоките безбедносни стандарди, усогласени со оценката на МВР, а просториите беа обезбедени од соодветен број полицајци, припадници на службата за безбедност и чувари, претставниците на државата Бурунди одлучија да го напуштат натпреварувањето и да заминат во засега непознат правец, коментираат од Хрватскиот ракометен сојуз. За немилиот настан официјално се известени надлежните полициски служби и започната е потрага и покрај тоа што ваквите настани формално се третираат како исчезнување на лице/лица дури по 24 часа. - Ние сме во целосен шок. И ние и родителите на нашите репрезентативци, со кои сме во постојан контакт. Ги молиме сите што можат да ни помогнат да ги најдеме нашите момци. Не знам ни како би се вратиле дома без нив, рече претседателот на Ракометниот сојуз на Бурунди. Натпреварот меѓу репрезентациите на Бурунди и Бахреин, кој требаше да се одигра денеска беше откажан, односно регистриран со службен резултат 10:0 за Бахреин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/deset-mladi-rakometari-od-burundi-dojdoa-vo-hrvatska-na-mundijal-a-potoa-ischeznaa/feed/ 0
Исчезна семејство од Србија: Во неделата заминале на летување на Тасос, а потоа им се губи трагата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ischezna-semejstvo-od-srbija-vo-nedelata-zaminale-na-letuvane-na-tasos-a-potoa-im-se-gubi-tragata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ischezna-semejstvo-od-srbija-vo-nedelata-zaminale-na-letuvane-na-tasos-a-potoa-im-se-gubi-tragata/#respond Tue, 08 Aug 2023 20:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=864805

Фејсбук профилот „Во живо од Грција“ инфомира дека маж и жена од Србија и нивните две ќерки се исчезнати во Грција. Во објавата се наведува дека тоа се Александар Јокшиќ и Снежана Стаменковиќ со двете ќерки кои во неделата заминале за Тасос. Бараме туристичките агенции да се вклучат и да проверат во нивните бази дали имаат патници под овие имиња. На овој начин ќе го дознаеме името на хотелот каде што престојувале, ќе контактираме со сопствениците и лесно ќе дознаеме дали пристигнале. Веруваме дека едноставно немале време да се јават. П.С. Постои можност презимето на Александар да е Јоксимовиќ, а не Јокшиќ, бидејќи добивме две жалби со различни презимиња, стои на објавата на групата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ischezna-semejstvo-od-srbija-vo-nedelata-zaminale-na-letuvane-na-tasos-a-potoa-im-se-gubi-tragata/feed/ 0
Пронајдени двете исчезнати малолетнички во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdeni-dvete-ischeznati-maloletnichki-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdeni-dvete-ischeznati-maloletnichki-vo-skopje/#respond Sat, 01 Apr 2023 12:25:02 +0000 https://kurir.mk/?p=818837

Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле. По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdeni-dvete-ischeznati-maloletnichki-vo-skopje/feed/ 0
Индонезијa: Најмалку 11 загинати во свлечиште, 50 лица се водат за исчезнати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indonezija-najmalku-11-zaginati-vo-svlechishte-50-litsa-se-vodat-za-ischeznati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indonezija-najmalku-11-zaginati-vo-svlechishte-50-litsa-se-vodat-za-ischeznati/#respond Mon, 06 Mar 2023 16:37:38 +0000 https://kurir.mk/?p=808736

Најмалку 11 лица загинаа, а 50 се водат за исчезнати во регионот Натуна, во Индонезија, откако свлечишта предизвикани од обилните врнежи затрупаа куќи и други објекти, соопшти денеска државната агенција за ублажување на катастрофи. Официјален претставник на агенцијата во провинцијата, Џунаина, изјави дека бројот на жртвите може да се зголеми, а телекомуникациите во областа се прекинати, пренесуваат британските медиуми. -Времето е променливо, но ветерот се уште силно дува. Плимните бранови се уште се високи, рече Џунаина. Британските медиуми објавија дека преживеани се евакуираат и од регионот Сирасан, а во тој регион е испратена спасувачка екипа. Според британските медиуми, областа зафатена од свлечиштата се наоѓа на оддалечен остров, на пет часа возење со брод од градот Натуна.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indonezija-najmalku-11-zaginati-vo-svlechishte-50-litsa-se-vodat-za-ischeznati/feed/ 0
Десетина спортисти се водат за исчезнати во турскиот земјотрес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-sportisti-se-vodat-za-ischeznati-vo-turskiot-zemjotres/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-sportisti-se-vodat-za-ischeznati-vo-turskiot-zemjotres/#respond Mon, 06 Feb 2023 18:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=796918

Турските медиуми јавија вечерва дека најмалку 16 спортисти се водат за исчезнати по разорниот земјотрес што денеска ја погоди Турција. Според истите извори, спасувачките екипи трагаат под урнатините во градот Хатаја по 14 одбојкарки од локалниот клуб. Одбојкарките се наоѓале во станбен објект што се урнал како последица на силниот земјотрес. Под урнатините се наоѓа и фудбалерот на турскиот прволигаш Хатајаспор, Кристијан Атсу. Хатајаспор во неделата вечер ја совлада на домашен терен Касимпаша со 1-0, а Атсу беше стрелец на единствениот гол во 97. минута. Дел од турските медиуми јавија дека голманот на Малатисјапор, Ахмет Ејуп Туркаслан, загинал, но претседателот на турскиот второлигаш Ахмет Јаман ја демантираше информацијата. „Веста дека Ахмет Ејуп Туркаслан е мртов не е вистина. Се случи уште еден земјотрес додека спасувачките акции беа во тек. Затоа тимовите се повлекоа. Се надеваме дека ќе добиеме добри вести“, рече Јаман. Повеќе од 1.000 луѓе загинаа во Турција во земјотресот што со јачина од 7.8 степени според Рихтер ја погоди земјата во во близина на границата со Сирија. Турските власти соопштија дека по разорниот земјотрес што се случил рано изутрината, регистрирани се над 100 последователни потреси, од кои три биле со јачина од 6.0 степени според Рихтеровата скала.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-sportisti-se-vodat-za-ischeznati-vo-turskiot-zemjotres/feed/ 0
Во Дњепар се трага по уште 25 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-dnepar-se-traga-po-ushte-25-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-dnepar-se-traga-po-ushte-25-litsa/#respond Tue, 17 Jan 2023 08:59:59 +0000 https://kurir.mk/?p=788237

Украинската служба за итни случаи соопшти дека 25 лица сè уште се водат како исчезнати по ракетниот напад на станбен блок во Дњепар викендов, во кој загинаа најмалку 40 лица, меѓу кои три деца. Досега се спасени 39 лица, меѓу кои и шест деца. Повредени се 79 лица, меѓу кои 16 деца. Вкупно 47 лица се пријавени за исчезнати, од кои 18 се пронајдени мртви, четворица се живи кај роднини или во болници, а по уште 25 се трага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-dnepar-se-traga-po-ushte-25-litsa/feed/ 0
Им се губи секаква трага – исчезнаа две српски сестри јутјуберки, тоа што се случило претходно не е доволно за полицијата во Париз да почне да ги бара! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/im-se-gubi-sekakva-traga-ischeznaa-dve-srpski-sestri-jutjuberki-toa-shto-se-sluchilo-prethodno-ne-e-dovolno-za-policijata-vo-pariz-da-pochne-da-gi-bara/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/im-se-gubi-sekakva-traga-ischeznaa-dve-srpski-sestri-jutjuberki-toa-shto-se-sluchilo-prethodno-ne-e-dovolno-za-policijata-vo-pariz-da-pochne-da-gi-bara/#respond Tue, 18 Oct 2022 17:36:49 +0000 https://kurir.mk/?p=747200

Зоран Ѓорѓевиќ, таткото на популарните српски јутјуберки Анѓела и Наѓа, чии видеа ги следат речиси милион луѓе, за време на вчерашниот директен пренос на каналот на Јутјуб сподели дека не знае каде е неговото семејство и дека не може да стапи во контакт со нив со часови. Како што пишуват српските медиуми, нивните телефони се исклучени. „Ситуацијата не е добра, неколку часа не знам каде е моето семејство. Како што веќе знаете, Анѓела е во Париз, а од 16 часот ѝ се губи секаква трага. Вујко ѝ ја донесе дома вчера, во 19.00 требаше да се приклучи „во живо“, но не ми се јавува од 18.20 часот. Тина излезе да го прошета кучето во 18 часот, а сега е веќе 22.30 часот и неа ја нема. Наѓа требаше да ги заврши предавањата во 20 часот, но и таа не се појави. Не знам што да правам, ако некој има некаква информација, изјави Зоран Ѓорѓевиќ, таткото на Анѓела и Наѓа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nađa 🌚 (@nadjilicaaa)

За време на преносот во живо, тој се обиде да ги исконтактира и двете, а според француските правила, во полиција смее да пријави дури 48 часа по исчезнувањето.
Ѓорѓевиќ ги замоли сите луѓе кои можеби знаат нешто за исчезнувањето на неговото семејство да го контактираат на Инстаграм. Исто така, тој истакна дека не се работи за одредена затоа што тој никогаш не би се пошегувал за такво нешто.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/im-se-gubi-sekakva-traga-ischeznaa-dve-srpski-sestri-jutjuberki-toa-shto-se-sluchilo-prethodno-ne-e-dovolno-za-policijata-vo-pariz-da-pochne-da-gi-bara/feed/ 0
Досега десет жртви на поплавите во Венецуела, тројца се водат за исчезнати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dosega-deset-zrtvi-na-poplavite-vo-venecuela-trojca-se-vodat-za-ischeznati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dosega-deset-zrtvi-na-poplavite-vo-venecuela-trojca-se-vodat-za-ischeznati/#respond Thu, 29 Sep 2022 06:12:06 +0000 https://kurir.mk/?p=738819

Бројот на жртвите од поплавите што ја зафатија Венецуела пред две недели се зголеми на 10 загинати и тројца исчезнати, откако вчера беше пронајдено телото на млад човек кој бил однесен од поројните води. Телото на 18-годишнио момче беше извлечено од калливата река Ла Вега, во државата Лари, на запад од Венецуела, каде што исчезна уште еден млад човек, соопштија од тамошната цивилна заштита, без да се спомене евентуална штета на инфраструктура. Властите не објавија официјални податоци за состојбата во целата земја, но локалниот печат пишува дека непрекинатите врнежи предизвикале големи поплави во најмалку седум од 23 сојузни држави. Во неделата беше пронајдено телото на 11-годишното момче кое беше исчезнато од 11 септември во близина на река во Каракас, на Твитер соопшти заменик-министерот за управување со кризи и цивилна заштита Карлос Перез Ампуеда. Венецуела годинава забележа поголемо количество на врнежи од просечното, што се припишува на климатскиот феномен Ла Ниња. Неговиот студен еквивалент, Ел Нињо, предизвикува ладење на површината на Тихиот Океан, што влијае на циклусот на врнежи и на климата во некои делови од светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dosega-deset-zrtvi-na-poplavite-vo-venecuela-trojca-se-vodat-za-ischeznati/feed/ 0
Потрага по 27 исчезнати лица откако се преполови брод во Јужно Кинеско Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potraga-po-27-ischeznati-lica-otkako-se-prepolovi-brod-vo-juzno-kinesko-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potraga-po-27-ischeznati-lica-otkako-se-prepolovi-brod-vo-juzno-kinesko-more/#respond Sat, 02 Jul 2022 15:40:50 +0000 https://kurir.mk/?p=698876

Напорите на спасувачите продолжија и денеска откако тајфунот Чаба преполови товарен брод со 30 членови на екипажот во Јужно Кинеско Море, јавија кинеските медиуми. Спасувачките тимови досега спасија само тројца членови на екипажот на бродот што тонеше, на 300 километри западно од Хонг Конг, што Кина го нарекува свој специјален административен регион. Засега останува нејасно што се случи со останатите 27 членови на екипажот на бродот, јави South China Morning Post. Весникот наведува дека бродот „Фуџинг001“, што пловел под кинеско знаме, рано утринава побарал помош, кога тајфунот се спуштил врз него. Видео снимка од спасувањето покажува како еден член на екипажот со јаже од хеликоптер е извлечен од бродот, непосредно пред да потоне под него. Спасувачките операции се отежнати од брановите што достигнуваат височина и до 10 метри, а видливоста е помала од 500 метри. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potraga-po-27-ischeznati-lica-otkako-se-prepolovi-brod-vo-juzno-kinesko-more/feed/ 0