исчезнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Sep 2021 14:14:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png исчезнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Татко пријавил дека неговиот 36. годишен син се оддалечил од нивниот дом https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tatko-prijavil-deka-negoviot-36-godishen-sin-se-oddalechil-od-nivniot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tatko-prijavil-deka-negoviot-36-godishen-sin-se-oddalechil-od-nivniot-dom/#respond Tue, 21 Sep 2021 14:14:28 +0000 https://kurir.mk/?p=566522

На 20.09.2021 во 19.55 часот во СВР Скопје, А.А.(61) од Скопје пријавил дека од домот со патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки и со пари од дневен промет се оддалечил неговиот син А.А.(36). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tatko-prijavil-deka-negoviot-36-godishen-sin-se-oddalechil-od-nivniot-dom/feed/ 0
Тоа што му се случува на Марс не го очекуваа ниту научниците – заборавете дека некогаш ќе може да живеете таму доколку продолжи овој феномен https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/toa-shto-mu-se-sluchuva-na-mars-ne-go-ochekuvaa-nitu-nauchnicite-zaboravete-deka-nekogash-kje-moze-da-ziveete-tamu-dokolku-prodolzi-ovoj-fenomen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/toa-shto-mu-se-sluchuva-na-mars-ne-go-ochekuvaa-nitu-nauchnicite-zaboravete-deka-nekogash-kje-moze-da-ziveete-tamu-dokolku-prodolzi-ovoj-fenomen/#respond Tue, 17 Aug 2021 07:08:13 +0000 https://kurir.mk/?p=551470

Податоците од сондата „Егзомарс-ТГО“ покажуваат дека поради бури од прашина, водата од атмосферата на Марс исчезнува во вселената пет до 10 пати побрзо отколку вообичаено. Овие бури се случуваат речиси секоја година, така што тие играат важна улога во исчезнувањето на водата од „Црвената Планета“, посочуват научниците во трудот објавен во научното списание „Нејчр астрономи“. Научниците веруваат дека порано на површината на Марс имало реки, езера и цели океани. Вкупната количина на вода на „древниот“ Марс би била доволна за да ја покрие неговата површина со слој дебел 140 метри. Но, како испарила водата од Марс? Две орбитални сонди се обидуваат да ја решат оваа мистерија – американското летало „МАВЕН“ и руско-европското „Егзомарс-ТГО“. Двата уреда мерат колку вода може да има во разредената атмосфера на Марс и ги следат флуктуациите во нејзината концентрација поврзани со менувањето на годишните времиња, бурите од прав и други атмосферски појави. Анализирајќи ги податоците од „Егзомарс-ТГО“, „Мавен“ и сателитот „Марс експрес“, тимот предводен од Олег Корабљов – заменик директор на Институтот за вселенски истражувања при Руската академија на науките и еден од научните водачи на мисијата „Егзомарс-ТГО“, откри дека, при исчезнувањето на водата од површината и од атмосферата на Марс, околните бури со прашина играат неочекувано важна улога. Овие сознанија се добиени за време на моќната бура со прашина што се случи во јануари-февруари 2019 година. Големата количина прав над Марс ја зголемила температурата на површината за 20-тина степени. Ова драматично го променило „однесувањето“ на водата во атмосферата на Марс. Претходно, сензорите на руската сонда не откриваа значителни количини вода на височина од 60 километри или повеќе, а по почетокот на бурата, нејзината количина „во воздухот“ почнала нагло да се зголемува. Како резултат на тоа, во текот на следните 40 Марсовски дена, стапката на испарување на водата од атмосферата на планетата се зголеми за 5-10 пати. Вакви бури со прашина, како што забележуваат Корабљов и неговите колеги, се случуваат на Марс речиси секоја година. Ова оди во прилог на тврдењата дека во минатото тие играле клучна улога во исчезнувањето на водата од површината на оваа планета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/toa-shto-mu-se-sluchuva-na-mars-ne-go-ochekuvaa-nitu-nauchnicite-zaboravete-deka-nekogash-kje-moze-da-ziveete-tamu-dokolku-prodolzi-ovoj-fenomen/feed/ 0
Татко пријавил дека неговиот син исчезнал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tatko-prijavil-deka-negoviot-sin-ischeznal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tatko-prijavil-deka-negoviot-sin-ischeznal/#respond Sun, 06 Jun 2021 15:15:55 +0000 https://kurir.mk/?p=519731

На 05.06.2021 во 23.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Ф.(53) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечил неговиот син С.Ф.(27). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tatko-prijavil-deka-negoviot-sin-ischeznal/feed/ 0
Два вида на грип можеби исчезнале засекогаш поради ковидот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dva-vida-na-grip-mozebi-ischeznale-zasekogash-poradi-kovidot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dva-vida-na-grip-mozebi-ischeznale-zasekogash-poradi-kovidot/#respond Sat, 05 Jun 2021 20:12:03 +0000 https://kurir.mk/?p=519500

Појавата на Ковид – 19 можеби го реши проблемот со два вида грип за човештвото, односно е сосема можно грипот H3N2 и B/yamagata да исчезнал. Со рестриктивните мерки како што се носење маски, затворање на училишта и забрана за патување, инфекцијата со грип е на историски ниско ниво во светот, така што H3N2 и B/yamagata може да исчезнале, објави веб-страницата „Statnews.com“. Ниту еден од овие два вируси не беше забележан оваа година, згора на тоа, во март 2020 година, беа забележани последните случаи на B/yamagata и H3N2. Во текстот Statnews.com се вели дека „во морето на вируси, нивниот број започна да се намалува, што е добредојден исход, велат експертите, што го олеснува правењето сезонски вакцини во северната и јужната хемисфера“. „Мислам дека има реални шанси да ги нема, но светот е големо место“, изјави за Statnews.com биологот Фред Хачинсон од Центарот за истражување на рак во Сиетл, Тед Бедфорд. Експерт за грип од Медицинскиот факултет „Маунт Синај“ во Менхетн ги пребарува генетските бази на податоци за вирусот B/yamagata и се надева дека вирусот исчезнал засекогаш. „Само затоа што никој не го виде не значи дека го нема, нели? Но, можеби тој навистина исчезнал”, рече Крамер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dva-vida-na-grip-mozebi-ischeznale-zasekogash-poradi-kovidot/feed/ 0
Исчезна лекарот кој го лекуваше Алексеј Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-lekarot-koj-go-lekuvashe-aleksej-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-lekarot-koj-go-lekuvashe-aleksej-navalni/#respond Sun, 09 May 2021 20:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=508167

Лекар од Сибир кој го лекуваше рускиот опозициски лидер Алексеј Навални откако му се слоши минатата година во Русија, исчезна, соопшти денеска руската полиција. Полицијата во регионот Омск, на околу 2.200 километри источно од Москва, изјави дека лекарот Александар Мураховски во петокот ја напуштил ловната база во шумата со своето теренско возило и дека оттогаш не е виден, објави Ројтерс. Наводно, во потрагата се вклучиле службите за итни случаи, дронови, хеликоптер и волонтери на терен. Мураховски беше главен лекар во болницата во сибирскиот град Омск, каде што се лекуваше Навални. Потоа беше унапреден во регионален министер за здравство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-lekarot-koj-go-lekuvashe-aleksej-navalni/feed/ 0
Родители пријавиле дека нивната 15. годишна ќерка исчезнала https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/roditeli-prijavile-deka-nivnata-15-godishna-kjerka-ischeznala/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/roditeli-prijavile-deka-nivnata-15-godishna-kjerka-ischeznala/#respond Sun, 09 May 2021 16:00:18 +0000 https://kurir.mk/?p=508075

На 09.05.2021 во 01.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.П.(38) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка М.П.(15). Според пријавителот, неговата ќерка најверојатно се наоѓа кај М.Г.(18) во Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/roditeli-prijavile-deka-nivnata-15-godishna-kjerka-ischeznala/feed/ 0
Дрвото Џошуа кое е на Земјата над 2,5 милиони години под закана од исчезнување https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/drvoto-dzoshua-koe-e-na-zemjata-nad-2-5-milioni-godini-pod-zakana-od-ischeznuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/drvoto-dzoshua-koe-e-na-zemjata-nad-2-5-milioni-godini-pod-zakana-od-ischeznuvanje/#respond Sun, 04 Oct 2020 07:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=412086

Познатите калифорниски дрвја Џошуа наскоро може да бидат прогласени за загрозени, пишува Лонли Планет. Овие растенија, кои се на Земјата веќе 2,5 милиони години, може да бидат првите што ќе добијат заштита според Законот за загрозени видови на Калифорнија (ЦЕСА). Центарот за биолошка разновидност поднесе молба за нивна заштита, бидејќи истражувањата покажаа дека нивното сегашно живеалиште станува помалку одржливо поради климатските промени. Растат во пустината Мохаве, извртеното, зашилено дрво Џошуа (Yucca brevifolia) е сукулент (сукулентите се група растенија чија заедничка карактеристика е што имаат меснати и сочни лисја и стебло, а поретко и корен). Го има во различни форми. Овие растенија се важен дел од екосистемот, обезбедувајќи услови за живот на многу птици, цицачи, инсекти и гуштери. Сепак, студиите покажуваат дека поради климатските промени, само 0,02 отсто од сегашното живеалиште на дрвјата во Националниот парк Џошуа три ќе остане погодно за него до крајот на векот. Како што климата се загрева, репродуктивниот капацитет на овие дрвја се намалува. Друг проблем е што некои пустински треви сè повеќе предизвикуваат пожари кои се шират меѓу дрвјата. Со оглед на овие закани, Калифорниската комисија за риби и дивеч одлучи дека вклучувањето на дрвото Џошуа на загрозената листа на ЦЕСА може да биде оправдано. Доколку се случи ова, нема да биде можно да се оштетат, отстранат или исечат овие растенија без посебна дозвола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/drvoto-dzoshua-koe-e-na-zemjata-nad-2-5-milioni-godini-pod-zakana-od-ischeznuvanje/feed/ 0
Во последните 50 години исчезнале две третини од дивите животни на светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-poslednite-50-godini-ischeznale-dve-tretini-od-divite-zivotni-na-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-poslednite-50-godini-ischeznale-dve-tretini-od-divite-zivotni-na-svetot/#respond Fri, 11 Sep 2020 15:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=402172

Светската популација на цицачи, птици, водоземци, влекачи и риби се намалила во просек за две третини за помалку од половина век, се вели во извештајот на Светската организација за зачувување на природата, WWF за состојбата на планетата во 2020 гoдина WWF тврди дека ова во голема мера е резултат на уништување на животната средина, што исто така придонесува за појавата на болести како што е пандемијата на „ковид-19“, затоа тие повикуваат на итни мерки за да се сврти трендот до 2030 година со запирање на уништувањето на природните живеалишта и реформа на системот за исхрана. Извештајот за планетарната појава претставува сеопфатна студија за состојбата на природата преку индексот на планетата (LPI), кој ја следи состојбата на популацијата на дивите видови. „Додека овие двигатели вклучуваат пренамена на земјиштето и трговија со диви животни, главната причина за драматичното опаѓање на популацијата е загубата и деградацијата на живеалиштата, вклучително и уништувањето на шумите, а сето тоа се должи на моделот на производство на храна“, тврдат од WWF. Извештајот за состојбата на планетата во 2020 година покажува дека забрзаното уништување на природата, како резултат на човечките активности, има катастрофални влијанија не само врз популациите на дивиот свет, туку и врз здравјето на луѓето и сите други аспекти од животот на човекот, изјави извршниот директор на WWF International, Марко Ламбертини. Најзагрозена е биолошката разновидност на слатководните екосистеми. Од 1970 година, популацијата на слатководни видови опаѓа за 84 проценти, повеќе од оние што живеат во шумите или океаните. Реките во светот се преполни со постоечка и планирана инфраструктура, потрошувачката на вода се зголемува од година во година, риболовните слатководни подрачја се преполовуваат, а животите на милиони луѓе стануваат сè понесигурни, смета WWF. Извештајот за состојбата на планетата во 2020 година беше објавен неколку дена пред 75-та седница на Генералното собрание на ООН (УНГА), кога се очекува светските лидери да го разгледаат постигнатиот напредок во остварувањето на целите на одржливиот развој, Парискиот договор и Конвенцијата за биолошка разновидност. УНГА 2020 ќе ги обедини светските лидери, корпорациите и граѓанското општество за да развијат рамка за акција по 2020 година, означувајќи пресвртница во поставувањето на темелите за итно потребниот нов договор за природата и луѓето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-poslednite-50-godini-ischeznale-dve-tretini-od-divite-zivotni-na-svetot/feed/ 0
ФОТО: Во тајфун кај Јапонија исчезна брод со 43 членови на екипажот и 5.800 грла добиток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vo-tajfun-kaj-japonija-ischezna-brod-so-43-chlenovi-na-ekipazot-i-5-800-grla-dobitok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vo-tajfun-kaj-japonija-ischezna-brod-so-43-chlenovi-na-ekipazot-i-5-800-grla-dobitok/#respond Thu, 03 Sep 2020 09:34:34 +0000 https://kurir.mk/?p=398618

Товарен брод со 43 членови на екипажот и 5.800 грла добиток исчезна во бурата крај северозападниот брег на Јапонија, откако крајбрежната стража примила сигнали за помош, објавија локалните медиуми во четвртокот. Јапонската крајбрежна стража во средата ноќта спасила филипински член на екипажот, но другите 43-ца, од кои 38 Филипинци, двајца Австралијци и двајца Новозеланѓани сѐ уште не се пронајдени, објави новинската агенција Kyodo. Претставниците на крајбрежната стража изјавиле дека го нашле членот на екипажот со појас за спасување како плута во Источнокинеското Море, и дека неговата здравствена состојба не е опасна по животот. Портпарокот на австралиското министерство за надворешни работи и трговија (DFAT) во четвртокот потврди дек „владата дава конзуларна помош на семејствата на двајцата челнови на екипажот на товарниот брод кој исчезна во јапонските води“. „Имајќи ја предвид обврската за приватност, не можеме да дадеме дополнителни коментари“, додал портпаролот. Според јапонската крајбрежна стража, повикот за помош од товарниот брод го примиле околу 1,45 часот ноќта по локално време, односно 17,45 по македонско, кога бродот бил на околу 185 километри западно од островот Амами Ошима. Спасувачката операција ја отежнуваат силниот дожд и ветерот предизвикан од тајгунот Мајисака. Товарниот брод го напуштил Нов Зеланд на 14-ти август, а требало да пристигне во пристаништетот Тангшан во Кина во петок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vo-tajfun-kaj-japonija-ischezna-brod-so-43-chlenovi-na-ekipazot-i-5-800-grla-dobitok/feed/ 0
Поларните мечки ќе исчезнат до 2100 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polarnite-mechki-kje-ischeznat-do-2100-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polarnite-mechki-kje-ischeznat-do-2100-godina/#respond Tue, 21 Jul 2020 07:37:48 +0000 https://kurir.mk/?p=379003

Поларните мечки ќе бидат истребени до крајот на овој, 21. век, ако не се направи нешто повеќе за борба против климатските промени, посочуваат новите научни истражувања. Стручните лица тврдат дека некои групи веќе ги достигнале границите на опстанокот затоа што морскиот мраз на Арктикот се намалува. Испитувањата и досега покажаа дека опаѓањето на ледот, веројатно, ќе го намали бројот на поларни мечки, но новиот труд објавен во списанието „Нејчр клајмет чејнџ“ (Nature Climate Change) открива и кога тоа би можело да се случи. Со моделирање на употребата на енергијата на поларните мечки, научниците ги пресметале границите на издржливост на овие животни. Според сценариото со високи емисии на штетни гасови и со ефектот „стаклена градина“, многу веројатно е дека сите групи поларни мечки, освен мал број од крајниот север, ќе исчезнат до 2100 година. Дури и ако се исполнети само основни услови за намалување на емисијата гасови, бројот на овој животински вид значително ќе се намали. – Поларните мечки веќе се „на врвот“ на светот. Ако мразот исчезне, тие нема каде да одат, вели д-р Стивен Амструп, водечки научник во овие испитувања. Тој објаснува дека прво, мечките ќе останат без младенчиња… Тие ќе се раѓаат, но женките нема да имаат доволно телесни масти за да произведат млеко. Месојадците се потпираат на морскиот мраз на Арктичкиот океан за да ловат фоки. Како што мразот се топи, животните се принудени да изодуваат сѐ подолги растојанија за да најдат храна и за себе и за своите млади… Поларните мечки се наведени како загрозен вид од Меѓународната унија за зачувување на природата, а климатските промени се клучен фактор за нивно исчезнување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polarnite-mechki-kje-ischeznat-do-2100-godina/feed/ 0