иселеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 08:23:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png иселеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АЛБАНИЈА МАСОВНО СЕ СЕЛИ ВО ЕВРОПА – за 10 години над половина милион граѓани добиле дозвола за престој, а лани бројката била рекордна! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-masovno-se-seli-vo-evropa-za-10-godini-nad-polovina-milion-gragani-dobile-dozvola-za-prestoj-a-lani-brojkata-bila-rekordna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-masovno-se-seli-vo-evropa-za-10-godini-nad-polovina-milion-gragani-dobile-dozvola-za-prestoj-a-lani-brojkata-bila-rekordna/#respond Mon, 07 Aug 2023 08:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=864104

Во текот на 2022 година, албанските граѓани добиле најголем број дозволи за престој, во последните десет години, во земјите на Европска Унија, јави Топ чанел. Повикувајќи се на најновиот извештај на Европската агенција за статистика, ЕУРОСТАТ, минатата година од земјите на ЕУ дозволи за престој им биле доделени на 73.858 албански граѓани. Овој број на дозволи за престој е значително поголем споредено со претходните две години. Така, во 2021 година биле доделени 55.085 а во годината претходно 38.240 дозволи за престој. - Според европската статистика, околу 537.000 албански граѓани добиле дозвола за престој во земјите на Европската унија во последните десет години (2012-2022). Најголемиот број на дозволи за престој се поврзани со работа, наведува телевизијата. Италија води меѓу земјите кои издале најмногу дозволи за престој за албански државјани со издадени 34.864 дозволи, потоа Грција со 14.313 дозволи за престој, додека нов тренд со забележителен раст е Германија, каде во текот на 2022 година, на 13.334 албански државјани им се издадени дозволи за престој наспроти 4.492 во 2021 година. Во Франција им биле издадени дозволи на 2.455 а во Малта на 2009 албански државјани, што е за двапати повисока бројка споредено со 2021 година. - Оваа висока тенденција на Албанците да емигрираат и да работат во странство донесе на албанскиот пазар недостаток на работна сила во многу области, констатира Топ чанел. Инаку, земјите од Европската унија во 2022 година издале околу 3,7 милиони дозволи за престој за граѓани надвор од земјите на Европската унија, со зголемување од 26 отсто во однос на 2021 година. Од нив околу 1,6 милиони дозволи за престој се доделени за работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-masovno-se-seli-vo-evropa-za-10-godini-nad-polovina-milion-gragani-dobile-dozvola-za-prestoj-a-lani-brojkata-bila-rekordna/feed/ 0
ИСЕЛЕНИЦИТЕ СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ ЗА ВЛЕЗ НА ТАБАНОВЦЕ! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iselenicite-so-chasovi-chekaat-za-vlez-na-tabanovce/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iselenicite-so-chasovi-chekaat-za-vlez-na-tabanovce/#respond Sun, 25 Dec 2022 15:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=780307

Иселениците со часови чекаат за влез на Табановце На долгото чекање не можеше да издржи овој човек кој со дете во рацете реши пеш да ја помине границата. Ова е уште една слика од чекањето. Изморено дете, патници надвор го чекаат автобусот со кој патувале, да се помести неколку метри понапред. Револтирани и уморни патници. Велат најтешко им е чекањето на вратата од куќата. „Кога доаѓаме овде, сакаме да се вратиме од малтретирањето што ни го прават и ова е неправедно. Државата Македонија, како граѓани на оваа држава, кои ја вложуваат најголемата инвестиција во нас, преку нас работи цела држава и да бидеме малтретирани на овој начин, секако е неправедно. Дали е можно да се праша политичар, дали е така?“, рече еден патник, за телевизија Алсат. „Чекав по патот Хрватска-Словенија некаде 6 часа, некогаш 8, некогаш 10 часа. Патот е тежок. Имаше многу сообраќај. Особено ние Албанците во Србија чекаме многу“, додаде друг. “Дали чекавте долго на границата? Само во Македонија сега чекаме. Никаде на друго место. Треба да се олесни затоа што сме од оваа држава. Барем овде кога ќе дојдеме. Кога си одиш дома, татко ти ја отвора вратата, не ја затвора“, изјави друг патник. Во последните два дена има долги колони на границата Македонија-Србија, Србија-Унгарија и Србија-Хрватска. Нов наплив на патници се очекува и во текот на наредната недела поради новогодишните празници. Ваквите слики се повторуваат веќе неколку години, иако нашите власти во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ презедоа чекори за спроведување на опцијата One stop Shop, односно за чекање само на едната страна на границата, но ниту тоа не ги намали гужвите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iselenicite-so-chasovi-chekaat-za-vlez-na-tabanovce/feed/ 0
Во 2021 година иселениците испратиле рекордни 1,5 милијарди евра на своите сонародници во БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-2021-godina-iselenicite-ispratile-rekordni-1-5-milijardi-evra-na-svoite-sonarodnici-vo-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-2021-godina-iselenicite-ispratile-rekordni-1-5-milijardi-evra-na-svoite-sonarodnici-vo-bih/#respond Thu, 31 Mar 2022 13:43:25 +0000 https://kurir.mk/?p=656400

Иселениците БиХ лани испратиле рекордни 1,5 милијарди евра на своите сонародници, што е за 250 милиони евра повеќе од 2020 година, што се препишува на неговите подобри финансиски можности, но и на незапирливиот тренд на напуштање на државата. „Причините за зголемувањето на дознаките од странство се подобрата финансиска состојба на граѓаните во дијаспората и зголемениот број мигранти од БиХ во странство кои почнуваат да испраќаат пари во земјата“, соопшти Централната банка на БиХ. Минатата година, според податоците на централната банка, биле испратени повеќе од три милијарди марки (околу 1,5 милијарди евра), што е 10 отсто од БДП. Дијаспората испрати околу 250 милиони евра повеќе во 2021 година од првата пандемија, во 2020 година. БиХ секоја година добива околу 500 милиони евра пензии што ги заработиле нејзините граѓани во странство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-2021-godina-iselenicite-ispratile-rekordni-1-5-milijardi-evra-na-svoite-sonarodnici-vo-bih/feed/ 0
ПОЧНУВА ПРВАТА ФАЗА: Се попишуваат иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-prvata-faza-se-popishuvaat-iselenicite-diplomatite-zatvorenicite-i-bezdomnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-prvata-faza-se-popishuvaat-iselenicite-diplomatite-zatvorenicite-i-bezdomnicite/#respond Mon, 01 Mar 2021 06:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=475213

Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнува денеска со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот, што ќе започне на 1 април. Министерството за надворешни работи ќе спроведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство: на работа во ОН и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и студентите и граѓаните што се ангажирани од страна на Република Северна Македонија врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица. Овде спаѓаат и сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски соопшти дека самопопишувањето ќе се одвива преку веб – апликација, која е лесно достапна и едноставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата имејл адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста на личните податоци е осигурана. Министерството за надворешни работи како одговорно за дијаспората, преку ДКП ќе биде вклучено во информирањето на иселениците и другите наши граѓани во странство за да се попишат онлјан преку веб- страницата на ДЗС. ДКП-та ќе бидат логистичка поддршка. На сајтот на МНР веќе има линк за комуникација со телефонски броеви што ќе функционира 24 часа и ќе биде достапен за граѓаните за информации и појаснувања. Податоците за нашите државјани во странство што ќе се добијат на пописот ќе бидат можност за планирање на политиките за дијаспоарата, за услугите што им се потребни на иселениците. МНР и сите ДКП во странство ќе ги искористат сите можни канали за споделување на информации за Пописот и самопопишувањето. Се препорачува да се искористат сите контакти со здруженија на граѓани, верски здруженија, здруженија на студенти, со цел колку што е можно поголем број на државјани на Северна Македонија кои престојуваат во странство да се самопопишат. Целта на оваа активност е да се добијат податоци за лицата кои се отселиле, како и нивната демографска, образовна и економско-социјална структура, од каде се иселиле и во кој период. Самопишувањето на лицата во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку веб-страниците: www.stat.gov.mk, https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx. Самопопишувањето подразбира пополнување на пописната апликација од страна на самото лице кое е единица на попис. Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот. Лицето кое ги дава одговорите за Пописот е должно на сите прашања да даде точни и целосни податоци. Податоците при самопопишувањето ќе се запишат според состојбата на ден 31 март 2021 година во 24:00 часот, односно на полноќ, меѓу 31 март и 01 април 2021 година. На веб-страната на МНР се објавени и телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021. Во периодот од 1 до 15 март заедно со Министерството за одбрана ќе бидат попишани лицата што за време на Пописот се наоѓаат во служба на Армијата на Република Северна Македонија, во државата или во странство, заедно со Министерството за правда ќе се изврши попишување на лицата што за време на Пописот се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови и заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе бидат попиани лицата бездомници. Од денеска Државниот завод за статистика ги почнува обуките за обучувачите кои ќе го вршат попишувањето на терен, а за кои веќе беа објавени огласи. Во меѓувреме опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму собира потписи од граѓаните и опстојува на ставот дека пописот треба да биде одложен најнапред поради пандемијата со Ковид-19. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-prvata-faza-se-popishuvaat-iselenicite-diplomatite-zatvorenicite-i-bezdomnicite/feed/ 0
Тарчуловски до иселениците: На 15-ти ќе се решава за судбината на Македонија, дојдете и гласајте https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tarchulovski-do-iselenicite-na-15-ti-kje-se-reshava-za-sudbinata-na-makedonija-dojdete-i-glasajte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tarchulovski-do-iselenicite-na-15-ti-kje-se-reshava-za-sudbinata-na-makedonija-dojdete-i-glasajte/#respond Sun, 05 Jul 2020 15:54:10 +0000 https://kurir.mk/?p=369418

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски, ги повика иселениците на 15-ти јули да дојдат да гласат, бидејќи као што вели тој во своето видео обраќање на 15-ти ќе се решава за судбината на Македонија. Браќа и сестри Македонци, кои се наоѓате ширум белиот свет, од Америка до Австралија, од Канада до Нов Зеланд денеска се наоѓам во Штип на легендарниот Исар во срцето на Македонија. Сакам да ви упатам еден апел, сите заедно да дојдеме на 15-ти, да гласаме, да гласаме затоа што е датум кој е судбина на Македонија, кога се решава судбината на Македонија. Вие македонските иселеници ако не бидете тука и не помогнете, за цел живот ќе ве тлее една нервоза, една капка крв во себе која ќе каже дека во најтешкиот момент кога се решаваше судбината на татковината, вие не дојдовте и не помогнавте на татковината . затоа, уште еднаш ќе ве повикам, браќа и сестри, горди Македонци, 15-ти е датумот кога се решава судбината на Македонија, 15-ти е датумот да се биде или не, на 15-ти се решава дали ќе бидеме Македонци или дали сами ќе решаваме за судбината на Република Македонија, повикува преку своето видео обраќање кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tarchulovski-do-iselenicite-na-15-ti-kje-se-reshava-za-sudbinata-na-makedonija-dojdete-i-glasajte/feed/ 0
Македонија губи по 15.848 евра на годишно ниво за секој отселен млад човек https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-gubi-po-15-848-evra-na-godishno-nivo-za-sekoj-otselen-mlad-chovek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-gubi-po-15-848-evra-na-godishno-nivo-za-sekoj-otselen-mlad-chovek/#respond Wed, 06 Nov 2019 13:12:44 +0000 https://kurir.mk/?p=260806

Државата губи по 15.848 евра на годишно ниво за секој отселен млад човек, алармираат од Мрежата за спречување на одлив на мозоци во која членуваат седум граѓански организации. Оттаму велат дека нема конкретни податоци за тоа колкав е бројот на млади луѓе кои ја имаат напуштено државата, но сметаат дека повеќе од неопходено е да се направи попис на населението. Главната причина поради која се отселуваат младите, односно 74 проценти бараат подобра работа во странство. Како втора причина се јавува моментот дека тие се фрустрирани од политичката ситуација односно 36 од испитаниците го споделиле тоа мислење. Од друга страна, најчесто младите се враќаат во државата поради носталгија, како и поради започнување сопствен бизнис што треба да се земе предвид од страна на институците за да преземат мерки и да ги привлечат младите да инвестираат во сопствената земја, вели Иван Јованов, координатор на Мрежата за спречување на одлив на мозоци. Тој посочува дека во просек на еден млад човек му се потребни околу две и пол години за да најде работа по завршување на образованието. Граѓанските организации сметаат дека треба да се почитуваат и веќе постоечките стратегии и документи бидејќи постои Стратегија за вмрежување и соработка со високообразовни стручни кадри за периодот 2013-2020 година, но за неа има изработено само еден акциски план за 2014 година. Според нас тоа не е соодветно и во наредниот период ќе работиме на анализа на оваа стратегија и ќе дадеме предлог да изработиме акциски план, вели Јованов. Податоците на Светска банка покажуваат дека четвртина од населението во земјава односно 500 илјади луѓе ја имаат напуштено државата. Мрежата за спречување на одлив на мозоци следниот вторник организира панел дискусија за тоа што прават институциите за да го спречат одливот на млади луѓе од државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-gubi-po-15-848-evra-na-godishno-nivo-za-sekoj-otselen-mlad-chovek/feed/ 0
До 17 часот гласале 37,5 отсто од иселениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-17-chasot-glasale-37-5-otsto-od-iselenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-17-chasot-glasale-37-5-otsto-od-iselenicite/#respond Sat, 04 May 2019 17:55:37 +0000 https://kurir.mk/?p=194151

До 17 часот, 37,5 отсто од иселениците во дипломатско конзуларните претставништва излегле да го остварат своето право на глас, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). До 15 часот, пак, гласале 30,86 отсто од иселениците во дипломатско конзуларните претставништва. Сараево, Брисел и Прага беа градовите со најголем процент на излезност на денешното гласање на дијаспората во вториот круг од претседателските избори. Според ДИК, во споредба со првиот круг, има поголема излезност во дијаспората. Во сите 32 дипломатско конзуларни претставништва право на глас имаат 1.781 избирач запишан во избирачкиот список.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-17-chasot-glasale-37-5-otsto-od-iselenicite/feed/ 0
Во потрага по корените: Потомци на македонски иселеници во Јужна Америка првпат во посета на родниот Царев Двор, Ресенско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-potraga-po-korenite-potomci-na-makedonski-iselenici-vo-juzna-amerika-prvpat-vo-poseta-na-rodniot-carev-dvor-resensko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-potraga-po-korenite-potomci-na-makedonski-iselenici-vo-juzna-amerika-prvpat-vo-poseta-na-rodniot-carev-dvor-resensko/#respond Sat, 13 Apr 2019 09:25:36 +0000 https://kurir.mk/?p=185839

Елијас Јосифовиќ од Ел Мајтен, Аргентина, потомок на македонски иселник кој во триесетите години на минатиот век пристигнал и се населил во оваа јужноамериканска држава, во потрага по своите корени по прв пат го посети родното огниште на неговиот дедо Царев Двор. Елијас живее во Ел Мајтен, а средбата со неговиот братучед Митко Маринчевски се случи деновиве со помошта што ја добил од македонската Амбасада во Бразил и на градоначалникот на Општина Ресен, д-р Живко Гошаревски. Дедовците на Елијас и на Митко се родени браќа, а Јордан, дедото на Елијас, пристигнал во Аргентина со својот брат Ангел во 1931 година, патувајќи со бродовите на Црвениот крст, како и бројни други Македонци од тој период. -Најубав момент во работата на нашите амбасади е токму спојувањето на македонските семејства од матицата и од дијаспората. Оваа фотографија не може ни да ги долови емоциите на средбата помеѓу братучедите од Царев Двор и од Ел Мајтен во аргентинска Патагонија, вели амбасадорот Ивица Боцевски. Тој појаснува дека пред неколку денови амбасадата добила телефонски повик од градот Ел Мајтен (El Maitén), кој што се наоѓа во провинцијата Чубут во аргентинска Патагонија. Македонците во таа област потекнуваат, вели, главно од ресенско и од битолско, а ја бараа амбасадата затоа што сакаат да го посетат своето родно огниште. Според амбасадорот Боцевсски, најголем проблем со македонската заедница во Аргентина (и општо во јужната хемисфера) е фактот што нивните здруженија се пред изумирање и најчесто со врзани со останатите словенски народи од Балканот во кровни организации. Исто така, вели, амбасадата веќе побара од Националната библиотека на Буенос Аирес да бидат дигитализирани и врачени на самата амбасадата и на Државниот архив печатените весници и магазини кои што излегувале на македонски јазик во Буенос Аирес во 1940-тите и 1950-тите. Статистичките податоци, покажуваат дека Буенос Аирес бил еднакво атрактивен за македонските иселеници, колку и Њујорк, сѐ до страотниот економски пад на земјата во доцниот период на првото владеење на Перон. За жал, македонските иселеници се расеани ширум Аргентина, Уругвај, јужен Бразил (пред сѐ државата Рио Гранде до Сул), околу градот Сао Паоло во Бразил и градот Лима во Перу, па дури и во низинските подрачја на Боливија. Тие највеќе работеле во градежната индустрија, како најобични физички работници, или добивале земја за работа во широките пространства на пампасите. –Имајќи предвид дека степенот на интеграција и ефектот на „котлето за претопување“ се далеку побрзи во Јужна Америка, отколку во Северна Америка, веќе втората генерација јужноамерикански Македонци е целосно интегрирана и претопена во своите нови живеалишта, а сега амбасадата работи со третата, четвртата, па дури и петтата генерација. Притоа, нивните имињата се целосно хиспанизирани, односно лузофонизирани, а презимињата често се извитоперени за да бидат прилагодени на локалните јазици, но, сепак, постои интерес за одржување на жива врска со матицата, истакнува Боцевски. Фактот што не постоеле македонски цркви, оневозможил создавање на цврсти и на жилави организации, па најчесто се случува тукашните Македонци да се од католичка вероисповест и да се врзани со хрватските организации. Исто така, во Аргентина ретко македонските дипломати заземале клучни позиции за време на југословенската дипломатија, па запоставена е работата со Македонците од јужната хемисфера. Во моментов, смета тој, исклучиво јазичната бариера, односно отсуството на настава на португалски и на шпански јазик, спречува да продолжи текот на македонска имиграција кон овие традиционални земји на македонското иселеништво, но веќе се присутни и бројни млади професионалци (инженери), имиграција од 1990-ите и од почетокот на 21-иот век, пред сѐ во Бразил и во Чиле. Во последно време, а посебно по отворањето на Дипломатско конзуларното претствништво во Бразилија, расте интересот за стекнување со државјанство по основ на македонско потекло, а смета дека би било одлично доколку амбасадата добие средства за да го поддржи основањето на македонските организации во Аргентина, Уругвај и во Бразил. -Постапката за регистрација на НВО во сите тукашни земји е исклучително комплицирана, долга и со трошоци, па често амбасадите излегуваат со значителна поддршка во овие процеси, вели амбасадорот Боцевски. Амбасадата на Република Северна Македонија во Бразилија, главниот град на Бразил, беше свечено отворена во декември 2017 година, во присуство на претседателот на државата Ѓорге Иванов. Првиот македонски резидентен амбасадор во Бразил и во Латинска Америка Ивица Боцевски ги предаде акредитивните писма на Мишел Темел, тогаш вршител на должноста претседател на Бразил, неколку месеци порано, на почетокот на јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-potraga-po-korenite-potomci-na-makedonski-iselenici-vo-juzna-amerika-prvpat-vo-poseta-na-rodniot-carev-dvor-resensko/feed/ 0
За гласање на референдумот досега пријавени 1.725 иселеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-glasanje-na-referendumot-dosega-prijaveni-1-725-iselenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-glasanje-na-referendumot-dosega-prijaveni-1-725-iselenici/#respond Tue, 21 Aug 2018 11:19:04 +0000 https://kurir.mk/?p=90317

До денеска до 12 часот, преку веб- апликацијата www.dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија (ДИК) се доставени вкупно 1.725 пријави од граѓани за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Како што соопшти ДИК, од нив 1.612 пријави се прифатени, 27 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави има за гласање во Берн - 170, во Љубљана - 137, во Лондон - 103, во Торонто - 98 и Канбера 71, додека најмал број пријави се поднесени за гласање во Киев, Подгорица и Приштина - по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха - по две пријави. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање, посочуваат од Комисијата. Паралалено со пријавувањето на иселениците за гласање на рфеферендумот до 23 на полноќ тече и рокот за јавен увид во Избирачкиот список. До вчера увид во ИС во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК извршиле вкупно 3.996 граѓани. Најголем број граѓани увид извршиле во Битола - 411, во Струмица - 364, Карпош -300, Радовиш - 217 и во Охрид и Прилеп по 199. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-glasanje-na-referendumot-dosega-prijaveni-1-725-iselenici/feed/ 0
Во летниот период иселениците од Кичевско прават и до 500 веселби https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-letniot-period-iselenicite-od-kichevsko-pravat-i-do-500-veselbi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-letniot-period-iselenicite-od-kichevsko-pravat-i-do-500-veselbi/#respond Sat, 11 Aug 2018 09:18:37 +0000 https://kurir.mk/?p=86808

  Печалбарите во Кичевско кои доаѓаат во својот роден крај во летниот период придонесуваат за зголемување на прометот во угостителските објекти. Се проценува дека во периодот додека престојуваат се прават и до 500 свадби и други семејни веселби. Двојно зголемување на прометот се забележува и на пазарите. Пазарџиите велат ако е како во летниот период преку целата година ќе биде одлично, ќе ни требаат и повеќе работници. Кичевската дијаспора има значаен удел во кичевската економија во текот на целата година,  бидеќи во континуитет праќаат пари на нивни роднини во татковината. Се претпоставува дека само во летниот период по разни основи во Кичево се вртат пет до шест милиони евра. Локалната власт во овој период ги презема сите мерки за услужните дејности што се во нивна надлежност да функционираат беспрекорно, а полицијата се грижи за безбедноста во сообраќајот, а првпат нема големи забелешки и за работењето на шалтерите во одделот за лични документи, Најголеми забелешки печалбарите и оваа година имаат на услугата на граничните премини, односно на долгата процедура на македонско-српската граница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-letniot-period-iselenicite-od-kichevsko-pravat-i-do-500-veselbi/feed/ 0