иселување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 12:42:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png иселување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од Романија за една година се иселиле 50.000 граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-romanija-za-edna-godina-se-iselile-50-000-gragani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-romanija-za-edna-godina-se-iselile-50-000-gragani/#respond Mon, 07 Aug 2023 12:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=864249

Во 2022 година 50.000 Романци ја напуштиле својата татковина, објави весникот „Адеверул“, додавајќи дека рекордната бројка е еднаква на населението на средно голем град. Според експертите демографската криза во Романија продолжува, а причините за тоа се економски и социјални. На масовната миграција се додава и негативниот природен прираст на населението. Според податоците на Националниот статистички институт, во април 2023 година имало за 2.853 новородени деца помалку во споредба со истиот месец од 2022 година. Природниот прираст бил негативен во април 2023 година (минус 8.902 лица), како и во април 2022 година (минус 8.859 лица). Во 2011 година, бројот на Романци кои живеат во земји-членки на ЕУ изнесуваше 1,67 милиони луѓе и оттогаш продолжува да расте, достигнувајќи 2,5 милиони во 2019 година, покажуваат податоците на Европскиот статистички институт Евростат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-romanija-za-edna-godina-se-iselile-50-000-gragani/feed/ 0
Ходаи: Имаме демографска „бомба“ поради големата миграција на млади во европските земји https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hodai-imame-demografska-bomba-poradi-golemata-migratsija-na-mladi-vo-evropskite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hodai-imame-demografska-bomba-poradi-golemata-migratsija-na-mladi-vo-evropskite-zemji/#respond Wed, 29 Mar 2023 13:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=817745

Во последниот период, барем од податоците од пописот 2021, дознавме дека имаме намалување на учеството на младите во вкупното население. На пример, во 2002 година, 24 проценти од населението биле млади, додека во 2021 според пописот, само 18 проценти од населението се млади. Ова во изјава за медиуми денеска го истакна Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени, пред почетокот на јавната дебата на тема „Иселување на млади со високо образование: Дали РСМ подготвува работна сила за земјите од ЕУ?“. - Тука се зборува за демографска „бомба“ затоа што имаме намалување на бројот на млади, постои голема миграција на младите во европските земји, кои имаат атрактивност кон работните места, поточно кон земјите во ЕУ. Денеска заедно со министерот за образование и наука ќе треба да дискутираме за оваа тема, каде треба да се коригираат проблемите за ние како млади да останеме во нашата земја, информираше тој. Ходаи рече дека Форумот за образовни промени веќе година и половина се залага за промени во образовниот систем затоа што смета дека „имаме образование со истечен рок на сите нивоа“, посебно во високото, но и во средното образование. - Ние ќе предложиме радикални промени, образованието да стане приоритет на државата за наредните 20 години и која било партија да дојде на власт, да не ги менува политиките што ќе бидат усогласени од сите засегнати страни, нагласи тој. Ходаи соопшти дека дваесет луѓе кои имаат докторат не се вработени исто како и околу 300 кои имаат завршено магистерски студии. - Ќе се потрудиме како млади, како невладини организации, да креираме и воспоставиме систем на меритократија, каде што секој кој е квалификуван за нешто, да се вработи, а да не става акцент на тоа на која политичка партија припаѓа. Не сметаме дека единствениот проблем е економскиот проблем, односно малите плати, туку тука е и културниот фактор. Пред неколку дена имаше истражување дека Северна Македонија е најнесреќната земја во регионот и ова кажува дека освен што немаме атрактивни плати, исто така немаме и културен и забавен живот за младите да останат тука, рече Ходаи. Викторија Постоловска, студентски адвокат при „Свети Кирил и Методиј“, рече дека проблемот лежи во неактуализирањето на младинските политики. - Кои, за жал, во нашата земја се помалку застапени и не се главниот катализатор на младите луѓе и на нивното останување тука, како и дискриминација и корупција со која се соочуваме како општество, но и недовербата на младите луѓе. Јас се водам од личното убедување дека среќни можеме да бидеме секаде се додека имаме чувство на придонес. Доколку придонесуваме и веќе пркосиме на постоечките системи кои се длабоко вкоренети во нашата земја, тогаш веќе можеме да се надеваме на подобро утре, на поголем одѕив како медиумски така и институционален и баш поради тоа и се кандидирав за мојата функција и учествувам на овие панел дискусии, кои на некој начин акумулираат млади и со тоа ја промовираат младата критичка мисла и се залагаат за длабоко вкоренети проблеми, кои за жал, ни прават опструкција на нас младите тука да си ја најдеме среќата, нагласи Постоловска. Таа додаде дека овие дебати често се случуваат но сега, откако се воведе законот за високо образование, студентските собранија и средношколските сојузи, се оформија и реално можат да функционираат. - И да пркосат на веќе поставените системи, ваквите дебати сега се зачестија, не мислам дека се празни зборови. За институциите да не уважат, ние треба прво да се изјасниме дали сме против или за нешто, и потоа тие да „засукаат ракави“ и да ги спроведат нашите совети и поплаки. Можам да воочам придвижување и тенденции кон разрешување на проблемите, затоа што самото факултетско и универзитетско студентско образование е доказ дека она што нас ни смета и она што ние го бараме, веќе почнува да ни се укажува, подвлече Постоловска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hodai-imame-demografska-bomba-poradi-golemata-migratsija-na-mladi-vo-evropskite-zemji/feed/ 0
Од Македонија ќе остане пустош, ни се случува егзодус: Масовно иселување на македонските граѓани, “животот за сите“ го бараат во други држави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-makedonija-ke-ostane-pustosh-ni-se-sluchuva-egzodus-masovno-iseluvane-na-makedonskite-gragani-zhivotot-za-site-go-baraat-vo-drugi-drzhavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-makedonija-ke-ostane-pustosh-ni-se-sluchuva-egzodus-masovno-iseluvane-na-makedonskite-gragani-zhivotot-za-site-go-baraat-vo-drugi-drzhavi/#respond Tue, 28 Mar 2023 08:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=817193

Резултатите од пописот ни удрија шлаканица во лице, а статистиката со која се соочуваме секоја година е повеќе од загрижувачка. Но, ниту едното, ниту другото, не го запалија алармот дека Македонија се наоѓа пред демографска катастрофа. А податоците кои ни се пласираат треба да направат алармот да вришти, да нè потресе. Кои се причините за масовното иселување на македонските граѓани? Зошто цели семејства купуваат билети за во еден правец, во торби се пакуваат и заминуваат што подалеку од оваа држава? Какви последици остава масовното иселување и што останува кога илјадници наши сограѓани нè напуштаат? КУРИР прави анализа и носи одговор на овие прашања. Одговор кој не смее да се игнорира. Секој ќе рече дека битката по подобра егзистенција е патоказот кој го има пред себе секој Македонец кој тргнува да стане жител на Германија, Белгија, Австралија, Шведска... За ПАРИ се вели дека од свои заминале да станат туѓи, бидејќи тука работат за да преживеат од 1-ви месецов, до првиот ден од следниот месец. Работи народот секој ден за да плати сметки и да купи храна за дома. И не останува за ништо друго. Тоа е реалноста од која нема бегање и за која се зборува како прва точка на списокот работи кои се причини за иселување. Но, немаштијата е само една причина. Ајде да зборуваме не само за економија, туку и за здравство, социјална политика, образование, можности за напредок, сите редови во кои чекаме секој ден... Споредбата на резултатите од двата последни пописи (2002-ра и 2021-ва година) покажува дека  над 150 000 млади луѓе се иселиле од Македонија во последните две децении. Во 2002-ра година во Македонија имало вкупно 754.261 лице на возраст од 0-29 години. Тие луѓе, во новиот попис треба да бидат во следната старосна категорија од 29-49 години. Но, нивниот број денес се намалил на 601.492. Во оваа старосна група, смртноста е мала, што значи дека разликата од 152.832, е број на лица кои ја напуштиле државата. Демографската слика покажува поразителни податоци и кај истата старосна група споредена тогаш и сега. За разлика од 2002-ра година кога во Македонија имало 764.251 млади до 29 години, денес нивниот број е 638.000. Тоа е алармантно намалување за  126.171 лице. Тие млади луѓе не заминуваат сами. Ги земаат своите семејства и заедно ја напуштаат Македонија. Имаме помали групи во градинките, помалкубројни одделенија, намален број на запишани средношколци и студенти. Губиме работоспособно население, драстично намален наталитет. Децата не сфаќаат зошто нивните другарчиња ги напуштаат засекогаш. Родители остануваат во солзи кога нивните, веќе возрасни, деца им соопштуваат дека ќе живеат илјадници километри подалеку. Огромни друштва се распаднати, заминува пар по пар, па останавме непар. Идејата да се направи овој голем чекор најчесто доаѓа за време на почеток високото образование или по формирањето на семејства. По завршување на средното училиште, студентите ги разгледуваат опциите за продолжување на учењето. Да живеат во држава каде не се цени вложувањето во себе и знаењето или да се замине онаму каде образованието е напредно и квалитетно и каде по степен на образование добиваат вработување и голема плата? По добивањето на дете, доаѓа соочувањето со реалноста и минимум условите кои ги имаме тука. Кога младите родители носат одлука да се иселат, пред сè мислат за иднината на своето дете.  Да фаќаат врски за место во градинка, да го лекуваат детето приватно бидејќи државно нема термин, да купуваат филтри и прочистувачи за воздугх поради загаденоста, детето да им посетува настава без учебници... се само дел од реалноста со која се соочуваат. Си заминуваат и доктори, мајстори, компјутерски експерти, наставници, готвачи, шофери... Вработени и невработени, високо образовани или со средно образование. Си заминуваат секој ден. КУРИР стапи во контакт со неколку лица кои ја напуштиле Македонија за да одат, како што велат, во подобар живот. Токму во нивните одговори се откриваат причините поради кои Македонија е непосакувано место за живот. -Да ми кажеше некој пред неколку години дека јас ќе се преселам од Македонија, ќе речев дека е луд! Пред 6 години добив дете. За време на бременоста останав без работа. Законски, не смеат да ме избркаат, но кога поднесував приговори одговорот беше дека не сум избркана туку дека едноставно не ми го продолжиле договорот. Во ред. Се роди син ми и по совет од пријатели, поднесов апликација за во градинка кога имаше само 3 месеци иако планирав да го пуштам кога ќе наполни 9 месеци. Повеќе од една година чекавме на листа и место не се ослободи. Трошоците големи, ние со една плата оти јас не можев да работам ако детето не ми оди во градинка, немав кој да ми го чува. Искрено, фатив врски и ми го запишаа кога имаше 17 месеци. Често се разболуваше, како и секое дете, постојано бевме на лекар, чекав и по цел час да го прегледаат иако имаше температура. На Детска клиника ми велеа дека само еден доктор имаат на смена и дека затоа чекаме.  Сето ова ми ја прели чашата. Роднините кои ми живееја во Берлин, Германија, нè поканија кај нив додека да се снајдеме. И еве, се снајдовме одлично. Добро заработуваме, детето ми живее во држава со развиено здравство и се чувствувам посигурно отколку дома, вели нашата соговорничка. -Убаво заработував и во Скопје. Но, се чувствував како да тапкам во место. Немав можност за напредок иако по образование сум магистер. Сум вложил во себе и сакам тоа некој да го цени и почитува. Кога дојдов тука, напредокот почна веднаш. Нема ценкање за плата „Дали си задоволен со таа и таа сума“. Нема така. Гледаат образование, искуство, вештини и платата е голема и доволна за живот. Во Македонија не сум можел да помислам да тргнам пари на страна, да заштедам. Тука стигнува, а нема да верувате кога ќе ви кажам дека храната во супермаркет е поевтина во Германија отколку во Македонија? Затоа дојдов и не планирам да се вратам, вели еден иселеник. -Добив понуда за работа преку фирмата за која работев и од Скопје, да дојдам да живеам и работам во Виена. Првиот договор ми беше на шест месеци и го прифатив мислејќи дека ќе биде само тоа. Кога ги видов условите кои државата таму ми ги нуди, веднаш знаев дека јас назад не сакам да се вратам. Го повлеков тука мојот сопруг кој брзо најде добра работа. Тука лани добивме и дете. Здравството, условите за градинки и училишта, сите тие можности кои ги имаме тука, во Македонија се децении наназад. Ја сакам својата држава, но одбивам да работам и да имам само за сметки и храна, вели скопјанка со која стапивме во контакт. -Само заради здравје си отидов од таму! Живеев во Лисиче, четири месеци годишно дишевме отров. Никој ништо не направи да го спаси здравјето на луѓето. Искрено ви кажувам, чекав смена на претходната власт мислејќи дека оваа ќе биде подобра и верував на нивните ветувања. Овие двојно полоши излегоа. Не мислев ни секунда, средив документи и заминав. Во Македонија доаѓам само во посета на семејството и сфаќам дека ништо не е сменето, полошо е, рече друга скопјанка со која разговаравме. Податоците што се засноваат на извештаите на Обединетите нации и на Светската банка покажуваат дека во наредните три децении од земјата ќе заминат околу двесте илјади лица. Ваквиот тренд очигледно нема да запре туку ќе продолжи. Неодамнешното истражување на јавното мислење покажа алармантни податоци. Повеќе од 40 отсто од Македонците  би се иселиле од државата, покажуваат резултатите на глобалното истражување на Галуп Интернешнл (ГИА) на тема миграција. Податоците од спроведеното истражување во Македонија во август 2022 година коешто го спроведе Брима, македонскиот член на Галуп Интернешнл, покажаа дека на прашањето „Доколку ги имате сите потребните документи би сакале да живеете во друга земја или би останале таму каде што сте?“, 42 проценти од Македонците одговориле дека би се преселиле,  а 55 отсто би останале во Македонија. Останатите се изјасниле дека не знаат. Додека СДСМ беа во опозиција, една од темите со кои најчесто “плакнеа уста“ беше токму иселувањето на младите од Македонија. Низа прес-конференции, жестоки обвинувања и протести беа дел од тоа време на чело со тогашниот лидер на СДСМ, а потоа и премиер Зоран Заев. И како за многу други теми, така и за оваа, кога СДСМ го превзема раководењето со Владата, направија “пу-пу, не важи“! СДСМ во предизборна кампања гарантираше враќање на иселените млади во државава, а резултатите од тоа нивно ветување се: илјадници новораселени лица. Па, наместо да креира мерки кои ќе ги вратат луѓето дома, со политиките кои ги води во секој сектор, на тие луѓе им ги прати родителите, пријателите и роднините од Македонија, во други држави. Граѓаните ги помнат сликите од пред Влада, кога активисти на СДСМ донесоа чевли и ги ставија на „Илинденска“ како симбол за сите иселени лица од државава. Не ги гледаме денес да водат таква битка кога веќе шест години на власт е партијата која јавно ја поддржуваа. Еве што велеа тогаш организаторите на протестот: „Веќе со години сме сведоци и жртви на најголемот современ егзодус во Македонија. Официјалните бројки покажуваат, а нашите болни разделби потврдуваат дека од државата секој ден, секој час се иселуваат наши најблиски и сакани. Причините за ваквите заминувања се сé полошата економска состојба и генералното влошување на сите животни и општествени сегменти. Нашето семејство, нашите пријатели, нашите комшии се делат од татковината и најблиските втурнати во потрага по парче леб. Политиките на власта се директно одговорни за ова масовно исселување, немаштија и бесперспективност“, пишуваше во повикот. Ако оваа порака ви личи како да е кажана во 2023-та година, не сте во право. Ова активистите го изјавија во 2016-та година. Денес, седум години подоцна, кога состојбата е драстично влошена, истите тие луѓе избраа да молчат. Дали сега иселувањето не им пречи, дали одлучиле да ги игнорираат бројките и проблемите? Одговорот кој можеби е најлогичен е дека токму тие луѓе, соочени со фактот дека ветувањата кои ги добиваа останаа неисполнети, ги спакуваа торбите и куферите и заминаа во некоја поразвиена земја, за да живеат “живот за сите“, онаков каков што оваа власт ветуваше дека ќе донесе тука. Чевлите заборавија да ги остават за да ги “распостелиме“ пред Влада, но на „Илинденска“ секако нема место за толку многу пара штикли и патики. И.Ефремовски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-makedonija-ke-ostane-pustosh-ni-se-sluchuva-egzodus-masovno-iseluvane-na-makedonskite-gragani-zhivotot-za-site-go-baraat-vo-drugi-drzhavi/feed/ 0
АЛАРМАНТНО: Третина од граѓаните размислуваат да се иселат од Македонија (Детектор анкета) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-tretina-od-graganite-razmisluvaat-da-se-iselat-od-makedonija-detektor-anketa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-tretina-od-graganite-razmisluvaat-da-se-iselat-od-makedonija-detektor-anketa/#respond Sun, 05 Feb 2023 15:11:46 +0000 https://kurir.mk/?p=796375

Третина од граѓаните планираат да се иселат од државата, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 30% од анкетираните размислуваат или некогаш размислувале да си заминат од Македонија. 64,8% изјавиле дека не размислуваат за иселување. Загрижува податокот што кај младите до 30, па и кај оние граѓани до 40 годишна возраст, процентот на оние кои размислуваат за иселување се ближи до 50%. Анкетата на ИПИС покажува дека 45,3% од младите до 29 годишна возраст размислуваат за иселување. Кај возрасната група од 30 до 39 години, 44,3% размислуваат или некогаш размислувале да си заминат од Македонија. Како расте возраста на анкетираните граѓани овој процент се намалува. 33,2% од граѓаните меѓу 40 и 50 години размислуваат за иселување. Интересно е што 28,1% од оние кои се меѓу 50 и 59 години планираат да си заминат од Македонија. Кај граѓаните над 60 години интересот за иселување очекувано паѓа на 9,8%. Близу две третини од граѓаните имаат некој близок кој веќе се преселил во странство. Според анкетата, 60% од анкетираните изјавиле дека имаат некој близок кој веќе се преселил во странство, додека 37,8% рекле дека немаат. Најголем дел оние кои што имаат блиски кои се иселиле во странство живеат во севроисточниот регион. Таму 80% од анкетираните имаат некој близок кој се преселил од Македонија. На југоистокот 71,2% имаат блиски иселени во странство. Најмал процент на луѓе кои рекле дека имаат блиски кои се иселиле од Македонија живеат во Скопје. Повеќе од половината од граѓаните сепак сметаат дека немаат шанси да си заминат од Македонија. 54,5% од граѓаните на скалата од 1 до 5 веројатноста да се иселат од Македонија ја оцениле со единица. Само 10,2% се убедени дека има многу големи шанси во следните 5 години да се исeлат од државата. Очекувано, најголем дел од овие граѓани кои се убедени дека за 5 години ќе си заминат од Македонија се млади до 30 години. Дури 21,4% од нив се убедени дека за 5 години ќе си заминат од Македонија. Над половина од граѓаните велат дека пред 5 години живееле подобро од денеска. Анкетата покажува дека ваков став делат точно 52,6% од анкетираните. 33,7% не чувствуваат промена додека само 6,6% велат дека денеска живеат подобро отколку пред 5 години. По региони, во Пелагонија дури 66,2% од анкетираните рекле дека пред 5 години имале подобар живот. Најмал е процентот на граѓани кои подобро живееле пред 5 години во југоистокот. Во споредба со анкетата која за Детектор, ИПИС ја спроведе во 2019 година, бројките многу се разликуваат. Пред 4 години 33,5% од граѓаните изјавиле дека живееле подобро пред 5 години што е значително помалку од денешните 52,6%. Бројот на граѓани кои во 2019 изјавиле дека во моментот живеат подобро од она што го живееле пред 5 години бил 23,7% од анкетираните што е речи си 4 пати помалку од денешните 6,6%. Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-tretina-od-graganite-razmisluvaat-da-se-iselat-od-makedonija-detektor-anketa/feed/ 0
Галуп: Секој четврти Бугарин сака да емигрира во друга држава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/galup-sekoj-chetvrti-bugarin-saka-da-emigrira-vo-druga-drzhava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/galup-sekoj-chetvrti-bugarin-saka-da-emigrira-vo-druga-drzhava/#respond Fri, 03 Feb 2023 10:42:39 +0000 https://kurir.mk/?p=795646

Секој четврти Бугарин би заминал да живее во друга држава доколку ги има сите потребни документи за тоа, покажува студијата на Галуп интернешнал. Само осум отсто се двоумат додека 67 отсто би останале да живеат во најсиромашната држава од Еверопската унија. Сепак, останатите се категорични - доколку имаа можност би ја напуштиле Бугарија, се наведува во резултати од анкетата. Анкетата е спроведена во 57 држави. Блиски до бугарските ставови се земји како Шпанија (27 отсто), Холандија (29 отсто), Шведска (23 отсто) и Австрија (23 отсто). Во ЕУ секој трет би сакал да живее во друга земја, доколку тоа е можно, додека 59 отсто од Европејците претпочитаат да останат во државата во која се наоѓаат сега. Објаснувањето за ставовите за Бугарија, коментираат од Галуп, делумно може да се должи на долгата децениска миграција во земји од Западна Европа и Северна Америка од 90-тите години на минатиот век.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/galup-sekoj-chetvrti-bugarin-saka-da-emigrira-vo-druga-drzhava/feed/ 0
Кусакатска: ДА ГО СПРЕЧИМЕ ИСЕЛУВАЊЕТО! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-da-go-sprechime-iseluvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-da-go-sprechime-iseluvaneto/#respond Tue, 24 Jan 2023 12:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=791145

Колумна на Весна Кусакатска,  член на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука. Трендот на иселувањето од Македонија од ден на ден зема сѐ поголем замав. Се одливаат „мозоци“,заминуваат инженери, доктори. За жал се одливаат и ,,раце“, сѐ повеќе квалификувани мајстори својата иднина ја гледаат во некоја западна земја. Некогаш на печалба оделе само татковците, ,,главата“на семејството, за да заработат и да обезбедат поубав живот за оние кои ги оставиле во својот роден крај, коишто со години не ги гледале, макотрпно работеле и живееле во неизвесност кога и дали воопшто ќе се вратат. Поради ваквата неизвесност, тешка била разделбата со семејствата. Кога Костадин во ,,Печалбари“ се разделува од Симка, со насолзени очи вели: „Ех, Симке, Симке!!! Тажна и неизвесна разделба. Денес и Костадин и Симка и нивните деца се иселуваат заедно. Сѐ почесто цели семејства одлучуваат да заминат заедно во потрага по сигурна работа и подобри услови за живот, но не за да заработат и да се вратат, туку да останат каде што заминале. Сѐ повеќе го губиме работоспособното население, а иселувањето ќе доведе и до директни последици на демографскиот развој на државата. Како да го спречиме тоа? Како да ги задржиме младите? Прво, што побргу треба да се соочиме со сериозноста на овој проблем. Оваа држава, Република Македонија,ќе има надеж за својата иднина. Македонија ќе се исправи,ќе одбере иднина. Што треба да сториме? Да го донесеме,,западот“овде,да им го вратиме оптимизмот на младите.Да им ја вратиме вербата во институциите. Да ја направиме Македонија, земја која прилега на оние земји каде што младите најмногу милуваат да заминат. Целосно да ја демократизираме државата.Политиката да ја направиме оружје во рацете на граѓаните,а не причина за прекуграничен егзодус.Да го заборавиме зборот непотизам,зборот,,врски“ и други слични на нив. Да направиме план за инвестиции и работни места, да ја стимулираме сигурноста на работното место. Да воведеме стручно усовршување за учениците и студентите во завршната година од своето школување. Со тоа пазарот на трудот би се прилагодил и навикнал на примање и стручно усовршување на кадри кои ќе стекнат големо искуство пред стекнување на својата диплома. Да ги задржиме децата со развивање на ИТ, да вложуваме во истражувањето и развојот,во науката,во иновациите, образованието,но и во култрата. Да направиме суштински и структурални промени во општеството за да ги задржиме младите во својата држава,но и за да ги мотивираме да се вратат оние кои веќе заминале. Затоа што и ним не им е лесно далеку од овде. Ние, Македонците како народ сме емотивни,се врзуваме, поинаку гледаме на животот и сакаме да уживаме во него.Иако западот им овозможува подобри услови за живот,сепак не може да им го овозможи комфорот и сигурноста,како што тоа го може градот од кој потекнуваат, семејството, пријателите... Да ја спасиме и унапредиме оваа земја, Република Македонија! Да ја направиме земја која подава рака на оние што вредат,земја која ќе носи прогрес и ќе обезбедува иднина. Да создадеме земја во која може да се дише и во која може да се живее. Да создадеме услови овој тренд на исрлување да се намали,затоа што не само стандардот и парите се на прво место,туку и правната држава и чувството за перспектива,која оваа власт полека,но сигурно го гаси. Македонија тоне со оваа власт.Владата се задолжува со брзина на светлината,државните пари се повеќе завршуваат во џебовите на поединци,криминалот и корупцијата се на цена. Оваа Влада мора да падне и ќе падне за да се исправи Македонија!  

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-da-go-sprechime-iseluvaneto/feed/ 0
На Хрватска и се заканува нов бран иселувања поради инфлацијата и поскапувањата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-hrvatska-i-se-zakanuva-nov-bran-iseluvanja-poradi-inflacijata-i-poskapuvanjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-hrvatska-i-se-zakanuva-nov-bran-iseluvanja-poradi-inflacijata-i-poskapuvanjata/#respond Mon, 09 Jan 2023 09:40:47 +0000 https://kurir.mk/?p=784929

Нов емигрантски бран и се заканува на Хрватска, пишува загрепски „Вечерњи лист“, притоа како причина наведувајќи ги новите поскапувања последица воведувањето на еврото и високата инфлација. „Ако младите со просечна плата од илјада евра не можат да си дозволат стан кој чини две, три или повеќе илјади евра за метар квадратен, ниту пак се достапни за изнајмување станови со поволни цени, што ќе ги задржи тука?“, пишува весникот. Истовремено го поставува прашањето каква корист има слободниот пазар за претприемачите ако нема потрошувачи, ако само малцинство од богатите и сиромашните останат во земјата. „Во земја од која не е запрена емиграцијата, која страда од недостиг од работници и во која бројот на родени деца годинава ќе падне под 35 илјади, што е негативен историски рекорд, никому не му е мудро да се заканува нови поскапувања или самоволие што не е во интерес на општото добро“, вели за весникот демографот Стјепан Штерц, раководител на Катедрата за демографија и хрватска емиграција на Факултетот за хрватски студии. Според него, колку и да негираат политичарите, факт е дека со влегувањето во Шенген и воведувањето на еврото хрватското општество станува уште поранливо во однос на сета негативност што претходно влијаеше на заминувањето на младите. „Заедно со поскапувањата, тоа ќе биде директен фактор за иселување. Инфлацијата е висока, се се разниша, тоа се случи и во други земји. Сега повторно стануваме погранична област на ЕУ и ќе имаме значителен миграциски притисок врз Хрватска“, вели Штерц. Работодавачи загрижени за демографската политика, го повикале на разговор свесни за проблемот со недостигот на работници, на што тој рекол дека недостигот од работници нема да се реши само со носење странски работници. Штерц смета дека политичкиот систем е затворен и не го почитува мислењето на професијата. „Евтината работна сила која доаѓа во Хрватска тука практично егзистира и нема можност за зголемена потрошувачка, а со оглед на стареењето на хрватското население, таа дополнително ќе се намали, како и влез на средства од ЕУ во буџетот. Сето тоа ќе има сериозни последици како резултат на несериозниот пристап кон демографскиот проблем„ заклучува Штерц. Академик Анѓелко Акрап повторува дека Хрватска нема демографска политика, што е клучно за опстанокот на земјата, објави „Вечерњи лист“.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-hrvatska-i-se-zakanuva-nov-bran-iseluvanja-poradi-inflacijata-i-poskapuvanjata/feed/ 0
Иселувањето масовно ги празни училиштата во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iseluvanjeto-masovno-gi-prazni-uchilishtata-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iseluvanjeto-masovno-gi-prazni-uchilishtata-vo-albanija/#respond Wed, 16 Nov 2022 14:09:37 +0000 https://kurir.mk/?p=761731

Масовната емиграција услови намалување на бројот на ученици во Албанија, па во последните четири години затворени се 103 училишта низ целата територија на земјата. – Како резултат на намалувањето на бројот на ученици, многу образовни институции од предуниверзитетското образование, се затворени, а други се споија со оние од најблиските области. Имаме такви бројки кои изгледаат неверојатно. Според Управата за општо образование, од 2018 година до денес затворени се 103 училишта низ државата, вели претседателот на синдикатот на образованието, Невруз Каптели. Еден од многуте такви примери, посочува тој, е дека само оваа учебна година во единствената гимназија во северниот град Кукс има пет паралелки помалку од лани а тоа се должи на масовната емиграција на младите кон Велика Бротанија, појава наголемо присутна во овој дел на Албанија. Според Каптели, недостигот на инвестиции во инфраструктурата е уште една причина што влијае на напуштањето на училиштата, зашто “цели заедници се заборавени од владата”. Според него без решение останува напуштањето на образованието од страна на учениците од ромската и египќанската заедница. – Тоа се должи на немањето финансиска поддршка од државните институции. Од средбите што ги имавме со наставниците, главната причина што учениците од овие заедници не доаѓаат на училиште е сиромаштијата а некои од нив се без родители. И замислете 12-годишно девојче да живее без родители за да ги издржува братот и сестра си дома без никаква економска грижа, посочува тој. Не само без ученици, оценува тој, туку училиштата ризикуваат да останат без наставници, поради емиграцијата, но и незадоволството од платите и неисплата на пари за превоз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iseluvanjeto-masovno-gi-prazni-uchilishtata-vo-albanija/feed/ 0
Билет во еден правец – зошто има иселување од Македонија? Проф. д-р Јовевски со искрени одговори: Сè уште се соочуваме со корупција, недоверба во судскиот систем и нетраспарентност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bilet-vo-eden-pravec-zoshto-ima-iseluvanje-od-makedonija-prof-d-r-jovevski-so-iskreni-odgovori-se-ushte-se-soochuvame-so-korupcija-nedoverba-vo-sudskiot-sistem-i-netrasparentnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bilet-vo-eden-pravec-zoshto-ima-iseluvanje-od-makedonija-prof-d-r-jovevski-so-iskreni-odgovori-se-ushte-se-soochuvame-so-korupcija-nedoverba-vo-sudskiot-sistem-i-netrasparentnost/#respond Fri, 04 Nov 2022 12:32:04 +0000 https://kurir.mk/?p=755736

Еден од најголемите проблеми во земјава со години несомнено е иселувањето на народот. Младите во земјава се во апатија и разочарани, нивното масовно иселување па и на луѓе постари и од секоја возраст е несопирлив процес на кој и не му се гледа крајот. Македонскиот граѓанин се повеќе е незадоволен од своето место во државата. Од 2017-та до денес нагло пораснал бројот на лица со македонски пасош што добиле дозвола за престој во земјите на ЕУ и на ЕЕА. Овие бројки веројатно се многу поголеми, зaтоа што во нив не се содржани лицата од Македонија со бугарски и други пасоши, како ни тие што илегално престојуваат во земјите на ЕУ и ЕЕА. Имаме висок степен на младинско незадоволство во врска со тоа како државните власти се грижат за оваа категорија на луѓе и имаме огромна дискрапанца меѓу кои можности и потреби ги имаат младите на локално и на централно ниво. Билет во еден правец – изрека која стана се почесто употребувана помеѓу македонските граѓани во Република Македонија. Полни авиони за Хрватска, Германија, Малта, Швајцарија, и Белгија. Се прашуваме зошто? Ниски примања? Непотизмот во вработувањата? Можност за напредок во кариерата? За оваа тема разговаравме со Лазар Јовевски, професор по трудово право на Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ во Скопје. Прашан за тоа кои се причините за масовното иселување од Македонија и како овој тренд во иднина би можел да се спречи, професорот Јовевски отворено проговори дека бројот на млади кои се имаат отселено е многу поголем од бројот во податоците од последниот попис, бидејќи како што вели тој не ја прикажуваат реалната слика.
-Стојам на ставот дека отселувањето не се случува само поради подобар живот. Проблемот е системски и се случува децениски поради разочараност од системските нефункционалности, односно поради невладеење на правото, сигурноста во општеството, како и во културните промени. Од друга страна пак, младите се најголемата група невработени во земјата, дискриминирани се и при вработување и при напредувањето во работата. Сетам дека е потребно да инвестираме во младите и тоа во повеќе аспекти, со цел да се овозможи вклучување на младите на пазарот на трудот и во образованието, како и политики на задржување на младите.
Професорот посочи дека образованието е темелот на кој се изградуваат генерациите, затоа неопходно е да се почне од него, за да се променат суштински состојбите.
-Конечно, треба да го промениме и пристапот кон многу нешта, вклучително и кон себеси, односно свесно да го корегираме менталитетот и досегашниот начин на размислување, констатира тој.
Факт е дека покрај младите, голем број и на возрасни лица од различен профил на занимање се поинтезивно си заминуваат од Македонија. Тоа допридонесува до создавање на една состојба, поточно доаѓа до длабок дефицит од работници. Го прашавме проф. Д-р Лазар како тој гледате на овој проблем, дали можеби знае каков тип на работници најмногу недостасуваат во Македонија и што предвидува ваквата ситуација за иднината на нашата земја?
- Апсолутно заминуваат од земјава луѓе од разни генерации, но пак ќе повторам дека причината ја гледам во општата атмосфера на несигурност и нестабилност на земјата, односно невладеење на правото. Постои општо незадоволство поради нефункционирање на целокупниот систем. Сè уште се соочуваме со корупција, недоверба во судскиот систем, нетранспарентност, бариери не само за влез на пазарот на труд туку и во многу други сфери, реторика која не дава позитивна перспектива, креирање очекувања дека „нè чека уште потешко време“, и притоа не гледаме дека некој се грижи да се подобрат состојбите. Луѓето не се иселуваат зашто во странство очекуваат „мед и млеко“, туку мислам дека поголема причина е тешкотијата на живеењето која е создадена изминативе години.
Во врска со тоа каков тип на работници се иселува најмногу тој рече се работи за секаков тип работиници- и со високо образование, квалификуван кадар, и физички работници, смета дека овде нема конкретен тренд.
- Едноставно, ми се чини како да секој само гледа да „избега“ од сето ова, што е навистина тажно. Познавам луѓе кои во странство работат и неугледни работи, но се позадоволни отколку да работат овд па макар и на подобра позиција, посочи Јовевски.
На крај како професор по Трудово право кој е засегнат за оваа тема прашан за негово мислењето каде го гледа решението за излез од ваквата криза, тој категорично истакна:
- Системски, коренити промени. Преосмислување на политиките, таргетирање, стратешко планирање со визија најмалку 10 години пред нас. Краткорочни мерки нема да дадат резултати на подолг рок. Ние практично имаме куќа која е нефункционална и треба да се обнови од темел до кров, ситни поправки како „боење ѕидови“ не го решаваат проблемот. Но најбитно од се е промена на начинот како размислуваме и како делуваме. Тоа е глевен предизвик денес пред македонското општество!
М.А.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bilet-vo-eden-pravec-zoshto-ima-iseluvanje-od-makedonija-prof-d-r-jovevski-so-iskreni-odgovori-se-ushte-se-soochuvame-so-korupcija-nedoverba-vo-sudskiot-sistem-i-netrasparentnost/feed/ 0
ЕГЗОДУС: За еден квартал од Македонија се имаат иселено 214 илјади работоспособни лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/egzodus-za-eden-kvartal-od-makedonija-se-imaat-iseleno-214-iljadi-rabotosposobni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/egzodus-za-eden-kvartal-od-makedonija-se-imaat-iseleno-214-iljadi-rabotosposobni-lica/#respond Tue, 07 Jun 2022 06:50:48 +0000 https://kurir.mk/?p=687573

Масовен егзодус и се случува на Македонија со власта на СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Согласно податоците на државниот завод за статистика, кои никој од власта не ги негира, се случува фрапантен пад на бројот на вработени, пад на бројот на активно население и пад на бројот на работоспособни лица во периодот од последниот квартал во 2021-ва и првиот квартал од 2022 година. За само неколку месеци Македонија загубила 214.514 работоспособни луѓе, односно од 1.681.863 работоспособни во Македонија во IV квартал во 2021, сега во I квартал 2022 има 1.467.349 лица, се наведува во соопштението на партијата. Посочуваат дека според статистика - од активно население, последниот квартал лани имало 937.482 лица коишто се водат за активни, односно 795.276 вработени, а веќе до март годинава, 811.197 активни, од коишто 691.498 вработени. Или 103.778 помалку вработени! -За неколку месеци од крајот на 2021-ва до почетокот на 2022 година се случува масовно иселување, 214 илјади помалку работоспособни во Македонија, односно 130 илјади помалку активно население, односно 103 илјади помалку вработени. Економијата е во колапс. Стотици илјади граѓаните поради сиромаштија ја напуштаат државата. СДСМ и ДУИ ја уништуваат Македонија.Премногу е! Придружете се на протест за промени, 18-ти јуни, во 20 часот пред Владата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/egzodus-za-eden-kvartal-od-makedonija-se-imaat-iseleno-214-iljadi-rabotosposobni-lica/feed/ 0