ИСИС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 12:55:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ИСИС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Припадник на терористичката група Хамас: Знаев дека има деца и пукав во вратата, нема разлика меѓу Хамас и ИСИС https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-teroristichkata-grupa-hamas-znaev-deka-ima-detsa-i-pukav-vo-vratata-nema-razlika-megu-hamas-i-isis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-teroristichkata-grupa-hamas-znaev-deka-ima-detsa-i-pukav-vo-vratata-nema-razlika-megu-hamas-i-isis/#respond Thu, 02 Nov 2023 12:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=895815

Израелската војска вчера објави видео од испрашување на маж за кој велат дека е член на Хамас вклучен во нападот врз Израел на 7 октомври. Човекот на видеото го опишува убиството на израелски деца во Кфар Аз, израелски кибуц на границата со Газа. „Нашата единствена мисија беше убивање, а не киднапирање. Убијте го секој човек кој ќе го видите и вратете се во Газа“, раскажал Амер Абу Гоша, командос на единица на Хамас. Тој навел дека неговата група се упатила кон Кфар Аз со џип и влегла во кибуцот откако еден од нив ја разнел капијата со експлозивна направа. Откако влегле во градот, оделе од куќа до куќа, ги палеле и пукале во сите кои им се нашле на патот со калашникови или ги гаѓале со гранати. „Слушнав деца, пукав на вратата“ Во еден момент, Абу Гоша опишува како влегол во куќа и слушнал гласови на мали деца кои плачат во другата соба и пукал кон вратата од собата. Тој вели дека гласовите на крајот престанале, па заклучил дека децата умреле. „Пукавме додека не слушнавме повеќе гласови“, рече тој. Абу Гоша и дел од неговата група подоцна влегле во вооружен конфликт со војниците на ИДФ – Израелските одбранбени сили, кои влегле во куќата низ прозорците и биле принудени да се предадат. На прашањето зошто убивале жени и деца, Абу Гоша одговара: „Ни рекоа дека сите доселеници се војници“. На прашањето која е разликата меѓу Хамас и ИСИС, тој вели дека испитувачите му покажале видео снимки од некои од злосторствата извршени од терористите на Хамас врз израелските цивили, а тој коментирал: „Нема разлика. Сум видел видеа кои се полоши од оние на ИСИС“. Израел ја напаѓа Газа повеќе од три недели како одговор на најтешкиот масакр во својата историја, извршен на 7 октомври од терористи од Хамас и други екстремистички групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-teroristichkata-grupa-hamas-znaev-deka-ima-detsa-i-pukav-vo-vratata-nema-razlika-megu-hamas-i-isis/feed/ 0
Во Истанбул уапсени петмина под сомнение за поврзаност со ИСИС https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istanbul-uapseni-petmina-pod-somnenie-za-povrzanost-so-isis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istanbul-uapseni-petmina-pod-somnenie-za-povrzanost-so-isis/#respond Tue, 05 Sep 2023 16:47:32 +0000 https://kurir.mk/?p=874877

Полицијата во Истанбул уапси пет лица под сомнение дека се поврзани со терористичката група ИСИС, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. „Полицијата спроведе антитерористички операции за фаќање шест лица осомничени дека обезбедувале средства за печатење и продажба на пропаганден материјал во книжарниците во име на терористичка група“, изјави Јерликаја на платформата Икс. Истакнувајќи дека операциите биле извршени во пет области на Истанбул, тој додаде дека во акцијата биле фатени петмина осомничени, а запленети се бројни дигитални материјали и 73.000 долари, јави Анадолија. Во 2013 година Турција стана една од првите земји што ја прогласи ИСИС за терористичка организација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istanbul-uapseni-petmina-pod-somnenie-za-povrzanost-so-isis/feed/ 0
ЈО: Истрага за две лица поради „служба во непријателска војска“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/jo-istraga-za-dve-litsa-poradi-sluzhba-vo-neprijatelska-vojska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/jo-istraga-za-dve-litsa-poradi-sluzhba-vo-neprijatelska-vojska/#respond Fri, 12 May 2023 14:49:54 +0000 https://kurir.mk/?p=833527

Во синхронизирана полициска акција денеска во раните утрински часови во Скопје и во Република Франција лишени се од слобода тројца македонски државјани, од кои двајца во Скопје и едно лице во Франција, поради основано сомневање дека сториле кривично дело „служба во непријателска војска“, известуваат од Јавното обвинителство. Лицата се осомничени за учествување во вооружениот судир во Сирија како припадници на Исламска држава – ИСИС против меѓународните коалициски сили. Како што информираат од ЈО, Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца македонски државјани за кои постои основано сомневање дека сториле по едно кривично дело – Служба во непријателска војска од чл. 322 ст.1 од Кривичниот законик. - Денеска во раните утрински часови, под раководство на предметниот јавен обвинител беше спроведена синхронизирана полициска акција во Скопје и во Република Франција која е резултат на повеќемесечна меѓународна и меѓуинституционална соработка. Во акцијата во Скопје се лишени од слобода две лица, додека во Франција едно лице – македонски државјанин. Осомничените, во 2014 година ја напуштиле територијата на РМ, по што пристигнале во Сирија, место кое било под вооружен судир помеѓу припадниците на Исламска држава – ИСИС и меѓународните коалициони сили, се вели во соопштението на ЈО. Оттаму информираат дека осомничените учествувале во вооружени судири од месец април до месец август 2014 година, како македонски државјани и граѓани, станувајќи припадници на терористичката организација – Исламска држава – ИСИС. - Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените, велат од ЈО. Исламска држава – ИСИС од страна на ОН е прогласена како терористичка организација и согласно одредбите во Кривичниот законик, граѓанин на Северна Македонија кој за време на војна или вооружен судир служи во непријателска војска или во други непријателски вооружени формации ќе се казни со затвор најмалку три години.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/jo-istraga-za-dve-litsa-poradi-sluzhba-vo-neprijatelska-vojska/feed/ 0
Македонски државјани се приклучиле на терористичката ИСИС, познати нивните идентитети – детали од акцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonski-drzhavjani-se-prikluchile-na-teroristichkata-isis-poznati-nivnite-identiteti-detali-od-aktsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonski-drzhavjani-se-prikluchile-na-teroristichkata-isis-poznati-nivnite-identiteti-detali-od-aktsijata/#respond Fri, 12 May 2023 11:06:48 +0000 https://kurir.mk/?p=833448

Во рамки на глобалната борба против тероризмот, МВР односно Бирото за јавна безбедност- Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во координирана акција со Агенцијата за национална безбедност и Република Франција, која постапи по меѓународна потерница издадена од нашата држава, реализираше случај, при што од слобода се лишени три лица македонски државјани, кои во текот на 2014 година на територија на Сирија се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава ИСИС и како борци активно учествувале во воените дејствија. Во изминатиот период, лицата О.С (28), Р.С.(33) и М.Г (26), беа предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултираа со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територија на Република Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Република Македонија. Постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, денеска, во утринските часови, од страна на МВР беа извршени претреси на две локации во Скопје кај О.С и Р.С, каде се пронајдени и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди кои можат да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело. Согласно обезбедените докази, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска (12.05.2023) поднесе кривична пријава против наведените лица за сторено кривично дело „служба во непријателска војска“ предвидено во член 322 од Кривичен законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonski-drzhavjani-se-prikluchile-na-teroristichkata-isis-poznati-nivnite-identiteti-detali-od-aktsijata/feed/ 0
Пријава за скопјанец кој повикувал, врбувал и потикнувал лица да се приклучат на ИСИС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prijava-za-skopjanec-koj-povikuval-vrbuval-i-potiknuval-lica-da-se-prikluchat-na-isis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prijava-za-skopjanec-koj-povikuval-vrbuval-i-potiknuval-lica-da-se-prikluchat-na-isis/#respond Tue, 05 Apr 2022 13:09:08 +0000 https://kurir.mk/?p=658769

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.И. (30) од Скопје кој преку социјална мрежа повикувал, врбувал и потикнувал лица да се приклучат на Исламска држава и да војуваат за неа. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од страна на ОСОСК, во август 2015 година, С.И., заедно со уште 34 други лица се кривично пријавени за кривично дело „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации„ (член 322 а, став 1 и 3), за што е осуден на 10 годишна затворска казна и во моментов се наоѓа на издржување на затворската казна во КПД Идризово. –Со цел обезбедување на докази за сторени нови кривични дела од С.И., од страна на ОЈО за ГОКК до надлежните органи во Република Косово е побарана меѓународна правна помош, при што од страна на Специјалното обвинителство на Косово е доставен одговор со соодветни докази, а од доказите е утврдено дека на 25.07.2015 на социјална мрежа е објавена фотографија со испишан текст на албански јазик, со кој С.И. повикувал, врбувал и потикнувал лица да се приклучат на Исламска држава и да војуваат за неа. Пронајдени се и други објави во врска со кривичното дело, стои во соопштението од МВР. С.И. се товари за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени параполициски формации” предвидено и казниво по член 322-а став 4 од Кривичен законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prijava-za-skopjanec-koj-povikuval-vrbuval-i-potiknuval-lica-da-se-prikluchat-na-isis/feed/ 0
Уапсен Србин вахабист: Бил во контакт со ИСИС и подготвил хаос во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-srbin-vahabist-bil-vo-kontakt-so-isis-i-podgotvil-haos-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-srbin-vahabist-bil-vo-kontakt-so-isis-i-podgotvil-haos-vo-belgrad/#respond Fri, 18 Feb 2022 15:43:28 +0000 https://kurir.mk/?p=633253

Оперативците на Службата за борба против тероризмот денеска во Белград го уапсија И.Деспотовиќ, вахабистички Србин кој подготвувал крвав терористички напад во строгиот центар на главниот град. Деспотовиќ, кој пред неколку години го прифатил исламот и бил во постојан контакт со лидерите на ИСИС, бил уапсен додека се подготвувал да киднапира камион, и со него да вози низ улицата Кнез Михаилова и да прегази што повеќе луѓе, пишуваат српските медиуми. Станува збор за државјанин на Србија, наводно вехабист, кој бил во контакт со Исламската држава. Нему му е одредена мерка притвор од 48 часа. Тој е уапсен во заедничка акција на Службата за борба против тероризам, МВР и Обвинителството за организиран криминал, додаваат медиумите. Ова не е првпат И.Д. да биде уапсен. Првично е уапсен уште во 2017 година во Белград, кога се подготвувал со камион да гази луѓе во центарот на градот. Тогаш кај него биле најдени планови за напад како тој во Барселона, кога во август 2017 година беа убиени 13 лица, а десетици беа повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-srbin-vahabist-bil-vo-kontakt-so-isis-i-podgotvil-haos-vo-belgrad/feed/ 0
Поднесен обвинителен акт против осум лица, припадници на ИСИС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-osum-lica-pripadnici-na-isis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-osum-lica-pripadnici-na-isis/#respond Wed, 23 Jun 2021 13:26:27 +0000 https://kurir.mk/?p=527094

По спроведена сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против петмина жители на Куманово и тројца скопјани. Според дејствијата опишани во Обвинителниот акт, Б.Г.(28), Р.А.(31), С.И(31), А.С.(21) и Ј.К.(25) сториле кривично дело – Терористичка организација од член 394-а ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, обвинетиот Б.Ф. (33) сторил едно кривично дело – Терористичка организација од член 394-а ст.2 во врска со ст.1 и едно кривично дело – Служба во непријателска војска од член 322 став 1 од Кривичниот законик, Д.А. (21) е обвинет дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 ст.1 од Кривичен законик и обвинетиот И.М.(23) сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. ​Во периодот од 2019 и 2020 година, на територијата на нашата земја, обвинетите Б.Ф., Б.Г., Р.А., С.И., А.С. и Ј.К., станале припадници на злосторничка организација – терористичка организација „ќелија“со основи на идеолошка матрица на познатата терористичка организација ИСИС, создадена во почетокот на 2019 година од страна на претходно обвинетиот Б.А. Прифаќајќи го криминалниот план на злосторничката организација – терористичка група „ќелија“ секој од нејзините членови имал конкретни задачи, па така обвинетите Б.Ф. и Б.Г. добивале конкретни задачи од обвинетиот Б.А., при што му обезбедувале логистичка поддршка и имале задача, заедно со уште тројца претходно обвинети, да обезбедат патничко моторно возило со кое ќе го пренесуваат и објекти во кои ќе го држат оружјето, муницијата и воената опрема, да изработуваат импровизирани експлозивни направи, собирале информации за движење и вршеле опсервирање на објекти и локации. Обвинетите Р.А., С.И. и А.С., како припадници на групата учествувале и во активности на собирање и обезбедување на информации од значење за целите на терористичката група и вршеле опсервирање на објекти и локации. Обвинетиот Ј.К. пак, вршел собирање, едитирање и титлување на преводи, од арапски на албански јазик, на видеа од боиштата во Сирија и Ирак и од извршените терористички напади во Франција и Шпанија, како и снимки во кои се прикажува начинот на изработка на експлозивни направи, на извршување напад врз лица, на безбедно користење на интернет апликации за комуникација и снимки со декапитација на жртвите на ИСИС/Исламска држава, со што овозможил пристап на поголем број на луѓе до ваквите радикални содржини. Врз основа на доказите прибавени во истрагата, обвинителството дојде до сознанија дека обвинетиот Б.Ф., како граѓанин на Република Македонија, во периодот од 4.05.2014 година до 2.06.2014 година, за време на вооружен судир активно учествувал во активностите во непријателската вооружена формација терористичка организација Исламска држава – ИСИС, каде во евиденциите на ИСИС е заведен како борец. Воедно, во спроведената истражна постапка обвинителството утврди дека во текот на 2020 година во Куманово, обвинетиот Д.А. неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Застава“ со калибар 7.62 мм, што неовластено го продал на претходно обвинетиот В.А., а во истиот период во с.Табановце, Кумановско, обвинетиот И.М. неовластено држел огнено оружје – автоматска пушка со калибар 7.62 мм, автоматски пиштол „Шкорпион“ со калибар 7.65 мм, кое оружје им е забрането на граѓаните и огнено оружје – марка „Застава“ со калибар 7.62. Со опишаните дејствија обвинетите ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар. Имајќи ги предвид мотивот за сторувањето на делата, односно создавање чувство на несигурност и страв кај граѓаните, како и тоа дека се уште постојат околностите врз основа на кои била определена и продолжувана мерката притвор, а особено фактот дека постои опасност обвинетите доколку останат да се бранат од слобода да ги повторат кривичните дела што им се ставаат на товар, со Обвинителниот акт, предметниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и Посебен предлог. Во предлогот заради обезбедување на присуство на обвинетите и непречено водење на кривичната постапка, се предлага на судот мерката притвор спрема шестмина обвинети да биде продолжена, додека за двајца обвинети е предложено мерката притвор да биде заменета за поблага мерка – куќен притвор.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-osum-lica-pripadnici-na-isis/feed/ 0
Еролд Муслиу ја потврди аферата „Мафија“: Македонски пасоши имат борци на ИСИС и други мафии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/erold-musliu-ja-potvrdi-aferata-mafija-makedonski-pasoshi-imat-borci-na-isis-i-drugi-mafii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/erold-musliu-ja-potvrdi-aferata-mafija-makedonski-pasoshi-imat-borci-na-isis-i-drugi-mafii/#respond Fri, 28 May 2021 12:17:29 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516089

Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, вели дека македонски пасоши со лажен идентитет, во аферата која опозицијата ја именува како „Мафија“, добивале и екстремисти со искуство од судирите во Сирија, како и лица инволвирани во ликвидации во Украина и Грција. Станува збор за случајот со 215 незаконски издадени пасоши што завршиле во рацете на нарко-босови и лица опасни за нашата, но и за безбедноста на други држави, при што се отвори прашањето како е можно оперативните служби во МВР, АНА и АР да немале индиции дека нешто се случува . -Очекувано е да се појават импликациите од ваквата појава на незаконско издавање патни исправи на лица, кои се членови на криминални и екстремистички групи. Фактот што таквите лица поседуваат „легална“ патна исправа сериозно ги попречува напорите за нивно оперативно следење, идентификување на нивната локација и активности. За сознанијата со кои располага АР, Агенцијата навремено ги информираше надлежните институции и партнерските служби. Загрижува фактот што со вакви патни исправи се стекнале екстремисти со искуство од Сирија, членови на криминални банди, вмешани во ликвидации во Украина и Грција и поединци инволвирани во сериозни форми на организиран криминал, поврзани со трговија на наркотици и перење пари – вели Муслиу како одговор на едно од прашањата во интервју за „Дојче Веле“. Тој додава дека овој случај треба да ни биде поука во иднина за зајакнување на безбедносните стандарди во државните институции, поголем професионалнен интегритет кај вработените и ефикасни заштитни механизми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/erold-musliu-ja-potvrdi-aferata-mafija-makedonski-pasoshi-imat-borci-na-isis-i-drugi-mafii/feed/ 0
Милошоски: Нови фрапантни сознанија, мафијата на Спасовски и Заев делеле пасоши и на борци од ИСИС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-novi-frapantni-soznanija-mafijata-na-spasovski-i-zaev-delele-pasoshi-i-na-borci-od-isis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-novi-frapantni-soznanija-mafijata-na-spasovski-i-zaev-delele-pasoshi-i-na-borci-od-isis/#respond Sun, 11 Apr 2021 09:43:56 +0000 https://kurir.mk/?p=495513

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска истакна дека аферата „Мафија“ има нов продолжеток. -Досега видовме дека МВР на Спасовски и Заев издало македонски пасоши со лажни идентитети на лица членови од српската мафија, црногорската, италијанската, шпанската, турската мафија и многу други, вели Милошоски. Но овде овој скандал со аферата „Мафија“ не завршува, за жал. -Имаме информации дека македонски пасош издаден од МВР во 2018-та година има и косовскиот државјанин Фитим Дема, член на радикалната терористичка група ИСИС. Тој бил баран со потерница од приштинскиот суд за одлежување на затворска казна но на непознат начин успеал да стигне во Македонија и од Македонија да добие македонска патна исправа со лажен идентитет. Давањето на македонски пасоши на лица, припадници на ИСИС како терористичка организација не само што ја загрозува безбедноста на Македонија и регионот туку ги загрозува и интересите на сите земји членки на НАТО и ЕУ. Ваквото делување не можело да помине без знаење на највисоките раководни структури во МВР. Според нашите информации Спасовски и МВР овозможиле да се крадат идентитети за да се даваат вакви пасоши на лица кои што се борци во Сирија, членови на терористичката група ИСИС, нагласи Милошоски. Тој посочи дека во февруари 2019-та година на пристаништето во Валона бил уапсен Фитим Дема, косовски државјанин кој што бил уапсен со македонска патна исправа. -Инаку во Сирија бил познат како еден од најблиските соработници член на Љавдрим Мухаџери, еден од најпознатите членови на ИСИС и на оваа терористичка организација од регионот. Фитим Дема бил баран за издржување на затворска казна за учество во терористичка група и учество во странска војска од страна на судот во Приштина. Во март 2018-та година им побегнал на косовските власти. И во 2018-та година исто така успеал да извади македонски пасош со лажен идентитет. За што сметаме дека не можело да се случи само со знаење на шалтерски работници, морало некој и од повисоките раководни структури да му овозможил на овој терорист од регионот кој што учествувал во борбите во Сирија да добие македонски пасош. Откако добил македонски пасош намерата му била со траект преку Валона да замине за Бриндизи во Италија. И тогаш благодарение на препознавањето од страна на граничната полиција на Албанија е уапсен и е констатирано дека има македонска патна исправа. За што албанските медиуми многу на долго и на широко пишуваа во текот на 2019-тата година. Така што дури и во 2018-та година министерот за внатрешни Спасовски та не знаел за издавањето на пасош на овој терорист, можел преку јавно достапни информации да го дознае тоа во 2019-та година. Да го потсетиме министерот дека во 2018-та година кога Фитим Дема, терористот од ИСИС добива македонски пасош, министер е Оливер Спасовски за да не се збуни да не наведе друг министер во тоа време, нагласи Милошоски. Исто така во 2019-та година министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски кога албанските медиуми на големо пишуваат дека е уапсен Фитим Дема, терорист од ИСИС кој што поседува македонска патна исправа. -Во нормална држава ќе се броеја часовите или деновите кога министерот за внатрешни работи после еден ваков голем скандал ќе си поднесеше оставка. Но, во Македонија гледаме дека наместо одговорност за скандалот „Мафија“, испаѓа дека мафијата си има своја држава и никој не поднесува одговорност. Сметаме дека сите оние театри кои што се прават со заплени на путер, и некаква си бледа корупција, се погазени со оваа афера „Мафија“ каде што македонски пасоши со украден идентитет од македонските граѓани добивале светски убијци, мафијаши, нарко – босови, терористи и луѓе познати со трговија со дрога. За тоа сметаме дека мафијата на Спасовски и Заев ја претворила Македонија во логистички центар во сива зона каде што сите оние кои што имале намера да му избегаат на Интерпол или на нивните држави каде што биле барани со потерници нашле не само прибежиште туку и бесплатна патна лажна исправа за да можат да се заштитат. За тоа, почитувани граѓани, нашиот апел е што побрзо оставка од страна на министерот за внатрешни работи бидејќи издавање на македонски пасоши на познати терористи, членови на ИСИС ја загрозува безбедноста на Македонија, безбедноста не регионот и е спротивно на безбедносните интереси на членките на НАТО и на ЕУ. Овој скандал мора да заврши не само со кривична туку и со политичка одговорност, нагласи Милошоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-novi-frapantni-soznanija-mafijata-na-spasovski-i-zaev-delele-pasoshi-i-na-borci-od-isis/feed/ 0
Во Грција уапсен 27-годишен Сириец член на ИСИС https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-uapsen-27-godishen-siriec-chlen-na-isis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-uapsen-27-godishen-siriec-chlen-na-isis/#respond Thu, 19 Nov 2020 14:07:14 +0000 https://kurir.mk/?p=431825

Секторот за борба против тероризам на грчката полиција утрово уапси 27-годишен државјанин на Сирија кој се товари за учество во терористичката организација ИСИС, како и за терористички дела и директна помош при убиство, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштуваат од грчката полиција, Сириецот, кој во Грција дошол на 28 март 2018 година, ги прифатил обвиненијата за кои се товари и ќе биде изведен пред јавен обвинител. По претресот направен делот во бегалскиот камп од отворен тип, каде што престојувал, биле откриени дигитални докази, што дополнително ќе се истражат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-uapsen-27-godishen-siriec-chlen-na-isis/feed/ 0