искачување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 May 2023 11:44:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png искачување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 В недела традиционалното искачување на Титов врв, ден претходно ќе се одржат и повеќе активности https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/v-nedela-traditsionalnoto-iskachuvane-na-titov-vrv-den-prethodno-ke-se-odrzhat-i-poveke-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/v-nedela-traditsionalnoto-iskachuvane-na-titov-vrv-den-prethodno-ke-se-odrzhat-i-poveke-aktivnosti/#respond Fri, 26 May 2023 11:44:23 +0000 https://kurir.mk/?p=839049

Од утре сабота почнуваат повеќето активности во организација на планинарскиот клуб Љуботен во пресрет на традиционалното 41-во искачување на Титов Врв што ќе се случува во недела, најавија денес организаторите. Во сабота, активностите ќе се одвиваат на Попова Шапка, од каде исто така во недела ќе се тргнува кон највисокиот врв на Шар Планина. -Програмата предвидува во сабота да има акција за чистење во координација со Национален парк Шар Планина. Потоа околу 15 часот ќе се организира планинарски базар. Од 15:30 до 17:00 има планинарски квиз и забавно едукативни игри, ќе учествуват клубовите. Следува проекција на планинарски филм, додека свечено отворање ќе има во 19 часот. Ќе имаме и координативен состанок со координаторите на клубовите, изјави Јованче Даниловски, член на организацискиот тим. Во недела искачувањето започнува во 06:30 часот со тргнување на колоната од платото пред хотел Попова Шапка кон Титов Врв по Вакуфска патека. Движењето до Титов врв е веќе обележано. -Таа патека е веќе маркирана. Се надеваме дека во 11 ќе биде пристигнувањето на врвот, а од 12 да се упатиме назад за да до 16 часот биде завршена планинарската тура. Ние веќе бевме на терен периодов и имавме маркирање и скрининг на самата патека. Имаме два снежни „јазици“ долж патеката, која инаку е во добра состојба. Ќе има пет пункта долж целата тура, каде ќе има и медицински екипи каде што ќе имаме и водичи во самата колона. Сите учесници да се придржуваат до самата програмата, изјави Јованче Даниловски, член на организацискиот тим. Досега се пријавиле 400 планинари за искачувањето на врвот на 2747 метри надморска височина. -Очекуваме околу 800 планинари вкупно да бидат дел од искачувањето. Во текот на изминатите 40 искачувања бележиме околу 25000 искачени планинари. Оваа традиција е од 1980 година кога првиот пат е почнато како меморијално искачување, информираше Јован Божиноски, претседател на ПК Љуботен. Организаторите потсетуваат дека учесниците самите треба да обезбедат храна за време на планинарењето и да имаат опрема како за зимски услови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/v-nedela-traditsionalnoto-iskachuvane-na-titov-vrv-den-prethodno-ke-se-odrzhat-i-poveke-aktivnosti/feed/ 0
Кумановец го искачи највисокиот врв Дамаванд во Иран и Мала Азија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovec-go-iskachi-najvisokiot-vrv-damavand-vo-iran-i-mala-azija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovec-go-iskachi-najvisokiot-vrv-damavand-vo-iran-i-mala-azija/#respond Mon, 24 Oct 2022 07:48:00 +0000 https://kurir.mk/?p=749745

Бобан Стефановски, планинар од Куманово го искачи највисокиот планински врв Дамаванд во Иран и Мала Азија. Тој веќе десет години е планинар. Првпат на планината бил на покана на пријатели и го засакал планинарството. – Откако знам за себе, отсекогаш сум ја сакал природата. Љубовта кон планините и природата била отсекогаш присутна, меѓутоа, моментот кога првпат отидов на планина беше сосема случајно договорен претходниот ден со мои пријатели пред десетина години. И оттогаш не застанав, вели Стефановски. Трпеливост, кондиција, дисциплина и страст е потребно да се искачат врвовите. Стефановски вели дека одредени врвови имаат специфична мистичност која дополнително го привлекува, како што е случај со Дамаванд. – Секое искачување, секоја планина и секој врв се посебни на свој и единствен начин. Фактот дека Дамаванд е највисокиот врв во Иран и во Мала Азија, највисокиот стратовулкан во Азија, како и третиот највисок вулкан во источната хемисфера го прави да биде посебен, бидејќи е доста ретко искачуван од луѓето од наши простори, но и дека е познат како планината на гас и сулфур – на самата планина, близу кратерот на вулканот испарува сулфур, кој многу го отежнува искачувањето, посебно ако ветерот дува во вашиот правец и го носи непријатниот мирис накај вас, раскажува Стефановски. Искачувањето на Дамаванд, што е со височина од 5.609 метри, траело четири дена. Во искачувањето учествувале само тројца планинари од земјава. Врвот е специфичен, изгаснат вулкан од кој може да се забележи испарување на сулфур.
Пред да го освојат Дамаванд, македонските планинари искачиле уште еден врв, Колумбастак висок 4.135 метри. Инаку, качувањето почнува од 3.000 метри. Првиот ден, планинарите пешачат до 4.200 метри, каде е првиот базен камп, одмараат, а вториот ден се искачува до 4.800 метри, процес кој е неопходен за телото да се климатизира. Потоа, повторно се спуштаат до 4.200 метри, преспиваат и веќе третиот ден се освојува врвот. Стефановски вели дека постојано тренира и ги искачува врвовите овде во државата и надвор. Речиси секој викенд во зависност од работните обврски е на планина. – Никогаш доволно од планина, вели кумановецот. Тој наведува неколку врвови кои ги искачил, Дамаванд (5.609 м. во Иран), Арарат (5137 м. во Турција), Мон Блан (4.810 м. Алпи), Зумштајн (4.563 м. Алпи), Брајтхорн (4.164 м. Алпи), Колун Бастак (4.137 м. во Иран), Гран Парадизо (4.061 м. Алпи), Мусала (2.925 м. на Рила), Митикас (2.918 м. Олимп), Вихрен (2.914 м. Пирин), Триглав (2.864 м. во Словенија), Боботов Кук (2.523 м. Дурмитор, во Црна Гора), Кораб (2.764м. Кораб), Титов Врв (2.747 м. Шар Планина). На прашањето зошто некои врвови се пониски, а потешки за искачување објаснува дека ѝ покрај тоа што одредени врвови се релативно пониски, предизвик е да се искачат, бидејќи зависи од конфигурацијата на теренот, видот на планина, степенот на стрмност, висинска разлика и должина на патеката, како и од периодот од годината кога се искачува. – Предизвик ми е искачувањето на високи планини и долги експедиции. Преку искачувањето на планините, се спознавам себеси, своите психо-физички способности и осознавам до каде се моите граници и до каде можам да одам. Откако знам со себе, постојано сум физички активен и се занимавам со некоја физичка активност. Освен, планинарење, долги години, уште од основна училишна возраст, рекреативно се занимавам со играње кошарка. Кошарката е ставена на пауза само одреден период пред некоја важна експедиција, со цел да ја избегнам можноста од некоја несакана повреда, која би ми ја загрозила експедицијата, вели Стефановски. Тој е лиценциран водич при ФПСМ (Федерација за планинарство на Северна Македонија) од 2015 година, како и лиценциран планинарски маркацист, член на комисијата за планинарски патеки при ФПСМ и член на младинската комисија при ФПСМ.
Стефановски смета дека може уште повеќе да се искористи потенцијалот кој го има земјава богата со околу 40-тина планини и планински масиви. – Според ова, имаме огромен потенцијал за планински туризам и сите туристички гранки кои влегуваат во овој вид на туризам. Добро е целосно да се искористи потенцијалот, да се инвестира, да се промовира планинарството, планините, природата. А, посебно би обрнал внимание и би дал акцент на колективната свест за чување и зачувување на природата, планините, флората и фауната. Последните години, откако почна короната, сè повеќе и повеќе луѓе ги посетуваат планините, и овој тренд нема да застане во блиска иднина. Колку повеќе луѓе на планина, толку повеќе ѓубре се остава. Немаме доволно развиена колективна еколошка свест, вели Стефановски. Искусниот планинар и дипломиран филолог, преведувач и толкувач на англиски јазик, повикува соодветен кадар да работи на промоција на планинскиот туризам, соодветно да се одбележат и утврдат планинарски патеки според Законот за планински патеки, да се обезбедат спасувачки служби на сите планини, обучени, оспособени и искусни планинарски водичи од сите делови на државата, со цел водичка покриеност за секоја планина. МИА
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovec-go-iskachi-najvisokiot-vrv-damavand-vo-iran-i-mala-azija/feed/ 0
Планинарка од Скопје паднала од карпа при искачување на Кораб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/planinarka-od-skopje-padnala-od-karpa-pri-iskachuvanje-na-korab/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/planinarka-od-skopje-padnala-od-karpa-pri-iskachuvanje-na-korab/#respond Sun, 31 Oct 2021 10:18:39 +0000 https://kurir.mk/?p=588518

Во Полициското Одделение Маврово вчера попладне М.Г.(45) од Скопје пријавил дека при искачување на врвот Махија Маде на планината Кораб каде учествувале четиринаесет планинари, во еден момент М.П.(32) од Скопје, се лизнала и паднала од карпа. -Со помош на другите планинари се спуштиле до с.Грекај и со медицинско возило од Медицински Центар Гостивар била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар, информираат од СВР Тетово. Од страна на лекар констатирани биле телесни повреди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/planinarka-od-skopje-padnala-od-karpa-pri-iskachuvanje-na-korab/feed/ 0
ФОТО: Бојан Киров успеа, го искачи Водно 5 пати по повод Светскиот ден на дијабетесот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-bojan-kirov-uspea-go-iskachi-vodno-5-pati-po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-bojan-kirov-uspea-go-iskachi-vodno-5-pati-po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot/#respond Sun, 15 Nov 2020 13:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=429811

Предизвикот на Бојан Киров, именуван како 5000 метри за 5000 луѓе со Т1Д е завршен. -Искачувањето помина во најдобар ред. Со поддршка од голем број наши фејсбук фанови, пријатели, љубители на природата и случајни минувачи, Бојан успешно ги помина предвидените 5 искачувања, со што се одбележа 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот, стои во соопштението. Предизвикот на Бојан и исполнувањето на неговата цел нека биде поттик останатите луѓе да извлечат мотивација и да почнат да спортуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-bojan-kirov-uspea-go-iskachi-vodno-5-pati-po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot/feed/ 0
Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladiot-planinar-vane-boshev-od-negotino-po-vtor-pat-go-iskachi-vrvot-mali-tomor-vo-albanija-vo-uslovi-na-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladiot-planinar-vane-boshev-od-negotino-po-vtor-pat-go-iskachi-vrvot-mali-tomor-vo-albanija-vo-uslovi-na-nevreme/#respond Mon, 28 Sep 2020 08:27:15 +0000 https://kurir.mk/?p=409455

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино викендов по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, висок 2.474 метри, во услови на невреме, за МИА денеска информираа од тимот на Бошев, кој планинари од неполни три години и досега има освоено бројни врвови во земјава и странство, а своевремено беше прогласен и за надежен планинар од страна на Федерацијата на планинарски спортови. Сега тој има неполни 13 години. -Се работи за врв на истоимената планина, кој тој за прв пат го имаше искачено на неполни седум години. Овојпат беа многу страшно тешки временски услови, фати јако невреме. Силен ветар со дожд, шушлак, минусни температури на врвот, соопштија од тимот на Бошев. Во искачувањето учествувале 17 планинари од четири македонски планинарски друштва. Само Бошев и охридскиот планинар Давор Ристевски успеале да стигнат до врвот, поради лошите временски услови. Некои од планинарите морале да се откажат на само неколку метри од самиот врв. Од тимот на младиот планинар додадоа дека фотографиите се направени во теќето на самиот врв, бидејќи лошото време не дозволувало ниту фотографирање на отворен пристор. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladiot-planinar-vane-boshev-od-negotino-po-vtor-pat-go-iskachi-vrvot-mali-tomor-vo-albanija-vo-uslovi-na-nevreme/feed/ 0
Во недела традиционално искачување на Кораб, планинарите: Не одиме бидејќи нема ознака на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-nedela-tradicionalno-iskachuvanje-na-korab-planinarite-ne-odime-bidejkji-nema-oznaka-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-nedela-tradicionalno-iskachuvanje-na-korab-planinarite-ne-odime-bidejkji-nema-oznaka-na-makedonski-jazik/#respond Wed, 02 Sep 2020 09:14:13 +0000 https://kurir.mk/?p=398133

Во недела е традиционалното 29-то искачување на врвот голем Кораб кој се наоѓа на 2753 метри надморска височина. Организатор е Планинарскиот клуб „Кораб“ и се очекува голема заинтересираност за ваквиот настан. Од друга страна, од планинарското друштво „Ај хов хајкинг груп“ реагираат дека нема да земат учество на ова искачување, затоа што на врвот нема табли на македонски јазик, туку само на албански и англиски. -Како да славиме ден на независност на Македонија, на јазик кој не е наш!? Тоа е единствената причина што ние како клуб нема да се приклучиме на традиционалното искачување на голем Кораб и ги замолуваме нашите симпатизери да ја сфатат нашата реакција и да го применат единственото решение за да бидеме слушнати од институцијата која е задолжена за овој проблем, а тоа е ФПСМ (Федерација на планинарство на Македонија), да го реши нашиот, а и проблемот на сите кои живеат во Македонија. На највисокиот врв во Македонија да има обележје и на македонски јазик, велат од „Ај хов хајкинг груп“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-nedela-tradicionalno-iskachuvanje-na-korab-planinarite-ne-odime-bidejkji-nema-oznaka-na-makedonski-jazik/feed/ 0
ФОТО: Непалец постави рекорд за најбрзо искачување на 14-те највисоки врвови https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-nepalec-postavi-rekord-za-najbrzo-iskachuvanje-na-14-te-najvisoki-vrvovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-nepalec-postavi-rekord-za-najbrzo-iskachuvanje-na-14-te-najvisoki-vrvovi/#respond Tue, 29 Oct 2019 08:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=257204

Нирмал Пурџа од Непал тврди дека поставил нов светски рекорд за најбрзо искачување на сите врвови повисоки од 8.000 метри на Земјата. „ Мисијата е завршена!“, напиша планинарот откако се искачи на Шишапангма, последниот врв од листата што му преостануваше. Тој лани доби признание за искачување на три од петте највисоки планини за пет дена, три часа и 35 минути. Пурџа, неофицијално, ги искачи врвовите за седум месеци, а досегашниот рекорд беше седум години, 11 месеци и 14 дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-nepalec-postavi-rekord-za-najbrzo-iskachuvanje-na-14-te-najvisoki-vrvovi/feed/ 0
Традицонално искачување на Титов Врв https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tradiconalno-iskachuvanje-na-titov-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tradiconalno-iskachuvanje-na-titov-vrv/#respond Sun, 27 May 2018 07:01:39 +0000 https://kurir.mk/?p=58723

Традиционалното 37-мо искачување на „Титов Врв“ во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по маркираната патека „Вакуф“ почна утрово во 6:30 часот од платото пред хотелот „Попова Шапка“ и се очекува пешачењето до највисокиот врв на Шара да трае околу четири до 4,5 часа. Патеката, велат организаторите, е средно тешка и има вкупна должина од 14 километри во еден правец и висинска разлика од 1.047 метри. Се движи по тревна површина, по каменит предел и е делумно покриена со снег. - Патеката е маркирана со класична планинарска маркација, дополнета со знаменца. Сите учесници ќе бидат распоредени помеѓу челото и крајот на колоната, помеѓу кои ќе има водичи на клубовите кои носат видливи ознаки за препознавање (на ранците ќе имаат акредитации со ознака организатор), посочуваат организаторите. По кратката пауза на врвот, додаваат, планинарите ќе се вратат на Попова Шапка, околку 14 часот каде ќе бидат посужени со чај од „Пријателите на Шара“со што настанот официјално ќе биде затворен. За искачувањето е потребно да се користи стандардна планинарска опрема за движење во зимски услови. Исхраната е сопствена, индивидуално предвидена за планинарска тура до 10 часа. Секој од учесниците треба да биде во добра психофизичка кондиција. Оваа година се очекува бројот на искачени планинари да биде над 800.  За турата има пријавени панинари од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово, БиХ, Хрватска и Словенија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tradiconalno-iskachuvanje-na-titov-vrv/feed/ 0