искасано дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Apr 2023 12:59:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png искасано дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НОВИ ДЕТАЛИ: Две кучиња го искасале до смрт 8- годишното дете во Пинтија, изолирани се и ставени под надзор на ветеринар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-dve-kuchina-go-iskasale-do-smrt-8-godishnoto-dete-vo-pintija-izolirani-se-i-staveni-pod-nadzor-na-veterinar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-dve-kuchina-go-iskasale-do-smrt-8-godishnoto-dete-vo-pintija-izolirani-se-i-staveni-pod-nadzor-na-veterinar/#respond Wed, 12 Apr 2023 12:59:58 +0000 https://kurir.mk/?p=823235

Кучињата кои го нападнале осумгодишното дете во скопската населба Пинтија се изолирани и ставени под надзор на официјален ветеринар. Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека кучињата се уредно идентификувани со микрочип. Официјален ветеринар ќе го испитува случајот и ќе врши проценка на околностите под кои се случил инцидентот. - Лично како човек и како директор на АХВ изразувам најдлабоко жалење за трагедијата во кој згасна млад човечки живот. Од направениот увид утврдено е дека во немилиот настан учествувале две кучиња кои имаат сопственик. Кучињата се уредно идентификувани со микрочип и тие сега се изолирани и ставени под надзор на официјален ветеринар. Дворот во кој се чуваат кучињата е соодветно заграден и на влезот е поставен предупредувачки знак „Пази куче“, вели директорот на АХВ Николче Бабовски. Со контролата ќе се испитува и дали сопственикот на кучињата ги испочитувал одредбите од законите за ветеринарно здравство, за идентификација и регистрација на животните и за здравствената заштита и благосостојба, односно дали се испочитувани условите пропишани во актуелната Годишна наредба за здравствена заштита на животните, условите за држење на кучињата од страна на сопственикот итн. Согласно Законот, се дава налог кучињата да се стават под официјален надзор за болеста беснло од страна на ветеринар за период од 15 дена, а по завршувањето на опсервацијата се издава сертификат за надзор на беснило со кој се потврдува здравствениот статус на животните во однос на болеста. Двете кучиња од расата „англиски мастиф“ се регистрирани и во Кинолошкиот сојуз. Едното е увезено од Србија, а другото од Белорусија. Оттаму за МИА изјавија дека се работи за кучиња од поголем раст, кои учествувале на изложби и кои се добро одгледани и социјализирани. - Се работи за кучиња од поголем раст, меѓутоа напоменувам дека кучињата учествувале на изложби што значи дека се социјализирани затоа што на изложби за убавина мора кучињата да бидат добро одгледани и социјализирани со други животни и со луѓе, вели претседателот на Кинолошкиот сојуз, Јордан Христовски. Тој додава дека Кинолошкиот сојуз нема информации дали сопственикот чувал други кучиња. Христовски изрази сочувство до семејството на детето и апелира до јавноста да се воздржи од паушални изјави. - Сочувство на фамилијата на детето за немилиот настан. Апелирам до јавноста да се воздржи од паушални коментари и да остават на надлежните институции да изработат детален извештај за причините под кои се случи настанот, вели Христовски. Од „Анима мунди“ за МИА изјавија дека ќе се произнесат доколку проценат дека има основ за тоа по официјалните ставови на институциите. Од Обвинителството денеска информираа дека надлежен јавен обвинител излегол на лице место и дека се преземаат мерки за испитување на целиот случај. - Јавен обвинител изврши увид на лице место. Издадена е наредба за обдукција и се преземаат дејствија за испитување на целиот настан, информираа од Јавното обвинителството. Согласно одредбите на Законот за заштита и благосостојба на животните, во поглед на држење на опасни кучиња, сопственикот или одговорното лице за опасно куче треба да обезбеди услови за држење на животното соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, при што вклучително треба кучето да го чува во заграден простор или врзано и при движење кучето да го врзе на поводник и да му стави заштитна маска. Опасните кучиња при движење треба да бидат придружувани од полнолетно лице. Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата се опасни или не.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-dve-kuchina-go-iskasale-do-smrt-8-godishnoto-dete-vo-pintija-izolirani-se-i-staveni-pod-nadzor-na-veterinar/feed/ 0
НОВИ УШТЕ ПОСТРАШНИ ДЕТАЛИ – осумгодишното дете било на гости во Пинтија, еве од која раса е кучето што го искасало до смрт! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-ushte-postrashni-detali-osumgodishnoto-dete-bilo-na-gosti-vo-pintija-eve-od-koja-rasa-e-kucheto-shto-go-iskasalo-do-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-ushte-postrashni-detali-osumgodishnoto-dete-bilo-na-gosti-vo-pintija-eve-od-koja-rasa-e-kucheto-shto-go-iskasalo-do-smrt/#respond Wed, 12 Apr 2023 08:07:02 +0000 https://kurir.mk/?p=823098

Малолетник на осум годишна возраст од скопската населба Пинтија почина по напад на куче од расата англиски бул мастив. Несреќата се случила откако детето се приближило до дворот каде кучето било чувано од страна на приватен сопственик по што било нападнато. По нападот со тешки телесни повреди веднаш е префрлено во Градската општа болница каде им подлегнало на повредите. Неофицијално, Телма дознава дека сега починатиот малолетник бил од Општина Гази Баба, а во моментот на несреќата бил на гости кај семејство во Пинтија. Според очевидци на местото на инцидентот доцна синоќа излезен бил јавен обвинител и екипи на МВР кои се обиделе да го заловат разбеснетиот миленик за кој сопственикот имал соодветна документација. Информацијата за Телма ја потврдуваат и од МВР. Во нивното соопштение се вели дека вчера во 18:25 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-ushte-postrashni-detali-osumgodishnoto-dete-bilo-na-gosti-vo-pintija-eve-od-koja-rasa-e-kucheto-shto-go-iskasalo-do-smrt/feed/ 0