искра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Dec 2021 13:41:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png искра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чествување на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески во библиотеката „Искра“ во Кочани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chestvuvanje-na-stogodishninata-od-ragjanjeto-na-blaze-koneski-vo-bibliotekata-iskra-vo-kochani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chestvuvanje-na-stogodishninata-od-ragjanjeto-na-blaze-koneski-vo-bibliotekata-iskra-vo-kochani/#respond Wed, 15 Dec 2021 13:41:51 +0000 https://kurir.mk/?p=608896

Чествување на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески денеска организираше општинската библиотека „Искра“ од Кочани, во чии рамки беа опфатени неколку содржини. Научен осврт за значењето на великанот Конески во развојот на македонистиката даде доцент Ана Витанова-Рингачева, а беа прогласени најдобрите творби и доделени наградите на учесниците на литературниот конкурс „Твориме во чест на ликот и делото на Блаже Конески“. -Кодификацијата на македонскиот литературен јазик и делото на Конески го имаме како најголем аргумент и најголема одбрана кога неправедно сме напаѓани, најчесто отстрана. Македонскиот јазик е аксиома, тоа е нешто што сите ние природно го носиме, но тој беше тука за да ни ја подари нормираната форма на јазикот што ни е потребна за да ја претставиме македонската литература, и овде пред нас, а и во светот. 19 декември – роденденот на Блаже Конески е светол датум за нас и на младите генерации треба постојано да им предочуваме кој бил тој и каква е неговата улога и значење во издигнувањето на македонската книжевно-научна мисла, истакна Витанова-Рингачева. Во рамки на чествувањето беше отворена изложбата „Творештвото на Конески – есенцијално културно наследство во македонската наука и култура“, со презентирање на дел од книжниот фонд на библиотеката. Пред присутните на чествувањето беа прикажани видеозаписи со поезија на Конески, како материјал што е подготвен од Министерството за култура. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chestvuvanje-na-stogodishninata-od-ragjanjeto-na-blaze-koneski-vo-bibliotekata-iskra-vo-kochani/feed/ 0
Кривична пријава за в.д. директор на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-v-d-direktor-na-jou-biblioteka-iskra-vo-kochani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-v-d-direktor-na-jou-biblioteka-iskra-vo-kochani/#respond Tue, 05 Mar 2019 15:55:43 +0000 https://kurir.mk/?p=171555

Поднесена е кривична пријава против в.д. директорката на ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани за злоупотребување на службената положба и овластување во периодот на 2017 година. Според наведеното, таа во два наврати постапила спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, на тој начин што без да спроведе постапка за јавна набавка во која би се јавиле и други економски оператори, кои на пазарот нудат стоки, услуги или работа, фаворизирала два правни субјекта, информираат од МВР. Имени, Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Кочани кривичната пријава ја поднесе против Р.Т. (44) од село Оризари, кочанско поради постоење основано сомнение дека сторила две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 1 од КЗ. Имено, во 2017 година ангажирала правен субјект од Кочани преку непосреден договор за услуга за одржување и поправка – вршење градежни активности во ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани и Оризари без притоа да биде спроведена постапка за јавна набавка на услуги. Исто така, пријавената во текот на 2017 година за услуги за патен транспорт (такси услуги за вработените), фаворизирала едно правно лице од Кочани без да спроведе постапка за јавна набавка и без истите услуги да бидат предвидени во планот за јавни набавки на Библиотеката, се наведува во соопштението од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-v-d-direktor-na-jou-biblioteka-iskra-vo-kochani/feed/ 0