Ислам Абази – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 07:45:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ислам Абази – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Абази, Јовески и Ковачевски слика имаат – тон немаат, молчат за скандалот од 2,6 милиони евра со Лотарија кој е школски пример за корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-abazi-joveski-i-kovachevski-slika-imaat-ton-nemaat-molchat-za-skandalot-od-2-6-milioni-evra-so-lotarija-koj-e-shkolski-primer-za-koruptsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-abazi-joveski-i-kovachevski-slika-imaat-ton-nemaat-molchat-za-skandalot-od-2-6-milioni-evra-so-lotarija-koj-e-shkolski-primer-za-koruptsija/#respond Tue, 31 Oct 2023 07:45:00 +0000 https://kurir.mk/?p=894733

Ислам Абази и Љубомир Јовевски молчат за скандалот со  изнајмувањето на простор од страна на државната Лотарија од компанија ХЕЈ, формирана пред неколку месеци, под крајно сомнителни услови. Оваа компанија  е тесно поврзана со Артан Груби и кланот Зајас. Причината за молкот на првите луѓе на институциите на прогонот е јасна, на едниот на глава му се качени пола раководство на ДУИ, а другиот е седнат во скутот на власта, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа при очи се прават слепи пред школскиот пример за корупција и криминал. Државната лотарија која е предводена од поранешниот шеф на кабинетот на Артан Груби, Прпарим Бајрами, изнајмила деловен простор по 21 илјада евра месечно или за десет години 2,6 милиони евра од компанија каде еден од членовите на УО на Државна Лотарија е ангажиран. Зад компанијата ХЕЈ којашто за 6 месеци се основа, купи имот и фати милионски тендер, е Армин Машовиќ од тимот партнери на Ерџан Сулкоски поврзан со семејните бизниси на кланот Зајас.

Груби и ДУИ се извор на коруптивни скандали. Но најстрашно од се е што органите на прогонот воопшто не ги ни истражуваат, а уште помалку ги санкционираат. Ниту премиерот има храброст да го истражи овој милионски скандал. Ковачевски, како и Абази и Јовески, има слика, тон нема. Ова мора да престане. Оваа корумпирана власт која се богати со народните пари мора да си замине, а потоа да одговара за секој проневерен денар“ - посочуваат од партијата.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-abazi-joveski-i-kovachevski-slika-imaat-ton-nemaat-molchat-za-skandalot-od-2-6-milioni-evra-so-lotarija-koj-e-shkolski-primer-za-koruptsija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Не мора слика да се види дека Ислам Абази е седнат во скутот на Груби – Затоа нема никаква постапка за неговите афери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ne-mora-slika-da-se-vidi-deka-islam-abazi-e-sednat-vo-skutot-na-grubi-zatoa-nema-nikakva-postapka-za-negovite-aferi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ne-mora-slika-da-se-vidi-deka-islam-abazi-e-sednat-vo-skutot-na-grubi-zatoa-nema-nikakva-postapka-za-negovite-aferi/#respond Thu, 03 Aug 2023 07:06:15 +0000 https://kurir.mk/?p=862798

Кога народот се прашува зошто нема реакција на обвинителството за скандалите на Артан Груби, тогаш одговорот е Артан Груби си ја обезбедил заштитата преку вработувањето, а потоа и трансферирањето во АЕК на снаата на Ислам Абази, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Ете затоа Јавното обвинителство за гонење организиран криминал нема никаква постапка за скандалот со деловниот објект на семејството Груби на улица „Македонија“, нема никаква постапка за скандалозниот тендер за надзор на изградбата на коридорите, нема никаков процес за испитување на „подареното“ Ауди и уште десетици други афери поврзани со Груби и други членови на ДУИ. Ако видовме слика на која на главата на Ислам Абази стои братот на Али Ахмети, не ни треба слика да сфатиме дека Ислам Абази е ставен во скут и на Артан Груби. Молкот на институциите се само потврда, истакнуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ne-mora-slika-da-se-vidi-deka-islam-abazi-e-sednat-vo-skutot-na-grubi-zatoa-nema-nikakva-postapka-za-negovite-aferi/feed/ 0
Нов ден, нов скандал: Снаата на Ислам Абази вработена кај Груби, сега во АЕК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-den-nov-skandal-snaata-na-islam-abazi-vrabotena-kaj-grubi-sega-vo-aek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-den-nov-skandal-snaata-na-islam-abazi-vrabotena-kaj-grubi-sega-vo-aek/#respond Sun, 30 Jul 2023 11:02:55 +0000 https://kurir.mk/?p=861672

Артан Груби ја вработил снаата на Ислам Абази, ЈО за организиран криминал, Шпреса Абази, како помлад соработник во неговото министерство, посочи денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Во продолжение следува интегрален текст од  неговата прес-конференција: ОВА е документот, од 04.04.2022, одлуката потпишана од Артан Груби, за вработување, каде што на третата страница е името на снаата на Ислам Абази. Од тука, Шпреса Абази експресно преминува во АЕК, каде што е вработена како Советник за одговор на компјутерски инциденти! Ова се јавни податоци, објавени на страницата на АЕК. Директор на АЕК е Јетон Акику, познат и како зет на Невзат Бејта, човекот со кого Абази, како вели, има случајни фотографии, исто како што има фотографии со фамилијата на Али Ахмети! За потсетување, сопругата на Ислам Абази, од 23 мај годинава е нов обвинител на ОЈО Кичево! Па, почитувани има ли се уште некој што верува дека Ислам Абази ќе покрене, иницира истраги за скандалите, аферите, богатењето, самоволието на Артан Груби, на семејството Ахмети коешто без денар стана сопственик на 40 отсто од милионската зделка „Соравија“, за Рамиз Мерко којшто со 30 кривични дека заврши на црната листа? Ислам Абази е нем пред фактите за криминал, па дури и ја прекина комуникацијата со ДКСК. Потсетуваме дека за изборот на Абази, којшто од непознат обвинител со тајно гласање беше избран за ЈО за организиран криминал и корупција, реагираше и меѓународната заедница! Оттука, секому му е јасно дека зад декларативните изјави на Артан Груби и на Али Ахмети за барање „сеопфатна истрага“ за ДУИ стои сигурност дека ништо нема да биде преземено! Секој ден има нов коруптивен скандал, секој ден испливува нов криминал поврзан со владата и владеењето на ДУИ. Македонија тоне во криминал и корупција, а институциите се однесуваат како партиски штабови на ДУИ, додека СДС ги поддржува само и само за ден повеќе на власт! Само избори се спасот! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-den-nov-skandal-snaata-na-islam-abazi-vrabotena-kaj-grubi-sega-vo-aek/feed/ 0
ЕКСКЛУЗИВНО: Обвинителството на Ислам Абази ќе ja истражува купопродажбата на „ТЦ-Соравија“ од Дрин Ахмети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekskluzivno-obvinitelstvoto-na-islam-abazi-ke-ja-istrazhuva-kupoprodazhbata-na-tts-soravija-od-drin-ahmeti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekskluzivno-obvinitelstvoto-na-islam-abazi-ke-ja-istrazhuva-kupoprodazhbata-na-tts-soravija-od-drin-ahmeti/#respond Wed, 05 Jul 2023 10:45:18 +0000 https://kurir.mk/?p=852960

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет за истрагата за продажбата на трговскиот центар Соријавија, за која се вели дека внукот на Али Ахмети, Дрини, добил над 39 отсто од акциите без да инвестираат ниту цент. Обвинителството во ексклузивен одговор за Алсат вели дека го отворило случајот за истрага по гласовите во јавноста. „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по информациите кои постојано се објавуваат во медиумите, минатата недела отвори предмет според гласовите во јавноста за купопродажбата на ТЦ „Соравија“. Предметот е доделен на јавен обвинител кој ќе постапи и ќе ги достави соодветните поднесоци до институциите надлежни за истрага на финансиските текови (Управа за финансиска полиција, Единица за финансиски истраги при Министерството за внатрешни работи, Управа за јавни приходи итн.), се наведува во одговорот на Обвинителството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekskluzivno-obvinitelstvoto-na-islam-abazi-ke-ja-istrazhuva-kupoprodazhbata-na-tts-soravija-od-drin-ahmeti/feed/ 0
Абази оформил предмет за „бомбите“ на Боки 13 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/abazi-oformil-predmet-za-bombite-na-boki-13/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/abazi-oformil-predmet-za-bombite-na-boki-13/#respond Fri, 24 Feb 2023 09:06:44 +0000 https://kurir.mk/?p=804480

Шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, оформил предмет и делегирал јавен обвинител кој ќе го сослушува Бојан Јовановски-Боки 13 и кој ќе ги земе „бомбите“ односно аудио разговори, видео снимки, транскрипти. Од Обвинителството за „Макфакс“ посочуваат дека ќе ги земат сите материјали од Боки 13, а за кои осудениот посочи дека се докази за сторени кривични дела на личности од политиката, правосудниот систем и бизнис елитата. „Основниот јавен обвинител постапувајќи по дописот оформи предмет кој веќе е распределен на постапување кај јавен обвинител кој е задолжен да го сослуша осуденото лице и врз основа на исказот и материјалните докази што осуденикот ги поседува да му реферира на основниот јавен обвинител и да донесе одлука за понатамошно постапување. Обвинителството ги охрабрува сите кои имаат сознанија и поседуваат докази за сторени кривични дела истите да ги пријават во обвинителствата согласно нивните надлежности“, навеле од Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија за „Макфакс“. Оттаму посочуваат дека сослушувањето не може да го прави шефот Абази, како што бараше Боки 13, оти тоа според Законот за јавно обвинителство, го прават избраните обвинители. „Кривичното гонење и понатамошното постапување во предметите го извршуваат избраните или упатените јавните обвинители во ова јавно обвинителство“, додава Обвинителството за „Макфакс“. Претходно, пред два дена, Боки 13 испрати писмо до јавноста во кое наведе дека бара да биде изведен пред Ислам Абази, во присуство на неговите адвокати Владимир Туфегџиќ и Сашко Дуковски, за да предаде докази за сторен криминал од највисоки државни структури.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/abazi-oformil-predmet-za-bombite-na-boki-13/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството со ДУИЗИРА и фамијализира, Ислам Абази шеф на ЈО, сопругата ја вработува обвинител https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-obvinitelstvoto-so-duizira-i-famijalizira-islam-abazi-shef-na-jo-soprugata-ja-vrabotuva-obvinitel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-obvinitelstvoto-so-duizira-i-famijalizira-islam-abazi-shef-na-jo-soprugata-ja-vrabotuva-obvinitel/#respond Thu, 23 Feb 2023 07:29:03 +0000 https://kurir.mk/?p=803977

Се вработува сопругот, да ја вработи супругата - Обвинителството со ДУИЗИРА и фамијализира, Ислам Абази шеф на ЈО, сопругата ја вработува обвинител, ова го има само во Македонија под власт на ДУИ поддржани од СДС, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Ислам Абази кој на сомнителен начин стана шеф на ЈО, сега на ист начин ќе се вработи неговата сопругата како обвинител, додека тој е шеф. Во ниту една друга демократска држава во Европа или на друго место во светот сопругот кој е избран на позицијата шеф на ЈО, не ја вработува сопствената сопруга во институцијата со која тој раководи, велат од партијата. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека се отвора прашањето, дали Абази стана шеф на ЈО, за да може и неговата сопруга да стане обвинител, но и други кадри блиски до ДУИ и СДС? -Како може граѓаните да чекаат правда кога судството и обвинителството се испреплетени од фамилијарно партиски вработени кои и се лојални на партијата, а не на државата? Заради фамилијаризацијата на судството и обвинителството граѓаните немаат доверба во правосудниот систем. Потребни е коренити промени, а тие се можни само со промена на власта, истакнуваат од партијата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-obvinitelstvoto-so-duizira-i-famijalizira-islam-abazi-shef-na-jo-soprugata-ja-vrabotuva-obvinitel/feed/ 0
Боки 13 подготвен да достави „бомби“ до Абази за криминал во највисоките државни структури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-podgotven-da-dostavi-bombi-do-abazi-za-kriminal-vo-najvisokite-drzhavni-strukturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-podgotven-da-dostavi-bombi-do-abazi-za-kriminal-vo-najvisokite-drzhavni-strukturi/#respond Wed, 22 Feb 2023 08:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=803499

Адвокатскиот тим на Бојан Јовановски - Боки 13 информира дека тој иницирал постапка пред јавниот обвинител Ислам Абази, шеф на ОЈО за ГОКК Скопје. На ден 16.02.2023 година Бојан Јовановски во писмена форма, своерачно потпишана од негова страна, побара да биде изведен во најкус можен рок, исклучиво пред обвинителот Ислам Абази и во присуство на полномошниците м-р адвокат Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје и Сашо Дуковски адвокат од Скопје, поради тоа што истакнува дека единствено има доверба во посочениот јавен обвинител. Бојан Јовановски во писмото до јавниот обвинител истакна барање за поднесување на кривини пријави на записник кои се однесуваат на лица и настани поврзани со коруптивни, казниви дела и криминални дејствија на лица од највисоките државни структури од сферата на политиката, правосудството, бизнис елитата и други лица кои биле во заедничка корелација на сторување. Со наведеното ја информираме јавноста дека започнува исклучително сериозен и сензитивен процес, дотолку повеќе што Бојан Јовановски при поднесувањето на кривичните пријави на записник ќе ги предаде сите докази во поткрепа на пријавите , а доказите кои ги поседува се во форма на снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видео записи ( т.н. "бомби" ) како што е и наведено и во самото барање до јавниот обвинител од страна на Бојан Јовановски, се вели во соопшетението. Адвокатите на Боки 13 информираат и дека ќе бидат споделувани информации за отпочнатиот процес и ја повикуваат јавноста со внимание да го следи процесот, особено важно, како што велат, поради статусот и положбата на подносителот Бојан Јовановски. Апелираат дека после започнување на овој процес, тој ќе биде изложен на интензивирана тортура, притисоци и закани, па оттука повикуваме на разумност и поддршка од општата и стручната јавност.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-podgotven-da-dostavi-bombi-do-abazi-za-kriminal-vo-najvisokite-drzhavni-strukturi/feed/ 0
Јавниот обвинител Абази се сретна со албанскиот амбасадорот Река https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-obvinitel-abazi-se-sretna-so-albanskiot-ambasadorot-reka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-obvinitel-abazi-se-sretna-so-albanskiot-ambasadorot-reka/#respond Mon, 21 Nov 2022 14:43:34 +0000 https://kurir.mk/?p=764302

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази денеска оствари средба со Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во земјава. Амбасадорот му го честитал изборот на обвинителот Абази и му посакал успешно раководење со обвинителството. На средбата, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, била истакната заложбата за продлабочување на соработката во областа на борба против тероризмот, корупцијата, економскиот и компјутерскиот криминал, како и меѓународниот организиран криминал. Абази на амбасадорот му ги презентирал условите за работа и предизвиците со кои се соочува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ја истакнал потребата за понатамошно унапредување на институционалната соработка меѓу двете земји. На средбата амбасадорот Река изразил задоволство за досегашната соработка помеѓу органите на прогонот и се заблагодарил за несебичната размена на доказите што беа од исклучително значење за албанското обвинителство во предметот „Икона“. – За потсетување, се работи за акција што албанската полиција ја реализира на почетокот на октомври 2013 година кога беа запленети 1.077 икони, артефакти, бронзени и други предмети, што потекнуваат од средниот век. Меѓу запленетите икони беше утврдено дека 21 икона потекнуваат од македонските цркви и манастири. Доказите за извршените кражби на македонските културни добра, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со поддршка на Германската канцеларија за меѓународна помош ги достави до албанското обвинителство, се појаснува во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. По завршената тамошна постапка и деветгодишни административни преговори, се посочува во соопштението, минатата недела владите на двете земји се договорија по ратификација на Договорот иконите да бидат вратени во РСМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-obvinitel-abazi-se-sretna-so-albanskiot-ambasadorot-reka/feed/ 0
Амбасада на САД: Збунети сме од изборот на Абази, граѓаните заслужуваат независно судство и нема место за политичко мешање во овие постапки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasada-na-sad-zbuneti-sme-od-izborot-na-abazi-gragjanite-zasluzuvaat-nezavisno-sudstvo-i-nema-mesto-za-politichko-meshanje-vo-ovie-postapki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasada-na-sad-zbuneti-sme-od-izborot-na-abazi-gragjanite-zasluzuvaat-nezavisno-sudstvo-i-nema-mesto-za-politichko-meshanje-vo-ovie-postapki/#respond Fri, 18 Nov 2022 16:48:36 +0000 https://kurir.mk/?p=763071

Американската амбасадорка Анџела Агелер го критикуваше изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Во писмен одговор на прашања за редакцијата на „360 степени“ да даде став за целиот процес, таа изразува отворено незадоволство од начинот на кој Ислам Абази стана шеф на обвинителството што треба да ја предводи борбата против корупцијата. Амбасадорката и Амбасадата, се вели во писмениот одговор до „360 степени“, очекувале повеќе и поради милионите долари потрошени во обуки на обвинителите кои, пак, самите гласаа за шеф на ОЈО за ГОКК. Се додава и дека граѓаните заслужуваат независен правосуден сектор и дека политичкото мешање нема место во овие постапки. -Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“, одговори амбасадорката на САД во земјава, Агелер, на прашањето на „360 степени“. На истото прашање на редакцијата до холандската Амбасада во земјава, се вели дека „за Холандија, владеењето на правото е од огромно значење и внимателно ги следиме сите случувања во правосудниот сектор во Северна Македонија“. -Во февруари 2020 година, во последен момент, пред парламентот да се самораспушти на подолг период, со закон овозможи гонење на случаите на корупција на високо ниво што беа под СЈО. Овој поединечен настан ѝ овозможи на Холандија да се согласи да започне процедура за пристапување во ЕУ за Северна Македонија во март 2020 година. Затоа, работата на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и како тоа постапува со сите случаи на организиран криминал и корупција на високо ниво ќе продолжи да биде под лупа од Холандија“, одговорија од Амбасадата на Кралството Холандија на прашањата на „360 степени“. Од Делегацијата на ЕУ во земјава, пак, на истото прашање на редакцијата нагласуваат дека „очекуваат новиот шеф на ОЈО за ГОКК да работи посветено и во дух на независност и дека борбата против корупцијата ќе биде под детален надзор на ЕУ“. Обвинителот од Гостивар, Ислам Абази, беше избран за шеф на ОЈО за ГОКК на 7 ноември, откако тој доби највеќе гласови од своите колеги, вкупно 66. Неговата колешка од Вишото обвинителство – Гостивар, Деса Пауновска доби најмалку гласови, односно 10, Ермон Незири од скопското обвинителство доби 64 гласови, додека Вилма Русковска која исто така се кандидираше освои 14 гласови. Согласно Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаа сите јавни обвинители во земјата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasada-na-sad-zbuneti-sme-od-izborot-na-abazi-gragjanite-zasluzuvaat-nezavisno-sudstvo-i-nema-mesto-za-politichko-meshanje-vo-ovie-postapki/feed/ 0
Абази даде заклетва па ја презеде функцијата од Вилма Русковска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/abazi-dade-zakletva-pa-ja-prezede-funkcijata-od-vilma-ruskovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/abazi-dade-zakletva-pa-ja-prezede-funkcijata-od-vilma-ruskovska/#respond Wed, 16 Nov 2022 13:09:55 +0000 https://kurir.mk/?p=761701

Новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, денеска даде заклетва пред Советот на јавни обвинители, а потоа во просториите на обвинителство ја презеде функцијата од Вилма Русковска. На примопредавањето на функцијата Абази и Русковска дискутирале за досегашната работа на обвинителството и работата која претстои. Ислам Абази доаѓа на местото на Русковска откако на непосредните избори на 7 ноември, кои беа организирани според новиот Закон за јавно обвинителство, освои 66 гласа или само два повеќе од скопскиот обвинител Ермон Незири. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/abazi-dade-zakletva-pa-ja-prezede-funkcijata-od-vilma-ruskovska/feed/ 0