ислам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 09:57:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ислам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Девојката на Бензема премина во ислам пред да оди во Саудиска Арабија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/devojkata-na-benzema-premina-vo-islam-pred-da-odi-vo-saudiska-arabija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/devojkata-na-benzema-premina-vo-islam-pred-da-odi-vo-saudiska-arabija/#respond Thu, 29 Jun 2023 09:57:17 +0000 https://kurir.mk/?p=850764

Карим Бензема (35), новиот член на саудискиот фудбалски клуб Ал Итихад, е среќен што ќе живее во Саудиска Арабија. „Јас сум муслиман, Саудиска Арабија е муслиманска земја и затоа сакам да живеам таму. Убаво е да се биде во муслиманска земја каде веќе чувствувам дека луѓето ме сакаат“, изјави фудбалерот по пристигнувањето. Со него се пресели и неговата девојка Џордан Озуна, Американка која поради фудбалерот го прифати исламот. „Прејдов во ислам. Тоа беше овде во џамија во Мадрид, мала и интимна церемонија. Плачев како мало девојче“, изјави таа за шпанскиот магазин Yo Dona. „Истражував за оваа религија и мислам дека е прекрасна. Бев трогната од сè што прочитав за неа. За време на рамазан го читав Куранот и ме расплака. Ја читав и 'Светиот пат кон исламот', за христијанин што преминува во ислам, како мене. Навистина скапоцена книга“, додаде таа. За љубовта на Карим и Џордан се дозна минатата година, откако на почетокот на јули беа видени заедно на јахта. Двојката се запознала во Лион, а како што тврди Џордан, таа тогаш не ни знаела дека Карим е еден од најдобрите светски фудбалери. „Кога го запознав Карим, не ни знаев кој е. Јас сум Американка, не знам многу за фудбалот“, откри таа во една прилика. Инаку, 32-годишната Џордан е успешна манекенка која се занимава со манекенство од мали нозе, а извесен период работела и како келнерка во „Hooters“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/devojkata-na-benzema-premina-vo-islam-pred-da-odi-vo-saudiska-arabija/feed/ 0
Грозоморно: Девојче киднапирано, силувано и принудено да премине во ислам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grozomorno-devojche-kidnapirano-siluvano-i-prinudeno-da-premine-vo-islam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grozomorno-devojche-kidnapirano-siluvano-i-prinudeno-da-premine-vo-islam/#respond Fri, 19 Mar 2021 16:05:09 +0000 https://kurir.mk/?p=484912

Дванаесетгодишното девојче Фарах, порасната во христијанска религиозна традиција, минатото лето била киднапирана, силувана и принудена да премине во ислам и да се омажи за муслиман. Фарах е киднапирана од својот дом во Фајсалабад на 25 јуни 2020 година, кога била заедно со нејзиниот дедо, тројцата браќа и двете сестри. Тројца мажи упаднале во куќата и ја киднапирале. Киднаперите ја префрлиле во градот Хафизабад каде ја силувале, ја ставиле во ланци и ја третирале како роб. -Бев во синџири поголемиот дел од времето. Морав да ја чистам куќата на киднаперот и да се грижам за животните во дворот. Беше ужасно, рече Фарах. На почетокот на декември, пет месеци по киднапирањето, полицијата влегла во куќата на киднаперите и ја спасила Фарах по што била испратена во засолниште за жени. За време на судењето на киднаперот, судот му препорачал на нејзиниот татко да се откаже од обвинението затоа што Фарах изјавила дека сама се согласила на бракот. -Го кажав тоа затоа што киднаперот ми рече дека ако не го сторам тоа, тие ќе ме убијат, а потоа ќе го убијат татко ми, моите браќа и сестри. Целото мое семејство. Се плашев дека ќе го стори тоа, па реков дека се согласувам на бракот, рече Фарах.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grozomorno-devojche-kidnapirano-siluvano-i-prinudeno-da-premine-vo-islam/feed/ 0
Нова страница во историјата меѓу христијанството и исламот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-stranica-vo-istorijata-megju-hristijanstvoto-i-islamot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-stranica-vo-istorijata-megju-hristijanstvoto-i-islamot/#respond Wed, 06 Feb 2019 14:09:10 +0000 https://kurir.mk/?p=160883

Папата Франциско изјави дека со неговата посета на Обединетите Арапски Емирати се испишува „нова страница во историјата на дијалогот меѓу христијанството и исламот“ и во промовирањето на глобален мир базиран на братство. – Во време, какво што е нашето, во кое постои големо искушение да се види конфликтот меѓу христијанската и исламската цивилизација, па дури и на религиите да се гледаат како извор на конфликти, сакавме да испратиме уште еден јасен и решителен сигнал дека средба е можна, им рече папата на верниците во Ватикан, опишувајќи ја првата посета на еден папа на Арапскиот Полуостров. Додека престојуваше во Абу Даби, папата потпиша еден документ со големиот имам на египетската џамија Ал Азхар, Ахмед ел Тајеб, со кој го осудија религиозно мотивираното и секое друго насилство. Папата вчера одржа миса во Абу Даби на која присуствуваа околу 180.000 луѓе. Папата на службата говореше на италијански и на англиски јазик. Тој упати молитва за мигрантите и за завршување на конфликтите. Дводневната посета на Абу Даби папата ја искористи да ги осуди војните низ светот и ги повика христијаните и муслиманите на поголема соработка. На аеродромот во Абу Даби папата го испрати престолонаследникот шеик Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан заедно со официјални лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-stranica-vo-istorijata-megju-hristijanstvoto-i-islamot/feed/ 0
Како што обичаите на исламот налагаат: Вака семејството и пријателите ќе се простат од легендата на фолкот, Синан Сакиќ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-shto-obichaite-na-islamot-nalagaat-vaka-semejstvoto-i-prijatelite-kje-se-prostat-od-legendata-na-folkot-sinan-sakikj/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-shto-obichaite-na-islamot-nalagaat-vaka-semejstvoto-i-prijatelite-kje-se-prostat-od-legendata-na-folkot-sinan-sakikj/#respond Mon, 04 Jun 2018 08:21:05 +0000 https://kurir.mk/?p=62064

После големата борба со тешката болест, Синан Сакиќ почина на 1 јуни во семејниот дом во Белград. Телото е одвезено во неговата родна Лозница, каде ќе биде погребан денеска, на муслиманските гробишта. Синоќа вратите на куќата во Лозница биле отворени за сите пријатели и смејството, кои изразиле сочувство и тагуваат за починатиот пејач. Телото половина час пред погребот ќе биде превезено на местото на последното почивалиште. -Како што за време на животот припаѓаше на сите кои ја сакаат убавата музика и последниот поздрав на легендата на музиката ќе биде за сите пријатели и почитувачи, без оглед на полот и вероисповедта, додека исламските обичаи ќе бидат испочитувани на погребот – се наведува во соопштението за јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-shto-obichaite-na-islamot-nalagaat-vaka-semejstvoto-i-prijatelite-kje-se-prostat-od-legendata-na-folkot-sinan-sakikj/feed/ 0