исламисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 20 Feb 2022 13:19:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png исламисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку седум исламисти загинаа во воена операција во Алжир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sedum-islamisti-zaginaa-vo-voena-operacija-vo-alzir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sedum-islamisti-zaginaa-vo-voena-operacija-vo-alzir/#respond Sun, 20 Feb 2022 13:19:30 +0000 https://kurir.mk/?p=633938

– Алжирската армија вчера убила седум вооружени исламисти во североисточниот дел на земјата, соопшти Министерството за одбрана. Како што пренесе Бета, за време на воената операција запленети се шест калашникови, снајперска пушка, големо количество муниција, средства за комуникација и лекови. Алжирската војска редовно известува дека уапсила или убила „терористи“, термин што властите го користат за да ги означат вооружени исламисти кои останале активни од граѓанската војна (1992-2002). Во тој период загинаа околу 200.000 луѓе. И покрај Повелбата за мир и помирување од 2005 година, вооружените групи продолжуваат да спроведуваат спорадични операции. На 1 јануари алжирското Министерство за одбрана соопшти дека биле убиени 23 „терористи“ и оти 222 лица кои ги поддржуваат исламистичките вооружени групи биле уапсени за време на операциите спроведени од армијата во 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sedum-islamisti-zaginaa-vo-voena-operacija-vo-alzir/feed/ 0
Австриската полиција уапси 30 исламисти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskata-policija-uapsi-30-islamisti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskata-policija-uapsi-30-islamisti/#respond Mon, 09 Nov 2020 10:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=426814

Австриската полиција утрово спроведе акција во четири провинции против луѓе и здруженија кои ги поддржуваат Муслиманското братство и Хамас. Државното обвинителство во Грац нареди истрага против 70 осомничени, а како резултат на таа акција извршени се претреси во 60 станови, куќи, деловни простории и просториите на здруженија. По претресите уапсени се 30 лица, односно биле приведени на итно сослушување. Обвинителството во Грац соопшти дека спроведува истрага против повеќе од 70 осомничени и неколку здруженија и компании, под сомнение за терористичко здружување, финансирање тероризам, здружување против безбедноста на земјата и криминална организација и перење пари. Истакнато е дека оваа акција нема никаква врска со терористичкиот напад во Виена на 2 ноември, туку дека станува збор за акција спроведена врз основа на сеопфатна и интензивна едногодишна истрага. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskata-policija-uapsi-30-islamisti/feed/ 0
Мали исламисти, голем проблем: Европа нема решение за враќањето на „Децата на Калифатот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mali-islamisti-golem-problem-evropa-nema-reshenie-za-vrakjanjeto-na-decata-na-kalifatot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mali-islamisti-golem-problem-evropa-nema-reshenie-za-vrakjanjeto-na-decata-na-kalifatot/#respond Tue, 16 Jan 2018 18:38:13 +0000 http://kurir.mk/?p=11770

Иако „Калифатот“ на ИСИС во Сирија и Ирак е сведен на само 2% од некогашната територија на џихадистите и тие се пред целосен пораз, сепак после сето тоа на површина ќе исплива нов проблем - децата на борците кои се враќаат во Европа. Терористичката организација Исламска држава во Сирија и Ирак во најголемиот дел е уништена, а според податоците на американската армија, џихадистите во овие две земји на Блискиот исток загубиле дури 98 проценти од територијата. Од Пентагон порачаа дека ИСИС се „скршени и уништени“, но сепак признаа дека работата не е завршена до крај, затоа што сега е најважно да се обезбеди теренот „Исламската држава никогаш повеќе да не се воздигне“. Според „Дојче Веле“, таа цел е тешко да се постигне од една причина - ИСИС во Ирак и Сирија во најголема мера може физички да биде уништена, но идеологијата продолжува да живее. Поради тоа, како што е наведено, џихадистичката организација ќе се наврати на старата герилска војна. Кога се Сирија и Ирак во прашање, овие земји се соочуваат со многу поголем проблем, а тоа е идеолошкото и психолошкото наследство на Исламската држава на териториите кои што беа под контрола на џихадистите. ИСИС на тие територии владееше три години, а тоа е долг период, посебно за децата кои што на најмала возраст сведочеа на насилствата и бруталните погубувања на џихадистите. „И без да биле на некаква обука, тие со себе ќе ги носат сеќавањата на животот во воената зона“, вели Дан Вегеманс од Институтот за безбедност и глобални работи на Универзитетот Лајден за онлајн-магазинот Ал Монитор. „Младите наместо да читаат и пишуваат, учеа како да се ракува со вооружување. Големи се шансите таму да се раѓа една загубена генерација. Притоа и возрасните ќе имаат потешкотии зад себе да го остават времето кога владееле ИСИС. На нив тешко ќе им падне соочувањето со реалноста“, изјави Надим Хури, експерт за тероризам од Опсерваторијата за човекови права со седиште во Њујорк. Проблемот со „Загубените генерации“ кој што го произведе Исламската држава наскоро би требало да стигне и до Европа. Станува збор за стотина деца чии што родители ги одвеле во Сирија или Ирак и се уште се таму. Од „Дојче Веле“ велат дека се уште не е јасно на кој начин европските држави ќе се справат со овие деца, а ситуацијата сигурно ќе се разликува од земја до земја. На пример, Белгија на децата помали од 10 години им дозволува да влезат во земјата, но под услов да им се земе ДНК примерок за да се докаже дека се деца на џихадисти. Во декември три деца на борците на ИСИС со француски пасоши кои што дотогаш се наоѓале во притвор во Ирак, со авион се вратиле во Париз. Во Холандија таквите деца може да се вратат, но тамошната влада нема намера да им овозможи добивање на холандско државјанство. И Германија има намера да им овозможи враќање на борците на ИСИС, но припадниците на Службата за заштита на уставниот поредок предупредува на потенцијалната опасност, посебно кога станува збор за постарите деца. „Гледаме голема опасност во тоа што децата на џихадистите од воените зони во Германија се враќаат веќе исламистички социјализирани и во рамките на таквата идеологија прецизно насочени“, изјави претседателот на Службата, Ханс Георг Масен. „На тој начин тие во Германија можат да се искористат за создавање на нови генерации на џихадисти“, додаде Масен. Тој проблем, како што вели Торстен Фос, шеф на покраинската канцеларија на Службата за заштита на уставниот поредок во Хамбург, мора да биде решен пред целата работа да замине толку далеку така што неговата служба ќе мора да интервенира, пренесува „Дојче Веле“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mali-islamisti-golem-problem-evropa-nema-reshenie-za-vrakjanjeto-na-decata-na-kalifatot/feed/ 0