Исламска Држава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 10:03:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Исламска Држава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ ги продолжи санкциите кон Исламската држава и Ал Каеда за уште една година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-prodolzhi-sanktsiite-kon-islamskata-drzhava-i-al-kaeda-za-ushte-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-prodolzhi-sanktsiite-kon-islamskata-drzhava-i-al-kaeda-za-ushte-edna-godina/#respond Mon, 23 Oct 2023 10:03:38 +0000 https://kurir.mk/?p=892141

Советот за надворешни работи на ЕУ денеска донесе одлука за продолжување на постојните рестриктивни мерки кон терористичките групи Исламска држава и Ал Каеда, како и кон физички и правни лица, организации, компании и субјекти поврзани со нив, за уште една година до 31 октомври 2024 година. Во моментов, како што јави дописникот на МИА од Брисел, овие санкции се однесува на 14 поединци и пет ентитети. Со мерките, на санкционираните им е замрзнат имотот во ЕУ, а на лица и субјекти од Унијата им е забрането да им ставаат на располагање средства, финансии или какви било економски ресурси. Дополнително, на физичките лица им е забранет влез на територијата на Унијата. Како што посочи ЕУ, овие автономни рестриктивни мерки се комплементарни со оние воведени кон Исламската држава и Ал Каеда од страна на Советот за безбедност на ОН. - ЕУ останува посветена на дејствување против оние кои го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност преку планирање, финансирање и извршување терористички напади и со ширење терористичка пропаганда на глобално ниво, се додава во одлуката. Дополнително, Советот за уште година, до 31 октомври 2024, ги продолжи и рестриктивните мерки воведени кон едно лице поради ситуацијата во Бурунди. На назначеното лице му е замрзнат имотот во ЕУ и му е забранет влез или транзит низ земјите членки на Унијата, а на граѓани и компаниите од блокот им е забрането да му ставаат средства на располагање. - ЕУ постојано ги разгледува случувањата во Бурунди и може да одлучи да го измени режимот на санкции или списокот на лица, ентитети и тела кои подлежат на рестриктивни мерки врз основа на случувањата на теренот, се посочува во соопштението. Првите санкции поради настаните во оваа африканска земја, ЕУ ги воведе во 2015 година, кога предмет на рестриктивни мерки станаа четири лица одговорни за поткопување на демократијата или попречување на изнаоѓањето политичко решение за кризата во Бурунди, како и за планирање, насочување или извршување активности со кои се кршат човековите права и меѓународното хуманитарно право во државата. На 25 октомври 2022 година, Советот од списокот отстрани три санкционирани лица, а мерките кон четвртото ги продолжи за една година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-prodolzhi-sanktsiite-kon-islamskata-drzhava-i-al-kaeda-za-ushte-edna-godina/feed/ 0
Лидерот на ИД, ал Кураши убиен во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-id-al-kurashi-ubien-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-id-al-kurashi-ubien-vo-sirija/#respond Thu, 03 Aug 2023 18:27:41 +0000 https://kurir.mk/?p=863110

Екстремистичката група Исламска држава денеска соопшти за смртта на нејзиниот водач Абу Ал Хусеин ал Хусеин ал Кураши, кој беше убиен во судирите со екстремистичката група Хајат Тахрир ал Шам (ХТС) во северозападна Сирија. Портпаролот на ИД во аудио порака преку Телеграм, соопшти дека нивниот лидер е убиен во провинцијата Идлиб во директена пресметка со припадници на ХТС. Припадници на ХТС, поранешен локален огранок на Ал Каеда, се обиделе да го заробат ал Кураши. ИД не го наведе ниту точното место ниту датумот на егзекуцијата на ал Кураши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-id-al-kurashi-ubien-vo-sirija/feed/ 0
ИД презеде одговорност за самоубиствениот напад во Пакистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/id-prezede-odgovornost-za-samoubistveniot-napad-vo-pakistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/id-prezede-odgovornost-za-samoubistveniot-napad-vo-pakistan/#respond Mon, 31 Jul 2023 16:21:03 +0000 https://kurir.mk/?p=862102

Исламска држава денеска презеде одговорноста за вчерашниот самоубиствениот бомбашки напад на политички митинг во Бајаур, при што загинаа 54, а 200 луѓе се повредени, од кои 14 се во тешка здравствена состојба. Пакистанската полиција претходно соопшти дека првичната истрага покажала дека регионална фракција Исламска држава во Курасан (ИСИК), е одговорна за нападот на изборниот митинг на антиталибанската исламска партија Џамијат Улема, која ја предводи тврдокорниот свештеник и политичар Фазлур Реман. Нападот се случи во пакистанската северозападна провинција Хајбер Пахтунхва, планинска област во близина на границата со Авганистан, која некогаш била под контрола на пакистанските талибанци. ИСИК е активна и во Авганистан и во Пакистан од 2015 година и стои зад неколку смртоносни напади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/id-prezede-odgovornost-za-samoubistveniot-napad-vo-pakistan/feed/ 0
Нигериските сили убија 26 терористи од огранокот на Исламската држава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nigeriskite-sili-ubija-26-teroristi-od-ogranokot-na-islamskata-drzhava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nigeriskite-sili-ubija-26-teroristi-od-ogranokot-na-islamskata-drzhava/#respond Mon, 22 May 2023 13:04:54 +0000 https://kurir.mk/?p=837453

Нигериските безбедносни сили убиле најмалку 26 членови на терористичката група ИСВАП, која се смета за западноафрикански огранок на Исламската држава. Официјален претставник на нигериското Министерство за одбрана, Муса Данмадами, соопшти дека безбедносните сили извршиле операција против ИСВАП во сојузната држава Борно, јави Анадолија. Тој додаде дека во операцијата се убиени најмалку 26 терористи и оти многу терористи се ранети. За време на операциите биле фатени уште 25 лица и обвинети за логистичка поддршка на терористите. ИСВАП е терористичка група формирана од Абу Мусаб ал Барнави, син на Мохамед Јусуф, основачот на терористичката организација Боко Харам во Нигерија. По смртта на неговиот татко во 2009 година, Ал Барнави влезе во несогласувања со новиот лидер на Боко Харам, Абу Бакр Шекау, се раздели од него, го основа ИСВАП и воспостави соработка со терористите на ИД, додава Анадолија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nigeriskite-sili-ubija-26-teroristi-od-ogranokot-na-islamskata-drzhava/feed/ 0
„Исламска држава“ киднапираше 40 луѓе и уби 15 во централна Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamska-drzhava-kidnapirashe-40-luge-i-ubi-15-vo-tsentralna-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamska-drzhava-kidnapirashe-40-luge-i-ubi-15-vo-tsentralna-sirija/#respond Sat, 25 Mar 2023 10:32:16 +0000 https://kurir.mk/?p=816302

Припадници на терористичката Исламска држава киднапирале околу 40 луѓе во централната сириска провинција Хама и убиле најмалку 15, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. „Исламска држава“, која беше поразена во Сирија во 2019 година, сè уште има свои „спијачи“ кои убиваат во Сирија и Ирак - територии што некогаш ги сметаше за свој „калифат“ и ги држеше под контрола. Според Сириската опсерваторија за човекови права, како и државните медиуми, киднапирањата во Хама се случиле во четвртокот, а телата на убиените - некои со исечени грла - биле откриени вчера. Меѓу убиените има седум цивили и осум вооружени членови на сириски племиња, тврди организацијата. Провладиното радио „Шам ФМ“ објави дека екстремистите ги нападнале земјоделците додека собирале тартуфи, дека некои од киднапираните паднале како „маченици“, додека контактот со другите бил изгубен. Пред еден месец, „ќелија на спијачи“ на ИД нападна луѓе кои собираа тартуфи и уби 53 од нив. Меѓу убиените има работници, како и припадници на владините безбедносни сили. Тартуфите се сезонски деликатес во Сирија и можат да се продаваат по висока цена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamska-drzhava-kidnapirashe-40-luge-i-ubi-15-vo-tsentralna-sirija/feed/ 0
Исламска држава ја презеде одговорноста за убиството на гувернерот на авганистанската провинција Балх https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamska-drzhava-ja-prezede-odgovornosta-za-ubistvoto-na-guvernerot-na-avganistanskata-provintsija-balh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamska-drzhava-ja-prezede-odgovornosta-za-ubistvoto-na-guvernerot-na-avganistanskata-provintsija-balh/#respond Fri, 10 Mar 2023 09:39:29 +0000 https://kurir.mk/?p=810341

Екстремистичката вооружена група Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во кој загина гувернерот на авганистанската провинција Балх, Дауд Музмал и уште две лица во неговата канцеларија. Регионалниот огранок на ИД во провинцијата Хорасан е најголемиот ривал на талибанците и го зголеми интензитетот на нивните напади откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година. Уште четири лица се повредени во експлозијата во канцеларијата на гувернерот во Мазар-е-Шариф, соопшти локалната полиција. Одговорноста за нападот синоќа ја презеде ИД, наведувајќи дека напаѓачот е Абдул Хак ал-Корашани. Музмал е еден од највисоките талибански функционери кој е убиен откако ја презедоа власта во средината на август 2021 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamska-drzhava-ja-prezede-odgovornosta-za-ubistvoto-na-guvernerot-na-avganistanskata-provintsija-balh/feed/ 0
Американската војска тврди дека убила еден од водачите на ИД во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-tvrdi-deka-ubila-eden-od-vodachite-na-id-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-tvrdi-deka-ubila-eden-od-vodachite-na-id-vo-sirija/#respond Fri, 17 Feb 2023 20:39:42 +0000 https://kurir.mk/?p=801961

Хамза ал Хомси, еден од главните водачи на терористичката организација Исламска држава, е убиен во североисточна Сирија во хеликоптерски напад под команда на американската армија, а во акцијата се ранети четворица американски војници. ИД денеска изврши напад во централна Сирија, во градот Сукна, во кој загинаа најмалку 36 цивили, објави Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. За разлика од оваа опозициска организација, државната телевизија соопшти дека загинале 53 лица. Во кусото соопштение на американската војска се наведува дека нападот врз лидерот на ИД бил извршен во четвртокот вечерта во соработка со курдските борци од Сириските демократски сили, сојузници на САД. Како што беше соопштено, во експлозијата при погодувањето на целта се ранети четворица американски војници. Не беше прецизирано кој дел од североисточна Сирија е извршен нападот, но беше наведено дека е потврдено дека е убиен лидерот на ИД - Хамза ал Хомси. Американската војска уби двајца водачи на ИД во Сирија во изминатиите неколку години.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-tvrdi-deka-ubila-eden-od-vodachite-na-id-vo-sirija/feed/ 0
Дваесетина борци на „Исламска држава“ избегаа од затвор во Сирија по земјотресот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvaesetina-bortsi-na-islamska-drzhava-izbegaa-od-zatvor-vo-sirija-po-zemjotresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvaesetina-bortsi-na-islamska-drzhava-izbegaa-od-zatvor-vo-sirija-po-zemjotresot/#respond Tue, 07 Feb 2023 18:52:47 +0000 https://kurir.mk/?p=797476

Дваесет борци на „Исламска држава“ избегаа од затвор во северна Сирија, искористувајќи го хаосот предизвикан од разорниот земјотрес во областа на турско-сириската граница, јави ДПА. Цитирајќи ги затворските власти, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека членовите на групата Исламска држава биле во затвор во северниот дел на Алепо. Тоа е еден од регионите кои беа најмногу погодени од земјотресот. Според групата за заштита на човековите права, тие биле прошверцувани од затвор за суми пари кои се движеле од 1.000 до 3.000 долари по член на бандата. - Она што го дознав од моите извори е дека по земјотресот настана хаос, овие припадници на Исламската држава можеле да го организираат своето бегство со некои од чуварите за време на хаосот, изјави шефот на опсерваторијата Рами Абдел Рахман за ДПА. Рахман рече дека во минатото членовите на Исламската држава плаќале за да бидат изнесени од затвори или од самата Сирија. Во затворот има десетици граѓани на градот Африн, кој моментално е под контрола на сириските бунтовнички сили поддржани од Турција.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvaesetina-bortsi-na-islamska-drzhava-izbegaa-od-zatvor-vo-sirija-po-zemjotresot/feed/ 0
Максимални 20 години затвор за Американката која раководела со женски баталјон на Исламската држава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maksimalni-20-godini-zatvor-za-amerikankata-koja-rakovodela-so-zenski-bataljon-na-islamskata-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maksimalni-20-godini-zatvor-za-amerikankata-koja-rakovodela-so-zenski-bataljon-na-islamskata-drzava/#respond Tue, 01 Nov 2022 20:35:09 +0000 https://kurir.mk/?p=754112

Американката Алисон Флук-Екрен (42) е прогласена виновна по обвиненијата дека раководела со женскиот баталјон на организацијата „Исламска држава” (ИД) во времето кога живеела во Сирија, за што и е изречена максимална затворска казна во времетраење од 20 години. Флук-Екрен на судското рочиште се изјасни „виновна“ по обвиненијата што и се ставааа на терет, дека ја предводела „Хатиба Нусајба“ формацијата на ИД, во која стотици жени и малолетни девојчиња биле обучувани да ракуваат со автоматско оружје и да вршат самоубиствени напади со појаси со експлозив. Во изјавите што ги даваше пред Судот таа ја презеде одговорноста за своите постапки и ангажманите во Сирија, Ирак и Либија, но поголемиот дел од времето го потроши обидувајќи се да го оправда своето однесување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maksimalni-20-godini-zatvor-za-amerikankata-koja-rakovodela-so-zenski-bataljon-na-islamskata-drzava/feed/ 0
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светото место Шах Чераг во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamska-drzava-ja-prezede-odgovornosta-za-napadot-vrz-svetoto-mesto-shah-cherag-vo-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamska-drzava-ja-prezede-odgovornosta-za-napadot-vrz-svetoto-mesto-shah-cherag-vo-iran/#respond Thu, 27 Oct 2022 05:28:44 +0000 https://kurir.mk/?p=750973

Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашниот напад врз светилиштето во иранскиот град Шираз, соопшти оваа терористичка група на каналот Телеграм. Во нападот на шиитското светилиште загинаа 13 лица, а иранскиот претседател Ебрахим Раиси вети дека тоа нема да помине неказнето. Уште 40 лица се повредени во нападот врз мавзолејот на Шах Чераг во Шираз, главниот град на провинцијата Фарс, јави иранската телевизија.
Мавзолејот на Шах Чераг е најпочитуваното светилиште на југот на земјата, бидејќи во него се наоѓа гробот на Ахмад, братот на имамот Реза, осмиот шиитски имам погребан во Машхад, на североистокот на земјата. Медиумите прво јавија дека имало тројца напаѓачи, од кои двајца се уапсени. Но, шефот на локалната судска власт, Казим Мусави, за иранската телевизија изјави дека само еден терорист бил вклучен во нападот. -Уапсен е еден терорист поврзан со текфирските групи, соопшти полицијата, пренесоа западните агенции. Терминот текфир се користи во Иран за џихадистички групи или радикални сунитски исламисти. Меѓу жртвите се и една жена и две деца, пренесе агенцијата Фарс. Агенцијата соопшти дека „уапсените терористи не се Иранци“, без да даде дополнителни детали за нивниот идентитет.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamska-drzava-ja-prezede-odgovornosta-za-napadot-vrz-svetoto-mesto-shah-cherag-vo-iran/feed/ 0