Исламски Џихад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 15:52:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Исламски Џихад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Висок командант на Исламски џихад убиен во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/visok-komandant-na-islamski-dhihad-ubien-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/visok-komandant-na-islamski-dhihad-ubien-vo-gaza/#respond Fri, 12 May 2023 15:52:03 +0000 https://kurir.mk/?p=833562

Висок командант на Исламски џихад е убиен денеска во израелски напад врз центарот на градот Газа, изјави портпаролот на милитантната група, додека беснее прекуграничниот оган. Ијад ал Хасани е убиен кога во нападот бил погоден станбен објект во густо населениот град, изјави портпаролот. Во нападот има уште една жртва. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/visok-komandant-na-islamski-dhihad-ubien-vo-gaza/feed/ 0
Најмалку 12 лица, вклучително и тројца високи команданти на Исламски џихад, убиени во израелски воздушни напади во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-litsa-vkluchitelno-i-trojtsa-visoki-komandanti-na-islamski-dhihad-ubieni-vo-izraelski-vozdushni-napadi-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-litsa-vkluchitelno-i-trojtsa-visoki-komandanti-na-islamski-dhihad-ubieni-vo-izraelski-vozdushni-napadi-vo-gaza/#respond Tue, 09 May 2023 05:45:21 +0000 https://kurir.mk/?p=832065

Најмалку 12 лица се убиени а 20 се ранети во израелските воздушни напади врз цели на Исламскиот џихад во Појасот Газа во текот на ноќта, јави Асошиетед прес, повикувајќи се на медицински извори во крајбрежната енклава, пренесува БТА. Израелската армија соопшти дека убила тројца високи претставници на военото крило на радикалната палестинска група, Бригадите Ал Кудс (арапско име за Ерусалим). Станува збор за Џихад Ганам, секретар на воениот совет на бригадите Ал-Кудс, командантот на военото крило на Исламски џихад во северниот дел на крајбрежната енклава и член на воениот совет Калил ал Бахтани, како и Тарек Езедин, кој беше одговорен за координацијата меѓу бригадите Ал-Кудс во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег. Според израелската војска, тројцата се одговорни за неодамнешната ракетна стрелба врз земјата. Убиени се и сопругите на лидерите на предметната бригада Ал Кудс и неколку нивни деца. Исламски џихад е втората највлијателна вооружена група во Појасот Газа по Хамас, исламистичкото движење кое ја контролира енклавата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-litsa-vkluchitelno-i-trojtsa-visoki-komandanti-na-islamski-dhihad-ubieni-vo-izraelski-vozdushni-napadi-vo-gaza/feed/ 0
„Исламски џихад“, сепак, потврди: Постигнат е договор за прекин на огнот со Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamski-dzihad-sepak-potvrdi-postignat-e-dogovor-za-prekin-na-ognot-so-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamski-dzihad-sepak-potvrdi-postignat-e-dogovor-za-prekin-na-ognot-so-izrael/#respond Sun, 07 Aug 2022 19:06:24 +0000 https://kurir.mk/?p=715390

Постигнат е договор за прекин на огнот меѓу Израел и палестински „Исламски џихад“ (ПИЈ), изјави вечерва за „Ал Кудс њуз“ портпаролот на ПИЈ, Мухамед ал Хинти. Договорот за прекин на огнот го вклучува и ослободувањето на лидерот на „Исламски џихад“, Басем Сади, јави весникот „Џерусалем пост“. Апсењето на Сади пред неколку дена беше повод за отворени непријателства и конфликти меѓу Израел и ПИЈ, а во петокот Израел ја почна операцијата „Зора“ против оваа палестинска милитантна организација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamski-dzihad-sepak-potvrdi-postignat-e-dogovor-za-prekin-na-ognot-so-izrael/feed/ 0
Сирени вечерва во неколку други израелски градови, „Исламски џихад“ не сака примирје и се заканува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-vecherva-vo-nekolku-drugi-izraelski-gradovi-islamski-dzihad-ne-saka-primirje-i-se-zakanuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-vecherva-vo-nekolku-drugi-izraelski-gradovi-islamski-dzihad-ne-saka-primirje-i-se-zakanuva/#respond Sun, 07 Aug 2022 18:24:25 +0000 https://kurir.mk/?p=715371

Непорседно пред почетокот на најавеното примирје меѓу Израел и палестински „Исламски џихад“, вечерва се огласија сирените во неколку израелски градови, меѓу кои и Тел Авив, додека весникот „Џерусалем пост“ пренесува, повикувајќи се на палестински медиуми, дека петмина Палестинци загинале во израелски напад врз автомобил во Газа. „Исламски џихад“ вечерва соопшти дека најавениот прекин на огнот и примирјето нема да се спроведат доколку Израел не ги исполни барањата на оваа милитантна организација. Израелскиот премиер Јаир Лапид, од друга страна, попладнево изјави дека нивната операција „Зора“ против палестинската терористичка група во Појасот Газа ги постигна своите цели и нема смисла да продолжува. -Целите се постигнати. Нема смисла операцијата да се продолжува, рече Лапид на состанокот со претседателите на општините во јужниот дел на Израел, пренесе Канал 13 на израелската телевизија. Канцеларијата на Лапид додаде дека премиерот и министерот за одбрана Бени Ганц го посетиле Командниот центар на израелските одбранбени сили на југот на земјата. Примирјето требаше да стапи во сила вечерва, во 19 часот, но според израелските медиуми, сирени за воздушен напад, освен во Тел Авив, се слушаат и во Ашкелон, Сдерот, Зиким, Холит и во некои други градови, откако на некои места паднаа ракети, истрелани од Појасот Газа. Израелската армија соопшти дека од почетокот на операцијата „Зора“ во петокот, палестински „Исламски џихад“ истрелал приближно 1.000 ракети, од кои 160 паднале на територијата на Газа, додека од проектилите кои навлегле на територијата на Израел, 96 отсто биле соборени од противоздушниот систем „Железна купола“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-vecherva-vo-nekolku-drugi-izraelski-gradovi-islamski-dzihad-ne-saka-primirje-i-se-zakanuva/feed/ 0
Исламски џихад тврди дека испукале повеќе од 100 проектили кон израелска територија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamski-dzihad-tvrdi-deka-ispukale-povekje-od-100-proektili-kon-izraelska-teritorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamski-dzihad-tvrdi-deka-ispukale-povekje-od-100-proektili-kon-izraelska-teritorija/#respond Fri, 05 Aug 2022 19:06:15 +0000 https://kurir.mk/?p=714791

Палестинската група Исламски џихад денеска соопшти дека испукала повеќе од 100 ракети кон Израел како одмазда за воздушните напади во кои загина еден од нејзините високи команданти. „Како првичен одговор на атентатот врз водачот Тејзир ал Џабари, Ерусалимските бригади испукаа кон Тел Авив и градови околу Газа повеќе од 100 ракети“, се вели во соопштението на оруженото крило на групата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamski-dzihad-tvrdi-deka-ispukale-povekje-od-100-proektili-kon-izraelska-teritorija/feed/ 0
Убиен е Командант на исламски џихад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-e-komandant-na-islamski-dzihad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-e-komandant-na-islamski-dzihad/#respond Mon, 17 May 2021 12:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=511399

Висок командант на Исламски Џихад е убиен во денешниот израелски воздушен напад врз куќа во Бејт Лахија во северниот дел на Појасот Газа, јавија палестински медиуми, по што потврди и израелската армија. Како што е наведено, Хусам Абу Харбид ги водел операциите на организацијата во северна Газа. Исламски Џихад не ја потврди веднаш веста за неговата смрт. Израелските медиуми јавуваат дека Абу Харбид бил на таа позиција од крајот на 2019 година, откако неговиот претходник Бахау Абу ал Ату исто така беше убиен од израелската армија. Во меѓувреме, Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека бројот на убиени Палестинци во Газа се искачи на 198, од кои 58 се деца, а има околу 1.300 повредени. Не е наведено колку членови на Хамас и други екстремистички организации биле убиени, коментираат израелските медиуми. Израелската армија синоќа изврши тешки напади удари во Појасот Газа, кои, според жителите на таа енклава, се најсилни од почетокот на конфликтот, почнат пред една недела. Во военото соопштение се наведува дека ноќеска биле гаѓани 35 цели во период од 20 минути, а 54 борбени авиони истрелале околу 110 прецизни проектили и уништиле 15 километри подземни тунели на Хамас, а погодени биле и куќи на девет команданти на Хамас. Во военото соопштение исто така се вели дека командантот на Исламски Џихад, кој беше убиен денеска, 15 години ги предводел нападите врз израелски војници и цивили и дека тој исто така бил директно одговорен за истрелување на антитенковска ракета минатата недела и ранување на израелски цивил. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-e-komandant-na-islamski-dzihad/feed/ 0