исламски свет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Oct 2023 07:00:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png исламски свет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иранскиот претседател разговараше со саудискиот принц, тие го споменуваат „исламскиот свет“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranskiot-pretsedatel-razgovarashe-so-saudiskiot-prints-tie-go-spomenuvaat-islamskiot-svet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranskiot-pretsedatel-razgovarashe-so-saudiskiot-prints-tie-go-spomenuvaat-islamskiot-svet/#respond Thu, 12 Oct 2023 07:00:38 +0000 https://kurir.mk/?p=887923

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси телефонски разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман што е прв директен контакт на двајцата лидери од зближувањето на земјите на почетокот на годинава, јавија иранските државни медиуми. Двајцата лидери разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, јави државната новинска агенција ИРНА. Според Иран, во разговорите било нагласено „единството на исламскиот свет“. Хамас го нападна Израел во саботата, кој возврати во масовно бомбардирање на Појасот Газа. Иранските лидери ги поздравија нападите на Хамас врз Израел, но негираа директна вмешаност. Саудиска Арабија се смета за важен заштитник на Палестинците. Ријад во саботата повика на итен прекин на ескалацијата, и во исто време за нападите го обвини израелското „лишување на палестинскиот народ од неговите легитимни права“. Иран и Саудиска Арабија долго време беа регионални ривали, но во март двете сили објавија договор за обновување на дипломатските односи како дел од приближувањето со посредство на Кина. Ријад ги прекина дипломатските контакти во 2016 година, откако демонстранти ја нападнаа амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран. Сунитското кралство и мнозинскиот шиитски Иран, исто така, беа на спротивни страни во воените конфликти во регионот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranskiot-pretsedatel-razgovarashe-so-saudiskiot-prints-tie-go-spomenuvaat-islamskiot-svet/feed/ 0