Исмаил Ханија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 17:57:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Исмаил Ханија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ханија: Продолжете со демонстрации за прекин на огнот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-prodolzhete-so-demonstratsii-za-prekin-na-ognot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-prodolzhete-so-demonstratsii-za-prekin-na-ognot/#respond Wed, 01 Nov 2023 17:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=895488

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, изјави дека „оние кои го поддржуваат Израел во неговата војна против Хамас ја избираат погрешната страна на историјата“ и го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за војната. Инаку, војната изби откако терористите на Хамас го нападнаа Израел и во еден ден убија повеќе од 1.400 лица, повеќето цивили, и киднапираа на 200 други, што потоа ги префрлија во Појасот Газа. Ханија во телевизиско обраќање кажа дека Нетанјаху сака „да ги сврти очите на светот од својата вина“ и додаде дека „САД треба да престанат да ја поддржуваат таа фашистичка влада и да престанат да ги попречуваат меѓународните напори за воспоставување хуманитарен прекин на огнот“. -Вие ја избирате погрешната страна на историјата. Регионот нема да биде безбеден или стабилен се додека нашиот народ не ја добие својата слобода и независност и не се врати на својата земја, рече тој. Британските медиуми јавија дека лидерот на Хамас ги повика луѓето да продолжат со протестите, особено на Запад, за да „извршат притисок врз носителите на одлуки“. Тој, исто така, кажа дека израелските заложници во опколениот Појас Газа се „подложени на истата смрт и уништување“ со кои се соочуваат Палестинците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-prodolzhete-so-demonstratsii-za-prekin-na-ognot/feed/ 0
Ханија: Бригадите Ал Касам ќе продолжат да ги засилуваат нападите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-brigadite-al-kasam-ke-prodolzhat-da-gi-zasiluvaat-napadite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-brigadite-al-kasam-ke-prodolzhat-da-gi-zasiluvaat-napadite/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:21:56 +0000 https://kurir.mk/?p=893632

Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханија, изјави дека военото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам, продолжуваат да ги интензивираат своите напади и дека „отпорот“ во Газа е непоколеблив. Ханија кажа дека „отпорот“ е национално-ослободително „движење кое се стреми да го ослободи својот народ и својата земја“. Тој посочи дека израелските напади во Газа ќе го дестабилизираат целиот регион и дека никој не може да предвиди како понатаму ќе се развиваат работите, пренесе телевизијата „Ал Џезира“. Политичкиот лидер на Хамас ги повика „сојузничките, братски нации“ да извршат притисок за прекин на нападите врз Газа и за итно отворање на сите гранични премини, вклучително и граничниот премин Рафа со Египет, за да се достави потребната помош. Ханија изјави дека тероризмот го претставуваат оние кои ја поддржуваат израелската агресија, како и оние кои молчат за „масакрите“ извршени од Израел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-brigadite-al-kasam-ke-prodolzhat-da-gi-zasiluvaat-napadite/feed/ 0