Исмаил Ханије – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 08:13:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Исмаил Ханије – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лидерот на Хамас предупреди: Нападите врз Газа може да се претворат во регионална војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-hamas-predupredi-napadite-vrz-gaza-mozhe-da-se-pretvorat-vo-regionalna-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-hamas-predupredi-napadite-vrz-gaza-mozhe-da-se-pretvorat-vo-regionalna-vojna/#respond Fri, 20 Oct 2023 08:13:40 +0000 https://kurir.mk/?p=891092

Шефот на Политичкото биро на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханије, предупреди дека израелските напади врз Газа може да се претворат во регионална војна, јавува Анадолија. Тој истакна дека „ако продолжат овие брутални напади, уништување и крвопролевање против Газа, ова може да се претвори во регионална војна“. Во видеото што го објави Ханије дава оценка за конфликтите со Израел и политичките настани во Газа, Западниот Брег и Либан. Потсетувајќи дека Соединетите Американски Држави и некои европски земји го посетија Израел за морална поддршка, Ханије тврди дека и покрај сите овие напори, администрацијата од Вашингтон не била успешна во „давањето регионална и меѓународна поддршка на Израел во однос на нападите врз Газа и придобивањето на Арапите да прифатат депортација“. Истакнувајќи дека и покрај сите притисоци, односот на арапските и исламските земји кон депортацијата на Палестинците е многу јасен, Ханије рече дека тоа било нагласено на состаноците на Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ), Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) и Арапската лига. Пофалувајќи го ставот на арапските и исламските земји, особено Египет, против депортацијата, Ханије повика на поддршка за тој став. Наведувајќи дека во последните денови се сретнале со бројни претставници од арапскиот и исламскиот свет, Ханије рече дека на тие состаноци „изјавиле дека единственото решение е можно со ставање крај на окупацијата и формирање независна палестинска држава со Ал Кудс (Ерусалим) како главен град и на окупационите команданти да им се суди за нивните злосторства“, пренесува Анадолија. Ханије го повика палестинскиот народ и арапскиот и исламскиот свет денеска да излезат на улиците со слоганот „Стоп за нападите врз Газа, а не депортација и алтернативна татковина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-hamas-predupredi-napadite-vrz-gaza-mozhe-da-se-pretvorat-vo-regionalna-vojna/feed/ 0
Хамас: Абас го одобри одржувањето избори во Палестина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-abas-go-odobri-odrzuvanjeto-izbori-vo-palestina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-abas-go-odobri-odrzuvanjeto-izbori-vo-palestina/#respond Mon, 04 Nov 2019 07:35:25 +0000 https://kurir.mk/?p=259753

Политичкиот водач на Хамас, Исмаил Ханије изјави дека палестинскиот претседател Махмуд Абас веќе го одобрил одржувањето парламентарни и претседателски избори во Палестина. Претседателот на палестинската Централна изборна комисија, Хана Насер вчера во Газа  се сретна со водачите на Хамас, палестинското движење за отпор. По состанокот, Ханије изјави дека делегацијата на Комисијата објавила дека палестинскиот претседател Абас го одобрил одржувањето на изборите во Палестина, јави новинската агенција „Анадолија“. Тој појасни дека парламентарните и претседателските избори ќе се одржат во Газа и окупираниот Западен Брег, вклучувајќи го и Ерусалим. Од Хамас порачаа дека ќе соработуваат со Централната изборна комисија во процесот на подготовка на изборите. Насер рече дека нема проблеми во изборните подготовки и дека сите евентуални проблеми можат да се надминат со дијалог на засегнатите страни. Палестинскиот претседател на почетокот од минатиот месец најави дека во Палестина ќе се одржат прво парламентарни, а неколку месеци подоцна и претседателски избори. Последните избори во Палестина се одржани во 2006 година, а Уставот на таа земја предвидува нивно одржување на секои четири години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-abas-go-odobri-odrzuvanjeto-izbori-vo-palestina/feed/ 0