испитен рок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Aug 2022 05:33:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png испитен рок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска и во петок, августовски испитен рок од државната матура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-i-vo-petok-avgustovski-ispiten-rok-od-drzavnata-matura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-i-vo-petok-avgustovski-ispiten-rok-od-drzavnata-matura/#respond Wed, 10 Aug 2022 05:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=716319

Матурантите во учебната 2021/2022 година кои во јунската испитна сесија не ја положија државната матура или не во целост, двата екстерни испита во августовскиот испитен рок ќе ги полагаат денеска и во петок (12 август). Првиот екстерен (задолжителен) испит е за мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литература, а вториот екстерен испит е изборен од предметите: математика, странски јазик (англиски, француски, германски или руски јазик), естетика и филозофија. Државниот испитен центар минатиот месец соопшти дека средната оценка од двата екстерни испита од полагањето во јуни е 3,78 и е повисока во однос на минатата учебна 2020/2021 година кога беше 3,61. За полагање на државната матура во јунскиот испитен рок беа пријавени 15 899  кандидати (7135 од гимназии,  8504 од стручни и 260 од уметнички училишта). Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмета и проектна задача и по скратени испитни програми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-i-vo-petok-avgustovski-ispiten-rok-od-drzavnata-matura/feed/ 0