исплати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Jan 2021 14:37:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png исплати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФЗОМ: Исплатите на надоместоците за боледувања и породилни отсуства течат редовно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-isplatite-na-nadomestocite-za-boleduvanja-i-porodilni-otsustva-techat-redovno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-isplatite-na-nadomestocite-za-boleduvanja-i-porodilni-otsustva-techat-redovno/#respond Tue, 05 Jan 2021 14:37:21 +0000 https://kurir.mk/?p=452207

Во врска со преземените приватни пораки од социјалните мрежи, објавени во некои од пораталите, во кои се навдува дека доцнат исплатите на наодместоците за боледувања и породилни отсуства, Фондот ја информира јавноста за следното: Исплатите на надоместоците течат редовно, односно исплати се вршат 3 пати неделно. Поголемиот дел од исплатите за ноември се завршени, а доколку кај определни осигуреници не е реализирана исплата, истите треба да проверат кај својот работодавач, дали се поднесени нивните документи навремено и истите се коректни. Исто така, треба да се има предвид, за да се реализира навремена исплата, работодавачот треба навремено да ги уплаќа придонесите за здравствено осигурување. Најчесто кога има доцнење на исплата на надоместоците, станува збор за ненавремено поднесување документи, некоректна документација и (несовпаѓање на бројот на часови кои ги доставува работодавачот до Управата за јавни приходи), како и нередовно плаќање на придонесите од страна на работодавачот. Откако осигуреното лице ќе провери со работодавачот, тогаш треба да се јави во соодветната подрачна служба на Фондот каде претходно се поднесени барањата за да се утврди дали треба да се направи корекција на часови во МПИН декларација на УЈП. Обично последниот месец од исплатата на надоместоците за породилно отсуство се прима надоместокот откако ќе заврши месецот, со цел часовите во МПИН да се прикажат согласно ИСР образецот. Доцнење има во случај кога датумот на завршување на боледувањето не е усогласен со ИСР образецот што го издава матичниот лекар, што не е по вина на Фондот туку по вина на самиот работодавач кој не ги прикажал часовите точно. Доколку осигурениците, со право се револтирани поради ненавремена исплата, Фондот ги замолува прво да проверат дали работодавачот уредно ги извршил своите обврски кон нив, за да може и Фондот навремено да ги врши исплатите. Истовремено наместо да се објавуваат револтирани пораки на одредени поединци со кој се стекнува впечаток дека Фондот не врши исплата на надоместоците, треба информациите да содржат релевантни податоци, а не паушални заклочоци базирани на приватни пораки на социјалните мрежи. Фондот продолжува да работи во интерес на осигурените лица и на здравствените работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-isplatite-na-nadomestocite-za-boleduvanja-i-porodilni-otsustva-techat-redovno/feed/ 0
Австралија ќе исплати надомест за отсуство од работа поради карантинот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-kje-isplati-nadomest-za-otsustvo-od-rabota-poradi-karantinot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-kje-isplati-nadomest-za-otsustvo-od-rabota-poradi-karantinot/#respond Mon, 03 Aug 2020 09:03:09 +0000 https://kurir.mk/?p=385416

Австралија ќе воведе надомест за отсуство од работа за време на пандемијата за сите работници кои немаат боледување, но мора да бидат во карантин поради новиот коронавирус, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон. Компензацијата за двонеделно отсуство од рабта поради неопходната самоизолација ќе изнесува 1.500 австралиски долари. Новата мерка е најавена во време кога Австралија се соочува со вториот бран на Ковид-19, а во државата Викторија воведени се ригорозни мерки за да се запре ширењето на заразата. Во Австралија вкупно се регистрирани 18.318 луѓе инфицирани со новиот коронавируис, од кои починале 221, а оздравеле 10.622 лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-kje-isplati-nadomest-za-otsustvo-od-rabota-poradi-karantinot/feed/ 0
Наџиб Разак мора да исплати речиси 400 милиони долари даночен долг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nadzib-razak-mora-da-isplati-rechisi-400-milioni-dolari-danochen-dolg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nadzib-razak-mora-da-isplati-rechisi-400-milioni-dolari-danochen-dolg/#respond Wed, 22 Jul 2020 11:08:57 +0000 https://kurir.mk/?p=379606

Малезиски суд му наложи на поранешниот премиер Наџиб Разак да подмири околу 400 милиони долари неплатен данок за седум години колку што бил на власт. Наџиб загуби на парламентарните избори во 2018 година, кога народот го осуди поради наводна раширена корупција во неговата влада. Тој се соочува со повеќе обвиненија за корупција и злоупотреба на службената положба, поврзани со кражба на милијарди долари од државниот Фонд за развој (1МДБ), наведуваат малезиските обвинители. Спроведена е и одделна истрага од страна на американското Министерство за правда, со цел да се открие кој имот е купен со наводно украдените средства од 1МДБ, што бил најголем случај кој го истражувал одделот во рамки на својата програма за истраги на клептократија. Поранешниот малезиски премиер ги отфрли сите обвиненија против него. Висок судија истакна дека поранешните премиери не се изземени од плаќање данок и Наџиб ќе мора да го исплати својот долг. Даночните власти минатиот јуни поднесоа тужба против Наџиб за поврат на неплатениот данок во периодот од 2011 до 2017 година, вклучувајќи ги казните и каматите. Наџиб беше премиер на Малезија од 2009 до 2018 година. Тој го основал фондот 1МДБ, од кој се украдени околу 4,5 милијарди долари, тврдат американски и малезиски власти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nadzib-razak-mora-da-isplati-rechisi-400-milioni-dolari-danochen-dolg/feed/ 0