испорака – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Oct 2022 10:10:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png испорака – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција почна со испораките на природен гас за Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-pochna-so-isporakite-na-priroden-gas-za-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-pochna-so-isporakite-na-priroden-gas-za-germanija/#respond Thu, 13 Oct 2022 10:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=744695

Франција почна со испораките на природен гас за Германија откако изврши технички прилагодувања на гасоводот што ги поврзува соседните држави, соопштено е од францускиот оператор „GRTgaz“. Сега гасот се транспортира директно преку единствената гасна интерконективна точка меѓу двете земји во близина на селото Нидергајлбах, во југозападна Германија. - Во новонастанатата енергетска ситуација поврзана со војната во Украина, Франција покажува солидарност со својот германски сосед со непосредните испораки гас, се посочува во соопштението. Првично преку границата ќе поминуваат 31 гигават-часови дневно, од максималните сто гигавати колкав што е дневниот капацитет на интерконтекторот. Техничките зафати врз гасоводот беа неопходни оттаму што првично системот беше изведен исклучиво за пренос на гас од Германија кон Франција, што наложи модификација на инсталацијата. Техничкото приспособување на системот за пренос на гас во двете насоки беше иницирано по драстичното намалување на испораките руски гас за Европа. Според договорот меѓу двете земји, за испорачаниот гас Франција од Германија ќе добива електрична енергија за време на критичните зимски месеци. Дури 30 од 56-те нуклеарни реактори во Франција се исклучени поради одржување, голем дел од нив со критични знаци на истрошеност и оштетувања настанати од корозија. Тоа предизвика значајни проблеми во електроснабдувањето во земјата чиј електросистем во голема мера зависи токму од производството струја во нуклеарните централи. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера најави дека наредните неколку седмици повторно ќе бидат оперативни 40 реактори, 46 до крајот на јануари. Меѓутоа, таквите планови може да ги пореметат штрајковите на вработените во нуклеарните централи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-pochna-so-isporakite-na-priroden-gas-za-germanija/feed/ 0
Русија ги обвинува ЕУ, Полска, Украина и санкциите за намалената испорака на гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-obvinuva-eu-polska-ukraina-i-sankciite-za-namalenata-isporaka-na-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-obvinuva-eu-polska-ukraina-i-sankciite-za-namalenata-isporaka-na-gas/#respond Thu, 11 Aug 2022 14:03:38 +0000 https://kurir.mk/?p=717180

Испораките на рускиот гас до Европската Унија (ЕУ) се значително намалени, но, тоа не е последица на дејствувањето на Русија, туку на антируските санкции и потезите на Полска и Украина, се наведува во денешното соопштение на руската Амбасада во Берлин, јавија руски медиуми. „Снабдувањето на ЕУ со руски гас е значително намалено, но, тоа не е предизвикано со дејствувањето на Русија, туку последица е на антируските санкции“, пишува во соопштението на руската дипломатска мисија во Германија. Според Амбасадата, Полска ги запрела испораките низ гасоводот Јамал – Европа, а Украина го намалила транзитот низ нејзината територија. Во соопштението се додава дека „сертификацијата на гасоводот Северен тек 2, што е целосно подготвен за работа и ги помина сите потребни технички проверки, запрена е од германска страна поради политички причини“. „Гасоводот Северен тек 1 работи со 20 отсто од својот капацитет, бидејќи од шест Сименс турбини (пет во функција и една во готовност) на пумпната станица за гас Портоваја, моментално работи само една. На останатите им е потребно планирано одржување и поправка или не се во функција. Сименс енерџи добро е запознаен со оваа ситуација“, тврдат од Амбасадата. Северен тек 1, главната рута за снабдување со гас од Русија до Европа, работи со ограничувања од средината на јуни. Од крајот на јули работи со само 20 отсто од своите речиси 170 милиони кубни метри пропусен капацитет дневно. Руската страна повеќепати нагласуваше оти испораката е ограничена исклучиво поради санкциите, што предизвикаа проблеми со одржување и поправка на гасните турбини на Сименс. Европската Унија тврди дека Русите манипулираат со испораките како дел од политички и економски притисоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-obvinuva-eu-polska-ukraina-i-sankciite-za-namalenata-isporaka-na-gas/feed/ 0
Ле Мер: Русија најверојатно целосно ќе ја прекине испораката на гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-rusija-najverojatno-celosno-kje-ja-prekine-isporakata-na-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-rusija-najverojatno-celosno-kje-ja-prekine-isporakata-na-gas/#respond Sun, 10 Jul 2022 16:39:57 +0000 https://kurir.mk/?p=702922

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер предупреди дека најверојатно сценарио е целосен прекин на испораката на руски гас. Тој говорејќи на Конференцијата за бизнис и економија истакна дека Франција мора да се подготви за целосен прекин на рускиот гас. – Тоа, барем како што сега стојат работите, е најверојатното сценарио, истакна Ле Мер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-rusija-najverojatno-celosno-kje-ja-prekine-isporakata-na-gas/feed/ 0
Русија денеска ја запре испораката на гас за Финска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/rusija-deneska-ja-zapre-isporakata-na-gas-za-finska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/rusija-deneska-ja-zapre-isporakata-na-gas-za-finska/#respond Sat, 21 May 2022 08:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=679802

Од денеска прекинаа испораките на рускиот природен гас за Финска, соопшти финската државна енергетска компанија „Гасум“, откако скандинавската земја одби гасот да му го плаќа на „Газпром“ во рубљи. - Испораките на природен гас за Финска според договорот за снабдување се прекинати, се наведува во соопштението на „Гасум“. Оттаму додаваат дека место тоа, природниот гас ќе се снабдува од други извори преку гасоводот „Balticconnector“, што ја поврзува Финска со Естонија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/rusija-deneska-ja-zapre-isporakata-na-gas-za-finska/feed/ 0
Столтенберг и вети на Украина дека ќе добие испорака на тешко оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-i-veti-na-ukraina-deka-kje-dobie-isporaka-na-teshko-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-i-veti-na-ukraina-deka-kje-dobie-isporaka-na-teshko-oruzje/#respond Thu, 07 Apr 2022 08:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=659548

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека Алијансата не смее да прави разлика меѓу снабдувањето со одбранбено и офанзивно оружје за Украина и му вети на Кулеба дека ќе разговара за испорака на тешко оружје за НАТО. Генералниот секретар на НАТО ја даде изјавата на денешната средба со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба. – Украина води одбранбена војна, така што нема разлика меѓу снабдувањето со одбранбено и офанзивно оружје, рече тој по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата, нагласувајќи дека ќе разговара со министрите за набавка на различно оружје, вклучително и тешко оружје. – Земјите на НАТО веќе обучија десетици илјади украински војници. На нашиот состанок ќе ја разгледаме потребата од дополнително противтенковско и противвоздушно оружје, лесно и тешко оружје и многу различни начини за поддршка на Украина, рече Столтенберг. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-i-veti-na-ukraina-deka-kje-dobie-isporaka-na-teshko-oruzje/feed/ 0
Кина: За речиси цела една третина намалена е испораката на телефони во февруари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-za-rechisi-cela-edna-tretina-namalena-e-isporakata-na-telefoni-vo-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-za-rechisi-cela-edna-tretina-namalena-e-isporakata-na-telefoni-vo-fevruari/#respond Mon, 21 Mar 2022 15:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=650774

Испораките на паметни телефони во Кина се намалија за речиси една третина во февруари, соопшти денеска Кинеската академија за информации и комуникации (CAICT). Минатиот месец биле испорачани 14,5 милиони мобилни телефони, што е за 31,8 отсто помалку од истиот месец лани. Во споредба со јануари, нивниот број според CAICT е над двојно помал. Производителите на мобилни апарати моментално се соочуваат со големи проблеми во производството поради недостигот на компјутерски чипови во светот. Недостигот особено тешко ги погоди автомобилските компании, поради погрешните проценки на побарувачката, неочекуваното затворање на фабриките и тензиите во односите меѓу САД и Кина. Проблемите, во меѓувреме, ескалираа и зафатија широка палета на чипови и разни видови електронски уреди, вклучително и мобилни телефони. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-za-rechisi-cela-edna-tretina-namalena-e-isporakata-na-telefoni-vo-fevruari/feed/ 0
Гаспром редовно испорачува гас преку Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-redovno-isporachuva-gas-preku-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-redovno-isporachuva-gas-preku-ukraina/#respond Fri, 04 Mar 2022 12:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=640931

Руската компанија „Гаспром“ редовно испорачува гас во транзит низ Украина, кој заклучно со 4 март изнесува 109,5 милиони кубни метри“, соопштија од компанијата. Договорните обврски на „Гаспром“ за транзит низ Украина во 2022 година ќе достигнат 40 милијарди кубни метри или околу 109,6 милиони кубни метри дневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-redovno-isporachuva-gas-preku-ukraina/feed/ 0
„АстраЗенека“ до крајот на март може да ги испорача првите вакцини за ЕУ од фабриката во Холандија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astrazeneka-do-krajot-na-mart-moze-da-gi-isporacha-prvite-vakcini-za-eu-od-fabrikata-vo-holandija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astrazeneka-do-krajot-na-mart-moze-da-gi-isporacha-prvite-vakcini-za-eu-od-fabrikata-vo-holandija/#respond Thu, 25 Mar 2021 08:23:54 +0000 https://kurir.mk/?p=487447

Еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес, потврди дека компанијата „АстраЗенека“ поднела барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) за одобрување на вакцините од нејзината фабрика во Холандија. Британските медиуми пренесуваат дека Киријакидес потенцирала дека одобрувањето на ЕМА, на кое се работи по забрзана постапка, доколку се оди според планот, може да овозможи првите испораки на вакцините од холандската фабрика на „АстраЗенека“ во ЕУ да пристигнат до крајот на овој месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astrazeneka-do-krajot-na-mart-moze-da-gi-isporacha-prvite-vakcini-za-eu-od-fabrikata-vo-holandija/feed/ 0
„Модерна“ ја откажа испораката на вакцини во Полска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moderna-ja-otkaza-isporakata-na-vakcini-vo-polska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moderna-ja-otkaza-isporakata-na-vakcini-vo-polska/#respond Mon, 25 Jan 2021 12:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=459567

Компанијата „Модерна“ ја откажа испораката на вакцини против коронавирус во Полска закажана за утре, изјави денеска советникот на полскиот премиер Михаш Дворчик, додавајќи дека испораката може да пристигне најрано за време на викендот. – За жал, утрешната достава на вакцините на „Модерна“ е откажана. Ќе го смениме распоредот за вакцинирање доколку е потребно, рече Дворчик на прес-конференција. Полска доби вакцини против коронавирус како дел од шемата за набавки на Европската унија. Според локалните медиуми, таа нарачала вакцини и надвор од договорот со ЕУ. Полска досега вакцинираше над 700.000 лица, претежно медицински работници и стари лица. Варшава планира да вакцинира три милиони луѓе во првиот квартал на 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moderna-ja-otkaza-isporakata-na-vakcini-vo-polska/feed/ 0
Амазон купи 11 авиони за да ги забрза испораките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazon-kupi-11-avioni-za-da-gi-zabrza-isporakite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazon-kupi-11-avioni-za-da-gi-zabrza-isporakite/#respond Tue, 05 Jan 2021 17:04:48 +0000 https://kurir.mk/?p=452241

Американската онлајн компанија „Амазон“ денеска соопшти дека купила 11 авиони Боинг 767-300, со цел да ја зајакне можноста за брза испорака на стоки и да одговори на растот на нарачките преку Интернет. Авионите, од кои седум се купени од „Делта ер лајнс“ и четири од „Вест џет ерлајнс“, ќе се приклучат на карго воздушната флота на „Амазон“ до 2022 година, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата. Во јуни, „Амазон“ изнајми 12 товарни авиони Боинг 767-300 од Групата за услуги за воздушен транспорт, со што вкупната флота се искачи на повеќе од 80 авиони. – Комбинацијата на изнајмени авиони и оние што ги поседуваме во нашата растечка флота ни овозможува подобро да управуваме со нашиот бизнис, рече Сара Роудс, потпретседател на „Амазон глобал ера“. Компанијата во октомври соопшти дека веројатно ќе продолжи со зголемувањето на трошоците за инфраструктура за испорака на стоки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazon-kupi-11-avioni-za-da-gi-zabrza-isporakite/feed/ 0