исповед – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 09:16:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png исповед – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Исповед на Израелка која била киднапирана со две деца од Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ispoved-na-izraelka-koja-bila-kidnapirana-so-dve-detsa-od-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ispoved-na-izraelka-koja-bila-kidnapirana-so-dve-detsa-od-hamas/#respond Tue, 10 Oct 2023 09:16:47 +0000 https://kurir.mk/?p=887349

Израелка со две мали деца, за среќа, ја избегнала најтешката судбија, а приказната за киднапирањето ја раскажала за Си-Ен-Ен. Израелката Авитал Алајем и нејзиниот сосед се сокриле во плакарот во саботата кога осум милитанти на Хамас ја бомбардирале вратата од нивната зграда и почнале да пукаат. Нејзиниот сосед бил убиен во нападот, а таа и двете преживеани деца на нејзината пријателка која се уште е исчезната, биле однесени од вооружени мажи. -Запалија се што можеа, автомобили, сè. Скршиле се. Сè е уништено, изјави Алајем за Си-Ен-Ен. Додека нејзината населба горела, милитантите ја влечеле повредена кон Газа, помалото од двете деца е бебе, додека постарото момче има само четири години. -Само си повторував дека можеби некои жени таму ќе се грижат за нас, можеби ќе бидат малку похумани кон нас, рече таа. Алајем рече дека од причини што не ги разбира, милитантите ја пуштиле неа и двете деца откако преминале во Газа. -Не знам зошто ги спасија животите на децата и мене. Само ми рекоа да одам. И тогаш почнавме назад. Видов тенкови и слушнав многу бомби. Само продолживме, рече Алајем. Жената морала да ползи назад до својот дом бидејќи шрапнели и го повредиле стапалото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ispoved-na-izraelka-koja-bila-kidnapirana-so-dve-detsa-od-hamas/feed/ 0
ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: „Енормни трауми – мајка ми почина на Онкологија, ги прашувавме дали ѝ ставаат лек“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresna-ispoved-enormni-traumi-majka-mi-pochina-na-onkologija-gi-prashuvavme-dali-stavaat-lek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresna-ispoved-enormni-traumi-majka-mi-pochina-na-onkologija-gi-prashuvavme-dali-stavaat-lek/#respond Sun, 03 Sep 2023 09:58:35 +0000 https://kurir.mk/?p=873989

Не стивнуваат реакциите од семејства чии блиски починале од карцином на Клиниката за онкологија. -Мојата мајка, 62 години, почина неодамна од рак. Сомнежот се роди кога после четвртата примена “хемотерапија“,  не и падна косата, што е еден од главните симптоми на примање хемо, оносно дека „лекот работи“, е дел од исповедта на еден профил на фејсбук, кој говори за своето горко искуство. Тој објави фотографија за која вели дека е направена денот кога во него се родил сомнеж. -Постојано ги прашувавме дали е ставен лек, затоа што не видовме вбризгување на хемото, туку само шкрабање со фломастер дека е ставен... Резултатот беше фатален кој не би го посакал ни на најголемиот непријател. Енормни трауми за болниот и блиските околу него, пишува човекот чија мајка починала на Онкологија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresna-ispoved-enormni-traumi-majka-mi-pochina-na-onkologija-gi-prashuvavme-dali-stavaat-lek/feed/ 0
Преживеани патници раскажуваат за ужасот: Превртување, пожар, паника, првите 10 секунди беа кошмар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prezhiveani-patnitsi-raskazhuvaat-za-uzhasot-prevrtuvane-pozhar-panika-prvite-10-sekundi-bea-koshmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prezhiveani-patnitsi-raskazhuvaat-za-uzhasot-prevrtuvane-pozhar-panika-prvite-10-sekundi-bea-koshmar/#respond Wed, 01 Mar 2023 07:20:49 +0000 https://kurir.mk/?p=806400

Патниците кои ја преживеаја тешка железничка несреќа во близина на грчкиот град Лариса, за медиумите изјавиле дека слушнале силен удар, а потоа вагоните почнале да се превртуваат. Како што рекоа, околу нив имало пламени јазици од сите страни, а некои се спасиле скокајќи од вагонот од голема височина. -Слушнавме силен тресок. Следните 10 секунди беа пекол. Се превртувавме во вагонот додека композицијата конечно не застана и тогаш паднавме. Потоа следуваше паниката. Кабли, пожар... Пожарот започна веднаш. Додека се превртувавме, горевме. Пожарот беше лево и десно“, изјави за Ројтерс Стергиос Миненис, кој ја преживеа несреќата. Друг патник вели дека првите 10 до 15 секунди по несреќата биле хаос. И тој ја наведува истата ужасна ситуација – превртување, пожар, закачени кабли, скршени прозорци, заробени луѓе кои врескаат... Снимките направени веднаш по судирот покажуваат густ чад кој извира од превртените вагони. Најмалку еден беше целосно смачкан. На местото на настанот излегле околу 150 пожарникари и 40 екипи за итна помош. Спасувачите соопштија дека поради сериозноста на судирот условите за спасување биле многу тешки. -Никогаш во животот не сум видел вакво нешто. Тоа е трагедија. Пет часа по судирот, сè уште наоѓаме тела, изјави за AFP исцрпен спасувач кој излегол од возот. Според последните податоци, најмалку 32 лица загинаа, а 85 се повредени во сударот на брз патнички и товарен воз во близина на градот Лариса. Возот сообраќал на линијата Атина-Солун, а причината за несреќата засега не е позната.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prezhiveani-patnitsi-raskazhuvaat-za-uzhasot-prevrtuvane-pozhar-panika-prvite-10-sekundi-bea-koshmar/feed/ 0
Исповед на синот на Марина Туцаковиќ од која ќе ви замрзне крвта: Виновен сум за смртта на мајка ми, поради мене се разболе но тоа не е мојата најголема казна! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ispoved-na-sinot-na-marina-tucakovikj-od-koja-kje-vi-zamrzne-krvta-vinoven-sum-za-smrtta-na-majka-mi-poradi-mene-se-razbole-no-toa-ne-e-mojata-najgolema-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ispoved-na-sinot-na-marina-tucakovikj-od-koja-kje-vi-zamrzne-krvta-vinoven-sum-za-smrtta-na-majka-mi-poradi-mene-se-razbole-no-toa-ne-e-mojata-najgolema-kazna/#respond Sun, 30 Oct 2022 13:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=752694

Помина една година откако Марина Туцаковиќ не напушти. Легендарната кантавторка ја загуби долгогодишната битка со ракот, оставајќи ги зад себе синот Лаќа, сопругот Александар Радуловиќ Фута и бројни хитови напишани од нејзина рака. Милан Радуловиќ Лаќа не се помирува со фактот дека неговата мајка повеќе не е жива, а во својата исповед откри бројни непознати детали од нивниот живот. -Пред да станат Марина и Фута, мама и тато живееја во кујната од станот на Кнеза од Семберија 10, чиј сопственик беше татко на најдобрата другарка на мама. Како дел од тој кујнски простор, имаше тешка дрвена трпезариска маса, фрижидер, тоалет и скали што водеа до „галеријата“, скривалиштето на моите родители, каде што имаше душек и вредни предмети кои се чуваа високо подалеку од дофат на децата, започна синот на Марина Туцаковиќ. Покрај Милан, Марина и Фута добија уште еден син, Милош, кој прерано почина во 2008 година. По неговата смрт, Туцаковиќ го напиша можеби најголемиот хит на Ана Николиќ „Мишо мој“ и го посвети на нејзиниот син. - Во тој простор од 15 квадрати првпат е зачнат Милош. Иако планиран, неговиот живот не бил загарантиран. Уште како бебе ја чувствуваше борбата. Лекарите за чудо го спасиле по три операции на врзани црева, раскажува за „Ало“ и додава: - Кога мама дознала дека е во друга состојба со мене, сакала да абортира. Во нејзиното срце немаше место за уште една можна траума, а во кујната немаше доволно простор за уште едно бебе. Вујко Бата, мојот пра-вујко кого мајка ми го обожаваше и кој и ги овозможи сите тие скапи патувања бидејќи беше единствениот богат член во семејството, беше многу болен кога излезе од затвор. Ја убеди мајка ми да ме роди на крајот, тврдејќи дека детето ќе биде гениј и дека никогаш нема да зажали. Баба, секогаш рационална и реална, беше на страната на мама - знаеше дека нема да биде лесно да издржуваш уште едно дете, но како можеш да одолееш на барањето на маж кој умира? Така бев осуден на живот. Синот на Марина Туцаковиќ се обвинува себеси за смртта на мајка му, бидејќи како што самиот вели во својот афект, таа самата му го кажала тоа. Поради начинот на кој живеел и предизвикал бројни главоболки на мајка и, сега се кае, а како што самиот вели, тоа не му е најголемата казна. - „Поради тебе, завршив овде“, емотивно ми рече мајка ми едно попладне на Институтот за онкологија, неколку дена откако и ја извадија дојката, истата онаа што хранеше две суштества кои уште во утробата спротивставени на животот, две суштества од кои едното повеќе не е меѓу живите, а другото за чудо се извлекло. И таа беше во право. Таа скапо ја плати цената на нашите животи. И дури тогаш, свесен дека е во поодмината фаза на рак, ветив дека ќе направам се што е во моја моќ да ја извлечам жива од клиниката, дури и кога прогнозата ја осудува на сигурна смрт. -Кога по вторпат беше примена на онкологија, веднаш по терапијата во Германија, на пациентката Марина Туцаковиќ и беше дијагностицирана прогресија на болеста - хипоксија, дезориентација, нови изливи на белите дробови... Состојба - критична. По неколку дена е отпуштена од болницата. Лекарите и дадоа десет дена. Ракот избезумено почнал да и ги јаде белите дробови. Не охрабрија да не губиме надеж, дека секој ден е награда. Исто така, не советуваа да не и откриваме дека има промени во белите дробови. Малкуто време што го има повеќе би сакал да го помине со своите најблиски, а ако дознае дека состојбата и е неизлечива, само ќе се онесвести и ќе умре. Јас сум убиецот на мајка ми. Покрај татко ми, брат ми, естрадата, лажните пријатели, лекари и други соучесници. Ракот е само коморбидитет. Она што убива е безусловната љубов. „Да не беше ти, немаше ни да се разболам...“ Нема ни грам манипулација. Само живот. Јас сум убиецот на мајка ми и мојата казна нема да биде нејзината смрт. Мојата казна ќе биде да се борам до тој последен момент, до последната малигна клетка, се додека има насмевка на лицето, се додека има причина да живее поради љубовта што ја користев да ја убијам со ракот што ја убил. Иако лекарите во тој момент и предвидувале уште десет дена живот, со добра терапија и здрав начин на живот, Марина живеела уште неколку години со здравствени флуктуации. Токму кога сите помислија дека ја победила својата жестока ривалка, наидоа лоши вести, Туцаковиќ почина, а јавноста остана да тагува за безвременската текстописец и жена змеј што беше таа.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ispoved-na-sinot-na-marina-tucakovikj-od-koja-kje-vi-zamrzne-krvta-vinoven-sum-za-smrtta-na-majka-mi-poradi-mene-se-razbole-no-toa-ne-e-mojata-najgolema-kazna/feed/ 0
Исповед на 30 годишниот Иван – во вода влегол да ги спаси другарите, а до детаљ ги раскажа и поминатите 20 часа на отворено море https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispoved-na-30-godishniot-ivan-vo-voda-vlegol-da-gi-spasi-drugarite-a-do-detalj-gi-raskaza-i-pominatite-20-chasa-na-otvoreno-more/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispoved-na-30-godishniot-ivan-vo-voda-vlegol-da-gi-spasi-drugarite-a-do-detalj-gi-raskaza-i-pominatite-20-chasa-na-otvoreno-more/#respond Mon, 11 Jul 2022 07:55:58 +0000 https://kurir.mk/?p=703104

Тоа што го доживеа на Халкидики потсетува на филм. 30-годишниот Иван пливал цели 20 часа и се држел за топка која случајно ја нашол во морето. 24 часа по спасувањето, тој опишува моменти кои ќе ги памети цел живот… Она што го доживеа на Халкидики додека не заврши неговото драматично спасување од морето ќе го памети засекогаш. 30-годишниот Иван, кој се нурнал за да ги спаси своите двајца пријатели, струите го однеле и се упатил кон Пелион. За негова среќа пронашол топка која, како што вели за newsit.gr, не била добро надуена. Но, таа беше спас за него, бидејќи можеше да го задржи и да земе здив. Без неа работите би биле уште потешки. Авантурата на тројцата млади момчиња од Северна Македонија на Халкидики ја шокираше цела Грција. Крајбрежната стража и волонтерски спасувачки тимови дадоа се од себе и двајцата беа пронајдени живи. Потрагата продолжува за пронаоѓање на третото лице. Спасувањето на 30-годишниот Иван вчера, недела 10.07.2022 година, на Халкидики, ги исполни со радост и неговото семејство кое беше во областа да учествува во потрагата, но и спасувачите кои му пријдоа и го извлекоа жив од морето. Добрата физичка кондиција и топката која ја нашол пред себе во морето биле она што го одржало во живот. По спасувањето, 30-годишникот е пренесен за прва помош во Здравствениот дом Касандра на Халкидики, а оттаму во болницата Папаниколау во Солун, каде што е и денеска. 30-годишниот Иван, кој е крајно загрижен за судбината на својот трет пријател, зборува за newsit.gr и ги опишува тешките моменти кои ги поминал сите тие часови во морето: – Мојата авантура буквално никогаш не заврши. Мачењето од брановите сè уште се гледа на моето тело, кое само полека пропаѓа од макотрпниот напор што го вложив со мускулите да се задржам. Бескрајното количество солена вода што го испив во морето и дехидрацијата што ја претрпев многу ми отежнуваат. Но, тука е и психолошкиот фактор во целото ова, што всушност е полошо, затоа и не размислувам толку за болката и сето тоа. Првиот повик за помош беше во 16:13 кога влегов во вода и се обидував да му помогнам на мојот пријател да се смири. – Ме најдоа следниот ден веднаш по 12.00 часот. Во морето бев околу 20 часа. Толку часови вознемиреност за мене и моите пријатели. И во исто време се обидувам да се спасам. Топката што ја најдов беше полунадуена и едвај се држев за неа со рака и останав на површината. – Сигурно ми помогна тоа што ја најдов топката, но она што навистина ми го спаси животот беа спасувачките тимови и од се срце им благодарам, заклучува 30-годишникот во сведоштво за newsit.gr. Потрагата за спасување на 28-годишникот продолжува и денеска на море и на копно и ѝ помагаат два брода на крајбрежната стража, хеликоптер на воздухопловните сили од воздух, како и спасувачи доброволци од OFKATH и Грчкиот спасувачки тим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispoved-na-30-godishniot-ivan-vo-voda-vlegol-da-gi-spasi-drugarite-a-do-detalj-gi-raskaza-i-pominatite-20-chasa-na-otvoreno-more/feed/ 0
Болна исповед на петкратен олимписки шампион: Тренерот ме злоставуваше кога имав 13 години https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bolna-ispoved-na-petkraten-olimpiski-shampion-trenerot-me-zlostavuvashe-koga-imav-13-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bolna-ispoved-na-petkraten-olimpiski-shampion-trenerot-me-zlostavuvashe-koga-imav-13-godini/#respond Tue, 19 Apr 2022 10:54:07 +0000 https://kurir.mk/?p=665294

Еден од најдобрите британски спортисти во историјата и петкратен олимписки првак во велосипедизам, Бредли Вигинс со јавноста сподели шокантна исповед. Спортистот призна јавно дека бил жртва на сексуално злостовување кога имал 13 години откривајќи дека повеќе пати бил злоставуван од тренерот. Велосипедистот на кого британската кралица Елизабета Втора во 2013 година му ја додели витешката титула за високи достигнувања, истакнал дека долго молчел за злоставувањето бидејќи не смеел да му признае на семејството поради тешкиот однос кој го имал со својот татко. Вигинс има освоено вкупно осум олимписки медали меѓу кои пет златни, како и седум светски титули. Во интервју за мајскиот број на магазинот „Men's Health“ изјавил дека никогаш во целост не се помирил со злоставувањето. -Кога бев млад, имав околу 13 години ме злоставуваше тренерот и тоа никогаш целосно не го прифатив, изјавил Вигинс. На прашањето дали денес може да разговара за болниот период, одговара потврдно. -Се тоа влијаепе на мене како возрасна личност. Само случувањата ги закопав длабоко во себе. Мојот очув беше многу насилен кон мене, открива спортистот. Имал тешко детство и страдал од депресија. Голем дел од животот го поминал во обид да го разбере односот со својот татко, кој го напуштил семејството додека Бредли бил се уште мал, а починал во 2008 година по кавга на семејна забава. -Беше мој херој. Сакав да му се докажам. Беше добар велосипедист, можеше да биде многу добар. Беше алкохоличар, манично депресивен, прилично насилен и уживаше во многу амфетамини и спортска дрога во тоа време, открива тој. Вигинс сега работи како професионален коментатор]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bolna-ispoved-na-petkraten-olimpiski-shampion-trenerot-me-zlostavuvashe-koga-imav-13-godini/feed/ 0
Брачен пар го опиша ужасот во Мариупол: Градот е избришан од мапа, пукаа на луѓе кои чекаа ред за вода https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brachen-par-go-opisha-uzasot-vo-mariupol-gradot-e-izbrishan-od-mapa-pukaa-na-lugje-koi-chekaa-red-za-voda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brachen-par-go-opisha-uzasot-vo-mariupol-gradot-e-izbrishan-od-mapa-pukaa-na-lugje-koi-chekaa-red-za-voda/#respond Tue, 22 Mar 2022 09:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=651123

Дмитро и Тања Швец поминале 23 дена криејќи се во подрум во Мариупол заедно со својата седум годишна ќерка Влада и родителите. Семејството успеало да избега од Мариупол минатата недела, но нивните родителите останале таму. Избегале на Днипро на североистокот од Украина, а во разговор за Си-Ен-Ен Тања вели дека руското бомбардирање практично го избришало Мариупол од мапата, а прашање на време е кога останатите украинските градови ќе се соочат со иста судбина. -Таму нема веќе град. Градот Мариупол повеќе не постои. Не постои ниту една станбена зграда која не е оштетена или срушена. Во градот останаа само 10 проценти од луѓето. Само пензионерите кои немаат пари или немаат автомобил па не можат да побегнат и оние кои не можат да одат, вели Тања за Си-Ен-Ен. „Во градот повеќе нема ништо“ -Не сме избањале три недели. Физиолошките потреби ги вршевме во вреќа или канта, напишала Тања во својот дневник кој го водела во скривницата. Делови од него им ги покажала на Си-Ен-Ен. Семејството ретко го напуштало подрумот - излегувале само за да најдат вода и храна. Во една прилика излегле за да помогнат да се закопаат соседите кои руската артелирија ги убила додека чекале ред за храна. -Проблемот е што во градот нема ништо. Нема сигнал за мобилен, нема интернет. Се е отсечено, плин, вода, струја, истакнал Дмитро за Си-Ен-Ен. Црните шеги станале реалност За време на првите денови од војната, Дмитро и Тања се обидувале да гледаат колку може позитивно. Во еден момент се шегувале дека доколку дојде до недостиг на храна секогаш можат да јадат гулаби. -На почетокот беше шега, на пример „оо, може ќе треба да убиеме гулаб за да јадеме. Но, по извесно време шегата стана реалност и наше секојдневие. Успеавме да фатиме неколку гулаби коои го прежиевале нападот на Русија, вели Дмитро за Си-Ен-Ен. Стравува дека родителите негови и на сопругата ќе прегладнат. -Не знам како ќе преживеат бидејќи повеќе нема храна. Татко ми ми кажа дека немаат храна. Можеби, уште за една недела. Максимум. Не знам дали ќе ги видам или слушнам родителите повторно. Не знам, вели тој додавајќи дека живеат од ден за ден. „Пукаа на цивили кои чекаа во ред за вода“ -Готвевме на отворен оган. Дрва собиравме по парковите бидејќи немавме друга опција за преживување. Делевме храна со соседите и роднините, вели Дмитро. Парот истакнал дека било неверојатно чувството што Русите намерно целеле цивилни групи кои чекале во ред за храна, вода или лекови. -Само нѐ убиваа. Ако бевме собрани да најдеме вода, пукаа кон нас, открива Тања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brachen-par-go-opisha-uzasot-vo-mariupol-gradot-e-izbrishan-od-mapa-pukaa-na-lugje-koi-chekaa-red-za-voda/feed/ 0
БИЗАРНА ИСПОВЕД: Девојката која ја сметала за сестра е нејзина мајка, а родителите се всушност нејзините баба и дедо?! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bizarna-ispoved-devojkata-koja-ja-smetala-za-sestra-e-nejzina-majka-a-roditelite-se-vsushnost-nejzinite-baba-i-dedo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bizarna-ispoved-devojkata-koja-ja-smetala-za-sestra-e-nejzina-majka-a-roditelite-se-vsushnost-nejzinite-baba-i-dedo/#respond Mon, 01 Mar 2021 13:16:35 +0000 https://kurir.mk/?p=475505

Нејзината приказна е толку неверојатна што дефинитивно ќе бидете збунети! Додека го читате признанието на оваа девојка, ќе бидете запрепастени, малку бесни и зачудени што некој можел да и дозволи да помине половина од својот живот во една морбидна лажна реалност! Невообичаен сплет на околности во кои се најде семејството на девојчето Керол Лу, влијаеше на тоа целиот живот да има заблуда за нејзиното потекло, па токму затоа реши да ја сподели својата животна приказна на социјалните мрежи. Таа сними неколку видеа на ТикТок во кои откри дека девојчето за кое цел живот ја сметала за постара сестра е всушност нејзината мајка, додека нејзините родители се баба и дедо. На неколку видеа што биле прегледани повеќе од 3 милиони пати, Лу раскажала како нејзините родители многу работеле во текот на нејзиното детство, па за неа се грижеле нејзините постари браќа и сестри, но претежно сестра која е 16 години постара од неа, пишува „Унилад“ . - Никогаш не сме биле богати, па кога сакав камера за мојот 13-ти роденден, моите родители ми рекоа дека ќе треба сама да ја заработам. Сестра ми го праша своето тогашно момче дали може да ми обезбеди работа на неговата фарма. Работев таму некое време, а потоа една вечер ми се јави, нејзиното, сега поранешно момче, и рече дека ќе ми открие една тајна што ќе ми го промени животот за 180 степени. Дури и пред да каже нешто, имав претчувство за тоа што тој ќе рече - мојата постара сестра е всушност мајка ми - рече Керол. Во продолжение таа објаснува како нејзиното семејство живеело во Полска во 90-тите години на минатиот век, тогаш екстремно конзервативна земја, па нејзината баба и дедо ја криеле бременоста на нивната ќерка тинејџерка, со цел да ја заштитат од осудата на општеството. Потоа, таа започна да поврзува некои работи од нејзиното детство што укажуваа дека оваа приказна е вистинита. - Еднаш имавме лекарски преглед на училиште, а мене ме водеше вистинската мајка, за мене се уште постара сестра. Моето име и презиме беа напишани на моите документи, а нејзините беа напишани под името на родители. Кога ја прашав зошто, таа рече дека веројатно имало грешка - додава девојчето. Керол решила некое време да го скрие знаењето од нејзините родители, бидејќи сакала да види колку долго таа ќе ја остави да живее во лага, но по неколку недели, таа и призна на својата сестра, односно нејзината мајка, дека знае сè. Иако таа тема, како што вели, сепак е чувствителна за семејството, тие одлучија да продолжат и да не дозволуваат тоа да влијае на нивната врска. Лу многу бргу по објавувањето ги избриша видеата од ТикТок, каде веќе не се достапни, а причината е непозната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bizarna-ispoved-devojkata-koja-ja-smetala-za-sestra-e-nejzina-majka-a-roditelite-se-vsushnost-nejzinite-baba-i-dedo/feed/ 0
Исповед на жртвата Ана за КУРИР: Се разочарав од полицијата и нивниот третман, еве каква казна би им одредила на креаторите на „Јавна соба“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispoved-na-zrtvata-ana-za-kurir-se-razocharav-od-policijata-i-nivniot-tretman-eve-kakva-kazna-bi-im-odredila-na-kreatorite-na-javna-soba-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispoved-na-zrtvata-ana-za-kurir-se-razocharav-od-policijata-i-nivniot-tretman-eve-kakva-kazna-bi-im-odredila-na-kreatorite-na-javna-soba-video/#respond Wed, 03 Feb 2021 14:32:49 +0000 https://kurir.mk/?p=463671

Никој не може да одговори како јас се најдов во „Јавна соба“, таму има многу девојки, така да ете некој мислел дека ете мене треба да ме стави таму и да ме објави мене и мојот телефонски број. За почеток на повиците не одговарав, а повиците беа „здраво како си“ и стартно не знае што се случува и од каде доаѓа тоа, ова во интервју за КУРИР го истакна Ана Колева која е една од жртвите кои овие денови гласно говореа за тоа што го доживуваат на сопствена кожа. -На лице место кога го добив одговорот од полицијата дека со тоа што јас сум полнолетна и дека нема закон за тоа видов дека не само јас, туку било која девојка која отишла да пријави истото ја снашло и беше тоа мотивот што ме натера да направам нешто и да издејствувам да се смени тоа и кога ќе се обратиме во институција да добиеме соодветна заштита и соодветна постапка, вели Колева. Таа додава дека на почеток се двоумела да го сними видеото, но потоа се одлучила на тој потег. Целото интервју за КУРИР погледнете го во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispoved-na-zrtvata-ana-za-kurir-se-razocharav-od-policijata-i-nivniot-tretman-eve-kakva-kazna-bi-im-odredila-na-kreatorite-na-javna-soba-video/feed/ 0
Вил Смит скршен од тага: Неговата сопруга Џејда Паркет Смит го изневерила со познат пејач! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vil-smit-skrshen-od-taga-negovata-sopruga-dzejda-parket-smit-go-izneverila-so-poznat-pejach-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vil-smit-skrshen-od-taga-negovata-sopruga-dzejda-parket-smit-go-izneverila-so-poznat-pejach-video/#respond Mon, 13 Jul 2020 12:07:27 +0000 https://kurir.mk/?p=375122

Џејда Пинкет-Смит откри дека додека поминувале низ лош период во бракот со Вил Смит, таа го изневерила со Огуст Алсина. Таа на своето Фејсбук шоу „Разговор на Црвена маса“ каде познатите откриваат најголеми тајни за својот приватен живот, ја откри најголемата тајна пред својот сопруг Вил Смит: „Ние бевме разделени, па морав да најдам утеха. Се вплеткав во врска со Огуст Алсина“. Џејда додаде исто така дека Огуст им бил близок пријател на двајцата и дека му помагале кога се борел со здравствени проблеми. „Ме привлекуваат луѓе на кои можам да им помогнам“, додаде Џејда. Џејда и Смит се во брак подолго време, а таа претходно беше во брак со раперот Тупак. Разговорот може да го слушнете тука: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vil-smit-skrshen-od-taga-negovata-sopruga-dzejda-parket-smit-go-izneverila-so-poznat-pejach-video/feed/ 0