испукани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Aug 2022 17:36:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png испукани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повеќе нема да имате проблем со испукани пети: Нега на стапала со сода бикарбона https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/povekje-nema-da-imate-problem-so-ispukani-peti-nega-na-stapala-so-soda-bikarbona/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/povekje-nema-da-imate-problem-so-ispukani-peti-nega-na-stapala-so-soda-bikarbona/#respond Tue, 23 Aug 2022 17:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=722860

Секоја жена сака нејзините стапала да изгледаат негувано и привлечно Кожата мора да биде хидрирана и мека, но најпрво треба да се ослободите од сите наслаги од мртви клетки на кожата. Навистина не е толку лесно да се одбегне проблемот со грубите пети, бидејќи кожата во тој дел е склона на задебелување. Кога станува збор за нега на стапала, пилингот дефинитивно е незаменлив ритуал, но и содата бикарбона како магична состојка. Ви откриваме како да направите пилинг за стапала со сода бикарбона за да имате мазна и нежна кожа. Овој пилинг ќе можете да го примените на целите стапало, односно на сите делови каде што ќе забележите задебелување, а особено ефикасен е за тврди и суви пети. Особено непријатно е кога петите се испукани, што значи дека освен пилинг, треба да ја зголемите и хидратацијата на кожата на стапалата за да го решите овој непријатен проблем. Па, еве како да направите свој пилинг за стапала. Содата бикарбона е одличен избор за оваа намена. Содата има антисептички својства, а во овој случај се меша со вода и има функција да ја намали нејзината тврдост, и што е особено важно – благотворно дејствува на кожата. Сè што ќе ви треба е 3 л вода и 5 супени лажици сода бикарбона. Загрејте ја водата за да биде врела и потоа сипете ја во леген и додајте сода. Промешајте малку, па потопете ги стапалата. Оставете ги да отстојат така 20 минути. Потоа, следува пилингот. Земете камен за пети или турпија, која не е премногу груба, намокрете ја, потопете ја во сода бикарбона, па со неа третирајте ги проблематичните делови. По третманот, нанесете хидратантен крем или вазелин на петите ако се многу испукани. Најдобро е да го правите ова навечер пред спиење. Слободно можете да го практикувате секојдневно во период од 7 дена, а потоа направете пауза една недела, по што ќе можете да ја применувате оваа нега на стапалата еднаш до два пати неделно. Резултатите ќе ги забележите многу брзо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/povekje-nema-da-imate-problem-so-ispukani-peti-nega-na-stapala-so-soda-bikarbona/feed/ 0