истамбул – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 07:20:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png истамбул – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турција: Уапсен уште еден осомничен за нападот во Истанбул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-uapsen-ushte-eden-osomnichen-za-napadot-vo-istanbul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-uapsen-ushte-eden-osomnichen-za-napadot-vo-istanbul/#respond Thu, 17 Nov 2022 07:20:18 +0000 https://kurir.mk/?p=762134

Турските безбедносни сили во Сирија лишија од слобода уште еден осомничен за терористичкиот напад во Истанбул, при што беа убиени шест лица, јави турскиот телевизиски канал „А Хабер“. Според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, ситуацијата во Истанбул се вратила во нормала по нападот. „Уште еден терорист, кој помогнал да се изврши нападот, е фатен во Азаз, на северниот дел од Сирија“, се наведува во извештајот на турските безбедносни сили. Претходно, турските власти соопштија дека се уапсени неколку десетици осомничени, како и Сиријка, која се сомничи дека ја поставила бомбата. Во експлозијата што се случи во неделата во центарот на Истанбул загинаа шестмина, а 81 лице се здобија со повреди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-uapsen-ushte-eden-osomnichen-za-napadot-vo-istanbul/feed/ 0
Турски сеизмолог предупредува на можен катастрофален земјотрес во Истанбул https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turski-seizmolog-predupreduva-na-mozen-katastrofalen-zemjotres-vo-istanbul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turski-seizmolog-predupreduva-na-mozen-katastrofalen-zemjotres-vo-istanbul/#respond Mon, 13 Jul 2020 14:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=375241

Разурнувачки земјотрес со јачина од над 7 степени по Рихтеровата скала во областа на Истанбул не е далечна перспектива, предупреди турскиот сеизмолог проф. Наџи Горјур во изјава за Си Ен Ен -Турк. Професорот предупредува дека, очекувањето на можен силен земјотрес во регионот на Марморното Море не е само претпоставка, туку научна реалност. – Земјината кора под Мраморното Море почна да пука, изјави научникот. Според Горјур, неодамнешната сеизмичка активност во Силиври, во округот Истанбул, може да е сигнал дека очекуваниот силен земјотрес во областа доаѓа дури и порано од очекуваното. – Последните два земјотреси во морето кај Силиври се случија на западниот крај на Кумбургз, за ​​кој очекуваме да пропадне, и ако тоа се случи, тоа би можело да предизвика земјотрес од најмалку 7,2 степени според Рихтеровата скала, рече тој. Според него, во зависност од уривањата кои евентуално силен земјотрес би ги предизвикал, бројот на жртви ќе биде најмалку 120 илјади. Професорот, исто така, предупреди дека под ризик од земјотрес е и Источна Анадолија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turski-seizmolog-predupreduva-na-mozen-katastrofalen-zemjotres-vo-istanbul/feed/ 0