Истанбулска конвенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Sep 2023 11:52:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Истанбулска конвенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истанбулската конвенција стапува во сила во ЕУ на 1 октомври https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istanbulskata-konventsija-stapuva-vo-sila-vo-eu-na-1-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istanbulskata-konventsija-stapuva-vo-sila-vo-eu-na-1-oktomvri/#respond Fri, 29 Sep 2023 11:52:00 +0000 https://kurir.mk/?p=883233

На 1 октомври Истанбулската конвенција ​​ќе стапи во сила за ЕУ, соопшти денеска Европската комисија. „Конвенцијата е сеопфатна правна рамка за заштита на жените од сите форми на насилство. Таа има за цел да го спречи и гони насилството врз жените и семејното насилство, како и да обезбеди сеопфатен и координиран пристап“, се наведува во соопштението. - Договорите што ги склучува ЕУ се обврзувачки за земјите од ЕУ и за европските институции, изјави портпаролот на Комисијата на прес-конференција во оваа прилика. Обврските според конвенцијата ќе се применуваат кога државите ќе преземат дејствија опфатени со европското законодавство, објасни тој. Портпаролот прецизираше дека документот го потпишале сите земји од ЕУ, а досега го ратификувале 21 земја. Тој додаде дека ЕК разговара со сите засегнати земји за прашањето за ратификација. Според него, разговорите го опфаќаат и предлогот на ЕК за криминализирање на насилството врз жените и другите родови напади во ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istanbulskata-konventsija-stapuva-vo-sila-vo-eu-na-1-oktomvri/feed/ 0
Протести во Турција по излегувањето на Акара од Истанбулската конвенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-turcija-po-izleguvanjeto-na-akara-od-istanbulskata-konvencija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-turcija-po-izleguvanjeto-na-akara-od-istanbulskata-konvencija/#respond Fri, 02 Jul 2021 05:52:19 +0000 https://kurir.mk/?p=530798

Илјадници луѓе, главно жени, протестираа вчера во Турција против излегувањето на нивната земја од Истанбулската конвенција, меѓународен договор за спречување на семејно насилство. Потегот веднаш беше осуден од ЕУ, САД и бројни групи за човекови права. Демонстрантите во центарот на Истанбул носеа транспаренти како што се: „Не се откажуваме од Истанбулската Конвенција. За нас не е готово“. Протести се одржаа во повеќе поголеми градови во Турција, меѓу кои Истанбул, Анкара и Измир. – Турција го врати времето 10 години наназад во однос на правата на жените, истакна генералната секретарка на Амнести Интернешнл Агнес Каламард, нарекувајќи ја одлуката на Турција „несовесна и опасна порака“ бидејќи насилниците може да избегнат казни. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави дека повлекувањето на Турција од конвенцијата е „длабоко разочарувачко“. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го најаву повлекувањето на Турција од конвенцијата во март, а одлуката официјално стапи во сила вчера. Турското раководство го објасни напуштањето на документот со тврдење дека тој бил киднапиран од оние кои сакале да ја „нормализираат хомосексуалноста“. Ердоган рече дека наводно некои во Турција сакаат погрешно да ја претстават одлуката како „чекор назад за државата“. – Нашата борба против насилството врз жените не започна со Истанбулската конвенција, ниту ќе заврши со нашето повлекување, вели турскиот претседател. Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, таканаречената Истанбулската конвенција, е документ усвоен во 2011 година и потпишан од страна на 45 земји и од Европската унија. Македонските власти, по шест години од потпишувањето, во 2018 година ја ратификуваа Конвенцијата, која се смета за клучен елемент во превенција на насилството врз жените преку постигнување на де јуре и де факто еднаквост меѓу мажите и жените. Станува збор за првиот правно обврзувачки и сеопфатен меѓународен механизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство. Конвенцијата обезбедува детална меѓународна правна рамка за поефикасно искоренување на семејното насилство и насилството врз жените. Ердоган ја донесе ваквата одлуката и покрај тоа што бројот на убиства на жени во Турција е зголемен во текот на изминатата деценија, а потегот предизвика лутина кај организациите за заштита на правата на жените, како и критики од ЕУ, Вашингтон и Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, потесетува Радио Слободна Европа. Минатата година 300 жени биле убиени во Турција од страна на нивните партнери или поранешни партнери, според Здружението за правата на жените „Да ставиме крај на убиството на жени“. Оваа година нема тренд на опаѓање, бидејќи досега биле убиени 189 жени, според податоците на здружението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-turcija-po-izleguvanjeto-na-akara-od-istanbulskata-konvencija/feed/ 0
СЕГА Е СЛУЖБЕНО: Турција се повлече од Истанбулската конвенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sega-e-sluzbeno-turcija-se-povleche-od-istanbulskata-konvencija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sega-e-sluzbeno-turcija-se-povleche-od-istanbulskata-konvencija/#respond Thu, 01 Jul 2021 12:06:10 +0000 https://kurir.mk/?p=530552

Турција денеска официјално се откажа од меѓународниот договор насочен кон борба против насилството врз жените, т.н. Истанбулската конвенција, што е одлука на претседателот Реџеп Таип Ердоган, која предизвика жестоки критики од домашната и меѓународната јавност. Во повеќе турски градови во текот на денов се предвидени протести поради повлекувањето од Истанбулската конвенција, кое го најави Ердоган во март, а стапи во сила синоќа на полноќ. Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, т.н. Истанбулската конвенција, е документ од 2011 година, потпишан од 45 земји и ЕУ. Станува збор за прв правно обврзувачки и сеопфатен меѓународен механизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство. Конвенцијата обезбедува нова и детална меѓународна правна рамка за поефикасно искоренување на семејното насилство и насилството врз жените. Одлуката на Ердоган да ја повлече својата земја од конвенцијата, иако бројот на убиства на жени во Турција се зголеми во текот на изминатата деценија, предизвика гнев кај организациите за заштита на правата на жените и критики од ЕУ, Вашингтон и Високиот комесаријат за човекови права на ОН. Турската Влада ја појасни својата одлука велејќи дека Истанбулската конвенција „ги поткопува семејните вредности“ и „сака да ја прикаже хомосексуалноста како нормална“, бидејќи повикува луѓето да не бидат дискриминирани врз основа на сексуална ориентација. За разлика од многу земји со мнозинство муслиманско население, хомосексуалноста не е забранета со закон во Турција, но хомофобијата е широко распространета. Аналитичарите ја толкуваат одлуката на Ердоган пред се како негова желба да собере конзервативно гласачко тело во контекст на економските проблеми со кои се соочува земјата. – Ова повлекување испраќа опасна порака до оние кои вршат насилство, осакатуваат или убиваат: им кажува дека можат да продолжат да го прават тоа со целосна неказнивост. Во однос на правата на жените, Турција се врати десет години наназад, изјави денеска шефицата на Амнести Интернешнл, Агнес Каламард. Минатата година 300 жени биле убиени во Турција од страна на нивните партнери или поранешни партнери, покажуваат податоците на Здружението за правата на жените „Да ставиме крај на убиството на жени“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sega-e-sluzbeno-turcija-se-povleche-od-istanbulskata-konvencija/feed/ 0
Турција се повлече од Истанбулската конвенција за заштита на жените од насилство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-se-povleche-od-istanbulskata-konvencija-za-zashtita-na-zenite-od-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-se-povleche-od-istanbulskata-konvencija-za-zashtita-na-zenite-od-nasilstvo/#respond Sat, 20 Mar 2021 14:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=485288

Турција се повлече од европскиот договор за заштита на жените од насилство која прва го потпиша пред десет години. Претседателот Реџеп Таип Ердоган утринава со указ ја поништи турската ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа, позната како Истанбуска конвенција. Активистите за права на жената сметаат дека оваа конвенција е пресудна во борбата против насилство во семејството. Групи за одбрана на човековите права наведуваат дека насилството и убиството на жени е во пораст во Турција. Турција беше првата држава која ја потпиша Конвенцијата во 2011 година. Законот стапи на сила во 2014 година. Во Истанбулската конвенција се наведува дека мажите и жените имаат еднакви права и се обврзуваат кон сопствената земја дека ќе превземат мерки за спречување на насилството над жените, ќе ги заштитат жртвите, а сторителите ќе бидат изведени пред суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-se-povleche-od-istanbulskata-konvencija-za-zashtita-na-zenite-od-nasilstvo/feed/ 0
ЕП ќе ги повика сите земји-членки на ЕУ да ја ратификуваат Истанбулската конвенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-kje-gi-povika-site-zemji-chlenki-na-eu-da-ja-ratifikuvaat-istanbulskata-konvencija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-kje-gi-povika-site-zemji-chlenki-na-eu-da-ja-ratifikuvaat-istanbulskata-konvencija/#respond Fri, 22 Nov 2019 11:33:06 +0000 https://kurir.mk/?p=267606

Европскиот парламент следната недела ќе ги повика сите земји-членки на Европска унија да ја ратификуваат Истанбулската конвенција, соопшти денеска ЕП. Европарламентарците в понеделник ќе дебатираат за Истанбулската конвенција, а на 28 ноември ќе гласаат за резолуција, со која ќе повикаат на итно ратификување на документот, како и за имплементација на сите неопходни законски и политички мерки за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата. Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството над жените и домашното насилство позната како Истанбулска конвенција, предвидува мерки за поддршка на жртвите и казни за сторителите. ЕУ ја потпиша Истанбулската конвенција на 13 јуни 2017 година, а седум земји-членки се уште не ја ратификувале – Бугарија, Велика Британија, Литванија, Летонија, Словачка, Унгарија и Чешка. В понеделник ќе биде одбележан Меѓународниот ден за спречување на насилството врз жените, а по тој повод зградата на ЕП во Стразбур ќе биде осветлена во портокалово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-kje-gi-povika-site-zemji-chlenki-na-eu-da-ja-ratifikuvaat-istanbulskata-konvencija/feed/ 0