источна европа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Apr 2022 17:59:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png источна европа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски: Русија е закана за Источна Европа и регионот на Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-rusija-e-zakana-za-istochna-evropa-i-regionot-na-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-rusija-e-zakana-za-istochna-evropa-i-regionot-na-crnoto-more/#respond Mon, 04 Apr 2022 17:59:41 +0000 https://kurir.mk/?p=658379

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара денеска од романските пратеници да го зајакнат притисокот со санкциите врз Русија, предупредувајќи дека таа претставува закана за цела Источна Европа и регионот на Црното Море. Обраќајќи се пред Парламентот во Букурешт преку видео врска, Зеленски истакна дека на Украина и е потребна дополнителна поддршка од странските сојузници, вклучително и оружје, за да им се спротивстави на руските сили. – Украина не е последната мета на руската агресија. Судбината на Источна Европа и регионот на Црното Море во моментов се решава во Украина, нагласи Зеленски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-rusija-e-zakana-za-istochna-evropa-i-regionot-na-crnoto-more/feed/ 0
НАТО во Источна Европа ќе распореди четири нови борбени групи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-vo-istochna-evropa-kje-rasporedi-chetiri-novi-borbeni-grupi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-vo-istochna-evropa-kje-rasporedi-chetiri-novi-borbeni-grupi/#respond Wed, 23 Mar 2022 13:59:52 +0000 https://kurir.mk/?p=652054

НАТО ќе распореди четири нови борбени групи низ Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка, соопшти денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како дел од одговорот на Алијансата на руската инвазија врз Украина, јави ДПА. НАТО веќе има борбени групи во Естонија, Летонија, Литванија и Полска. -Ова значи дека ќе имаме осум мултинационални борбени групи на НАТО долж источното крило од Балтикот до Црното Море, изјави Столтенберг пред вонредниот самит на НАТО закажан за утре. „Се соочуваме со нова реалност за нашата безбедност, така што ние мораме на подолг рок да ги ресетираме нашите можности за одвраќање и одбрана“, додаде Столтенберг. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-vo-istochna-evropa-kje-rasporedi-chetiri-novi-borbeni-grupi/feed/ 0
Бајден одобри дополнително распоредување американски војници во Источна Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-odobri-dopolnitelno-rasporeduvanje-amerikanski-vojnici-vo-istochna-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-odobri-dopolnitelno-rasporeduvanje-amerikanski-vojnici-vo-istochna-evropa/#respond Wed, 02 Feb 2022 18:47:14 +0000 https://kurir.mk/?p=626102

Американскиот претседател Џо Бајден формално одобри дополнително распоредување американски војници во Источна Европа, а Пентагон се очекува денеска да објави дека трупите ќе бидат распоредени „во следните денови“, изјавија американски официјални лица за Си-Ен-Ен. Според извештаите на американските медиуми, околу 2.000 војници ќе бидат испратени од Форт Брег, Северна Каролина во Полска и Германија, додека уште 1.000 кои веќе се во Германија ќе бидат преместени во Романија. Распоредувањето е знак на поддршка за сојузниците на НАТО кои се чувствуваат загрозени од воените потези на Русија во близина на Украина, велат американските власти. Според американски медиуми, Бајден наредил да бидат распоредени вкупно 3.000 војници за да им помогнат на европските сојузници, објави претходно Волстрит џурнал. Пентагон оваа недела навести за можно распоредување американски трупи. Војската на САД стави 8.500 војници на готовност минатата недела за да бидат подготвени да се распоредат во Европа доколку е потребно, за кусо време. Војниците ќе дејствуваат на билатерална основа со нивните земји домаќини, бидејќи НАТО сè уште нема активирано мултинационални сили за одговор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-odobri-dopolnitelno-rasporeduvanje-amerikanski-vojnici-vo-istochna-evropa/feed/ 0
Помпео најави турнеја низ Источна Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-najavi-turneja-niz-istochna-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-najavi-turneja-niz-istochna-evropa/#respond Thu, 06 Aug 2020 08:29:19 +0000 https://kurir.mk/?p=387011

Американскиот државен секретар Мајк Помпео најави дека ќе посети неколку европски земји. Турнејата ќе започне на 11 август и ќе ги опфати Полска, Чешка, Словенија и Австрија. – Ова ќе биде „многу важна и плодна турнеја“, вели Помпео. Како што пренесува Дојче веле, тој ги коментира и разговорите со Русија за стратешката стабилност. – Постигнавме напредок. Имавме две средби. Се надевам дека ќе се одржи уште една средба наскоро, додаде државниот секретар. Консултациите меѓу двете делегации, на кои се разговараше за прашања од меѓународната безбедност и контролата на оружјето, се одржаа од 27 до 30 јули во Виена. Во последните месеци американската војска се фокусираше на заштита на своите сателити од конкурентските земји. Антисателитското оружје на овие земји претставува закана за американската орбитална група. Вселенската команда неодамна соопшти дека има докази дека Русија тестирала вселенско ракетно оружје. Москва ги отфрли овие обвинувања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-najavi-turneja-niz-istochna-evropa/feed/ 0
Еспер: Во НАТО постои растечка подготвеност за заштита на Источна Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-vo-nato-postoi-rastechka-podgotvenost-za-zashtita-na-istochna-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-vo-nato-postoi-rastechka-podgotvenost-za-zashtita-na-istochna-evropa/#respond Tue, 05 May 2020 05:41:27 +0000 https://kurir.mk/?p=341671

Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, изрази уверување дека воената Алијанса НАТО е спремна да ги штити земјите од Источна Европа. Еспер синоќа имаше продлабочено излагање преку онлајн конференциска врска во Институт Брукингс, Вашингтон во кое говореше и за надворешните предизвици на САД во епоха на пандемија. Во НАТО постои растечка спремност да го заштити своето источно крило од потенцијална руска агресија. Министерот сепак не прецизираше дали ќе продолжат едни од најголемите воени вежби на северноатлантската Алијанса, „Defender 2020“. Вежбите се насочени во воениот театар на Источна Европа но беа прекинати откако САД запреа со испраќање војници и техника во март. Еспер истакна дека НАТО е силна Алијанса која го зголемува буџетот за одбрана. Приоритет е развој на програмата „Четири по триесет“, која предвидува преку Атлантикот во Европа да се префрлат 30 баталјони, 30 ескадрили и 30 воени бродови во тек на 30 денови. -Во изминатите неколку години набљудуваме зголемена спремност на НАТО. Сметам дека да се има таква спремност е позитивно, како од гледна точка на постоечкиот потенцијал, така и по способноста за распоредување на тој потенцијал, изјави Еспер. И покрај пандемијата на Ковид-19, САД внимателно ги следат потенцијалните надворешни предизвици, како оние кои доаѓаат од Кина и Русија, затоа Вашингтон презема повеќе чекори кон адаптација на “новите реалии“. Министерот изјави дека влијанието на пандемијата врз воената спремност на САД бил мало и дека се прибегнува кон активно стратегиско планирање за да се избегне „поголемо влијание“ во иднина. Вооружените сили на САД бројат околу 2 милиони војници, и до денес од коронавирус се заболени помалку од 5.000, помалку од 100 се хоспитализирани, а починале двајца, истакна министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-vo-nato-postoi-rastechka-podgotvenost-za-zashtita-na-istochna-evropa/feed/ 0