источна кина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Aug 2020 08:36:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png источна кина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Евакуација на населението во источна Кина поради тајфунот Хагупит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-na-naselenieto-vo-istochna-kina-poradi-tajfunot-hagupit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-na-naselenieto-vo-istochna-kina-poradi-tajfunot-hagupit/#respond Mon, 03 Aug 2020 08:36:10 +0000 https://kurir.mk/?p=385399

Кинеските власти наредија евакуација на жителите поради тајфунот Хагупит, кој со брзина од 90 километри на час се движи кон од источниот брег на Кина. Кинескиот метеоролошки центар најави дека Хагупит ќе го погоди брегот помеѓу провинциите Жеџијанг и Фуџијан, а последиците од тајфунот ќе бидат почувствувани и во Шангај. Во Фуџијан евакуирани се рибарските населби, додека туристичките одморалишта се затворени, а стопирани се и градежните работи. Овогодинешната сезона на тајфуни е релативно блага иако во јуни беа погодени главните речни системи, при што во поплавите загинаа голем број луѓе, а над два милиона беа принудени да се евакуираат. Јунските поплави предизвикаа штета од седум милиони долари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-na-naselenieto-vo-istochna-kina-poradi-tajfunot-hagupit/feed/ 0
Во источна Кина највисоко ниво на тревога поради поплави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istochna-kina-najvisoko-nivo-na-trevoga-poradi-poplavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istochna-kina-najvisoko-nivo-na-trevoga-poradi-poplavi/#respond Sun, 19 Jul 2020 10:14:42 +0000 https://kurir.mk/?p=378313

Властите во Кина денеска го подигнаа нивото на тревога поради поплавите во источниот дел на земјата, каде тече реката Хуај, а состојбата е сериозна бидејќи по неколкудневните обилни дождови повторно се очекува силен дожд, пренесуваат странските агенции. Илјадници километри долгата река тече низ поголемите земјоделски и индустриски центри во провинциите Хенан, Анхуеј и Џангсу, а нивото на водата на десет акумулациски езера по нејзиниот тек го надмина безбедносното ниво за дури 6,85 метри, соопшти надлежната комисија на кинеското Министерство за водни ресурси. Дел од Кина што ја опфаќа областа од градот Чункгинг, во југозападниот дел на земјата, до Шангај, кој се наоѓа на источниот брег, е зафатен со поројни дождови веќе две недели. Неколку региони долж реката Јангце, вклучувајќи го градот Вухан и провинцијата Џангкси, каде се наоѓа најголемото слатководно езеро во Кина, прогласија највисок степен на предупредување за поплави. Властите предупредуваат дека поради истовремените поплави по должината на реките Јангце и Хуај, како и во близина на езерото Тај, може да се надминат максималните капацитети на акумулациските езера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istochna-kina-najvisoko-nivo-na-trevoga-poradi-poplavi/feed/ 0