источна македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Feb 2022 15:13:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png источна македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Источниот регион апелираат до ресорното министерство и владата да се најде решение за оризопроизводителите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-od-istochniot-region-apeliraat-do-resornoto-ministerstvo-i-vladata-da-se-najde-reshenie-za-orizoproizvoditelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-od-istochniot-region-apeliraat-do-resornoto-ministerstvo-i-vladata-da-se-najde-reshenie-za-orizoproizvoditelite/#respond Wed, 09 Feb 2022 15:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=629242

По вчерашниот одржан протест од страна на оризопроизводителите на Источниот регион по нивно барање, односно по барање на Иницијативниот одбор на оризопроизводителите одржавме заеднички состанок со сите градоначалници од засегнати подрачја, ги слушнавме нивните барања иако знаеме дека тие работи не се наша надлежност, меѓутоа цениме и сметаме дека нивните проблеми се и наши проблеми, изјави за медиумите Далибор Ангелов, градоначалник на Општина Чешиново Облешево. Тој истакна дека апелираат до ресорното министерство заедно со владата да изнајдат соодветно решение за да можат да излезат во пресрет заеднички на засегнатата група на граѓани. - Исто така јас можам по заклучоците утврдени од одржаниот состанок можам да кажам дел од неисполнетите барања од страна на ресорното министерство, а тоа се неисполнетите субвенции, зголемување на зелената нафта што беше ветена и ред други работи. Апелираме уште еднаш владата да најде решени и да престане со своето луксузирање, мислам дека производителите на храна пред прагот на ново производна реколта се засегнати со реални проблеми, а дури има и дилема дали воопшто да се започне со припрема за истата таа нова реколта. Можам да кажам дека скоро секое семејство примарна егзистенцијална дејност е оризопроизводителството. Па можете и самите да претпоставите што би се случило ако дојде до тоа намалување или воопшто за прекинување на една традиција која што трае од 60-тите години на минатиот век. Тоа би било многу лошо за целиот регион, не само за нашата општина. Има една тенденција година врз година, односно година во година каде има намалување на истите и намалување на самата површина, а тоа се должи од неработењето на властите кои требаат да помагаат и да го слушнат побарувањето на самите производители, појасни Ангелов. Тој посочи дека не согласува со тоа, бидејќи според него тоа е чист популизам. - Ако веќе е така треба да го гледаме и фидбекот на терен. Меѓутоа фактите се друго, а популизмот е друга работа и не се согласувам со тоа. Мислам дека и колегите градоначалници околу таа изјава го имаат истиот став, додаде Ангелов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-od-istochniot-region-apeliraat-do-resornoto-ministerstvo-i-vladata-da-se-najde-reshenie-za-orizoproizvoditelite/feed/ 0
Една од најстарите библиотеки во Источна Македонија, успешно го пребродува периодот на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/edna-od-najstarite-biblioteki-vo-istochna-makedonija-uspeshno-go-prebroduva-periodot-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/edna-od-najstarite-biblioteki-vo-istochna-makedonija-uspeshno-go-prebroduva-periodot-na-pandemijata/#respond Sun, 25 Oct 2020 13:34:54 +0000 https://kurir.mk/?p=420458

Пехчевската библиотека „Кочо Рацин“ која е една од најстарите во Источна Македонија, успешно го пребродува периодот на пандемијата која не ја изостави работата на културните установи, кои речиси и да немаа промоции и други културни настани во период од шест месеци наназад. Сепак за пехчевската библиотека таквата ситуација значеше зголемување на бројот на читатели и подобрување на условите за работа во установата, која до пред извесен период егзистираше со влошени услови за работа, но по уредување на дел од нејзините простории прерасна во модерно катче, каде секој оној кој има желба да се надоградува во знаењето беше добредојден за посета на установата. Во таа насока старо-новата директорка Габриела Костадинова истакна дека работењето на библиотеката Кочо Рацин во услови на Ковид-19 донесе низа позитивни работи, меѓу кои и зголемување на бројот на читатели. – За време на најголемиот пик на вирусот, градската билиотека во Пехчево не работеше, но тоа не значеше дека не работевме и ние вработените. Голем број од читателите во тоа време ми се јавуваа и ме бараа, јас ги снабдував со бараната литература, а кога повторно отпочнавме со работа, а тоа е негде од месец мај, зголемена е и посетата во установата. Притоа ги спазувавме сите тие протоколи меѓу кои и влегување исклучиво со маска, одржување на потребното растојание итн. Од друга страна времето додека траеше најголемиот пик од пандемијата, иако немавме културни настани, го искористивме за градежни активности во самата зграда на билбиотеката. Ги реноворавме старите и мувлосани простории, со што направивме една убава канцеларија со нови рафтови во магацинот, со нов мебел кој го обновивме, ставивме ролетни за подобра заштита на книжниот фонд, ја поправивме настрешницата која правеше проблем, така што овој период на пауза, за нас испадна и малку позитивен, рече Костадинова. Библиотеката „Кочо Рацин“ како што додаде директорката периодот го користи за надокнадување на изгубеното време поради што активно се вклучи во реализиацијата на неколку настани како дел од одбележувањето на „Месец на книгата“ -Како што знаат сите од 15 октомври до 15 ноември секоја година се одбележува Месецот на книгата. По тој повод библиоtеката организираше досега два настани, но тоа не значи дека овде завршуваме, туку ќе продолжиме и понатаму. Овој датум секогаш го одбележуваме со посета на најмалите, па така беше и овојпат. Во текот на оваа недела ги посетивме најмалите од деветолетката „Ванчо Китанов“ во Пехчево. Имаме две одделенија во прво одделение, а нашата цел беше да им посакаме успешен почеток на учебната година. Имавме интерактивен дел во кој читавме приказни, а целта меѓу другото беше да видиме колку можат овие деца кои уште не знаат да читаат и пишуваат, да ја перцепираат приказната која им ја раскажуваме. Одлично се снајдоа морам да ги пофалам поради што беа наградени. Во ноември месец имаме чествување за Иван Георгирев, починат лекар кој во минатото беше еден од поистакнатите лекари во градот, поради што од годинава името на здравствената установа во Пехчево ќе го носи неговот име. По тој повод сакаме да реализираме настан со осврт за неговата работа. Потоа планираме да одржиме уште неколку креативни работилници со учениците од второ и трето одделение, додека по повод Нова Година планираме да распишаме поетски конкурс, со кој ќе бидат опфатени учениците како од основното така и во средното образование, додавa Костадинова. Директорката на една од најстарите билиотеки во Источна Македонија покрај раководењето со установата е и страствен писател и поет. Има освоено голем број на награди и признанија како во Македонија, така и на Балканот. Последната награда ја освои недомана во Белград и за Костадинова е доста значајна бидејки станува збор за огромно признание за нејзината работа. -Тоа е едно навистина големо изненадување за мене, меѓутоа е мотив кој ми дава сатисфакција плус да пишувам и творам. Морам да кажам и тоа дека претходно во Белград на неколку конкурси што учествував, имам освоено златни медали. Имам освоено златни медали и во Битола, а имам учествувано и на конкурси во Бугарија, така што од оваа гледна точка, како поет, имам постигнато повеќе резултати. Во оваа насока мора да споменам дека нашата билиотека со членови на библиотеката учествувавме на конкурс во Лесковац, Србија преку библиотеката „Радое Домановиќ“ се претставивме во тр категории, се претставивме со ликовна творба, со кратко видео за омилена книга и со литературна творба. Конкурсот траеше до пред некој ден и се надевам на добри резултати, додаде Костадинова. Таа на читателите пред претстојните зимски месеци им порача да читаат што повече книги за да ги надминат негативните вести кои ги опкружуваат секојдневно. – Јас секогаш им препорачувам дека е најдобро да читаат, но книгата да ја имаат во рака. Тоа што понекогаш читаат преку интернет и компјутер не е толку опипливо, затоа велам дека треба книгата да ја имаат во рака, да ги почувствуваат страниците и верувам дека нашите читатели како најмалите така и повозрасните, ќе продолжат да доаѓаат во библиотеката, додаде директорката на пехчевската библиотека. Во име на читателите таа најави дека во рамки на можностите на библиотеката ќе продолжи да ја набавува најактуелната литература од светската белетристика, се со цел библиотеката да го задржи реномето кое го има меѓу граѓаните на малото Пехчево]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/edna-od-najstarite-biblioteki-vo-istochna-makedonija-uspeshno-go-prebroduva-periodot-na-pandemijata/feed/ 0
Герила акција во цела источна Македонија: „Гоце е Македонија“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerila-akcija-vo-cela-istochna-makedonija-goce-e-makedonija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerila-akcija-vo-cela-istochna-makedonija-goce-e-makedonija-foto/#respond Fri, 10 Jul 2020 17:59:42 +0000 https://kurir.mk/?p=373608

Велат дека сите нации и народи се обединуваат околу нешто или некој. Изгледа дека Македонија, особено истокот се обедини околу ликот и делото на Даскалот. После срамните преговори за националната припадност и прашањето за кого се борел Гоце Делчев, Македонците повторно ја оживеаа можеби запоставената идеја за апостолот на нашата борба за слобода, за „срцето на Организацијата”. До нашата редакција пристигнаа фотографии од графити со ликот на Гоце Делчев од населеби места низ целиот истокот од државата. “Уметниците” со ова дело порачуваат: „Гоце е Македонија”. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerila-akcija-vo-cela-istochna-makedonija-goce-e-makedonija-foto/feed/ 0
Се труе и источна Македонија – загадувањето над нормалата во Виница, Берово и Кочани https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-true-i-istochna-makedonija-zagaduvanjeto-nad-normalata-vo-vinica-berovo-i-kolani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-true-i-istochna-makedonija-zagaduvanjeto-nad-normalata-vo-vinica-berovo-i-kolani/#respond Fri, 12 Jan 2018 09:42:01 +0000 http://kurir.mk/?p=9791

Квалитетот на амбиенталниот воздух во општините од крајниот исток, сепак, не е јака страна. Мерења на амбиенталниот воздух во зимскиот период покажале дека има надминувања на концентрацијата на ПМ 10 честичките, најмногу во Виница, Берово и Кочани. Споредено и со мерните единици од станицата во Кочани, може да се каже дека во летниот период нема загадување на воздухот, а во зимскиот има отстапувања во неколку градови, изјави Јулијана Димцова, инж.технолог. Овие резултати се дел од проектот „Заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија в прекуграничниот регион" кој изминативе 15 месеци го работеа НВО Амброзија од Пехчево и Кластерот на обновливи извори на енергија од Благоевград. Во рамките на проектот е подготвен и заеднички документ за нискојаглеродна политика во прекуграничниот регион. Изготвен е заедники документ за нискојаглеродна политика во регионот и ќе се воспостави прекугранична мрежа , рече Јасминка Пашалиска Андоновска од НВО Амброзија. Документот предвидува и соодветни мерки, кои треба и да ја подигнат јавната свест на граѓаните. Мерките и препораките треба да бидат имплементирани од општините, бизнис секторот и слично, појасни Пашалиска Андоновска. Резултатите од првите мерења на амбиенталниот воздух во 4-те општини, остануваат предизвик и за новата локална власт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-true-i-istochna-makedonija-zagaduvanjeto-nad-normalata-vo-vinica-berovo-i-kolani/feed/ 0