источна украина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 14:03:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png источна украина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Киев соопшти дека руската офанзива против клучниот град во источна Украина го губи интензитетот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-soopshti-deka-ruskata-ofanziva-protiv-kluchniot-grad-vo-istochna-ukraina-go-gubi-intenzitetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-soopshti-deka-ruskata-ofanziva-protiv-kluchniot-grad-vo-istochna-ukraina-go-gubi-intenzitetot/#respond Mon, 16 Oct 2023 14:03:20 +0000 https://kurir.mk/?p=889407

Обидите на руските сили неколку дена да упаднат во стратешки важен град во источна Украина го губат интензитетот, изјавија денеска украински претставници. Украинските сили одбија 15 руски напади врз Авдеевка од четири правци во изминатите 24 часа, соопшти украинскиот Генералштаб. „Слабеењето на нападите сугерира дека руските обиди за повторно заземање на Авдеевка се забавуваат, рече началникот на градската администрација Виталиј Барабаш. Руските сили ги продолжија своите офанзивни операции насочени кон опкружување на Авдеевка..., но тие сè уште не постигнаа дополнителен напредок поради веројатно забавување на руските операции во областа, соопшти анализата на Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон. Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Васил Небензја, на состанокот на Советот за безбедност во петокот изјави дека ескалацијата на нападите во источна Украина претставува нова фаза во кампањата на Москва. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-soopshti-deka-ruskata-ofanziva-protiv-kluchniot-grad-vo-istochna-ukraina-go-gubi-intenzitetot/feed/ 0
Убиен возач на новинари на Ројтерс, двајца повредени при гранатирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-vozach-na-novinari-na-rojters-dvajca-povredeni-pri-granatiranje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-vozach-na-novinari-na-rojters-dvajca-povredeni-pri-granatiranje/#respond Fri, 03 Jun 2022 18:25:07 +0000 https://kurir.mk/?p=686388

Двајца новинари на Ројтерс се повредени денеска при гранатирање кај Северодоњецк, источна Украина, а нивниот возач е убиен, потврди за Си-Ен-Ен портпаролот на британската агенција. Претходно извор од Ројтерс за агенцијата Тас изјавил дека двајца новинари на агенцијата биле повредени кога украинската војска го гранатирала патот и го погодила автомобилот во кој се наоѓале. – Мало парче шрапнел што го погоди Александар во ногата е отстрането и тој може да оди, а раката на Павел е скршена, рекол изворот, додавајќи дека и двајцата новинари се во болница во градот Рубежноје. Портпаролот на Ројтерс изјави за Си-Ен-Ен дека повредените новинари биле во возило обезбедено од проруски сепаратисти и дека ги управувало лице задолжено за проруските сили. – Ројтерс изразува длабоко сочувство до семејството на загинатиот возач, рече портпаролот. Во последните неколку дена Северодоњецк во областа Луганск е место на жестоко гранатирање во борбата меѓу украинските и руските сили за контрола над тој град.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-vozach-na-novinari-na-rojters-dvajca-povredeni-pri-granatiranje/feed/ 0
Од понеделник прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-prekin-na-ognot-megju-ukrainskite-sili-i-proruskite-separatisti-vo-istochna-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-prekin-na-ognot-megju-ukrainskite-sili-i-proruskite-separatisti-vo-istochna-ukraina/#respond Fri, 24 Jul 2020 06:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=380610

Договор е постигнат меѓу Украина, Русија и ОБСЕ за прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина, што ќе стапи на сила од понеделник, соопшти Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Овој чекор е резултат на ефикасна работа на украинската делегација со поддршка на партнери од Берлин и Париз“, се вели во соопштението. Во него се додава дека целосно и сеопфатно примирје, доколку другата страна го почитува, е предуслов за спроведување на договорот од Минск. Договорот, заедно со повлекување на тешко оружје и странски вооружени сили од зоната на конфликтот, предвидува спроведување на уставни реформи, вклучително и изработка на нов устав и „децентрализација“ на регионите Доњецк и Лугањск во договор со претставниците на тие зони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-prekin-na-ognot-megju-ukrainskite-sili-i-proruskite-separatisti-vo-istochna-ukraina/feed/ 0