источно крило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Oct 2022 19:12:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png источно крило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција ќе го зголеми своето воено присуство на источното крило на НАТО со тенкови и оклопни возила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-kje-go-zgolemi-svoeto-voeno-prisustvo-na-istochnoto-krilo-na-nato-so-tenkovi-i-oklopni-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-kje-go-zgolemi-svoeto-voeno-prisustvo-na-istochnoto-krilo-na-nato-so-tenkovi-i-oklopni-vozila/#respond Tue, 11 Oct 2022 19:12:59 +0000 https://kurir.mk/?p=743976

Франција планира да го зајакне своето воено присуство на источното крило на НАТО со оклопни возила и тенкови во Романија во ноември и пешадиска чета во Естонија следната година, јавија француските медиуми. -Одлуката на претседателот Емануел Макрон за зајакнување на одбранбеното присуство во Источна Европа ја зеде предвид ситуацијата на источното крило на НАТО и жестоките борби во Украина, изјави министерот Себастиен Лекорну пред комисијата за одбрана во францускиот Сенат. Франција е земја учесничка во мисијата на НАТО во Романија, која вклучува 350 француски војници, како и воен персонал од Белгија и Холандија. Воени извори велат дека Париз се подготвува да го удвои своето сегашно присуство во земјата во ноември со десетина оклопни возила и исто толку тенкови Леклер. -Ќе продолжиме да го зајакнуваме нашето одбранбено присуство во Литванија, посочи Лекорну, прецизирајќи дека тоа ќе се постигне со испраќање борбени авиони Рафал, кои ќе обезбедуваат воздушно надгледување. Тој додаде дека пешадиска чета опремена со воени возила Грифон ќе пристигне во Естонија во 2023 година, што ќе го зголеми француското присуство во земјата за дополнителни стотина луѓе. Досега во балтичката држава во рамките на партнерството на НАТО се стационирани триста француски воени лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-kje-go-zgolemi-svoeto-voeno-prisustvo-na-istochnoto-krilo-na-nato-so-tenkovi-i-oklopni-vozila/feed/ 0
Првите американски војници пристигнаа во Летонија за да го зајакнат источното крило на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvite-amerikanski-vojnici-pristignaa-vo-letonija-za-da-go-zajaknat-istochnoto-krilo-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvite-amerikanski-vojnici-pristignaa-vo-letonija-za-da-go-zajaknat-istochnoto-krilo-na-nato/#respond Thu, 24 Feb 2022 14:41:15 +0000 https://kurir.mk/?p=636114

Првите американски војници распоредени заради зајакнување на источното крило на НАТО пристигнаа во Летонија, јави ДПА. Четириесетина американски војници пристигнаа во Летонија од Италија рано изутринава, што е првата група од, како што се очекува, распоредување на повеќе од 300 војници, соопшти летонското Министерство за одбрана. Војниците, кои ќе бидат сместени во воената база Адази, во непосредна близина на летонскиот главен град Рига, пристигнале нешто по полноќ по локално време, пред да започнат непријателствата во Украина, се додава во соопштението. Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот најави прераспределување на војниците во Европа. Според американски официјален претставник, кој побарал да остане неименуван, тоа подразбира испраќање на 800 пешадиски војници во балтичкиот регион и до осум борбени авиони Ф-35 на неколку оперативни локации долж источното крило на НАТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvite-amerikanski-vojnici-pristignaa-vo-letonija-za-da-go-zajaknat-istochnoto-krilo-na-nato/feed/ 0