истокот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 May 2020 12:43:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png истокот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради бирократски процедури дел од Истокот без вода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-birokratski-proceduri-del-od-istokot-bez-voda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-birokratski-proceduri-del-od-istokot-bez-voda/#respond Wed, 20 May 2020 12:43:54 +0000 https://kurir.mk/?p=348324

Жителите на Пишица ќе бараат да влезат во составот на друга општина, ако матичната Пробиштип не им ги реши комуналните проблеми во селото. Најголема главоболка им е што живеаат покрај браната Пишица, а две години по нејзината изградба се уште чекаат да дотече вода до нивните ниви и дворови. Сега за наводнување и за стоката користат вода од водоводот што значи суви чешми за половина село. Ако проблемот не се реши излегуваат на блокади, објави телевизија 24. Градоначачалникот на Пробиштип вели реакцијата на жителите е оправдана, ама според неговите информации проблемот ќе се реши за неколку денови. Проблем е дозволата за примопредавање на браната. Браната Пишица попушти во големите поплави што ја зафатија државата пред седум години, а по многу застои нејзината изградба конечно беше завршена во 2018-та. Ја градеше „Трансмет“ на Сеад Кочан, предвидено е да се наводнуваат 350 ха, а изградбата чинеше околу еден милион евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-birokratski-proceduri-del-od-istokot-bez-voda/feed/ 0
Бостон против Кливленд повторно во финалето на Истокот https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/boston-protiv-klivlend-povtorno-vo-finaleto-na-istokot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/boston-protiv-klivlend-povtorno-vo-finaleto-na-istokot/#respond Thu, 10 May 2018 08:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=52438

Бостон се пласираше во финалето на Источната конференција на НБА, откако триумфираше со 114:112 против Филаделфија и така ја освои серијата со 4:1 во победи. Со повеќе искуство, и покрај отсуството на Каири Ирвинг во плејофот, Бостон целосно го заслужи своето место меѓу најдобрите четири во Лигата. За место во големото финале, Селтикс ќе спори со Кливленд Кавалирс втора година по ред. Натпреварите во целата серија помеѓу Бостон и Филаделфија беа изедначени, откако се решаваа во самиот крај, и овој петти судир не беше поинаков. Сè беше решено во последните минути, иако домаќините имаа мала предност речиси во текот на целиот натпревар. Филаделфија во последната четвртина влезе со четири поени предност, и водеше со поен на три минути пред крајот, по тројка на Дарио Шариќ. Бостон, пак, уште еднаш го врати водството и во последните секунди водеше со 111:109. Џоел Ембид пропушти огромна шанса да изедначи, откако беше блокиран од Арон Бејнс под кошот. Џеј Џеј Редик, исто така, имаше последна шанса да го реши натпреварот во корист на Филаделфија, но промаши по шут за три поени. Џејсон Тејтум одигра уште еден одличен натпревар во серијата, откако заврши со 25 поени при победата. Џејлен Браун додаде 24, а уште четири други играчи од Бостон забележаа двоцифрен број поени. Дарио Шариќ и Ембид завршија со „дабл-дабл“ од 27 поени, првиот со 10 скока, а вториот со 12. Бен Симонс се истакна со 18 поени, 8 скока и 6 асистенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/boston-protiv-klivlend-povtorno-vo-finaleto-na-istokot/feed/ 0