истополови бракови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 May 2023 11:37:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png истополови бракови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Суд во Јапонија пресуди дека забраната за истополови бракови е неуставна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-japonija-presudi-deka-zabranata-za-istopolovi-brakovi-e-neustavna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-japonija-presudi-deka-zabranata-za-istopolovi-brakovi-e-neustavna/#respond Tue, 30 May 2023 11:37:55 +0000 https://kurir.mk/?p=840392

Окружниот суд во јапонскиот град Нагоја денеска пресуди дека забраната за истополови бракови е неуставна. Тоа е втора пресуда што судот ја прогласува за неуставна од четири случаи во изминатите две години и најверојатно ќе го зголеми притисокот за промена на Уставот на Јапонија, според кој бракот е заедница меѓу маж и жена. Окружниот суд во Осака минатата година ја прогласи забраната за истополови бракови за уставна, што е во спротивност со пресудата од 2021 година на Окружниот суд Сапоро, која ја прогласи забраната за истополови бракови за неуставна. Судот во Токио подоцна ја потврди забраната за истополови бракови, но истакна дека недостатокот на правна заштита на истополовите заедници ги крши нивните човекови права. Пресудите сигнализираат колку прашањето останува поделено во Јапонија. Денешната пресуда беше поздравена со аплауз од активисти и поддржувачи кои вееја знамиња со виножито пред судот. Според анкетите околу 70 отсто од јавноста ги поддржува истополовите бракови, конзервативната владејачка Либерално-демократска партија на премиерот Фуми Кишида се противи на тоа. Повеќе од 300 јапонски локални заедници, кои се околу 65 отсто од јапонското население им дозволуваат на истополовите двојки да склучуваат граѓански партнерства, но тоа право е ограничено. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-japonija-presudi-deka-zabranata-za-istopolovi-brakovi-e-neustavna/feed/ 0
Куба ги легализираше истополовите бракови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-gi-legalizirashe-istopolovite-brakovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-gi-legalizirashe-istopolovite-brakovi/#respond Mon, 26 Sep 2022 18:52:10 +0000 https://kurir.mk/?p=737716

Куба ги легализираше истополовите бракови, откако граѓаните гласаа за семејниот законик со што се зголемува заштитата на малцинствата на островот, објави денеска Националниот изборен совет на земјата. Од оние со право на глас, 74,1 отсто излегле да гласаат на вчерашниот национален референдум. Со 94 отсто од гласовите пребројани, 3,936,790 гласале во корист, а 1,950,090 против. Новиот семеен кодекс ја зголемува заштитата на жените, децата и на постарите лица, како и им дозволува на ЛГБТК+ паровите да се венчаат и да посвојуваат деца. Иако хомосексуалноста е легализирана во Куба од 1979 година, голем број припадници на ЛГБТК+ заедницата рекоа дека сè уште се соочуваат со отворена дискриминација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-gi-legalizirashe-istopolovite-brakovi/feed/ 0
Словенија усвои закон со кој им дозволува на истополовите партнери да посвојуваат деца https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-usvoi-zakon-so-koj-im-dozvoluva-na-istopolovite-partneri-da-posvojuvaat-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-usvoi-zakon-so-koj-im-dozvoluva-na-istopolovite-partneri-da-posvojuvaat-deca/#respond Fri, 08 Jul 2022 20:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=702526

Уставниот суд на Словенија денеска ги оцени за неуставни законските одредби според кои само лица од различен пол можат да имаат деца, што, како што велат, претставува дискриминација на истополовите заедници. Според објавената пресуда на Уставниот суд, законодавецот доби рок од шест месеци да ја отстрани таа неуставност, односно да ги измени законските одредби поврзани со оваа тема. Според оваа одлука, брачна заедница се смета за животна заедница на две лица без разлика на полот, а истополовите партнери кои живеат во партнерство можат да посвојуваат деца под исти услови како и брачните парови од различен пол. - Беше најавено дека тоа не значи дека истополовите партнери ќе имаат „апсолутно право“ да посвојуваат дете во иднина, туку дека ќе им биде дозволено да бидат вклучени во листата на кандидати за посвојување, а изборот на најпогодни кандидати ќе продолжат да прават надлежните центри за социјална работа, рече таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-usvoi-zakon-so-koj-im-dozvoluva-na-istopolovite-partneri-da-posvojuvaat-deca/feed/ 0
Претседателот на Чешка ќе стави вето на законот за истополови бракови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-cheshka-kje-stavi-veto-na-zakonot-za-istopolovi-brakovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-cheshka-kje-stavi-veto-na-zakonot-za-istopolovi-brakovi/#respond Tue, 07 Jun 2022 16:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=687957

Чешкиот претседател Милош Земан денеска изјави дека е подготвен да стави вето на предложениот закон со кој на истополовите парови во државата ќе им се даде право за граѓански венчавки, доколку парламентот го одобри. Предлог-законот подготвен од пратеници од целиот политички спектар денеска беше доставен до Долниот дом на чешкиот парламент, но не е одреден датум за почеток на неговата расправа. – Би сакал да објавам дека ќе ставам вето, доколку навистина добијам за потпис таков закон, рече Земан по средбата со унгарската колешка Каталин Новак. Земан нагласи дека Чешка веќе дозволува граѓански заедници за истополови парови, но дека „семејството е заедница само на маж и жена“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-cheshka-kje-stavi-veto-na-zakonot-za-istopolovi-brakovi/feed/ 0
Вучиќ: Нема да потпишам закон за истополови бракови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-nema-da-potpisham-zakon-za-istopolovi-brakovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-nema-da-potpisham-zakon-za-istopolovi-brakovi/#respond Sat, 01 May 2021 09:14:19 +0000 https://kurir.mk/?p=504241

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека како шеф на државата нема да потпише закон за истополови заедници, доколку Народното собрание го усвои, бидејќи е „должен да го штити Уставот“. – Уставот упатува на Семеен закон, кој го дефинира бракот како со закон уредена заедница меѓу маж и жена. Затоа, закон за истополови заедници не би можел да потпишам и би го вратил во Парламентот, истакна Вучиќ во интервју за „Блиц“. Тој додаде и дека не ја исклучува можноста Уставот да се измени во иднина, но засега е така. Запрашан каков е неговиот личен став кон законот, Вучиќ одговори дека тоа го покажал со изборот на Ана Брнабиќ за премиер, но истовремено не е жесток застапник на истополовите заедници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-nema-da-potpisham-zakon-za-istopolovi-brakovi/feed/ 0
Путин: Додека јас сум на власт нема да има истополови бракови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-dodeka-jas-sum-na-vlast-nema-da-ima-istopolovi-brakovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-dodeka-jas-sum-na-vlast-nema-da-ima-istopolovi-brakovi/#respond Thu, 13 Feb 2020 16:54:41 +0000 https://kurir.mk/?p=303573

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека во земјата нема да се легализираат истополовите бракови се додека е тој на власт. – Додека јас сум претседател тоа нема да се случи, истакба Путин на состанокот посветен на потенцијалните измени на Устав. Јавното промовирање на хомосексуалноста е кривично дело во Русија, според Законот што го потпиша Путин во 2013 година. Путин (67) како претседател и премиер е веќе две децении на власт, а актуелниот мандат му истекува во 2024 година. Тој е најдолговечен руски или советски лидер уште од времето на Јосиф Сталин. Некои од амандманите на Уставот што се разгледуваат би можеле да му овозможат на Путин да ја задржи власта и по истекот на сегашниот мандат, како премиер со проширени овластувања, доживотен сенатор или лидер на советодавниот Државен совет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-dodeka-jas-sum-na-vlast-nema-da-ima-istopolovi-brakovi/feed/ 0
Власта отвора пат за истополови бракови? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-otvora-pat-za-istopolovi-brakovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-otvora-pat-za-istopolovi-brakovi/#respond Mon, 11 Feb 2019 08:13:46 +0000 https://kurir.mk/?p=162474

Здружението на граѓани „Традиционално семејство“ бара пратениците да не ги усвојат измените на постоечкиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, пренесува Алфа. Според „Традиционално семејство“ предложените измени ќе овозможат склучување на истополови бракови, со што директно се врши упад во институцијата брак како единствена заедница помегу еден маж и една жена. Во новиот Предлог-закон не се опфатени седум точки, мегу кои и точката 6, со која нема да се смета за дискриминација уредувањето на бракот исклучиво како заедница на спротивни полови. Алфа го пренесува апелот на здружението апелираат пратениците да го не го гласаат законот бидејќи, само на тој начин ќе можат да го спречат разнебитувањето на македонското семејството. Како аргумент плус од здружението ја наведуваат одлуката на Судот за човекови права во Стразбур, во која е наведено дека според европското право истополовите бркови не се сметаат за човеково право и истополовите заедници не се сметаат исто како бракот помеѓу маж и жена. Законот за дискриминација со кој се овозможува склучување на истополови бракови не беше изгласан ни во Бугарија и Хрватска. Прилогот на Алфа, погледнете го во продолжение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-otvora-pat-za-istopolovi-brakovi/feed/ 0