историчари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Feb 2022 08:54:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png историчари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здружение на историчари : Заедничкото чествување на Делчев е фатален удар врз македонската самобитност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-istorichari-zaednichkoto-chestvuvanje-na-delchev-e-fatalen-udar-vrz-makedonskata-samobitnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-istorichari-zaednichkoto-chestvuvanje-na-delchev-e-fatalen-udar-vrz-makedonskata-samobitnost/#respond Fri, 04 Feb 2022 08:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=626851

Изразуваме револт и загриженост по повод најавите дека Бугарија и Република Македонија подготвуваат заедничко чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, велат од Здружението на историчарите на Република Македонија. -Доколку е навистина донесена ваква политичка одлука, таа би претставувала фатален удар врз македонската самобитност. Гоце Делчев бил еден од главните идеолози на македонската револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на 20 век, којшто документирано се борел и стремел за создавање на независна македонска држава, и не постои ниту еден единствен документ дека некогаш се залагал зa обединување на Македонија кон Бугарија. Тогаш се поставува прашањето на што се должи и како се оправдува потребата од заедничко чествување на Гоце Делчев? Дали заедничкото чествување значи дека македонската страна ги прифаќа делумно или целосно бугарските тези дека Делчев бил Бугарин кој се борел за автономија на Македонија како етапа кон нејзино обединување со Бугарија? Дали со политичка одлука за заедничко чествување на Гоце Делчев, македонската и бугарската страна се водат според некој нов договор за којшто јавноста сè уште не е известена? Дали со политичкиот чин на заедничко чествување на великанот на македонската борба за независност и самостојност, македонската страна ја признава бугарската теза дека Македонците се вештачка коминтерновска творба и широко ја отвора вратата за идно прифаќање на останатите бугарски тези со кои се оспоруваат македонската историја, македонскиот идентитет и македонскиот јазик и самото постоење на македонскиот народ, се вели во реакцијата на Здружението на историчари на Република Македонија кое најавува серија научни трибини, тркалезни маси, предавања и пригодни настани, со кои ќе ја одбележи 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, како и јубилејот 70-годишнината од своето основање во 1952 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-istorichari-zaednichkoto-chestvuvanje-na-delchev-e-fatalen-udar-vrz-makedonskata-samobitnost/feed/ 0
Историчари и наставници до Царовска: Не правиме компромис и нема да седиме настрана – кој ќе ги сноси последиците? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istorichari-i-nastavnici-do-carovska-ne-pravime-kompromis-i-nema-da-sedime-nastrana-koj-kje-gi-snosi-posledicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istorichari-i-nastavnici-do-carovska-ne-pravime-kompromis-i-nema-da-sedime-nastrana-koj-kje-gi-snosi-posledicite/#respond Sun, 20 Dec 2020 15:29:37 +0000 https://kurir.mk/?p=445919

Новонастаната ситуација во образованието која беше потикната од објавувањето на новиот Концепт за основно образование на министерката Мила Царовска предизвика реакции и од ние што директно ја пренесуваат историјата до учениците. “Новиот концепт не принуди нас како историчари без разлика на вера и националност, заеднички да излеземе со своја реакција поради особено грубото девалвирање на предметот Историја. Ние како историчари нема да стоиме настрана и сметаме дека се нанесува голема штета на образовниот процес и со укинувањето и девалвирањето на другите предмети. Но ние како историчари сме повиканите да зборуваме за предметот историја. Ние како историчари нема да правиме компромис околу тоа каква треба да биде судбината на предметот историја, бидејќи сметаме дека треба да биде посебен предмет”, се вели во реакцијата на група наставници по историја од Кратово, Кочани, Скопје, Валандово, Струмица. Наставниците велат дека објаснувањето на Министерството за образование и Бирото за развој на образованието дека со помош на мултидсциплинарност полесно ќе се совладаат наставните содржини е несоодветно. “Ова покажува дека историчарите воопшто не биле консултирани кога се носел овој концепт. Доколку беа консултирани историчарите ќе се знаеше дека историјата како предмет си има своја методика на наставата. Методиката на наставата по историја пак предвидува нешто што се нарекува корелација со други предмети. Наставниците по историја и досега го користеа предметот географија како корелација со цел подобро да се совладаат наставните процеси. Но не е само географијата како предмети за корелација се користат и предметите: македонски јазик, англиски јазик, филозофија, социологија, етика итн. Така на пример на часовите по историја може да се слушне и поезија, читање на извори на англиски јазик, филозофски мисли, социолошки истражување, етички норми и вредности итн. Ние како историчари сакаме да посочиме дека историјата како посебна гранка можат професионално да ја работат само историчари бидејки затоа и се обучени. Со спојувањето на историјата со географијата и граѓанското образование се создава хибриден и вештачки предмет кој оневозможува квалитетна и професионална настава напротив сметаме дека тоа ќе создаде една конфузија која ќе оди пред се на штета на учениците”, велат историчарите според кои со ваквиот пристап учениците нема да можат добро и нормално да го запознаат своето културно и духовно наследство, нема да можат доволно да го разберат минатото на својот народ а со тоа се стремиме да создадеме дефектни генерации кои нема да имаат чувства за својата татковина. „Освен ова на учениците ќе им биде скратена можноста доволно добро да согледаат како светот се менувал а со тоа се создаваат генерации кои нема да знаат како да ги ценат придобивките од минатото. Од економски аспект сакаме да прашаме што ќе се случува со наставниците на кои ќе се намалат часовите бидејки според овој концепт има еден час помалку а со тоа ќе се создаде социјален проблем во државата. Кој ќе ги сноси последиците од овој чин”, прашуваат во реакцијата наставниците по историја од повеќе македонски градови!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istorichari-i-nastavnici-do-carovska-ne-pravime-kompromis-i-nema-da-sedime-nastrana-koj-kje-gi-snosi-posledicite/feed/ 0
Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на новиот состанок на Комисијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-srednovekovniot-i-ranoosmanliskiot-period-temi-na-noviot-sostanok-na-komisijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-srednovekovniot-i-ranoosmanliskiot-period-temi-na-noviot-sostanok-na-komisijata/#respond Thu, 03 Dec 2020 06:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=437892

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На претходната средба беа разгледувани и усвоени препораки за бугарските учебници за овие периоди. Тема на разговор ќе биде и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, а средбата ќе се одржи онлајн поради состојбата со Ковид-19, информираат за МИА од Комисијата. На еден ден пред средбата копретседавачите на Комисијата, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров со различни ставови за последните случувања на реалција Скопје-Софија. Димитров во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) истакна дека постојат разлики меѓу политичарите и историчарите. – Политичарите од двете страни сакаат напредок, но историчарите од македонска страна на комисијата прават се што е можно да не се случи тоа, смета тој. Кажа дека со загриженост ја очекувал новата средба на Комисијата за историски прашања, но изрази надеж дека ќе направат барем еден мал чекор напред. – Отсекогаш сакавме да работиме поинтензивно со стегнат ритам, но тоа не се случи. За следната година се планирани само пет состаноци, што не е доволно, вели Димитров, кој е и поранешен бугарски амбасадор во земјава. Тој смета дека ваквиот пристап го одложува решавањето на разликите во блиска перспектива. Професорот Ѓоргиев, пак во изјава за Радио Слободна Европа изрази зачуденост од изјавата на неговиот колега, кој меѓудругото кажа и дека бугарската позиција е единствена и политички монолитна, за разлика од македонската. -Зачуден сум од силната политичка изјава на колегата член на академско и експертско тело, и тоа во пресрет на новата средба. Ставот за монолитна политичка позиција во однос погледите за минатото е како оддек од едно друго време. Исто така, да се подредува нашата работа на политички барања и погледи е академски неприфатливо, вели Ѓоргиев. На последната средба што се одржа во октомври во Скопје македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, иако на маса биле поставени нови идеи и предлози околу неговиот лик и дело. – Има мали поместувања кон напред и за мене тоа е важно во моментов. Процесот на разговори продолжува и понатаму, со сите тешкотии и сите чувствителни теми кои се на маса. Молам за трпение и поголема ематија и кон нас и кон колегите од Бугарија, за да можат прашањата да бидат дискутирани со што помалку емоции и тензии. Само на тој начин можат да се надминат работите, рече Ѓоргиев тогаш по дводвениот состанок. Димитров тогаш со порака дека очекува одговорно однесување кон историските факти за да се постигне ситуација во која нема да има повеќе проблеми. – Идентитетот на Гоце Делчев го определува тој самиот, а не ние. Тој е таков, каков што е. Тој е таков какво што е неговото семејство, средината во која е формиран како личност. Тоа е идентичноста, изјави Димитров. Средбата во октомври беше прва оваа година. Во јуни, Комисијата одржа еден виртуелен состанок на кој се дискутираше за содржината на записникот од деветата средба. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, која треба да се произнесе за заедничко одбележување личности и настани од заедничката историја и да помогне во надминување на различните толкувања, досега успеа да постигне одреден напредок во однос на античкиот период и средниот век. Досега, за период од две години Комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности од значење за историјата и културата на македонскиот и бугарскиот народ, но и за другите народи на Балканот и во Европа – Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил. Усвоени за препораки и за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во земјава и петти клас во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото, како и препораки за подобрување на учебниците за 6 клас/7 одделение. Се поврдија проценките и од двете страни дека најмакотрпен период за разгледување ќе бидат токму настаните и личностите од 19 и почетокот на 20 век, периодот на појавата на културни, духовни и политички движења, кои се јавуваат на територијата на земјава, каде што има сериозни разидувања во двете историографии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-srednovekovniot-i-ranoosmanliskiot-period-temi-na-noviot-sostanok-na-komisijata/feed/ 0
Историчари од македонско-бугарската комисија се оградуваат од „историскиот ревизионизам“ на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istorichari-od-makedonsko-bugarskata-komisija-se-ograduvaat-od-istoriskiot-revizionizam-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istorichari-od-makedonsko-bugarskata-komisija-se-ograduvaat-od-istoriskiot-revizionizam-na-zaev/#respond Wed, 25 Nov 2020 17:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=434338

Оградување и осуда на изјавите на премиерот Зоран Заев стигна вечерва од членови на мешовитата македонско-бугарска историска комисија. Неколку членови на Комисијата се оградуваат од ставовите на премиерот, објавува Дојче веле. Интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција Бгнес предизвика остри реакции меѓу историчарите кои се членови на македонско-бугарската историска комисија. Неколку членови на македонскиот дел од комисијата вечерва искажаа осуда на ставовите на Заев и се оградија од истите. Според информации на Дојче веле, најмалку тројца членови на Комисијата се оградуваат од искажаното во разговорот. Ставот на македонските историчари е дека „се спротивставуваат на изјави кои содржат елементи на историски ревизионизам кој ги поткопува основните темели на Европа“. Прва реагираше историчарката Љубица Спасковска која на својот Фејсбук профил апелираше до политичарите да не коментираат теми коишто не ги разбираат. Подоцна и се приклучи и историчарот Огнен Вангелов. „Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на Премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза“, вели историчарката Спасковска. За неа е особено спорна оценката дали Бугарите (не) биле окупатори во Македонија во Втората светска војна. Бугарија не е фашистичка земја, Бугарија е наш пријател. Новите генерации не ја знаат целата оваа реалност и таа мора да нѐ обедини. И во Северна Македонија и во Бугарија, ова влијае на луѓето на многу погрешен начин“, рече Заев во еден дел од интервјуто. Потоа повтори слична теза: „Ние веќе заменивме повеќе од 20 табли во земјата каде што беше напишано ‘бугарски фашистички окупатор’. Ова не е точно – Бугарија не е фашистичка земја, Бугарија е наш пријател", рече Заев. За професорката Спасковска ваквите искази се спорни. „Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општоприфатен и за улогата на Бугарија во Втората Светска Војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947“, вели таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istorichari-od-makedonsko-bugarskata-komisija-se-ograduvaat-od-istoriskiot-revizionizam-na-zaev/feed/ 0
Заев и Пендаровски одат против историчарите и бараат компромис за Гоце Делчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-pendarovski-odat-protiv-istoricharite-i-baraat-kompromis-za-goce-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-pendarovski-odat-protiv-istoricharite-i-baraat-kompromis-za-goce-delchev/#respond Fri, 23 Oct 2020 12:42:29 +0000 https://kurir.mk/?p=419758

Љубчо Георгиевски во интервју за бугарски „Бгнес“ ги пофали премиерот Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски за, како што вели, храбрите изјави во врска со Гоце Делчев. -Јас можам да кажам дека Заев и Пендаровски навистина како политичари даваат храбри изјави во поглед на зближувањето со Бугарија, меѓутоа вие гледате дека од друга страна некои 40 професори се потпишуваат и кажуваат веднаш да прекинат преговорите со Бугарија, Гоце Делчев е само Македонец и не смее да се дозволи никаква конотација дека Гоце Делчев е на Бугарија, вели во интервјуто Георгиевски. За Заев, Гоце Делчев е мост меѓу Македонија и Бугарија, кој ако го немало, требало да биде измислен. На овој начин премиерот најавува компромисно решение со Бугарија по однос на Делчев. -Постои голема доза на оптимизам за решавање на проблемот со потеклото на Гоце Делчев од двете страни. Бугарскиот народ е позитивен кон македонскиот народ и обратно. Верувам дека Борисов сака да се најде решение, сака добро за земјите од Западен Балкан и за Северна Македонија. Јас сум вечен оптимист. Да го немаше Гоце, требаше да го измислиме за да биде мост помеѓу двете земји. Треба да изнаоѓаме заеднички решенија, за да си помагаме заедно напред, изјави неодамна Заев. И претседателот Пендаровски денеска вели дека Делчев е историска фигура, која ги надминува регионалните граници. Тој додаде и дека, поради тоа, не е спорно која било држава да ги слави и чествува ликот и делото на револуционерот. -Она што навидум не дели, треба да не спојува. Јас мислам дека тој е македонски револуционер, кој е еден од најзаслужните за македонската држава која стана вистина, која се оствари по 1944 година. Меѓутоа тоа што тие тврдат дека тој е Бугарин, се борел за бугарската кауза, е за мене неспорно. Секој има право тоа да го брани. Зошто тоа би било проблем, не во однос на евроинтеграциите, генерално како народи, како граѓани, не гледам проблем ако ти го сметаш некого за јунак да го чествуваш и ти, и тоа не мора да биде исклучиво, вели Пендаровски. Ваквите изјави на македонскиот политички врв се противни на исте изјави на историчарите кои се децидни дека Гоце Делчев бил Македонец. Во февруари годинава проф.д-р Михајло Миновски истакнува дека Гоце Делчев е само Македонец, а нашето историско минато било и е само македонско. Универзитетскиот професор Далибор Јовановски, во телевизиско гостување пред неколку дена посочи дека Делчев се борел за создавање на македонската држава. -За мене Гоце Делчев е македонски херој кој се борел за автономна Македонија. Биле свесни дека прво треба да се бара автономија, па независност. Гоце Делчев е македонски херој кој се борел за создавање македонска држава, нагласи тој. За Гоце Делчев има 300 аргументи дека нема врска со Бугарија, вели Ефтим Клетников од „Македонски Манифест“. -И уште еден податок многу важен, со Гоце одел во четата најголемиот бугарски поет Пејо Јаворов, а тој единствено од Бугарите бил заљубен во македонизмот, кои денешните Бугари сакаат да го ништат. И тој одел во четата на Гоце и водел дневник за Гоце Делчев. И на едно место во тој дневник тој го цитира Гоце каде што вели – „Ќе огрее и над Македонија сонце, но нема да биде бугарско“. Само тоа доволно е да им се каже на Бугарите“, вели Клетников.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-pendarovski-odat-protiv-istoricharite-i-baraat-kompromis-za-goce-delchev/feed/ 0
Историчари нашле стар нацистички ковчег: Кога го отвориле, имале што да видат! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istorichari-nashle-star-nacistichki-kovcheg-koga-go-otvorile-imale-shto-da-vidat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istorichari-nashle-star-nacistichki-kovcheg-koga-go-otvorile-imale-shto-da-vidat/#respond Tue, 27 Feb 2018 19:10:55 +0000 http://kurir.mk/?p=25457

Руски историчари пронашле ковчег на германски војник кој датира од Втората светска војна. Му припаѓал на Невски Пјаточок кој бил на Источниот фронт. Германија на Русија и објавила војна и започнала инвазија на 22. јуни 1941. година со што го префрлила пактот за ненапаѓање. Инаку, војната меѓу овие две сили бил еден од најкрвавите. Она што го пронајдоа ги остави во шок. Погледнете го видеото ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istorichari-nashle-star-nacistichki-kovcheg-koga-go-otvorile-imale-shto-da-vidat/feed/ 0
Алфа открива: Овие историчари се дел од комисијата за чешлање на македонската историја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-otkriva-ovie-istorichari-se-del-od-komisijata-za-cheshlanje-na-makedonskata-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-otkriva-ovie-istorichari-se-del-od-komisijata-za-cheshlanje-na-makedonskata-istorija/#respond Sat, 03 Feb 2018 14:00:33 +0000 http://kurir.mk/?p=17886

Алфа ТВ ексклузивно дознава дека веќе се екипираат македонски историчари кои ќе работат заедно со бугарските колеги на чешлање и чистење на македонските учебници по историја. Според информациите на Алфа, најверојатно членови на тимот ќе бидат неколку имиња на историчари од Институтот за национална историја чии имиња се многу малку познати за јавноста. Станува збор за Драги Ѓоргиев, назначен најверојатно за претседател, Дарко Стојанов, Петар Тодоров. Од за јавноста познати имиња се историчарот Тодор Чепреганов, кој според информациите одбил да учествува во комисијата. Меѓу нив најзвучно е името на историчарот Ванчо Ѓорѓиев, кој сеуште не дал одговор дали ќе биде дел или не од оваа комисија. Избори за Алфа велат дека уште неколку историчари се во игра, но за оние со поголемо искуство меѓу предложените целата стратегија за правење комсија е сомнителна, и не веруваат во крајната цел за нејзиното постоење. Со други зборови, идејата е меѓу членовите да има неколку еминентни историчари кои би дале кредибилитет на комсијата за чистење на учебниците, заради тоа како што дознава Алфа дел од авторитетните историчари можно е да го одбијат учеството оти не сакаат да бидат дел од задкулисните планови на бугарско-македонскиот договор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-otkriva-ovie-istorichari-se-del-od-komisijata-za-cheshlanje-na-makedonskata-istorija/feed/ 0