Историја и општество – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Dec 2022 12:22:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Историја и општество – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се утврдуваат причините за пропустите во учебникот по Историја и општество https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-utvrduvaat-prichinite-za-propustite-vo-uchebnikot-po-istorija-i-opshtestvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-utvrduvaat-prichinite-za-propustite-vo-uchebnikot-po-istorija-i-opshtestvo/#respond Fri, 16 Dec 2022 11:41:21 +0000 https://kurir.mk/?p=776573

Министерството за образование и наука и Педагошката служба почнаа процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за петто одделение во кој, како што се наведува, се констатирани низа грешки и нелогичности, кои секако, не смееја да се дозволат. -Преку Националната комисија за учебници како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, МОН веќе побара информации за работата на сите чинители во постапката за одобрување на конкретниот учебник и по добивањето на извештајот, министерот за образование и наука ќе даде конкретен предлог за понатамошно постапување, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука. Според ресорното министерство, во време кога во Северна Македонија се случуваат најкрупните образовни реформи досега, со интензивни инвестиции во унапредување на инфраструктурните услови, подигнување на мотивацијата на наставниот и стручниот кадар во училиштата и се изработуваат нови наставни програми и учебници, недозволиво е да се случуваат вакви пропусти. Сепак, како што се наведува, учебниците се една од основите за квалитетен воспитно-образовен процес. -Потребен е максимален ангажман и одговорност од сите чинители кои учествуваат во процесот за градење на поквалитетен образовен систем во интерес на сегашните и идните генерации, а со тоа и во интерес на државата. Упатуваме апел до сите автори и рецензенти кои во иднина ќе учествуваат во постапки за изработка на учебници и наставни помагала, како и до Бирото за развој на образование и членовите на Националната комисија за учебници, да ја подигнат личната одговорност и посветеност, затоа што во овие прилично комплексни процеси, тоа од нив единствено и се очекува, стои во соопштението од МОН.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-utvrduvaat-prichinite-za-propustite-vo-uchebnikot-po-istorija-i-opshtestvo/feed/ 0