историска комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Nov 2022 06:42:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png историска комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Историската комисија не расправа за црковното прашање, реагира македонскиот тим https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istoriskata-komisija-ne-rasprava-za-crkovnoto-prashanje-reagira-makedonskiot-tim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istoriskata-komisija-ne-rasprava-za-crkovnoto-prashanje-reagira-makedonskiot-tim/#respond Tue, 29 Nov 2022 06:42:10 +0000 https://kurir.mk/?p=767951

Откако по минатонеделниот состанок на македонско-бугарската Комисија за историски прашања, на кој, како што посочија во петокот нејзините копретседавачи, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров, се разговарало за Охридската архиепископија и како таа е претставена во македонските учебници, следеа низа реакции дека прашањето за црквата нема место во разговорите кои ги водат членовите на Комисијата. Македонскиот тим на Комисијата, пак вчера излезе со појаснување дека на состаноци не се дискутира за решавање на статусот на МПЦ-ОА, а вчера се огласи и премиерот Димитар Ковачевски, кој исто така потенцира дека историчарите воопшто не разговарале за статусот. Членовите на македонскиот тим на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија вчера преку соопштение до медиумите реагираа на, како што наведоа, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата. – И покрај јасно искажаните погледи и ставови на ко-претседателот од македонска страна дадени пред новинарите на 25 ноември по завршувањето на 22. средба, во одредени медиуми во изминатите три дена се пласираат информации и се емитуваат прилози со кои се шират невистини дека Комисијата го решава црковното прашање на МПЦ-ОА, дека дискутира за теолошки и црковни прашања, догми и канони, или, пак, одредува чија е ОА. Притоа, во правењето на овие прилози воопшто не е побарано мислење од членовите на Комисијата, а членови на Синодот на МПЦ-ОА, експертската јавност, политички партии и претставници на државни институции, се доведени во ситуација да даваат свое мислење и да легитимираат измислена и непостоечка тема само врз основа на неточни информации и паушални заклучоци, се наведува во реакцијата. Се посочува и дека предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на Охридската архиепископија во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла. – Ова не е прв пат работата на Комисијата и нејзините решенија да бидат предмет на манипулација, на паушални и неаргументирани заклучоци со цел потоа истите да бидат злоупотребени. Повторно сведочиме како свесно се создаваат непостоечки проблеми и измислени закани по македонскиот идентитет со што јавноста се доведува во заблуда и се манипулира со нејзините чувства, особено со чувствата на македонскиот народ. Повторувањето на овие дезинформации во однос на работата на Комисијата ќе ги сметаме за свесно инструментализирање на нејзината работа со цел остварување на политички цели. Затоа, повикуваме на одговорност во информирањето на јавноста за работата на Комисијата не само од страна на медиумите, туку и од сите општествено-политички актери во македонското општество, стои во реакцијата од македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Членот на заедничката историска Комисија Петар Тодоров, вчера кажа дека од македонскиот дел на Комисијата биле изненадени кога слушнале дека во јавноста се пренесува дека на последниот состанок со бугарските колеги дискутирале за црковни прашања. -На средбите дискутираме за прашања поврзани со историјата на црквите од Средниот век, историјата на христијанството, тоа подразбира историјата и на Охридската архиепископија и дека нас не интересира како таа црковна институција средновековна е претставена во учебниците и таа тема беше предмет на дискусија и на последната 22-ра средба. Навистина бевме изненадени кога видовме дека во јавноста се пренесува дека дискутираме за црковни прашања, за црковниот статус на МПЦ-ОА, што не е наша намера, ниту сме имале намера да дискутираме за такви теми, вели Тодоров за Сител ТВ. Тој изрази жалење што пласирањето на таквите дезинформации довело голем број луѓе да дискутираат, анализираат, да носат судови, вели, врз основа на нешто што не постои. – Прашањето што ние го отвараме е како се претставува историјата на Охридската архиепископија во 10-ти, 11-ти, 12-ти, 13-ти и 14-ти век, а не како се отвара прашањето за статусот на МПЦ Охридската архиепископија денес. И тука треба да се внимава, да не се доведува јавноста во заблуда, да не се манипипулира со нејзините чувства, тука мислам на македонскиот народ, оцени Тодоров. Премиерот Ковачевски, пак вчера изјави дека во Комисијата воопшто не разговарала за дефинирање на статусот на МПЦ-ОА и се повика на соопштението на македонскиот тим. -Изутрината историската комисија имаше соопштение во кое што во детали објаснија од кој аспект ги анализира историските периоди и улогата на различни инститции во тие историски периоди и исто така потврдија дека воопшто не се разговара за статусот на црквата од кој било аспект. Така што сметам дека сите оние коишто даваа изјави врз основа на шпекулации во текот на изминатите два дена треба да се воздржат од тоа и да ги почекаат секогаш официјалните изјави на Историската комисија, а мислам дека изјавата на сите членови потпишани од нашиот тим од комисијата се многу јасни дека воопшто таму не станува збор за какво било дефинирање на статусот на МПЦ-ОА, рече Ковачевски. Бугарската страна, додаде тој, си дава изјави за себe, а она што е валидно е само кога историската Комисија со сите 14 члена ќе има консензуален став за кое било прашање и, како што истакна, се друго се изјави коишто немаат никакво влијание врз финален резултат на работата на Комисијата. Ѓоргиев во петокот по завршувањето на двоневниот состанок изјави дека дебатата била за Охридската архиепископија и една од забелешките од колегите од Бугарија е дека, тие сакаат да се промени начинот на кој таа е претставувана во нашите учебници. Договор за некои од забелешките за учебниците за седмо одделение, според Ѓоргиев, не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото. – Тие различни пристапи во толкувањето на изворите од средновековието, прават и ние да имаме различен пристап во правењето на препораките за учебниците. И тоа е очигледно еден од главните камења на сопнување во работата на комисијата, изјави Ѓоргиев. Претседавачот на бугарскиот дел од комисијата Димитров, потврди дека главна тема на средбата во изминатите два дена била како да биде претставена Охридската Архиепископија во учебниците и оти и покрај првичните очекувања, конкретни резултати не се постигнати. – Јас разбирам дека тоа е многу важна тема и се надевавме и бевме многу блиску до резултатот. Што се случи не знаеме, но ќе продолжиме на следната средба која ќе биде прва за наредната година во Софија. Ветувам дека ние ќе направиме се што е можно да има позитивни сигнали и добри резултати. Така што, завршивме за оваа година, а посакувам поуспешна да биде следната година за граѓаните на двете држави, кажа Димитров. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istoriskata-komisija-ne-rasprava-za-crkovnoto-prashanje-reagira-makedonskiot-tim/feed/ 0
Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања го продолжува состанокот во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonsko-bugarskata-komisija-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja-go-prodolzuva-sostanokot-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonsko-bugarskata-komisija-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja-go-prodolzuva-sostanokot-vo-skopje/#respond Fri, 25 Nov 2022 06:58:01 +0000 https://kurir.mk/?p=766162

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија денеска ги продолжува разговорите во Скопје, кои вчера на првиот ден од состанокот биле фокусирани на учебниците, но не беше донесена никава одлука. Драги Ѓорѓиев, копретседател во Комисијата, по вчерашната средба изјави дека не е усвоен  конкретен резултат, заклучок или препорака, но оти имале позитивна атмосфера во разговорите на кои дискутирале само за учебниците и биле запазени нашите интереси. – Имаше материјална расправа и тоа е она што веќе се дискутира во последните три состаноци и утре продолжуваме по тој дневен ред, рече Ѓоргиев. Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август годинава усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Северна Македонија и петти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – свети Кирил и Методиј, свети. Климент, свети Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија, формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonsko-bugarskata-komisija-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja-go-prodolzuva-sostanokot-vo-skopje/feed/ 0
Тема за учебниците по историја, дискусија за црковни институции и Гоце Делчев да се чествува заеднички – заврши дводневната средба на Историската комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tema-za-uchebnicite-po-istorija-diskusija-za-crkovni-institucii-i-goce-delchev-da-se-chestvuva-zaednichki-zavrshi-dvodnevnata-sredba-na-istoriskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tema-za-uchebnicite-po-istorija-diskusija-za-crkovni-institucii-i-goce-delchev-da-se-chestvuva-zaednichki-zavrshi-dvodnevnata-sredba-na-istoriskata-komisija/#respond Thu, 15 Sep 2022 16:05:15 +0000 https://kurir.mk/?p=733355

Учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, беа тема на дводнавната средба Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија што заврши денеска во Скопје, соопшти македонскиот тим во Комисијата. -Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура. Со оглед на долготрајноста на дискусијата по оваа тема членовите на Комисијата не отворија други теми. Дискусијата по оваа и другите теми за учебниците по историја ќе продолжи на следната средба, која би требало да се одржи кон крајот на октомври оваа година, се наведува во соопштението. Оваа дводневна средба во Скопје помина без прес-конференција или изјави за медимите на членовите на двата тима во заедничката комисија. На оваа рунда разговори во македонскиот тим се приклучи Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја, кој доаѓа на местото на Ванчо Ѓоргиев, кој лани ја напушти Комисијата. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања на претходната средба на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓоргиев по објавата на препораките, тогаш на прес-конференција говорејќи во однос на учебниците,  појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза итн. Ѓоргиев оцени дека периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата и нагласи дека по секоја цена нема да се носат решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tema-za-uchebnicite-po-istorija-diskusija-za-crkovni-institucii-i-goce-delchev-da-se-chestvuva-zaednichki-zavrshi-dvodnevnata-sredba-na-istoriskata-komisija/feed/ 0
Почна средбата на Историската комисија во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sredbata-na-istoriskata-komisija-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sredbata-na-istoriskata-komisija-vo-skopje/#respond Wed, 14 Sep 2022 08:13:53 +0000 https://kurir.mk/?p=732512

Во Министерството за надворешни работи во Скопје утрово почна средбата на членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Бугарските историчари предводени од шефот на тимот копретседавачот Ангел Димитров по пристигнувањето на влезот од Министерството не сакаа да дадат изјави за медиумите за темите и текот на денешната средба. МНР вчера најавувајќи ја дводневната средба соопшти дека за нов член на Комисијата е назначен Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја – Скопје. Именувањето како што наведуваат, е согласно со неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветно покривање области од нивната работа. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓоргиев по објавата на препораките, на прес-конференција говорејќи во однос на учебниците,  појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза итн. – Во таа смисла Комисијата работи на надминување на тие места во учебниците, што верувам е една задача која ја има и секоја комисија која работи на вакви историски прашања во однос на учебниците по историја, рече  Ѓоргиев. Ѓоргие оцени дека периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата и нагласи дека по секоја цена нема да се носат решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sredbata-na-istoriskata-komisija-vo-skopje/feed/ 0
Има произволни и тенденциозни толкувања на фактографските податоци по препораките, оценува македонскиот тим од Историската комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-proizvolni-i-tendenciozni-tolkuvanja-na-faktografskite-podatoci-po-preporakite-ocenuva-makedonskiot-tim-od-istoriskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-proizvolni-i-tendenciozni-tolkuvanja-na-faktografskite-podatoci-po-preporakite-ocenuva-makedonskiot-tim-od-istoriskata-komisija/#respond Mon, 22 Aug 2022 13:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=722118

Mакедонскиот тим во билатералната Комисија за историски и образовни прашања, денеска, преку соопштение посочи дека „чувствува потреба уште еднаш да се обрати до јавноста и да укаже на неколкуте писанија и собирања потписи во јавноста со кои продолжи ширењето невистини за работата на Комисијата во однос на неодамна објавените резултати од нејзината работа во 2018 и 2019 година“. Според македонскиот дел од Историската комисија, во последниот бран реакции повторно се даваат целосно произволни и тенденциозни толкувања на фактографските податоци што се нотирани во текстовите за заедничко чествување. Притоа, се додава, паралелно со овие невистини се врши дехуманизација и се прогласуваат предавници. Историјата е претставена како ексклузивен домен на оние кои себеси се претставуваат како единствени толкувачи на вистината. Најпроблематичен дел од таканаречениот проглас на стотината колеги, се посочува во соопштението, е тезата дека „Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување“. – Ова, всушност, кажува многу за разбирањето на улогата на историјата како и мотивите за реакцијата на оваа група колеги. Според ова разбирање, толкувањето е суверен интерес на државата, а не на научната заедница и научниците кои треба да творат според суверениот интерес на државата. Со кое право се пласираат обвинувања дека се работи под политички диктат, кога самите тие колеги бараат „научно и официјално толкување“ на историјата да биде суверен интерес на државата што во превод значи политички диктат?!, наведуваат од тимот македонски историчари. Воедно, тие прашуваат дали други историчари и научници во други дисциплини надвор од државата не смеат да ја истражуваат македонската историја, а постојат такви научници кои често ги цитираме кога тоа ни одговара, потоа, зошто постои страв дека препораките за заедничко чествување ќе бидат новиот историски наратив за Македонија, каде тоа се сугерира, на кој начин мислат колегите дека тоа ќе се случи и дали некој од нив од 2019 јуни месец кога се усвоени овие препораки, добил упатство да пишува спротивно на своите убедувања. – Отфрлањето на препораките, па дури и со индигнација е сечие право и овие препораки нема да бидат задолжителни за секого. Ние веруваме дека науката и историјата треба да бидат во функција на мирот и помирувањето и не мислиме дека државите треба да им кажуваат на научниците како да го толкуваат минатото. Препораките се само презентирање на основни историски податоци за личности кои Македонија и Бугарија би можеле заеднички да ги чествуваат со цел да се подобрат билатералните односи или да ги подобрат своите учебници по историја, нагласуваат од Комисијата. При тоа уште еднаш напоменуваат дека препораките за заедничко чествување не се наменети за образовниот систем. Во една од колумните се вели дека во иднина ќе се изучува „софиска верзија на историската приказна за христијанизирањето и за описменувањето на Словените во раниот среден век“, иако овие препораки не го кажуваат тоа што се тврди и не се однесуваат на образовниот систем. Едноставно, се додава во реакцијата, Комисијата нема донесено препораки за учебниците, а кои се однесуваат на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум. Секое понатамошно инсистирање на оваа невистина ќе значи дека свесно и со лоши намери се држи јавноста во заблуда. Новина во реакциите, како што стои во соопштението, е и обвинувањето за „бугароцентричност“. Овој термин би подразбирал дека целиот текст се однесува на бугарското национално толкување на минатото, поточно според бугарскиот доминантен наратив. Спомнувањето на основните историски факти дека овие лица биле примени од страна на кнез Борис и твореле во средновековната бугарска држава не е и не може да претставува „бугароцентричност“. „Бугароцентричност“ би било кога за овие личности би се дала само бугарската етно-национална верзија на историјата во која овие личности се толкуваат како етнички Бугари, а карактерот на нивното дело како бугарско, а не сесловенско. Дали спомнувањето на Св. Кирил и Методиј дека ги ставиле основите на христијанството и словенската писменост е „бугароцентричност“ или дека култот на Св. Наум се раширил и во соседните држави и кај муслиманите? Што се однесува до новите обиди да се укаже на штетноста на препораките, повторно , според членовите на Комисијата, читаме празни формулации. – Една од нив е повторното тврдење дека се изедначуваат Охридската и Преславската школа со што се губел македонскиот идентитет. Тоа никаде и на никаков начин не се кажува во препораките. Двете школи се споменуваат во контекст на нивното основање во конкретен временски период и простор, но ниту еден дел од речениците каде што се споменуваат не сугерира на изедначување на нивните карактеристики, освен ако не сакате да го толкувате на тој начин за да може да се манипулира јавноста, се вели во реакцијата. Во однос на препораките за учебниците по историја што се однесуваат на античкиот период, оценува тимот од Комисијата, повторно се прави манипулација и се толкуваат само оние кои се однесуваат за македонските учебници и со тоа се креира атмосфера на национална катастрофа. – На пример во една од реакциите се вели “…Не може за едната територија и држава да инсистирате дека постои историска поврзаност (континуитет) со антиката, а за другата обратно, да барате да се избрише секоја трага од антиката (а траги имало и ќе има уште многу)“. Се мисли на препораките во учебниците по историја во двете држави да има повеќе простор за културно-историското наследство на другите антички народи и култури. Во македонските учебници за Тракијците, а во бугарските учебници за оние западно од Бугарија, а тоа се Илири, Пајонци и други. Античките Македонци не се споменати бидејќи тие се веќе дел од бугарските учебници. Каде тука се инсистира на историска поврзаност (континуитет) за Тракијците, а за Македонците не. Ова значи дека свесно се додаваат содржини кои ги нема во препораките и кои само откриваат дека оние кои критикуваат најгласно не се оддалечиле од етноцентричниот поглед за минатото, веруваат во политички митови за минатото и во еден тип на методолошки национализам кој треба да е надминат. Современите нации се општествени конструкти и национализмот е феномен на 19 и 20 век и за двата образовни системи се препорачува да се избегнува национализирање на антиката. Нели се ова многу јасни примери на свесно делување со цел да се доведе јавноста во заблуда, прашува македонскиот тим од Комисијата. Членовите од македонскиот тим во Комисијата со порака и до медиумите. – На крајот, во контекст на јавноста би ги охрабриле медиумите да не пренесуваат селективни информации кои доаѓаат од Софија, туку да ги земат предвид сите релевантни различни мислења за јавноста да има можност да донесе вистински суд за нашата работа и она што е одлучено. Со селективноста се креира нецелосна слика за одредена појава и/или процес со што јавноста може да се доведе до заблуда, стои во реакцијата на македонскиот тим на билатералната експерска Комисија за образовни и историски прашања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-proizvolni-i-tendenciozni-tolkuvanja-na-faktografskite-podatoci-po-preporakite-ocenuva-makedonskiot-tim-od-istoriskata-komisija/feed/ 0
Се огласи македонскиот тим во историската комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-makedonskiot-tim-vo-istoriskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-makedonskiot-tim-vo-istoriskata-komisija/#respond Thu, 23 Jun 2022 10:35:27 +0000 https://kurir.mk/?p=694594

Македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, денеска преку соопштение до медиумите тврди дека Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини. Во продолжение го пренесуваме во целост текстот на македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања: „Повторно, како и секогаш кога политичките односи меѓу Северна Македонија и Бугарија се влошуваат или се наоѓаат пред голем предизвик да се надминат анахроните и апсурдни барања на официјална Софија, работата на Комисијата и членовите од македонска страна е предмет на злоупотреба од страна на најодговорните чинители во двете држави, политичарите (како од власта, така и од опозицијата), стручната јавност, како и од страна на голем дел од медиумите со нивното непрофесионално известување. Поради големиот број дезинформации и лаги пласирани во јавноста изминативе денови, би сакале да информираме дека: 1. Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини, како што е тоа наведено во манипулативниот текст на порталот БГНЕС кој речиси сите медиуми во С Македонија го пренесоа без притоа да побараат информации од членовите во Комисијата за да се провери точноста на информацијата и да се консултира нивното мислење во однос на ова прашање. Таквиот начин на информирање нема за цел јавноста да дознае што се случува со работата на Комисијата и да се пренесат погледите на сите страни вклучени во процесот, туку да се злоупотреби нејзината работа за политички цели. Текстовите кои досега се усвоени од страна на Комисијата се предлози до двете влади за заедничко чествување на одредени личности, а не објаснувачки текстови за споменични обележја, споменици и тврдини и тие не смеат да бидат искористени за таа цел. Исто така, крајно неодговорно е овие непроверени и неточни информации во поглед на намената и содржината на усвоените текстови за заедничко чествување од страна на Комисијата, да бидат користени од претставници на политички партии и носители на функции за да собираат политички поени и да создаваат слика за себе како за бранители на националните интереси на сметка на Комисијата која наводно работела во тајност без нивно знаење. Особено кога за нашата работа редовно е информирана јавноста и истите тие политичари се дел од власта и можат или можеле да ги имаат на увид сите усвоени препораки на Комисијата во однос на заедничките чествувања и учебниците по историја. Исто така, уверени сме дека и опозицијата е запозната со сите досегашни решенија на Комисијата и како и власта знае дека во нив нема ништо спорно и ништо со што би се загрозил историскиот идентитет на македонскиот народ и дигнитетот на сите граѓани на С Македонија. 2. Комисијата од македонска страна никогаш не прифатила, ниту пак ќе прифати да биде алатка на политиката или, пак, да работи според политички инструкции со што таа би прераснала во политичко тело за цензура, а не експертско тело кое има за цел да помогне да се надминат споровите за минатото кои се злоупотребуваат за политички цели. Комисијата е формирана врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство, но нејзината работа се води според Правилникот кој двете страни заеднички го усвоија на Првата средба на Комисијата во 2018 година и во кој нема ниту еден елемент, ниту една точка, која Комисијата би ја претворила во тело кое ја одредува „историската вистина“. Поради тоа, сакаме да укажеме дека секое нејзино подредување и потчинување на политички потреби на една или друга влада или политичка партија ќе значи и крај на постоењето на Комисијата. 3. Неопходно е професионално и одговорно однесување на сите чинители во општествениот и политички живот со цел да не се манипулира со чувствата на граѓаните, да не се поттикнува несигурност, и уште поважно да не се поттикнуваат поделби внатре во општеството, како и меѓу самиот македонски народ,. Патриотизмот не е и не смее да биде алатка за постигнување лични цели и градење на лични политички кариери кои во нашата кратка историја на независноста не служеле како ништо друго освен како средство за стекнување лична материјална корист. На крајот, апелираме прашањата кои се однесуваат на работата на комисијата од македонска страна да бидат проверувани со нас, а за прашањата во однос на тоа каква ќе биде улогата на Комисијата во евентуални нови протоколи меѓу двете земји ќе се изјасниме доколку тие бидат официјално усвоени од Владите на С Македонија и Бугарија. Акад. Драги Ѓоргиев, Проф. д-р Љупчо Ристески, Проф. д-р Петар Тодоров, Проф. д-р Исамедин Азизи, Доц. д-р Љубица Спасковска, Доц. д-р Огнен Вангелов.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-makedonskiot-tim-vo-istoriskata-komisija/feed/ 0
Македонија и Бугарија договорија заедничко чествување на Цар Самоил, разговорите на историската комисија продолжуваат во Софија во мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-bugarija-dogovorija-zaednichko-chestvuvanje-na-car-samoil-razgovorite-na-istoriskata-komisija-prodolzuvaat-vo-sofija-vo-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-bugarija-dogovorija-zaednichko-chestvuvanje-na-car-samoil-razgovorite-na-istoriskata-komisija-prodolzuvaat-vo-sofija-vo-maj/#respond Sat, 02 Apr 2022 07:04:33 +0000 https://kurir.mk/?p=657223

Позитивна атмосфера, со отворен дијалог и размена на ставови по однос на позициите и интерпретациите на минатото за ХI и XII век, е заклучокот од 18-та средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, што се одржа вчера и завчера во Скопје. Ова беше втора од предвидените пет средби на македонско-бугарската Заедничка комисија за историски и образовни прашања за годинава. На дневен ред беа забелешките дадени од бугарската страна за средновековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шесто одделение. Претходно, бугарските членови на Комисијата изјавија дека темата за Цар Самоил е завршена работа и оти е договорено негово заедничко чествување, а за Гоце Делчев ќе се дискутира во друга прилика. Од друга страна, членот на македонскиот дел на Комисијата, Петар Тодоров синоќа изјави дека Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави и одредени препораки, но не и да решава политички проблеми. Тодоров нагласи дека последниот состанок што изминатите два дена се одржа во Скопје и претходниот во февруари во Софија, се одвивале во конструктивна атмосфера. Во однос на дискусијата за Цар Самоил, тој додаде дека таа дискусија е завршена во 2019 година, со договор за заедничко чествување. Копретседавачот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија, Драги Ѓоргиев во вторникот за МИА, исто така, ја оцени работата како позитивна и додаде дека ако продолжи така ќе дојде до приближување на ставовите. Бугарскиот премиер Кирил Петков останува на ставот дека во најскоро време заедничката историска комисија ќе излезе со резултати. – Се радувам, на тоа кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси, рече Петков. Според најавите, во текот на 2022 година би требало да се одржат пет средби на Комисијата. Досега Историската комисијата има дадено препораки до владите во Скопје и Софија за заедничко чествување на пет личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум Охридски. Наредната средба ќе биде одржана во Софија на 12 и 13 мај 2022 година. Првата средба за оваа година се одржа на 25 јануари во Софија, со која и почна имплементирањето на новиот пристап кои го зацртаа Ковачевски и Петков во обидите да се реши спорот меѓу двете земји. Се формираа четири работните групи – за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование, кои имаат интензивни состаноци, а петтата група, всушност е историската Комисија, која продолжи со својата и работа и се обидува да го следи забрзаното темпо на останатите работни групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-bugarija-dogovorija-zaednichko-chestvuvanje-na-car-samoil-razgovorite-na-istoriskata-komisija-prodolzuvaat-vo-sofija-vo-maj/feed/ 0
Бугарскиот премиер полн со оптимизам, вели дека напредокот е огромен: Што договара македонско-бугарската историска комисија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-premier-poln-so-optimizam-veli-deka-napredokot-e-ogromen-shto-dogovara-makedonsko-bugarskata-istoriska-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-premier-poln-so-optimizam-veli-deka-napredokot-e-ogromen-shto-dogovara-makedonsko-bugarskata-istoriska-komisija/#respond Thu, 31 Mar 2022 15:01:08 +0000 https://kurir.mk/?p=656470

Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува во најскоро време заедничката историска комисија на Македонија и Бугарија да излезе со резултати, јави дописникот на МИА од Софија. -Колку што сум информиран, напредокот е огромен. Се радувам, дека кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси, рече Петков пред новинарите за време на посетата на Благоевград. Според него, има неколку клучни аспекти – кога ќе се отворат архивите и говорот на омразата, што сме направиле како механизам против тоа. Петков додаде дека е важно што ќе биде ставено во потенцијалната преговарачка рамка, како на пример дали Уставот на  Македонија ќе ги вклучува правата на Бугарите и дали ЕУ ќе сака да биде гарант за тоа. Бугарскиот премиер исто така оцени дека во моментот Западен Балкан има ризик да биде втора точка на конфликтот, поврзана со војната во Украина. -Најлошо е Западен Балкан повторно да е регион со висок ризик на нестабилност – и од политички и од секаков вид аспект, рече Петков. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-premier-poln-so-optimizam-veli-deka-napredokot-e-ogromen-shto-dogovara-makedonsko-bugarskata-istoriska-komisija/feed/ 0
Бугарските забелешки за средновековниот период и евентуално Гоце Делчев, теми на состанок на македонско-бугарската Комисија за историски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskite-zabeleshki-za-srednovekovniot-period-i-eventualno-goce-delchev-temi-na-sostanok-na-makedonsko-bugarskata-komisija-za-istoriski-prashanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskite-zabeleshki-za-srednovekovniot-period-i-eventualno-goce-delchev-temi-na-sostanok-na-makedonsko-bugarskata-komisija-za-istoriski-prashanja/#respond Thu, 31 Mar 2022 05:34:24 +0000 https://kurir.mk/?p=656019

Нов состанок ќе се одржи денеска и утре Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Осумнаесеттиот состанокот ќе се одржи во Скопје, а на дневен ред ќе бидат забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение. Копретседавач од македонска страна во заедничката македонско-бугарската Комисија, Драги Ѓоргиев за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите. Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време. Состанокот доаѓа по средбата во Софија на шефови на влади на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа, на кој присустуваа и премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков. На заедничката прес-конференција, Петков кажа дека има добри вести во однос на работата на историската Комисија и извести оти е постигнат напредок за важни историски личности во разговорите за надминување на разликите. -Имам добри вести и за Комисијата за историја. Некои работи што беа тешки да се надминат сега изгледаат како да имаат реални можности за надминување. Мислам дека мојот одговор ќе ви ги покаже моите намери да постигнеме резултати што е можно побрзо. Оптимистичен сум за целиот процес, оптимистичен сум дека ќе постигнеме се што зацртавме со Димитар што е можно поскоро, изјави Петков. Тој тогаш кажа дека историската Комисија го известила за некои важни историски личности и нивниот третман. – Ќе ви дадам некои детали. Дојдовме до напредок по тие прашања, на многу конструктивен и реалистичен начин што ни отвора можност за забрзување на нашите преговори. Секако ќе ми треба прво да добијам јас и моите коалициски партнери целосен извештај од Комисијата, но штом добиеме извештај тоа ќе оди многу брзо, истакна Петков. Ковачевски, пак, рече дека историчарите работат независно од политичкиот дијалог и од другите работни групи што работат на други прашања. – На нашиот состанок тука во Софија, токму во оваа просторија, тие беа тука и кажаа дека ќе ја забрзаат својата работа и штом дојдат до заклучоци врз основа на нивната историска методологија тогаш можат да ја споделат со другите, рече Ковачевски. Тој посочи дека се интензивира комуникацијата со Софија, како од институционална перспектива, така и од перспектива на граѓаните. Претходниот состанок на Комисијата се одржа во Софија и тој беше првиот оваа година, но и првиот по заедничката седница на владите на Северна Македонија и Бугарија на 25 јануари во Софија, со која и почна имплементирањето на новиот пристап кои го зацртаа Ковачевски и Петков во обидите да се реши спорот меѓу двете земји. Се формираа четири работните групи – за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование, кои имаат интензивни состаноци, а петтата група, всушнот е историската Комисија, која продолжи со својата и работа и се обидува да го следи забрзаното темпо на останатите работни групи. Во соопштрението по последниот состанок во Софија беше наведено дека тој поминал во конструктивна атмосфера. – Во рамките на заедничката седница на Владите на Бугарија и Северна Македонија, што се одржа на 25 јануари, копретседавачите на Комисијата проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров постигнаа согласност за организирање три средби до крајот на месец мај, се нагласува во соопштението од последниот состанок, кој се одржа кон крајот на февруари. Тогаш членовите на Комисијата, како што се наведува во соопштението, ја потврдија посветеноста за одржување активен дијалог. Според најавите, во текот на 2022 година би требало да се одржат пет средби на Комисијата. Досега Историската комисијата има дадено препораки до владите во Скопје и Софија за заедничко чествување на пет личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум Охридски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskite-zabeleshki-za-srednovekovniot-period-i-eventualno-goce-delchev-temi-na-sostanok-na-makedonsko-bugarskata-komisija-za-istoriski-prashanja/feed/ 0
Османи: Можно е да има промена во структурата и составот на Мешовитата историска комисија, односите со Бугарија не треба да се во замрзнат конфилкт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-mozno-e-da-ima-promena-vo-strukturata-i-sostavot-na-meshovitata-istoriska-komisija-odnosite-so-bugarija-ne-treba-da-se-vo-zamrznat-konfilkt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-mozno-e-da-ima-promena-vo-strukturata-i-sostavot-na-meshovitata-istoriska-komisija-odnosite-so-bugarija-ne-treba-da-se-vo-zamrznat-konfilkt/#respond Mon, 17 Jan 2022 18:26:58 +0000 https://kurir.mk/?p=620468

Подготвен сум да предложам да влеземе во разговор за можна промена на начинот на работа, а зошто не и структурата и составот на Мешовитата историска комисија, изјавил во интервју за „БНТ“ министерот за надворешни работи, Бујар Османи Според него, односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не треба да влегуваат во состојба на замрзнат конфликт. -На македонскиот народ не му е толку јасно објаснето дека не преговараме за идентитетот и јазикот, истакнал Османи и додал: -Говорот на омраза има два аспекта. Ние веќе не сме во сојуз со Југославија, но сакаме да влеземе во сојуз со Бугарија. Сите прашања во нашиот однос кон Бугарија, останати од времето на Југославија, мора да се корегираат, појаснил шефот на македонската дипломатија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-mozno-e-da-ima-promena-vo-strukturata-i-sostavot-na-meshovitata-istoriska-komisija-odnosite-so-bugarija-ne-treba-da-se-vo-zamrznat-konfilkt/feed/ 0