истраги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Dec 2021 11:19:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png истраги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истраги во Италија поради сомнителни фудбалски трансфери https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/istragi-vo-italija-poradi-somnitelni-fudbalski-transferi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/istragi-vo-italija-poradi-somnitelni-fudbalski-transferi/#respond Wed, 15 Dec 2021 11:19:53 +0000 https://kurir.mk/?p=608813

Познатиот фудбалски менаџер Фали Рамадани се наоѓа под истрага на даночната полиција во Италија поради сомнителни трансфери, објавија локалните медиуми. Рамадани се сомничи за перење пари и даночно затајување. Поради сомнителни трансфери, финансиските инспектори и даночната полиција влегоа во девет прволигашки и два второлигашки клубови за да соберат документација за спорните трансфери, меѓу кои има неколку звучни имиња. Весникот „Кориере дела Сера“ објави дека сомнителни се трансферите на Калиду Кулибали во Наполи, Федерико Киеза во Јувентус, Миралем Пјаниќ во Барселона и продолжувањето на договорот на Самир Хандановиќ со Интер. Како спорен се наведува и договорот на Маурицио Сари на клупата на Наполи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/istragi-vo-italija-poradi-somnitelni-fudbalski-transferi/feed/ 0
Француската полиција почна истрага за нелегални вечери и забави во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-policija-pochna-istraga-za-nelegalni-vecheri-i-zabavi-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-policija-pochna-istraga-za-nelegalni-vecheri-i-zabavi-vo-pariz/#respond Mon, 05 Apr 2021 13:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=492627

Француската полиција почна истрага за наводни нелегални вечери и забави во Париз, јави Би-Би-Си. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин нареди истрага, со образложение дека таквите собири, што ги кршат ограничувачките мерки воспоставени за контрола на коронавирусот, се „целосно неприфатливи“. Приватната телевизиска станица М6 објави тајно снимен напис на Твитер, со текст „кавијар, шампањ, менија на врвни готвачи и без обврска да носат маска“. Франција во моментов е под трето затворање на ниво на држава. Снимката на М6 покажува неименуван приватен ресторан во Париз каде на гостите им било кажано дека можат да ги тргнат своите маски. Локацијата е тајна, ролетните се спуштаат, а во просторот се внесува преку станбена зграда. Келнерот му вели на новинарот на влезот во ресторанот дека „луѓето не мора да носат маски таму“ и „кога ќе влезете тука повеќе нема Ковид-19“. Според телевизискиот извештај, менито во нелегалните ресторани чини од 160 до 490 евра по лице, нагласува Би-Би-Си. Казните за кршење на мерките се една година затвор и 15 илјади евра за загрозување на животот, и 135 евра за секој гостин за кршење на полицискиот час и иста сума за неносење маска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-policija-pochna-istraga-za-nelegalni-vecheri-i-zabavi-vo-pariz/feed/ 0
Ирска отвори две истраги против Фејсбук https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irska-otvori-dve-istragi-protiv-fejsbuk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irska-otvori-dve-istragi-protiv-fejsbuk/#respond Mon, 19 Oct 2020 07:36:49 +0000 https://kurir.mk/?p=417935

Ирската служба за заштита на податоци на корисниците (ДПЦ) денеска покрена две истраги против Фејсбук, откако изрази загриженост поради управувањето со оваа социјална мрежа со лични податоци на децата на Инстаграм. Инстаграм е социјална мрежа во сопственост на Фејсбук, а како што пренесуваат агенциите, спорни се податоците за е-пошта и телефонските броеви на корисници на возраст под 18 години, кои и се достапни на јавноста. ДПЦ, главниот правен заштитник на ЕУ за интернет-податоци, добил поплаки од поединци и изразил „потенцијална загриженост“ за ракување со податоците на малолетници на Инстаграм, изјави заменикот на службата, Грем Дојл. Ирскиот заштитник започна истрага по жалбата на Дејвид Стајер, американски научник, наведува британски Телеграф. Истрагата ќе утврди дали Фејсбук има законско право да управува со податоците и дали обезбедува соодветна заштита на своите корисници на Инстаграм. – Оваа истрага се однесува и на тоа дали Фејсбук ги почитува своите правила за контрола на податоците кога станува збор за малолетници, рече Дојл. Ирска е центар на многу американски технолошки компании, па затоа ДПЦ стана главен заштитник на Европската унија во областа на социјалните мрежи. Новите правила му овозможуваат на заштитникот на корисникот да наметне казна од четири проценти од вкупниот светски приход или парична казна од 20 милиони евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irska-otvori-dve-istragi-protiv-fejsbuk/feed/ 0