истражител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Nov 2021 16:21:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png истражител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинител и истражител од Бугарија доаѓаат во земјава за да земат ДНК од семејствата на загинатите на автопатот „Струма“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitel-i-istrazitel-od-bugarija-doagjaat-vo-zemjava-za-da-zemat-dnk-od-semejstvata-na-zaginatite-na-avtopatot-struma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitel-i-istrazitel-od-bugarija-doagjaat-vo-zemjava-za-da-zemat-dnk-od-semejstvata-na-zaginatite-na-avtopatot-struma/#respond Wed, 24 Nov 2021 16:21:01 +0000 https://kurir.mk/?p=599461

Екипа од шест истражители од бугарската национална истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник ќе работат на предистражната постапка за тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 граѓани на Република Северна Македонија. Ова за „24 Часа“ го соопшти Сијка Милева, портпарол на јавниот обвинител на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова се должи на меѓународниот аспект на случајот, при што обвинителите од Меѓународниот оддел при Врховното обвинителство на Бугарија дале целосна помош и координација во врска со испраќањето барање за правна помош. Во рамките на меѓународната правна соработка, прецизирани се најкратките можни рокови за доставување на потребните документи. Во оваа насока, главниот обвинител од Бугарија Иван Гешев ќе испрати до Скопје обвинител и истражител од тимот, кои ќе го достават барањето за правна помош до Обвинителството на Република Северна Македонија. Со оглед на брзината и ефикасноста, тимот лично ќе ги добие потребните документи, додаде Милева. За да се идентификуваат загинатите македонски државјани, бугарскиот тим ќе добие и ДНК-профили на роднините на жртвите за да ги спореди со ДНК-профилите на жртвите за што поскоро да ги идентификува, додаде таа. Веќе е создадена потребната организација за брза и ефективна истрага, има поделба на работата по посебни ресори. Главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев е во постојана комуникација со главниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески. Обвинителството на Република Бугарија работи на утврдување на причините за тешката несреќа, како и на брзо идентификување на телата на загинатите македонските државјани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitel-i-istrazitel-od-bugarija-doagjaat-vo-zemjava-za-da-zemat-dnk-od-semejstvata-na-zaginatite-na-avtopatot-struma/feed/ 0
Смртни закани кон истражителoт на ОН за убиството на Кашоги од страна на висок саудиски претставник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtni-zakani-kon-istrazitelot-na-on-za-ubistvoto-na-kashogi-od-strana-na-visok-saudiski-pretstavnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtni-zakani-kon-istrazitelot-na-on-za-ubistvoto-na-kashogi-od-strana-na-visok-saudiski-pretstavnik/#respond Tue, 23 Mar 2021 13:53:15 +0000 https://kurir.mk/?p=486677

Висок саудиски претставник упатил смртни закани кон независниот истражител на ОН, Анес Каламар, која го истражува убиството на новинарот Џамал Кашоги. Во интервју за Гардијан, специјалниот известувач на ОН за вонсудски убиства откри дека во јануари 2020 година таа била предупредена од колега од светската организација дека висок саудиски службеник двапати упатил закани на средба со други претставници на ОН во Женева, дека ќе се „погрижи“ за Каламар доколку не биде ограничена од организацијата. На прашањето како ги примиле коментарите нејзините колеги во Женева, Каламар одговори: „Смртна закана“. Французинката е експерт за човекови права која ќе ја преземе својата нова функција овој месец како генерален секретар на невладината организација Амнести Интернешнл. Таа е првиот службеник кој јавно истражува и објави детален извештај за убиството на Кашоги во 2018 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtni-zakani-kon-istrazitelot-na-on-za-ubistvoto-na-kashogi-od-strana-na-visok-saudiski-pretstavnik/feed/ 0