истражувачки новинар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Dec 2020 17:34:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png истражувачки новинар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Убиецот на словачкиот истражувачки новинар осуден на 25 години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubiecot-na-slovachkiot-istrazuvachki-novinar-osuden-na-25-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubiecot-na-slovachkiot-istrazuvachki-novinar-osuden-na-25-godini-zatvor/#respond Wed, 02 Dec 2020 17:34:52 +0000 https://kurir.mk/?p=437728

Врховниот суд на Словачка денеска на 25 години затвор го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата пријателка, злосторства што беа сторени во 2018 година. -Оваа пресуда на жалбениот суд против поранешниот војник, Мирослав Марчек, е конечна и на неа веќе нема простор за жалби, потврди портпаролот на судот Александра Вазанова. На почетокот на оваа година, Марчек призна дека во февруари 2018 година ги убил Куцијак и неговата свршеница Мартин Кушнирова, пукајќи им во глава и гради. Со оваа пресуда Врховниот суд ја поправи поблагата казна на Специјалниот кривичен суд во Пежинок, град крај Братислава. Тамошните судии во април годинава го осудија Марчек на 23 години затвор, а како олеснителни околности му ги земале фактот дека се изјаснил за виновен и што на истражители им дал вредни информации за луѓето за кои се верува дека го нарачале убиството. Јавниот обвинител, меѓутоа, инсистираше на максимална казна заради тежината на кривичното дело. Истражувачкиот новинар Куцијак објави повеќе од десетина написи за претприемачот Маријан Кочнер. Во една статија објавена непосредно пред убиството, Куцијак го обвини Кочнер дека е вмешан во шема за даночна измама и успеа да докаже дека на тој начин илегално заработил милиони евра. Куцијак стана познат по откритијата за затајување данок и бројни измами на деловни луѓе поврзани со владејачката партија на земјата Смер. Тој, исто така, пишуваше и за поврзаноста на словачките граѓани со италијанската мафијашка организација Ндрангета. Извештајот објавен по неговата смрт за можни врски помеѓу италијански мафијашки кланови и словачки државни службеници предизвика масовни протести против корупцијата и доведе до оставка на тогашната влада. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubiecot-na-slovachkiot-istrazuvachki-novinar-osuden-na-25-godini-zatvor/feed/ 0
Убиен новинар кој истражувал корупција во ФИФА https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ubien-novinar-koj-istrazuval-korupcija-vo-fifa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ubien-novinar-koj-istrazuval-korupcija-vo-fifa/#respond Fri, 18 Jan 2019 07:40:00 +0000 https://kurir.mk/?p=153631

Истражувачкиот новинар Ахмед Хусеин, кој работел на откривање корупција во африканскиот фудбал, е убиен од вооружени мажи на мотор, соопшти полицијата во Гана. Хусеин бил убиен пред два дена кога од огнено оружје два пати бил погоден во пределот на градите и еднаш во вратот, пренесува АП. Хусеин бил дел од тимот, кој го предводел Анас Аремејав, познат истражувачки новинар. Анас ја Фејсбук ја потврдил смртта на Хусеин со коментар „Тажна вест, но нема да бидеме замолчени. Почивај во мир.“ Работата на новинарот се однесувала на член на Советот на ФИФА, вториот најмоќен човек во африканскиот фудбал Квеси Нјантакиј, на кого минатата година поради мито и корупција доживотно му е забрането да биде во спортот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ubien-novinar-koj-istrazuval-korupcija-vo-fifa/feed/ 0