истражувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 12 Feb 2022 09:39:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png истражувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Децата ја наследуваат интелигенцијата од својата мајка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/decata-ja-nasleduvaat-inteligencijata-od-svojata-majka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/decata-ja-nasleduvaat-inteligencijata-od-svojata-majka/#respond Sat, 12 Feb 2022 09:39:01 +0000 https://kurir.mk/?p=630500

Познатата поговорка „Убав/а на мама, паметен/а на тато“ и не толку вистинита, бидејќи изгледа дека интелигенцијата пред се’ ја наследуваме од мајката. Научниците уште во далечната 1984 година докажале дека гените на мајката најмногу придонесуваат за развој на мисловниот центар во мозокот, а потоа се спроведени уште неколку истражувања, кои само ја потврдиле оваа теза. Имено овие истражувања покажале дека децата имаат најголеми шанси за наследување на мајчината интелигенција, бидејќи генот, кој ја одредува се наоѓа во хромозомот Икс. По овие истражувања е докажано дека мајчиниот коефициент на интелигенција е најдобар индикатор за предвидување на интелигенцијата на детето, а потоа и дека мајчинската љубов е клучна за развој на одредени делови од мозокот, поврзани со интелигенцијата. Затоа ако сакате мали генијалци, прво пронајдете голема генијалка и земете ја за жена!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/decata-ja-nasleduvaat-inteligencijata-od-svojata-majka/feed/ 0
Гренланд ги забрани нафтените истражувања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grenland-gi-zabrani-naftenite-istrazuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grenland-gi-zabrani-naftenite-istrazuvanja/#respond Fri, 16 Jul 2021 09:27:11 +0000 https://kurir.mk/?p=537590

Новата Влада на Гренланд откако ја блокираше експлоатацијата на ураниум, објави забрана за истражување на нафта на таа територија на Арктикот. Во одлуката објавена синоќа се наведува дека „е одлучено да се прекине сегашната стратегија за нафта и да се запре понатамошното истражување за нафта на Гренланд“. – Ова е логичен чекор, бидејќи Владата сериозно ја сфаќа климатската криза. Одлуката е донесена и во интерес на нашата природа, во интерес на нашиот риболов и со цел да се концентрира нашата економија на реални потенцијали, изјави членот на Владата, Наја Натаниелсен. Истражувањата на нафта во Гренланд беа во застој во изминатите неколку години, така што оваа одлука е во голема мера симболична. Според локалната самоуправа, „новата економска анализа за профитабилноста при истражувањето на нафта (на Гренланд) јасно покажува дека профитабилноста е мала“, односно двојно помалку од она што го очекуваат нафтените компании. На изборите во април, на власт дојде левичарската партија за заштита на животната средина.Во согласност со предизборните ветувања, Владата во моментов одржува консултации со цел да донесе закон за забрана за истражување и експлоатација на ураниум на Гренланд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grenland-gi-zabrani-naftenite-istrazuvanja/feed/ 0
Истражување: Децата со чести изливи на бес се поуспешни личности https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-decata-so-chesti-izlivi-na-bes-se-pouspeshni-lichnosti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-decata-so-chesti-izlivi-na-bes-se-pouspeshni-lichnosti/#respond Wed, 31 Mar 2021 11:01:36 +0000 https://kurir.mk/?p=490223

Нови истражувања го потврдуваат и онаа популарното уверување дека ако детето има чести изливи на бес и бунт против вас, тоа многу веројатно ќе биде поуспешен и побогат човек во иднина. Труд објавен во Луксембург го следи образованието на децата кои посетуваат училиште и открива дека оние кои се спротивставуваат на авторитет и им пркосат на своите родители на рана возраст, се стремат да останат на училиште подолго. Тоа ќе рече – повисоко образование и поверојатен успех на врвни работни места. Ејнџела Дакворт, психолог од Универзитетот на Пенсилванија, исто така ја поддржува оваа теорија. Таа тврди дека ако децата покажат карактер што уште од рана возраст би се означувал како „цврст“, многу е поголема веројатноста детето да постигне успех во кариерата. Значи, следниот пат кога Вашето дете ќе бара „Ајпад“ со часови, може да се утешите дека тој или таа наскоро ќе стане извршен директор или доктор… Многумина се прашуваат – дали врескањето и викањето е нормален и природен дел од развојот на едно дете? Одговорот на психолозите е потврден. Таканаречените тантруми се еден начин детето да ги изрази и да управува со своите чувства и, со тоа – да го разбере или да се обиде го промени она што се случува околу нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-decata-so-chesti-izlivi-na-bes-se-pouspeshni-lichnosti/feed/ 0
Кумановските археолози ги завршија годинешниве истражувања на Градиште во Бислим https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskite-arheolozi-gi-zavrshija-godineshnive-istrazuvanja-na-gradishte-vo-bislim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskite-arheolozi-gi-zavrshija-godineshnive-istrazuvanja-na-gradishte-vo-bislim/#respond Mon, 28 Dec 2020 09:20:10 +0000 https://kurir.mk/?p=449294

Завршија овогодишните истражувања на локалитетот Градиште во кумановско Бислим, соопштија денеска надлежните од Националната Установа Музеј Куманово. Откриени се ѕидови за кои се претпоставува дека се остатоци од ранохристијанска црква. Раководителот на истражувањата, Дејан Ѓорѓиевски истална дека ископувањата биле насочени кон источната страна на локалитетот каде што постоеле две кули-правоаголна и пентагонална. – Во нивна непосредна близина, внатре во населбата, преку ископувањата се откри градба со поставеност запад-исток, која покрај добро сочуваниот северен ѕид имала и стилобат (подлога за поставување на столбови) со остатоци од три рудиментирани столба. Подот на градбата бил квалитетно поплочен со тули, поставени на глинеста супструкција и хоросан малтер. Очигледно е дека станува збор за квалитетна градба која имала должина поголема од 20 метри, па со анализа на резултатите претпоставуваме дека се работи за ранохристијанска црква. Ова е веќе трета ранохристијанска црква која е проучувана од археолошкото одделение на музејот, преку која се надеваме да добиеме значајни информации за ширењето на христијанството во регионот во периодот на доцната антика, изјави Ѓорѓиевски. Градиште претставува најсочувана тврдина во околината на Куманово, со ѕидини високи преку два метри, а потекнува од доцноримскиот-рановизантиски период (4-6 век). Се наоѓа во живописната клисура на Пчиња во Бислим, од сите страни опкружен со стрмни карпи и ридови, до која се пешачи по козји патеки околу 40 минути од селото Пчиња. Поради ваквата изолираност, утврдувањето е мошне добро сочувано, со антички градби кои сè уште се видливи на теренот. Инаку, Бислимската Клисура претпоставувала алтернативен пат од северот кон Вардарскиот пат, па затоа била многу важна за контрола, што резултирало со укрепување на неколку позиции и создавање на населбински центри од страна на римските војски. Иако, средствата предвидени за проектот во рамките на годишната програма на музејот биле само педесет проценти финансирани, екипата успеала да ги изведе предвидените активности, додава Ѓорѓиевски, појаснувајќи дека тоа подразбирало подготовки на теренот за ископување, отстранување на густата вегетација, како и изведување на геофизички истражувања од страна на Археолошкиот музеј, со цел да се добие попрецизна слика за точните точки за ископување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskite-arheolozi-gi-zavrshija-godineshnive-istrazuvanja-na-gradishte-vo-bislim/feed/ 0
Ердоган: Турција нема да се откаже од истражувањата во Средоземјето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turcija-nema-da-se-otkaze-od-istrazuvanjata-vo-sredozemjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turcija-nema-da-se-otkaze-od-istrazuvanjata-vo-sredozemjeto/#respond Tue, 25 Aug 2020 06:05:17 +0000 https://kurir.mk/?p=394891

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неодамнешното големо откритие на резерви со природен гас во Црно Море е предвесник на новите вести за уште поголемо турско откритие. -Имаме силни показатели дека откриените резерви се само најава за уште поголемо откритие. Наскоро се надеваме на слични вести и од Средоземното море, рече тој во обраќањето по седницата на владиниот кабинет, јави агенцијата Анадолија. Истакнувајќи дека Турција би можела да стане една од земјите со најголеми резерви на гас, тој рече дека Турција направила големи чекори и во развојот на соларни и други потенцијали за обновлива енергија. -Намалувањето на цената на природниот гас ќе има дополнително позитивно влијание врз буџетот на луѓето и развојот на сите сектори во наредниот период, рече Ердоган. Турција минатата недела соопшти дека ги пронашла најголемите резерви на природен гас во Црното Море во својата историја. Ердоган рече дека станува збор за резерви што ги пофали целиот свет, но дека некои недобронамерни кругови и натаму негативно ја оценуваат турската економија и јасно покажуваат од каде добиваат упатства. Коментирајќи ја пораката на навигацискиот телекс (Навтекс), што ја издаде Грција, Ердоган рече дека станува збор за нечесен чин, што е закана за безбедноста на сите бродови во регионот. Во пораката, Грција најави четиридневни воени вежби на воздушните и поморските сили во областа што се совпаѓа со областа на источниот Медитеран, во која Турција претходниот ден најави дека ги продолжува активностите на истражувачкиот брод „Орус Реис“ за дополнителни четири дена. На тој начин Грција се обидува да ги блокира турските права на хидрокарбонските истражувања во тој дел од регионот. -Грција е единствена одговорна за се негативно што може да се случи во регионот и ќе биде единствената што ќе претрпи штета, рече Ердоган. Со таквиот свој став, додаде Ердоган, што е спротивен на меѓународното право, добрата волја и добрососедски односи, Грција самата ќе влезе во хаос од кој нема излез.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turcija-nema-da-se-otkaze-od-istrazuvanjata-vo-sredozemjeto/feed/ 0
Турција до четврток ги продолжи сеизмичките истражувања на „Оруч Рејс“ во Источен Медитеран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-do-chetvrtok-gi-prodolzi-seizmichkite-istrazuvanja-na-oruch-rejs-vo-istochen-mediteran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-do-chetvrtok-gi-prodolzi-seizmichkite-istrazuvanja-na-oruch-rejs-vo-istochen-mediteran/#respond Mon, 24 Aug 2020 05:58:44 +0000 https://kurir.mk/?p=394379

Турција, за уште четири дена ја продолжи навигациската информација (Navtex) за сеизмички истражувања на бродот „Оруч Рејс“ во Источен Медитеран, а грчки владини извори коментираат дека со ова однесување Анкара единственото што ќе постигне се негативни последици за неа, јави дописничката на МИА од Атина. Претходно издадената Navtex на 10 август беше со важност до вчера, а синоќа, од станицата во Анталија, Турција издаде продолжување на истата навигациската информација до 27 август 2020 година. Ставот на официјална Атина е дека конкретната Navtex е нелегална и опфаќа дел од грчкиот континентален гребен. Грчки владини извори, коментираат дека Турција, „продолжувајќи со нејзиното провокативно однесување, единственото што прави е да му покаже на целиот свет дека споменувањата на меѓународното право и дијалогот се изговор“ и додаваат дека „ваквото однесување, единствено што постигнува се негативни последици за неа“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-do-chetvrtok-gi-prodolzi-seizmichkite-istrazuvanja-na-oruch-rejs-vo-istochen-mediteran/feed/ 0
ЕУ ја повикува Анкара „веднаш“ да прекине со истражувањата во Медитеранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-povikuva-ankara-vednash-da-prekine-so-istrazuvanjata-vo-mediteranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-povikuva-ankara-vednash-da-prekine-so-istrazuvanjata-vo-mediteranot/#respond Sun, 16 Aug 2020 17:52:50 +0000 https://kurir.mk/?p=391415

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, ја повика денеска Анкара „веднаш“ да ги прекине своите истражувања за наоѓалишта на природен гас во Медитеранот, откако Турција објави за проширување на своите активности. Соопштението на Анкара „за жал ги зголемува тензиите и несигурноста“, нагласува Борел во изјавата. „Поради тензиите во источниот Медитеран, објавата ги поткопува напорите за продолжување на дијалогот и преговорите и е спротивна на смирување на ситуацијата, што е единствениот пат до стабилност и трајни решенија“, како што повторија министрите за надворешни работи на ЕУ во петокот на виртуелната средба. Борел ги повикува турските власти веднаш да престанат со активности и со добра волја и целосно да се вклучат во широк дијалог со ЕУ. Турција денеска соопшти дека ќе ги продолжи пребарувањата за наоѓалишта за гас во спорната зона во источниот Медитеран. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-povikuva-ankara-vednash-da-prekine-so-istrazuvanjata-vo-mediteranot/feed/ 0
Што се случува со мозокот на вашето куче кога сте по цели денови дома? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-se-sluchuva-so-mozokot-na-vasheto-kuche-koga-ste-po-celi-denovi-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-se-sluchuva-so-mozokot-na-vasheto-kuche-koga-ste-po-celi-denovi-doma/#respond Fri, 10 Jul 2020 20:30:45 +0000 https://kurir.mk/?p=373527

Истражувањата, коишто беа неодамна направени, покажаа дека повеќе од 50% од сопствениците на кучиња, времето поминато во изолација го поднеле полесно, такашто максимално му се посветиле на своето милениче, играјќи се со него. Јасно е дека животните имаат позитивно влијание врз луѓето, но дали е така и во спротивна ситуација? Дали кучињата навистина сакаат нивните сопственици да се постојано покрај нив? Кучето, чијшто сопственик е постојано до него, ја добива својата дневна доза на хормонот “среќа.” Окситоцинот, еднакво се ослободува во телото кога сме среќни, како кај луѓето така и кај животните. Во моментите кога кучето повеќе пати во денот ќе воспостави контакт со својот сопственик, на пример, поглед директно во очи или прегратка, во неговиот мозок се поттикнува состојба којашто спречува депресија. Самото присуство на сопственикот, делува стимулативно врз кучето. Набљудувајќи го својот сопственик подолго време, кучето врз основа на неговите мимики, движењата на телото и емоционалните искази, учи повеќе за него, што претставува добра основа за квалитетен однос. И малите кученца, исто така, доколку поминуваат повеќе време со својот сопственик, имаат шанси да израснат во попаметни и емоционално стабилни кучиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-se-sluchuva-so-mozokot-na-vasheto-kuche-koga-ste-po-celi-denovi-doma/feed/ 0
Продолжува истражувањето на неолитската населба Врбјанска Чука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prodolzuva-istrazuvanjeto-na-neolitskata-naselba-vrbjanska-chuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prodolzuva-istrazuvanjeto-na-neolitskata-naselba-vrbjanska-chuka/#respond Fri, 27 Jul 2018 06:03:32 +0000 https://kurir.mk/?p=81578

На археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија овој месец продолжуваат истражувањата кои се насочени на неолитската населба формирана пред 8 000 години, како и на фазите на овој локалитет во доцната антика и средниот век. Во теренските истражувања се вклучени археолози и студенти од Македонија, Германија, Полска, Словенија и Чешка, а во рамките на проектот се прават анализи со стручни лица од повеќе институции во Швајцарија, Шпанија, Франција и Србија. Покрај проучувањето на материјалната култура, архитектурата, стопанството и општествените процеси, истражувањата вклучуваат и примена на геодетско документирање, археоботаника, археозоологија, геомагнетно скенирање, дигитална топографија, геоархеологија, фотограметрија и 3Д моделирање, дронска ортофотографија, изотопски, радиокарбон и функционални анализи. Годинашните теренски истражувања на Врбјанска Чука се во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Прилеп и Институтот за старословенска култура. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prodolzuva-istrazuvanjeto-na-neolitskata-naselba-vrbjanska-chuka/feed/ 0