исус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Feb 2023 12:32:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png исус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пастор се обидел да пости како Исус па починал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pastor-se-obidel-da-posti-kako-isus-pa-pochinal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pastor-se-obidel-da-posti-kako-isus-pa-pochinal/#respond Fri, 17 Feb 2023 12:32:52 +0000 https://kurir.mk/?p=801757

Пасторот Франциско Барајах почина откако се обидел да пости 40 дена, по примерот наведен во Библијата, имитирајќи го Исус. Бараја (39) воедно и основач на Евангелистичката црква Санта Триндад, починал во болница во градот Беира, каде што бил префрлен во критична состојба, при што му е констатирана акутна анемија и откажување на органите за варење. Тој 25 дена не пиел вода и не јадел ништо. Бараја, исто така, бил учител по француски јазик во градот Месика во централната провинција Маница, на границата со Зимбабве. Членовите на црквата Санта Триндад изјавија дека не е невообичаено свештеникот и неговите следбеници да постат, но не толку долго. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pastor-se-obidel-da-posti-kako-isus-pa-pochinal/feed/ 0
Следниот петок е голем празник: Големиот светец се празнува по Богојавление – ова се верувањата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sledniot-petok-e-golem-praznik-golemiot-svetets-se-praznuva-po-bogojavlenie-ova-se-veruvanata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sledniot-petok-e-golem-praznik-golemiot-svetets-se-praznuva-po-bogojavlenie-ova-se-veruvanata/#respond Thu, 12 Jan 2023 11:36:19 +0000 https://kurir.mk/?p=786415

Православните христијани на 20 јануари го прославуваат празникот Св. Јован бидејќи се верува дека на овој ден Свети Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос. Црквата утврдила овој празник да се прославува веднаш после празникот Богојавление. Тоа е затоа што главната служба на Свети Јован, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус. Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот и според улогата на Крстител за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Се одликувал со толку голема морална чистота што попрво можел да биде нарекуван ангел отколку смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да го покаже оној за кој прорекувал. Во младоста Јован живеел во пустината во близина на долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години по божја волја ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Во тоа време Исус се подготвувал за учител. Но според тогашните закони учител можело да биде лице со наполнети 30 години. Затоа и Исус кога наполнил 30 години дошол на реката Јордан за да биде крстен. Јован кој дотогаш не го имал видено, веднаш се сетил дека тој е Спасителот. Во почетокот Јован го одвраќал велејќи му: „Јас треба од тебе да бидам крстен, а ти при мене ли доаѓаш?“ Но кога Исус му рекол: „Остави го сега тоа зошто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“, Јован го крстил, во водата. Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко ги критикувал неморалот, лагите, развратот, кои во тоа време во Римската империја го достигнале својот врв. Во времето кога Јован проповедал во Палестина, во Галилеја владеел Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прославил со својот расипан карактер. Овој наследил некои особини од татко си, па ја избркал својата законита жена и живеел незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип. Јован отворено и пред целиот народ го прекорувал и го разобличувал за тоа, па Ирод го затворил. Во една прилика Ирод приредил гозба во својот дворец. Ќерката на Иродијада, Саломија, го восхитила Ирод со својата страсна игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и ветил се што ќе посака. Саломија, поучена од мајка си, која не можела да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побарала главата на пророкот. Ирод наредил и Јован бил обезглавен. Иродијада продолжила да се изживува над мртвата Јованова глава и го избодела неговиот јазик со игли. Подоцна еден дворски слуга чесно ја закопал главата на Свети Јован Крстител.
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sledniot-petok-e-golem-praznik-golemiot-svetets-se-praznuva-po-bogojavlenie-ova-se-veruvanata/feed/ 0
Денеска е строг пост, еве какви се обичаите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-strog-post-eve-kakvi-se-obichaite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-strog-post-eve-kakvi-se-obichaite/#respond Fri, 17 Apr 2020 07:11:44 +0000 https://kurir.mk/?p=333448

Денеска е Велики Петок, настанот кој е поврзан со овој празник е Христовото распнување. Поради тоа што Христовата личност е божествена, тој единствен меѓу луѓето немаше никаков грев, или поинаку кажано се одликуваше со извонредна етичка чистота. Во тоа и се состои космичката трагедија што светот во Христос, во една таква личност, не го препозна својот сопствен излез од сите животни проблеми, вклучувајќи ја тука и смртта, туку тој ненасилно понуден излез го прикова на срамно дрво (така го нарекуваа крстот, затоа што распнувањето на крст беше најсрамната и најтешка казна во Римската империја). Но, денешниот празник е двозначен, затоа што три дена по својата смрт, со своето воскресение т.е. станување од мртвите, Христос ја донесе и најголемата радост во светот. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово“. Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје. На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и “„Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-strog-post-eve-kakvi-se-obichaite/feed/ 0