ит сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Apr 2023 13:09:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ит сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шаќири: Mладите сè повеќе одбираат да изучуваат и работат во областа на информатичко – комуникациските технологии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-mladite-se-poveke-odbiraat-da-izuchuvaat-i-rabotat-vo-oblasta-na-informatichko-komunikatsiskite-tehnologii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-mladite-se-poveke-odbiraat-da-izuchuvaat-i-rabotat-vo-oblasta-na-informatichko-komunikatsiskite-tehnologii/#respond Wed, 05 Apr 2023 13:09:45 +0000 https://kurir.mk/?p=820573

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири се сретна со Хира Мемети, полуматурантка во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Скопје, со која разговараше за нејзините идни планови за продолжување на средно и високо образование во земјава. Деветоодделенката истакна дека себеси се гледа како успешен програмер, кој ќе гради професионална кариера во ИТ-секторот. Нејзиното образование сака го продолжи во Математичко - информатичката гимназија, информираат од Министерството за образование и наука. - Имав прилика да разговарам со оваа исклучително талентирана полуматурантка, околу нејзините планови за иднината за продолжување на образовниот процес и градење успешна професионална кариера, по завршување на високото образование. Хира покрај редовниот образовен процес и постигнатиот успех во училиште, слободното време го користи за надоградување и стекнување знаења и вештини од областа на информатичките науки. Од тоа што го слушнав, изборот на ИТ-областа е тренд помеѓу младите и од нејзината генерација, вели министерот Шаќири во писмена изјава, по разговорот со ученичката. Министерството за образование и наука во континуитет креира политики и мерки за стимулирање на учениците за насочување кон средно стручно образование, се додава во соопштението, креира нови образовни профили и го зголемува бројот на дуални паралелки во училиштата во земјата, а воедно и ги поттикнува средношколците, нивното образование да го продолжат на некој од техничките факултети. - Давам целосна поддршка на сите млади кои својата иднина ја гледаат во науката, информатичката технологија и машинската индустрија, а дополнително и ќе продолжиме да ги стимулираме да останат и го продолжат својот образовен и професионален развој овде дома, каде што им е и местото. Отворивме Математичко - информатичка гимназија за талентирани млади, а доделуваме и стипендии за талентирани средношколци од овие области, како и стипендии за упис на ИТ-факултети. Тоа е иднината и затоа ги советувам сите полуматуранти, во пресрет на уписите во средно, да се фокусираат на стручните училишта и секако, понатаму да продолжат на некој од техничките факултети кои ветуваат подобра иднина тука, во својата земја, порачува Шаќири во писмената изјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-mladite-se-poveke-odbiraat-da-izuchuvaat-i-rabotat-vo-oblasta-na-informatichko-komunikatsiskite-tehnologii/feed/ 0