ит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Dec 2022 13:17:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сто илјади ИТ експерти ја напуштиле Русија од почетокот на инвазијата врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-iljadi-it-eksperti-ja-napushtile-rusija-od-pochetokot-na-invazijata-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-iljadi-it-eksperti-ja-napushtile-rusija-od-pochetokot-na-invazijata-vrz-ukraina/#respond Tue, 20 Dec 2022 13:17:04 +0000 https://kurir.mk/?p=778169

Околу 100.000 руски експерти за информатичка технологија ја напуштиле својата татковина од почетокот на инвазијата на Москва врз Украина, соопштија локалните власти. – Всушност, ако ги погледнеме двата брана на заминувања, до 10 отсто од вработените во ИТ компаниите ја напуштиле земјата и не се вратиле, изјави рускиот министер за дигитализација Максут Шадаев на собраниска расправа. Сепак, тој рече дека 80 отсто од тие луѓе сè уште се вработени во руски компании и дека е против тоа да им се забрани на овие Руси да работат од нивните сегашни локации. Првиот бран на емиграција се случи непосредно по објавувањето војна на рускиот претседател Владимир Путин во февруари, веднаш откако нареди делумна мобилизација на резервните трупи во Русија. ЕУ не им дозволи на повеќето Руси кои бегаат да влезат на нејзина територија, па затоа многумина побараа засолниште во соседните поранешни советски републики. Во Русија некои од нив се нарекуваат „предавници на татковината“, пренесе ДПА. Руската Влада и Парламентот дискутираат за закон со кој на иселениците ќе им се забрани да продолжат да работат за руски компании. Владата во Москва верува дека тоа ќе ги спречи да се издржуваат во странство. Дискусиите во моментов се водат околу тоа кои сектори треба да бидат изземени од забраната. Недостигот од руски ИТ експерти неодамна доведе до тоа тие и официјално да бидат ослободени од регрутирање за воена служба. Сепак, многу Руси не им веруваат на уверувањата на Кремљ и претпочитаат да се држат настрана од својата татковина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-iljadi-it-eksperti-ja-napushtile-rusija-od-pochetokot-na-invazijata-vrz-ukraina/feed/ 0
Softeligence почна со вработување ИТ експерти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/softeligence-pochna-so-vrabotuvanje-it-eksperti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/softeligence-pochna-so-vrabotuvanje-it-eksperti/#respond Mon, 31 Jan 2022 13:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=625043

Технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција Softelligence почна со вработување на ИТ експерти од разни области. Огромниот број работни позиции може да се погледнат и сите заинтересирани лица може да ги следат активните огласи за работа на интернет страницата https://www.softelligence.net/job-openings/ или на официјалната Facebook страна https://www.facebook.com/softelligence.mk/ на компанијата. Во моментов, компанијата бара Аналитичар за интеграција на податоци (Data Integration Analyst), Консултант за Power BI (Business Intelligence), Инженер за контрола на квалитет (Quality assurance), Експерт за Scrum (Scrum е програма за менаџирање на процесите и работењето при работа со софтвери), Инженер за .Net софтвер (.Net Software Engineer), потоа Salesforce програмер (Salesforce е еден од најпознатите CRM софтвери), Инженер за автоматизација за контрола на квалитет (QA Automation Engineer ) и други отворени работни позиции. Нејзиниот основач Адриан Блидарус наведува дека се потребни програмери, развивачи на софтвер, инженери за софтвер и податоци, архитекти за решенија, научници за податоци, лидери на тимови, проект менаџери и многу повеќе. Според него, компанијата се фокусира на .NET и технологијата поврзана со податоци (Data Science), класичната (SQL) и најсовремената (Big Data, NoSQL, data lakes). „Најчесто бараме луѓе кои имаат цврста основа во софтверското инженерство и работно искуство поврзано со „cloud“ (облак) технологиите. Ќе ги поддржиме и обучуваме да стекнат повеќе знаења и да се сертифицираат. Ова е нешто од кое сите имаат корист: нашите нови колеги, нашиот постоечки тим, компанијата и македонската ИТ индустрија, бидејќи знаењето останува кај луѓето“, објаснува Блидарус. Softelligence основаше фирма во Северна Македонија и најави дека ќе инвестира милион евра и ќе отвори сто работни места за ИТ професионалци преку изградба на Центар за испорака во Скопје. Според престижниот Financial Times FT1000, компанијата е еден од лидерите за раст на регионот во Централна и Источна Европа во областа на информатичката технологија. Предвидените милион евра, компанијата ќе ги вложи во обезбедување одлични услови за работа, пристап до најнова технологија, обуки и специјализирани курсеви за македонските колеги, кои ќе припаѓаат на голема група технолошки мајстори и ќе решаваат витални проблеми за глобални клиенти. Исто така, компанијата нуди решенија и на секоја банка, заемодавач, закупувач, осигурител, MGA или брокер ширум светот, но тоа значи дека секоја таква компанија во Северна Македонија ќе може да има корист од нашите решенија. Softelligence има седиште во Лондон, Обединетото Кралство и има два центри за испорака во Букурешт и Крајова, Романија. Компанијата е основана во 2006 и е рангирана меѓу првите 150 најбрзо растечки технолошки компании во Европа од страна на Financial Times. Softelligence има долготрајни партнерства со Microsoft, Instanda, FintechOS, Databricks и други воспоставени провајдери на технологија и платформи. Сегашни клиенти вклучуваат компании-членки на Erste Group, Vienna Insurance Group, TBI Bank, како осигурителните гиганти Beazley и Howden Group.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/softeligence-pochna-so-vrabotuvanje-it-eksperti/feed/ 0
CERTIADRIA – НАШЕ, А СВЕТСКО! Како се станува регионален центар за сертифицирани IT обуки https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/certiadria-nashe-a-svetsko-kako-se-stanuva-regionalen-centar-za-sertificirani-it-obuki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/certiadria-nashe-a-svetsko-kako-se-stanuva-regionalen-centar-za-sertificirani-it-obuki/#respond Tue, 25 Jan 2022 15:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=622827

Дигитализацијата овозможи коренити промени во начинот на работењето. Се зголеми индивидуалната продуктивност, се создаде нов квалитет на сработеното. Да знаеш да работиш во Word, Excel, Outlook и PowerPoint, денес е нешто без кое не може да се аплицира за скоро било кое работно место. Токму во полето на дигитализацијата и едукацијата, тимот на Certiadria ја согледа својата бизнис идеја - компанија која е  посветена на обезбедување образовни и сертификациски услуги во нашата држава, но и пошироко во Јадранскиот регион. Тие се дел од Certiport глобалната мрежа за акредитирани компании кои вршат обуки и издаваат сертификати  за познатите програми и брендови како оние на Adobe, Autodesk, Microsoft и многу други. На што се должи успехот на CertiAdria? „Нашите почетоци датираат од 2011 година кога го потпишавме партнерството со Certiport и Pearson VUE Business и можеме да кажеме дека сме целосно задоволни од постигнатото“- истакнува Марко Серафимовски, оперативниот директор на CertiAdria. „Сепак нашата визија за раст и развој, требаше да биде поткрепена и со финансиска поддршка и консултантски услуги за напредок и успешно менаџирање на деловните процеси. Како мала, но динамична компанија ни одговараше соработката со Микро Инвестицискиот Фонд (МИФ) со кој управува друштвото SPMG Capital. Со инвестицијата на МИФ во 2014 година, го зголемивме присуството на пазарите и надвор од Јадранскиот регион. Веќе во 2016 година станавме авторизиран партнер за едукација (AЕП) на Microsoft и обезбедивме официјални  едукативни материјали и решенија од Microsoft за академските институции ширум Јадранскиот регион. Наредната 2017 година потпишавме договор за соработка со ISQI (International Software Quality Institute) и право да ги нудиме нивните официјални испити во 12 земји – Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Унгарија, Малта и Романија. Истата година, остваривме и соработка со ИАПП (International Association of Privacy Professionals) и станавме Официјален Тренинг Партнер за GDPR обуки во целиот свет.“ Она по што CertiAdria е посебна е понудата на сертифицирани обуки кои се признати на глобално ниво и со кои им овозможувате на компаниите и образовните институции да создадат врвни кадри и професионалци во дигиталниот свет. Како ја гледате иднината на CertiAdria? „Една од нашите цели е градење на силни врски со академскиот и индустрискиот свет, при што вработените и студентите/учениците стекнуваат компјутерски и интернет вештини кои ќе бидат потврдени и ќе бидат основа за да продолжат со понапредни обуки и сертификации. Имаме воспоставено соработка со 70  универзитети и средни училишта, 30 компании за обуки и 4 иновативни центри. И во иднина ќе продолжиме да обезбедуваме програми за врвна едукација во областа на IT технологиите  и нивно интегрирање со потребите за развој на регионот.“ Образованието, покрај тоа што е благородна дејност, може да заклучиме дека и кај нас може да биде профитабилна и одржлива бизнис идеја, поткрепена секако со труд, знаење и поддршка од деловните и финансиските партнери и соработници. Дигитализацијата има неограничен простор за развој и имплементација на секое поле, а со тоа и можности знаењето и идеите во оваа сфера да ги претворите во капитал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/certiadria-nashe-a-svetsko-kako-se-stanuva-regionalen-centar-za-sertificirani-it-obuki/feed/ 0
Меѓународна ИТ компанија ќе вработи повеќе од 300 инженери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/megjunarodna-it-kompanija-kje-vraboti-povekje-od-300-inzeneri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/megjunarodna-it-kompanija-kje-vraboti-povekje-od-300-inzeneri/#respond Tue, 20 Apr 2021 10:37:58 +0000 https://kurir.mk/?p=499744

Меѓународната компанија за софтверско инженерство Scalefocus ќе вработи 300 инженери во следните 5 години кои ќе работат на иновативни проекти за дел од најголемите светски компании. Компанијата вработува ИТ професионалци и програмери од земјава и верува во високиот инженерски потенцијал и капацитетот на локалниот ИТ еко-систем. Scalefocus ја комбинира експертизата на своите професионалци со специфично доменско знаење и обезбедува врвни услуги од областа на ИТ технологиите. Од своето основање во 2012 година, компанијата има изработено повеќе од 500 успешно завршени проекти во 26 земји, кои континуирано се користат од страна на нивните партнери. Денес, Scalefocus вработува повеќе од 730 ИТ професионалци распределени на 6 различни локации. Компанијата е присутна на пазарот во Македонија веќе неколку години, а од крајот на 2019 година е присутна и со сопствена канцеларија во Скопје. Одговорното техничко лице на Scalefocus во Македонија e Горан Стојановски, д-р на науки по електротехника.
„Како земја отсекогаш сме имале многу квалитетни инженери, кои работат на светски проекти. Нашите инженери и ИТ професионалци придонесуваат со креативни решенија за подобрување на процесите на нашите клиенти. За нас, иако формалното образование е исклучително важно, не е пресудно во процесот на вработување, бидејќи главните карактеристики кои ги цениме се компетентноста во програмирање и системот на вредности, без разлика каде се стекнати,“ вели Стојановски.
Она што е карактеристично за Scalefocus е способноста да ги привлече, да ги задржи, и да помогне во развојот на најдобрите ИТ професионалци. Ова во комбинација со културата на работа, иновативноста и посветеноста кон клиентите ја промовираат компанијата како лидер и сериозен технолошки партнер во областа на дигиталните трансформации.
„Нашите планови за развој во земјава се многу големи. Свесни сме дека за да ги оствариме, не е доволно само да ги ангажираме најдобрите ИТ професионалци, туку потребно е да им ги обезбедиме најдобрите услови за работа. Тука спаѓаат атрактивните канцеларии, програмата за флексибилни придобивки, можноста за работа од секаде, како и планирањето на нивниот професионален развој. Во културата на нашата компанија, овозможуваме секој да го развие својот потенцијал како ИТ професионалец или како менаџер“, додава Стојановски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/megjunarodna-it-kompanija-kje-vraboti-povekje-od-300-inzeneri/feed/ 0