Италија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 17:30:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Италија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Италија воведува гранични контроли со Словенија поради зголемена закана од тероризам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-voveduva-granichni-kontroli-so-slovenija-poradi-zgolemena-zakana-od-terorizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-voveduva-granichni-kontroli-so-slovenija-poradi-zgolemena-zakana-od-terorizam/#respond Wed, 18 Oct 2023 17:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=890452

Италија денеска соопшти дека ќе го суспендира договорот за отворена граница со соседна Словенија, наведувајќи ја зголемената закана од тероризам во Европа поради конфликтот на Блискиот Исток. Десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони соопшти дека властите во североисточната погранична провинција Фруланија-Јулиска Краина од почетокот на годината идентификувале 16.000 луѓе кои илегално влегле во Италија преку границата со Словенија, последната станица на балканската рута која некои мигранти ja користат за да стигнат до Западна Европа. Со 140.000 мигранти кои пристигнаа во Италија по море оваа година, бројот на илегални влегувања е зголемен за 85 отсто во споредба со 2022 година. Италијанската Влада најави дека ќе ги врати граничните контроли од 21 октомври, на 10 дена. Владата соопшти и дека антитерористичкиот комитет на Министерството за внатрешни работи ја испитува ситуацијата и дека тоа ја „потврдува неопходноста“ од зајакнување на италијанската граница. Италија и Словенија се меѓу 26-те земји кои припаѓаат на Шенген зоната, најголемата зона за слободно патување во светот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-voveduva-granichni-kontroli-so-slovenija-poradi-zgolemena-zakana-od-terorizam/feed/ 0
Спалети: Натпреварот против Англија ќе ни помогне да разбереме какви се шансите на италијанскиот тим во иднина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spaleti-natprevarot-protiv-anglija-ke-ni-pomogne-da-razbereme-kakvi-se-shansite-na-italijanskiot-tim-vo-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spaleti-natprevarot-protiv-anglija-ke-ni-pomogne-da-razbereme-kakvi-se-shansite-na-italijanskiot-tim-vo-idnina/#respond Sun, 15 Oct 2023 12:38:53 +0000 https://kurir.mk/?p=889049

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети, ги кажа своите очекувања за натпреварот со Англија во квалификациите за Европското првенство 2024. Италија синоќа во Бари ја победи Малта со 4:0. - Важно беше да освоиме три бода без да ризикуваме и лесно да го добиеме натпреварот. Тимот добро се развива. Јасно е дека постои желба подобро да се запознаеме. Игравме добар фудбал. Натпреварот во вторник против Англија на „Вембли“ е еден од оние кои навистина можат да ни помогнат да разбереме какви се нашите шанси во иднина, изјави Спалети, за официјалниот сајт на УЕФА. Репрезентацијата на Италија со 10 бодови е на второто место во групата Ц по 5 натпревари. Малта е последна без освоен бод по шест одиграни натпревари. Во следниот натпревар избраниците на Лучијано Спалети ќе играат на гости против Англија, а Малта ќе и гостува на Украина. Двете средби ќе се одржат на 17 октомври. Во оваа група македонската репрезентација има освоено седум бода од шест натпревари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spaleti-natprevarot-protiv-anglija-ke-ni-pomogne-da-razbereme-kakvi-se-shansite-na-italijanskiot-tim-vo-idnina/feed/ 0
Салвини: Италија мора да се врати на нуклеарна енергија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salvini-italija-mora-da-se-vrati-na-nuklearna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salvini-italija-mora-da-se-vrati-na-nuklearna-energija/#respond Thu, 12 Oct 2023 10:41:46 +0000 https://kurir.mk/?p=888031

Италија мора повторно да се сврти кон нуклеарна енергија и да изгради нова нуклеарна централа до 2032 година, изјави италијанскиот министер за инфраструктура Матео Салвини. Лидерот на Лига, членка на владејачката коалиција, исто така предложи локација, сугерирајќи дека новата нуклеарна централа треба да биде изградена во Милано. И водечката партија во коалицијата на премиерката Џорџа Мелони, Браќа на Италија, се залага за враќање на нуклеарната енергија. Италија ја напушти нуклеарната енергија по катастрофата во Чернобил во 1986 година и го затвори својот последен реактор четири години подоцна. Последователно, тие почнаа повторно да размислуваат за вклучување на нуклеарни централи, но плановите беа замрзнати по катастрофата во јапонската Фукушима во 2011 година. Повеќе од 94 отсто од Италијанците еднаш на референдум гласаа против враќањето на нуклеарната енергија, а министерот Салвини, кој е и вицепремиер, започна кампања за повторно изјаснување на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salvini-italija-mora-da-se-vrati-na-nuklearna-energija/feed/ 0
Италијанската полиција уапси 33 лица: Падна мрежа на кинески дилери кои переле пари за криминални организации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-politsija-uapsi-33-litsa-padna-mrezha-na-kineski-dileri-koi-perele-pari-za-kriminalni-organizatsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-politsija-uapsi-33-litsa-padna-mrezha-na-kineski-dileri-koi-perele-pari-za-kriminalni-organizatsii/#respond Wed, 04 Oct 2023 18:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=885271

Италијанската полиција денеска уапси 33 лица во операција против мрежа на кинески дилери кои наводно испрале повеќе од 50 милиони евра на групи за шверц на дрога. Меѓу овие групи беше и калабриската мафија Ндрангета. Според полковникот Франческо Руис од италијанската финансиска гарда, кој ја водеше денешната операција, она што беше специфично за овој случај е поврзаноста помеѓу мафијашката организација Ндрангета и кинеските компании кои обезбедуваат нелегални финансиски услуги. Меѓу уапсените има и седум кинески државјани. Апсењата беа извршени во Рим и во шест други италијански градови. Запленети се околу 10 милиони евра во готовина од таканаречените „мазги на пари“ кои имале задача да ги однесат парите во странство. Неколку истраги кои неодамна беа спроведени во Италија покажаа како нарко-картелите сè повеќе користат матни мрежи на нелиценцирани кинески дилери за да перат пари и да вршат тајни прекугранични плаќања. Перењето пари во последниот истражен случај се случило во компании кои увезуваат и извезуваат облека и додатоци во областа Есквилино во Рим. Овие компании служеа како центри за собирање пари од нелегални активности, кои потоа беа префрлени во Кина без да може да се следи. Истрагата беше потпомогната од пристапот до шифрирани разговори на платформа затворена во 2021 година од заедничкиот истражен тим на Европол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-politsija-uapsi-33-litsa-padna-mrezha-na-kineski-dileri-koi-perele-pari-za-kriminalni-organizatsii/feed/ 0
Најмалку 21 загинат во автобуската несреќа во северна Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-21-zaginat-vo-avtobuskata-nesreka-vo-severna-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-21-zaginat-vo-avtobuskata-nesreka-vo-severna-italija/#respond Wed, 04 Oct 2023 06:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=884866

Украинци, Германци и Французи се меѓу жртвите на автобусот што синоќа излета од надвозник во северна Италија и се запали, соопштија локалните власти. Најмалку 21 лице загина во трагедијата на автобусот, кој од висина од десет метри падна врз електрични жици во близина на железничката станица во градот Местре, во близина на Венеција. Според локалните медиуми, автобусот ги носел туристите на кампување во квартот Местре - Маргера. Меѓу повредените, покрај тројца Украинци, Германец и Французин, има и еден Хрват. Идентификацијата на загинатите се уште е во тек. „Ние сме во контакт со италијанските власти за да ги идентификуваме можните француски државјани меѓу жртвите“, рече француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-21-zaginat-vo-avtobuskata-nesreka-vo-severna-italija/feed/ 0
Трагедија во Италија: Најмалку 20 загинати откако автобус излетал од надвозник, паднал на пруга и се запалил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-italija-najmalku-20-zaginati-otkako-avtobus-izletal-od-nadvoznik-padnal-na-pruga-i-se-zapalil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-italija-najmalku-20-zaginati-otkako-avtobus-izletal-od-nadvoznik-padnal-na-pruga-i-se-zapalil/#respond Tue, 03 Oct 2023 20:07:33 +0000 https://kurir.mk/?p=884798

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени во автобуска несреќа што се случи вечерва во Италија. Автобус со многу луѓе вечерва околу 20 часот излетал од надвозникот Либерта во Местре и по пад од 10 метри, паднал на железничката пруга и се запалил. Според првите информации, загинале најмалку 20 лица, од кои некои се изгорени, додека четириесетина се повредени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-italija-najmalku-20-zaginati-otkako-avtobus-izletal-od-nadvoznik-padnal-na-pruga-i-se-zapalil/feed/ 0
Мелони: Италија повеќе не сака да прима мигранти спасени од страна на НВО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meloni-italija-poveke-ne-saka-da-prima-migranti-spaseni-od-strana-na-nvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meloni-italija-poveke-ne-saka-da-prima-migranti-spaseni-od-strana-na-nvo/#respond Fri, 29 Sep 2023 20:00:45 +0000 https://kurir.mk/?p=883452

Невладините организации кои спасуваат мигранти во Медитеранот ќе мора да ги истоварат во земјите чие знаме веат нивните бродови, особено во Германија, доколку не се најде подобар компромис за статусот на азил и имиграција, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во главниот град на Малта, Валета, каде се одржува Самитот МЕД9. Таа го отфрли амандманот што го претстави Германија за статусот и улогата на невладините организации, додека вчера во Брисел беше усвоена реформата на Пактот за азил и имиграција. Текстот беше одобрен од земјите-членки на Европска Унија, но Италија, изненадена од доцното поднесување на германскиот амандман, изрази резервираност и побара период за размислување. - Тој амандман е чекор наназад и затоа предлагаме друг амандман според кој државата е надлежна да ги пречека мигрантите кои се превезуваат на бродот на невладините организации на државата што го носи нивното знаме, посочи Мелони. Според медиумите во Рим, италијанскиот амандман вчера бил отфрлен од министрите за внатрешни работи. Рим го прекорува Берлин за финансирање на неколку хуманитарни невладини организации во Медитеранот, од кои некои работат под германско знаме.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meloni-italija-poveke-ne-saka-da-prima-migranti-spaseni-od-strana-na-nvo/feed/ 0
Серија земјотреси во Италија, најсилниот од 4,2 степени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/serija-zemjotresi-vo-italija-najsilniot-od-4-2-stepeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/serija-zemjotresi-vo-italija-najsilniot-od-4-2-stepeni/#respond Wed, 27 Sep 2023 06:22:40 +0000 https://kurir.mk/?p=882101

Неколку земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се случиле во текот на ноќта во големиот вулкански регион на Флегрејските полиња, во близина на Неапол, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија. Според сеизмолозите, најсилниот земјотрес е регистриран во 3 часот и 35 минути и бил почувствуван во некои делови на Неапол и околните села, пренесува АНСА. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 3 километри. Засега нема информации за материјална штета или жртви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/serija-zemjotresi-vo-italija-najsilniot-od-4-2-stepeni/feed/ 0
Борел: ЕУ треба да покаже солидарност со Италија, каде пристигнуваат голем број мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-eu-treba-da-pokazhe-solidarnost-so-italija-kade-pristignuvaat-golem-broj-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-eu-treba-da-pokazhe-solidarnost-so-italija-kade-pristignuvaat-golem-broj-migranti/#respond Sat, 23 Sep 2023 13:30:45 +0000 https://kurir.mk/?p=881010

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел денеска изјави дека Европската унија мора да покаже солидарност со Италија додека таа земја се бори со зголемениот број мигранти и бегалци кои пристигнуваат на нејзиниот јужен брег. „Мораме да ја покажеме сета наша солидарност со Италија во овој тежок момент. Европската унија ќе стои покрај Италија“, изјави Борел во интервју за „Франс 24“ и Радио Франс Интернационал, пренесуваат италијанските медиуми. Тој изјави дека е потребна гранична политика која ги надминува безбедносните мерки и подразбира и договори со транзитните и земјите на потекло. „Потребни ни се договори кои ќе ни овозможат да ги прифатиме мигрантите што ни се потребни, но и со кои ќе биде овозможена депортација на илегалните мигранти кои залудно ги ризикуваат своите животи“, рече Борел.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-eu-treba-da-pokazhe-solidarnost-so-italija-kade-pristignuvaat-golem-broj-migranti/feed/ 0
Италија воведува поостри мерки за мигрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-voveduva-poostri-merki-za-migrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-voveduva-poostri-merki-za-migrantite/#respond Mon, 18 Sep 2023 17:45:57 +0000 https://kurir.mk/?p=879227

Италијанската влада денеска се состана за да донесе нови мерки по ненадејниот и масовен прилив на мигранти на островот Лампедуза, каде што се побројни од локалното население. Премиерката Џорџа Мелони изјави дека во фокусот на мерките ќе бидат мигрантите кои не ги исполнуваат условите за азил и кои ќе бидат вратени во нивните земји. Планот е да се продолжи времетраењето на притворот за овие лица до максимум 18 месеци во ЕУ и да се зголеми бројот на центрите за притвор каде што ќе бидат задржани додека не бидат вратени. Мелони најави „итни мерки“ откако околу 7.000 луѓе минатата недела пристигнаа на Лампедуза, италијански остров поблиску до Тунис отколку Италија, што е повеќе од населението на островот. Некои од нив беа испратени на Сицилија, но тензиите повторно се зголемија меѓу политичките актери, особено пред изборите за Европскиот парламент следната година. Мелони повторно побара од ЕУ поморска блокада на Северна Африка за да ги спречи трговците со луѓе да ги испраќаат своите шверцерски чамци во Средоземното Море. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и Мелони вчера ја посетија Лампедуза и ги повикаа европските партнери да и помогнат на Италија во справувањето со миграциските текови од Северна Африка и да прими дел од мигрантите кои го преминале Средоземното Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-voveduva-poostri-merki-za-migrantite/feed/ 0