италијанци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Jul 2020 14:49:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png италијанци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Италијанците поретко купуваат маски и средства за дезинфекција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijancite-poretko-kupuvaat-maski-i-sredstva-za-dezinfekcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijancite-poretko-kupuvaat-maski-i-sredstva-za-dezinfekcija/#respond Fri, 31 Jul 2020 14:49:41 +0000 https://kurir.mk/?p=384457

Продажбата на заштитни маски во аптеките во Италија е преполовена во последните сто дена, а Италијанците купуваат десет пати помалку средства за дезинфекција отколку на почетокот на епидемијата на коронавирусот во земјата, покажаа податоци на компанијата Иквиа, која ја следи потрошувачка во аптеките. Метеж на плажите, преполни аперитив барови, а Италијанците постепено се ослободуваат од маските што понекогаш ги чуваат во џебовите или на брадата, пишува италијанскиот весник „Ил Соле 24 Оре“. – Ова е сериозен факт затоа што тоа е еден од ретките начини за одбрана од вирусот што ни е достапен, рече претседателот на фармацевтското здружение Федерафарм, Марко Косоло. Пред два месеци луѓето трчаа во аптеките и супермаркетите да купат маски, особено хируршки, што понекогаш ги немаше, а денес кога нема проблеми со резервите и со стабилна цена од 50 центи за хируршка маска, Италијанците се чини дека се уморни од ова клучно средство за запирање на вирусот, пишува италијанскиот дневен весник. Според податоци на Иквиа, кривата на купување маски во Италија достигна врв во седмицата меѓу 6 и 13 април, околу еден месец откако почна блокадата, кога Италијанците потрошија 5,5 милиони евра на маски во текот на една недела. Од тогаш се бележи континуиран пад со најниска точка на 20 јуни, а потоа и мало зголемување со последната анализирана недела до 20 јули, при што е забележана набавка на заштитни маски за вкупно 2,2 милиони евра. Врвот на набавка на средства за дезинфекција во Италија беше на 9 март, на почетокот на рестриктивните мерки, додека на 20 јули продажбата падна на најниско ниво од воведувањето на блокадата поради Ковид-19. Со 35.132 смртни случаи од Ковид-19, Италија е шеста земја во светот по бројот на жртви од коронавирусот, по САД, Бразил, Мексико, Велика Британија и Индија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijancite-poretko-kupuvaat-maski-i-sredstva-za-dezinfekcija/feed/ 0
ПСЖ никогаш не победувал Италијанци во Лига на шампиони https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-nikogash-ne-pobeduval-italijanci-vo-liga-na-shampioni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-nikogash-ne-pobeduval-italijanci-vo-liga-na-shampioni/#respond Sat, 11 Jul 2020 09:08:49 +0000 https://kurir.mk/?p=373855

Ждрепката за четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите беше извлечена вчера. Еден од судирите кои се формираа беше Аталанта против Пари Сен Жермен. На прв поглед, францускиот шампион е апсолутен фаворит во овој пар, но вистината е дека статистиката не е на страната на парижаните. Аталанта е апсолутен дебитант на турнирот, но веднаш стигна до четвртфиналето, што е доста импресивно достигнување само по себе. Сега, сепак, еден од фаворитите во турнирот застанува на пат на тимот од Бергамо. Сепак, статистиката им дава сериозни надежи на пулените на Џанпјеро Гасперини да направат уште поголем подвиг. Таа покажува дека ПСЖ никогаш не победил италијански тим во Лигата на шампионите. Парижаните ги загубија двете судири со Милан (0:1 и 0:2) во полуфиналето во сезоната 1994-95. Потоа тие забележаа четири реми во натпреварите во групната фаза повторно со Милан (1:1 и 1:1) во 2000-01 година и со Наполи (1:1 и 2:2) во 2018-19. Да не се потценува и фактот дека ПСЖ нема да биде во оптимална форма за судирот со Аталанта на 12 август. Како што знаеме, францускиот шампионат беше рано прекинат поради пандемијата на коронавирус и парижаните не одиграа официјален натпревар од март. Тие сепак ќе запишат две средби со Сент-Етјен во финалето на Купот на Франција на 24 јули и со Лион во финалето на Лига купот на 31 јули, но само толку. Во исто време, Аталанта веќе одигра 6 натпревари по рестартирањето на Серија „А“, а ќе одигра уште 7 натпревари до крајот на кампањата. Тимот од Бергамо исто така се во одлична форма, се наоѓаат во серија од 9 последователни победи (имаа три пред паузата на првенството). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-nikogash-ne-pobeduval-italijanci-vo-liga-na-shampioni/feed/ 0
Шпанија ги отвори границите Италијанците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-gi-otvori-granicite-italijancite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-gi-otvori-granicite-italijancite/#respond Tue, 19 May 2020 10:40:40 +0000 https://kurir.mk/?p=347770

Шпанија ја укина забраната за директни летови и поморски сообраќај од Италија, што е во сила од 11 март кога во Шпанија беше прогласен карантин поради епидемијата на Ковид-19. Патниците од Италија и понатаму ќе мора да го почитуваат двонеделниот карантин, како и сите останати лица кои доаѓаат од странство. Во Шпанија се уште е во сила вонредната состојба, но рестриктивните мерки се укинуваат постепено. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-gi-otvori-granicite-italijancite/feed/ 0