италијанка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Oct 2021 10:54:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png италијанка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Италијанка ја пее „Море сокол пие“, а ѝ свират момци од цел свет https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/italijanka-ja-pee-more-sokol-pie-a-svirat-momci-od-cel-svet/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/italijanka-ja-pee-more-sokol-pie-a-svirat-momci-od-cel-svet/#respond Mon, 25 Oct 2021 10:54:20 +0000 https://kurir.mk/?p=585072

Кога Македонка ја пее „Море сокол пие“ велиме ’браво’, кога некој од соседите го прави тоа важи истото, но што да се каже кога песната ја изведува девојка која нема апсолутно никаква врска со Македонија и дури и воопшто не била во нашата земја? Најновата преработка на прекрасната македонска традиционална песна доаѓа од работилницата на Barcelona Gipsy balKan Orchestra и прекрасната вокалистка Маргерита Абита. Маргерита е Италијанка и е дел од составот Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), интернационален ансамбл, чија база е Барселона. Специфични по составот, но и начинот на кој ја интерпретираат традиционалната музиката - Barcelona Gipsy balKan Orchestra се вистински мелем за душата, а новиот дух кој ѝ го даваат на музиката од Балканот, Средниот Исток, но и Медитеранот е магија за сите сетила. „Традицијата на Македонија е собрана во една приказна, една песна, една емоција. Средбата на БГКО со вечната мелодија чија тежина низ вековите обележала генерации... Старата изрека вели: „Низ Босна не пеј, низ Србија не играј, а низ Македонија ниту пеј ниту играј...“ А сепак еден нов поглед на стара љубов, карактеристика на оркестарот закотвен во градот на Гауди. Инспирирани од природата со која биле опкружени и концертот чија енергија им останала во сеќавањата, БГКО врзува три балкански земји во една приказна – двете страни на езерото Скадар низ призмата на македонскиот сокол“, велат во објаснувањето зошто ја одбрале токму „Море сокол пие“. BGKO се: Маргерита Абита (вокал, Италија), Матиа Скироса (хармоника, Италија), Џулиен Шанал (гитара), Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Дани Карбонел (кларинет, Каталонија–Шпанија) и Олесандр Сора (виолина, Украина)/Пере Ноалск Туру (виолина, Каталонија – Шпанија). извор: tocka.com.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/italijanka-ja-pee-more-sokol-pie-a-svirat-momci-od-cel-svet/feed/ 0
23-годишна Италијанка ПО ГРЕШКА примила шест дози од вакцината на Фајзер – еве во каква состојба се наоѓа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/23-godishna-italijanka-po-greshka-primila-shest-dozi-od-vakcinata-na-fajzer-eve-vo-kakva-sostojba-se-naogja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/23-godishna-italijanka-po-greshka-primila-shest-dozi-od-vakcinata-na-fajzer-eve-vo-kakva-sostojba-se-naogja/#respond Mon, 10 May 2021 11:21:23 +0000 https://kurir.mk/?p=508455

Една 23-годишна Италијанка била под надзор во болница во Тоскана откако по грешка примила шест дози вакцина на Фајзер/БиоНТек, објави денеска агенцијата АГИ. Девојката била во добра состојба откако примила течности и парацетамол по инјекцијата во неделата. Наместо да инјектира само една доза во раката на студентката, медицинска сестра по грешка и го вбризгала целото шишенце, што е еквивалентно на шест дози. Претходни студии за испитување на предозирање со вакцината на Фајзер беа ограничени на четири дози, пишува АГИ. Инцидентот бил пријавен кај италијанскиот регулатор на лекови. Предозирања со вакцината на Фајзер/БиоНТек претходно беа пријавени во САД, Австралија, Германија и Израел. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/23-godishna-italijanka-po-greshka-primila-shest-dozi-od-vakcinata-na-fajzer-eve-vo-kakva-sostojba-se-naogja/feed/ 0
Италијанка третпат заразена со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italijanka-tretpat-zarazena-so-koronavirus-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italijanka-tretpat-zarazena-so-koronavirus-2/#respond Tue, 25 Aug 2020 12:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=395203

Италијанка од Ломбардија за време на летниот годишен одмор на островот Сардинија открила дека третпат се заразила со вирусот Ковид-19. Италијанката, која била на одмор во градот Тертенија на Сардинија, поради други здравствени причини отишла во болница каде што открила дека е повторно позитивна на Ковид-19. Како што пренесуваат италијанските медиуми, таа претходно во два наврати била во болница поради вирусот, по што била излекувана, односно имала негативни резултати од тестот за коронавирус. Сега е хоспитализирана во градот Ланузеи. Според соопштението од локалните власти, пациентката ќе биде повторно тестирана, а според „антиковид“ протоколот, нејзините контакти ќе се следат за да се утврди дали има други заразени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italijanka-tretpat-zarazena-so-koronavirus-2/feed/ 0
Позната причината зошто тинејџерот ја грабнал и заклучил Италијанката во стан во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznata-prichinata-zoshto-tinejdzerot-ja-grabnal-i-zakluchil-italijankata-vo-stan-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznata-prichinata-zoshto-tinejdzerot-ja-grabnal-i-zakluchil-italijankata-vo-stan-vo-ohrid/#respond Mon, 06 Jul 2020 08:48:55 +0000 https://kurir.mk/?p=369694

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против две лица, на возраст од 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители, кривичното дело го сториле на 3 јули 2020 година, кога противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на оштетената, државјанка на Република Италија. Првоосомничениот кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второосомничениот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија. Откако пристигнале, осомничените ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се одалечиле во непознат правец. Настанот бил пријавен од Амбасадата на Република Италија, по што осомничените биле пронајдени и лишени од слобода. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид до Основниот суд Охрид достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени, поради постоење опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Судот го прифати предлогот и со Решение на двајцата осомничени им е определен притвор во траење од по 8 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznata-prichinata-zoshto-tinejdzerot-ja-grabnal-i-zakluchil-italijankata-vo-stan-vo-ohrid/feed/ 0
Тинејџер од Скопје лишил од слобода Италијанка, ја држел заклучена во стан во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzer-od-skopje-lishil-od-sloboda-italijanka-ja-drzel-zakluchena-vo-stan-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzer-od-skopje-lishil-od-sloboda-italijanka-ja-drzel-zakluchena-vo-stan-vo-ohrid/#respond Sun, 05 Jul 2020 10:59:21 +0000 https://kurir.mk/?p=369202

Во Полициската станица Карпош, В.Ѓ.(49) од Скопје пријавил дека П.М.Д.(26) од Р.Италија, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода од лицето С.С.(19) од Скопје, кој што бил со привремено живеалиште во Р.Италија, информира МВР. Од полициски службеници од СВР Охрид излезено е на терен и во стан на ул. “Партизанска“ во Охрид, сопственост на Л.С.(60) од Охрид кој го имал изнајмено, била пронајдена П.М.Д., како и лицето Б.Ф. од Скопје, познаник на С.С. Набргу С.С. и Б.Ф. се приведени во СВР Охрид, информираат од полициата. За настанот е запознат јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка на двајцата приведени им е одредена мерка во траење од по осум дена. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzer-od-skopje-lishil-od-sloboda-italijanka-ja-drzel-zakluchena-vo-stan-vo-ohrid/feed/ 0
Италијанка наполнилa 109 години: Ги преживеала двете светски војни, две епидемии, а го преживеа и коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanka-napolnila-109-godini-gi-preziveala-dvete-svetski-vojni-dve-epidemii-a-go-prezivea-i-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanka-napolnila-109-godini-gi-preziveala-dvete-svetski-vojni-dve-epidemii-a-go-prezivea-i-koronavirusot/#respond Wed, 15 Apr 2020 14:52:44 +0000 https://kurir.mk/?p=332733

Лисета Форнари од Италија, која преживеала две светски војни и три епидемии, денеска наполни 109 години, во строга изолација, чувајќи се од вирусот Ковид-19. Лисета, која е родена на 15 април 1911 година, како шестгодишно дете заболела од шпанска треска, но се излекувала, а сега е во изолација за да се заштити од новиот вирус, пишува италијанскиот весник „Република“. Таа вели дека во текот на Втората светска војна „барем имало меѓучовечки односи, а не како сега“ кога е изолирана и не е во можност да ја користи технологијата за да комуницира, но изразува надеж дека 110.роденден ќе го прослави со забава. Нејзината тајна за долговечност се лесни оброци со чаша вино, без цигари и стрес, но и со став дека секој ден е како подарок. Италија е една од најтешко погодените земји од пандемијата на Ковид-19 од која досега во земјата починаа повеќе од 21.000 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanka-napolnila-109-godini-gi-preziveala-dvete-svetski-vojni-dve-epidemii-a-go-prezivea-i-koronavirusot/feed/ 0
Во Австрија починала Италијанка – сомнеж дека се работи за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-pochinala-italijanka-somnez-deka-se-raboti-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-pochinala-italijanka-somnez-deka-se-raboti-za-koronavirus/#respond Wed, 26 Feb 2020 10:12:18 +0000 https://kurir.mk/?p=308929

Синоќа во комплекс апартмани во местото Бад Клајнкирхајм во Австрија, починала 56 годишна Италијанка, за која докторите се сомневаа дека е заразена со новиот коронавирус. Како што јави дописникот на МИА, докторите од итната медицинска помош веќе земале крв од починатата за анализа, по што ќе може со сигурност да се каже дали била заразена или не. Комплексот апартмани каде што била Италијанката веднаш е затворен, а на луѓето кои се внатре им е забранет излез се додека не поминат соодветен лекарски преглед. Според информациите во австриските медиуми, Италијанката изминатите денови имала симптоми на настинка, а во Австрија дошла од Удине. Австриските власти соопштија и дека се пронајдени сите лица со кој контактирал првиот заразен човек во Инсбург. Бидејќи партнерката на еден од заразените работела на рецепција во хотелот „Европа” во центарот на градот, наредено е привремено затворање на објектот и тестирање на сите вработени. Австриските медиуми пишуваат дека интересно е што токму во тој хотел пред само една недела престојувале австрискиот канцелар Себастијан Курц и министерката за правда Маргарете Шрамбек. Сепак, за време на нивниот престој рецепционерката не била на работа бидејќи била во Италија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-pochinala-italijanka-somnez-deka-se-raboti-za-koronavirus/feed/ 0