италијанска мафија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Sep 2023 11:10:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png италијанска мафија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Месина Денаро падна во неповратна кома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mesina-denaro-padna-vo-nepovratna-koma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mesina-denaro-padna-vo-nepovratna-koma/#respond Sat, 23 Sep 2023 11:10:51 +0000 https://kurir.mk/?p=880956

Најбараниот шеф на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари откако беше во бегство 30 години, од вчера е во неповратна кома, јави новинската агенција АНСА. Тој боледува од рак на дебелото црево и неговите лекари велат дека Месина Денаро нема да закрепне. На негово барање, мерките за одржување на животот се прекинати, соопштија лекарите од болницата во централниот италијански град Л’Аквила. На почетокот на август, 61-годишниот мафијаш беше подложен на операција на цревата во болницата Сан Салваторе во централниот италијански град Л’Аквила. Иако операцијата беше успешна, ракот на дебелото црево во поодмината фаза предизвика неповратно влошување на неговата здравствена состојба. Месина Денаро вчера паднал во неповратна кома по големо крварење, пренесе ДПА. Месина Денаро, осудениот шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра, беше фатен од полицијата во јануари по три децении во бегство. Шефот на мафијата, кој долго време важеше за најбараниот бегалец во Италија, беше фатен од специјализирана полициска единица во клиниката за рак во Палермо, каде што се лекуваше под лажно име. Тој беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во серија сурови убиства и бомбашки напади со автомобили во Италија. Помеѓу другите злосторства, тој е обвинет и за бомбашките напади со автомобили во 1992 година, во кои меѓу другите беа убиени водечките обвинители против мафијата Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Месина Денаро важеше за блиска доверлива личност на поранешните мафијашки криминални босови Бернардо Провенцано и Салваторе „Тото“ Риина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mesina-denaro-padna-vo-nepovratna-koma/feed/ 0
Во Шпанија уапсени 32 лица поврзани со италијанската мафија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shpanija-uapseni-32-lica-povrzani-so-italijanskata-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shpanija-uapseni-32-lica-povrzani-so-italijanskata-mafija/#respond Tue, 20 Sep 2022 16:27:02 +0000 https://kurir.mk/?p=735327

Во Шпанија се уапсени 32 лица поврзани со италијанската мафијашка група Ндрангета и големата трговија со дрога и перење пари, соопшти денеска Европската полициска служба (Европол). Според Европол, уапсените се припадници на насилна криминална група поврзана со трговија со кокаин и канабис помеѓу Шпанија и Италија, транспорт на дрога скриена во глисери, како и перење пари преку инвестиции во шпански недвижен имот. Помеѓу уапсените има Италијанци, Албанци и Унгарци. Во полициската акција запленети се 18 килограми амфетамин, 4,5 килограми кокаин, огнено оружје, 300.000 евра и 600 садници канабис. Акцијата беше спроведена минатата недела на островот Ибица и во неа учествуваа 500 полицајци на шпанската цивилна гарда, италијански карабинери и претставници на италијанската финансиска полиција, со поддршка на европските тела за полиција и правда, Европол и Европравда. Италијанското обвинителство ја смета мафијашката организација Ндрангета од Калабрија за најважната криминална организација во западниот свет. Некои од уапсените се поврзани со некои убиства во Италија. Се проценува дека Ндрангета, чие име на грчки значи „херојство“ или „машка доблест“ (андрагатија) има поголема моќ од злогласната сицилијанска Коза Ностра поради шверцот на кокаин од Јужна Америка.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shpanija-uapseni-32-lica-povrzani-so-italijanskata-mafija/feed/ 0
Уапсен осомничен шеф на италијанскаta мафија за време на велигденска вечера https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-osomnichen-shef-na-italijanskata-mafija-za-vreme-na-veligdenska-vechera/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-osomnichen-shef-na-italijanskata-mafija-za-vreme-na-veligdenska-vechera/#respond Mon, 05 Apr 2021 11:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=492573

Полицијата во Сицилија го приведе Џузепе Калварусо, осомничен шеф на мафијата. Акцијата е спроведена за време на славеничката вечера откако се вратил дома во Палермо за Велигден од Бразил, каде претходно побегна, јави Анса. Осомничениот шеф на мафијашката група „Паљарели“ ја напуштил Италија за Бразил пред извесно време, но се вратил во Палермо пред Велигден. Полицијата уапси уште четворица мажи, осомничени дека биле активни во сицилијанската организација Коза Ностра. Осомничените се обвинети за изнуда, напад, киднапирање и други тешки кривични дела, пренесува ДПА. Рацијата беше координирана од обвинителите во Палермо и други истражители кои се борат против мафијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-osomnichen-shef-na-italijanskata-mafija-za-vreme-na-veligdenska-vechera/feed/ 0
Ги предал таткото и чичкото – почна судењето на најмоќната италијанска мафија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-predal-tatkoto-i-chichkoto-pochna-sudenjeto-na-najmokjnata-italijanska-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-predal-tatkoto-i-chichkoto-pochna-sudenjeto-na-najmokjnata-italijanska-mafija/#respond Sun, 17 Jan 2021 12:37:45 +0000 https://kurir.mk/?p=456500

Во Италија започна најголемото судење на мафија во кое се обвинети 350 припадници и соработници на кланот Ндрангета, за кој велат дека е побогат од Дојче Банк. Се наведува дека овој клан има монопол на увозот на кокаин во Европа. Новинарите пренесуваат дека ова е најголемото судење на италијанска мафија по 30 години. Судењето опфаќа и дел од локалните официјални лица, функционери, полицајци и бизнисмени. Истото се одржува во специјален бункер во судница на југот од Италија од каде и е мафијата. Судницата само за адвокатите има 600 места, а над 300 за обвинети. Судењето на криминалната група на нејзина територија е претставува силен одговор на државата. Интересно е што во процесот има 58 заштитени сведоци, кои биле припадници на мафијата, а кои сега соработуваат со полицијата. Во процесот, како што јавуваат медиумите, ќе се појави и Емануел Манкусо, син на Леон Макусо кој пак е роден брат на главниот обвинет, Луиџи Манкусо. Ндрангета е мафијашка криминална организација од југот на Италија, која од 50-тите години е проширена на северот од земјата, но и со светот. Американски дипломаски извори проценуваат дека нејзините приходи од трговијата со дрога, изнуда и перење пари чинат најмалку 3 проценти од БДП на Италија. Судењето го води најпознатиот италијански антимафијашки обвинител Никола Гратери кој повеќе од три децении живее под полициска заштита. Од 58-те сведочи се очекува да ја разоткријат мафијашката активност на групата и да го прекршат кодексот на молчење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-predal-tatkoto-i-chichkoto-pochna-sudenjeto-na-najmokjnata-italijanska-mafija/feed/ 0
Почнува најголемото судење против италијанската мафија во изминатите 30 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-najgolemoto-sudenje-protiv-italijanskata-mafija-vo-izminatite-30-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-najgolemoto-sudenje-protiv-italijanskata-mafija-vo-izminatite-30-godini/#respond Wed, 13 Jan 2021 10:03:24 +0000 https://kurir.mk/?p=454682

Повеќе од 350 припадници на мафијата, политичари, правници, бизнисмени и други обвинети ќе се појават на суд во јужниот калабриски град Ламези Терме. Обвинителите се надеваат дека со судскиот процес ќе и се зададе удар на криминалната група Ндрангета, која дејствува и глобално. Обвинителите треба да докажат дека Ндрангета уште од 90-тите години на минатиот век е вклучена во убиства, илегална трговија со дрога, уцени, перење пари и други криминални дела. – Судењето е камен темелник за изградба на ѕид против мафијата во Италија, изјави обвинителот Никола Гратери. Ндрангета го контролира протокот на кокаин во Европа и се смета за најмоќна криминална организација во Италија. Се очекува судскиот процес против 355 обвинети, кои ги бранат над 900 адвокати, да трае најмалку една година. Ндрангета не се занимава само со илегална трговија со дрога, уцени и лихварство, туку ги користи фирмите за повторно вложување на незаконската добивка. Во многу делоиви на Калабрија, Ндрангета е инфилтрирана во сите подрачја на јавниот живот. Ндрангета годишно заработува повеќе од 50 милијарди евра, со што е најбогата криминалната група во светот. Судењето во моментот е насочено кон фамилијата Манкусо и нејзината мрежа соработници, кои го контролираат подрачјето Вибо Валентиа во Калабрија. Помеѓу обвинетите се голем број правници, политичари, поранешни пратеници, градоначалници, функциоонери и бизнисмени. Првото италијанско големо судење е спроведено во Палермо во средината на 80-тите година против сицилијанската мафија Коза Ностра, при што беа осудени 338 лица. Мафијата подоцна ги уби обвинителите Џовани Фалконе и Паоло Борсеино.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-najgolemoto-sudenje-protiv-italijanskata-mafija-vo-izminatite-30-godini/feed/ 0
Неколку шефови на италијанската мафија поради Ковид-19 од затвор префрлени во домашен притвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-shefovi-na-italijanskata-mafija-poradi-kovid-19-od-zatvor-prefrleni-vo-domashen-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-shefovi-na-italijanskata-mafija-poradi-kovid-19-od-zatvor-prefrleni-vo-domashen-pritvor/#respond Mon, 27 Apr 2020 13:02:13 +0000 https://kurir.mk/?p=338056

Поради пандемијата на Ковид-19 неколкумина шефови на италијанската мафија со двоцифрени пресуди се ослободени и се наоѓаат во домашен затвор. Тоа го соопшти обвинителот одговорен за борба со мафијата и тероризам, Федерико Кафиеро де Рао. Целта на властите во Италија е да се заштитат затворениците. Владата не гледа друг начин да ги заштити затворите од пандемијата, освен да пушти некои затвореници. Во домашен притвор се наоѓаат тројца членови на италијанската мафија, но на списокот со ослободени мафијаши веројатно се наоѓаат уште дваесетимина, објави Си Ен Ен. Засега дома се испратени 78-годишниот влијателен член на Коза ностра, Франческо Бонура, 65-годишниот Винченцио Јанацо од кланот Ндрангета и еден од босовите на кланот Казалеси, Пасквале Загарија. Последниот отслужува 20-годишна затворска казна од 2007 година, Јанацо е осуден на 14 години затвор во 2018 година, додека Бонура е осуден на 23 години затвор пред само девет месеци. Во италијанските затвори се наоѓаат 74 влијателни мафијаши кои се над 70-годишна возраст. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-shefovi-na-italijanskata-mafija-poradi-kovid-19-od-zatvor-prefrleni-vo-domashen-pritvor/feed/ 0