италијанска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Apr 2020 07:01:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png италијанска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Италијанската Влада бара одобрение за нови трошења https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-vlada-bara-odobrenie-za-novi-troshenja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-vlada-bara-odobrenie-za-novi-troshenja/#respond Sat, 25 Apr 2020 07:01:07 +0000 https://kurir.mk/?p=337019

Италијанска Влада бара од Парламентот да одобри огромни износи за нови трошења, со што драстично ќе се зголеми државниот јавен долг на земјата која е една од најпогодените од епидемијата на Ковид-19. Кабинетот на премиерот Џузепе Конте донесе одлука за ревидиран буџет за оваа година, за кој се потребни 55 милијарди евра долг, 24,85 милијарди наредната година и долг со слична висина уште неколку години. Буџетот мора да го одобри Парламентот. Владата наведува дека мора да го зајакне националниот здравствен систем, чии оддели за интензивна нега ги преоптовари огромниот број пациенти со коронавирус, како и да обезбеди дополнителни средства за службите за спроведување закони и цивилна заштита во вонредни ситуации. Повеќе средства ќе бидат издвоени и за приватниот и за јавниот економски сектор и за безбедносни услови за работниците кои се враќаат на работа после укинувањето на мерките кои сега траат веќе седум недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-vlada-bara-odobrenie-za-novi-troshenja/feed/ 0
Новата италијанска Влада положи заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-italijanska-vlada-polozi-zakletva-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-italijanska-vlada-polozi-zakletva-2/#respond Thu, 05 Sep 2019 09:38:18 +0000 https://kurir.mk/?p=237273

Новата италијанска коалициска Влада денеска положи заклетва во свечената сала на Квириналската палата, службената резиденција на претседателот Серџо Матарела. – Се колнам дека ќе бидам лојален на републиката и ќе го почитувам нејзиниот устав и закони и ќе ги извршувам моите должности само во интерес на нацијата, рече премиерот Џузепе Конте. Истите зборови ги кажаа сите 21 министер во Владата. Членовите на новиот кабинет, чија просечна возраст е 37 години, во моментов ја одржуваат својата прва седница. Една од првите одлуки што се очекува да се донесе е назначувањето на поранешниот премиер Паоло Џентилони од Демократската партија, за претставник на Италија во новата Европска комисија. Новата Влада ја сочинуваат Движењето пет ѕвезди, членка на досегашната владејачка коалиција, и опозициската Демократска партија. Формирањето на новата влада доаѓа по распадот на досегашната коалиција на Движењето пет ѕвезди и десничарската Лига на Матео Салвини, кој сакаше нови избори со надеж дека ќе освои мнозинство доволно за Лигата сама да формира Влада, а со оглед на големата популарност што во моментов лично ја ужива поради својата антиимигрантска и анти-ЕУ политика. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-italijanska-vlada-polozi-zakletva-2/feed/ 0
Гласањето за недоверба на италијанската Влада пролонгирано до 20 август https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glasanjeto-za-nedoverba-na-italijanskata-vlada-prolongirano-do-20-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glasanjeto-za-nedoverba-na-italijanskata-vlada-prolongirano-do-20-avgust/#respond Wed, 14 Aug 2019 06:42:36 +0000 https://kurir.mk/?p=229475

Гласањето за недоверба на италијанската Влада на премиерот Џузепе Конте закажано е за 20 август, одлучи Парламентот. Датумот за гласање е договорен помеѓу претставниците на сите парламентарни партии, освен владејачката Лига, Форца Италија на Силвио Берлускони и Италијански браќа кои бараа гласањето да биде денеска со цел да се забрза процесот кој води кон нови избори. Кризата на италијанската политичка сцена беше иницирана од министерот за внатрешни работи и лидер на Лига, Матео Салвини, кој минатата недела побара предвремени парламентарни избори, истакнувајќи дека владејачкото мнозинство во Движењето Пет ѕвезди не постои повеќе. Неговото барање уследи по несогласувањата со Движењето Пет ѕвезди за прашањата за миграцијата и за буџетот. Претседателот на Италија, Серџо Матарела е единствен кој има ингеренции да го распушти Парламентот и доколку на Владата и биде изгласана недоверба ќе мора да закаже избори најрано во октомври или да постави нова Влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glasanjeto-za-nedoverba-na-italijanskata-vlada-prolongirano-do-20-avgust/feed/ 0
Италијанската Влада доби глас на доверба во Сенатот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-vlada-dobi-glas-na-doverba-vo-senatot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-vlada-dobi-glas-na-doverba-vo-senatot/#respond Wed, 07 Nov 2018 14:01:23 +0000 https://kurir.mk/?p=124785

Италијанската Влада денеска доби глас на доверба во Горниот дом на Парламентот откако Сенатот  го одобри контроверзниот предлог-закон. Гласањето за предлог-законот истовремено беше и гласање за доверба на Владата. Тоа обично се прави со цел да се избегнат долги дискусии во Парламентот за одреден законски проект. Разработениот и предложен предлог- закон од вицепремиерот и лидер на десничарската Лига Матео Салвини предвидува строги имигрантски правила, го ограничува правото на азил и го дополнува постојниот закон против тероризмот и мафијата. Сенатот го усвои проект-законот со 163 гласа „за“, 59 „против“, меѓу кои и членови на  Движење Пет ѕвезди, кои не го поддржаа. Доколку не се усвоеше законот, на Владата ќе и се наложеше да поднесе оставка. Одлуката да се побара гласање за доверба, ги покажува постојните тешкотии во владината коалицијата. Доаѓањето на власт во јуни на коалицијата Движењето Пет ѕвезди и Лигата, си постави за цел да стави крај на пристигнувањето на нелегалните мигранти. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-vlada-dobi-glas-na-doverba-vo-senatot/feed/ 0
Новата италијанска Влада положи заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-italijanska-vlada-polozi-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-italijanska-vlada-polozi-zakletva/#respond Fri, 01 Jun 2018 15:10:40 +0000 https://kurir.mk/?p=61124

Членовите на новата италијанска Влада на премиерот Џузепе Конте денеска положија заклетва во претседателската палата Квиринале во Рим, со што во последен момент е избегнато распуштање на Парламентот избран пред три месеци и одржување на предвремени избори. Конте, малку познат професор по приватно право, за премиерската функција беше предложен од страна на антисистемското Движење Пет ѕвезди (М5С) и десничарската популистичка партија Лига, чии лидери Лујџи ди Мајо и Матео Салвини вчера постигнаа нов договор за формирање коалициска влада. Двете партии и претходно постигнаа договор за формирање влада, но италијанскиот претседател Серџо Матарела одби да го одобри предложениот кабинет, несогалсувајќи се со некои кадровски решенија, пред се со изборот на евроскептикот Паоло Савони за министер за економија. По постигнувањето на новиот договор, Матарела синоќа и официјално на Конте му го довери мандатот за формирање влада, со што официјално започна постапката за избор на владиниот кабинет. Конте утрово при напуштањето на својот дом на насобраните новинари им изјави дека е „малку збунет“. - Дали сум збунет? Па да, малку сум, изјави Конте. Согласно процедурата, по стапувањето на должност на новата Влада, која бори 19 министри, во текот на следната недела Парламнетот ќе треба да се изјасни за доверба на владиниот Кабинет. Италијанските медиуми како интересен факт го посочуваат тоа што кандидатите за министри од редовите на М5С на денешната церемонија во палатата Квиринале пристигнале со такси возила, додека оние од редовите на Лигата со сопствени автомобили. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-italijanska-vlada-polozi-zakletva/feed/ 0