италијански инфектолог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Jul 2020 11:53:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png италијански инфектолог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Крај на пандемијата? Инфектолог тврди дека Ковид-19 во Италија нема https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-pandemijata-infektolog-tvrdi-deka-kovid-19-vo-italija-nema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-pandemijata-infektolog-tvrdi-deka-kovid-19-vo-italija-nema/#respond Sun, 12 Jul 2020 11:48:36 +0000 https://kurir.mk/?p=374507

Експертот за инфективни болести Матео Басети, директор на Клиниката за инфективни болести во Џенова, вели дека епидемијата на Ковид-19 во Италија поминала и оти тоа може да се види од бројките. – Оној што ја следи епидемиолошката ситуација во Италија може да мисли дека сè уште сме во екот на епидемијата на коронавирусот. Сите вести почнуваат со дневни извештаи за бројот на заразени и хоспитализирани. Но, тоа е погрешен впечаток. Епидемијата на Ковид-19 помина, и тоа се гледа од бројките: имавме 4.000 пациенти на интензивна нега, а денес во земја со над 60 милиони жители, само 60, вели доктор Басети. Тој ја критикуваше тенденцијата секојдневно, како воени извештаи, да се зборува за раст на заразени лица без анализа на податоците за тоа колку се асимптоматски, колку се хоспитализирани и слично. Во ниту една земја не се прави така, само во Италија, тврди доктор Басети. – Се инсистира на негативни податоци и се заборава дека Италија беше прва на удар на пандемијата и оти успеавме да излеземе од кризата, вели инфектологот. Според него, проблемот е во комуникацијата и тој ги гледа виновниците во локалните институции, медиумите, но и меѓу „експертите“ на кои им припаѓа. – Тоа инсистирање на негативните работи само ги збунува луѓето, ги плашиме, а здравствената криза, барем што се однесува до Италија, заврши, заклучи Басети. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-pandemijata-infektolog-tvrdi-deka-kovid-19-vo-italija-nema/feed/ 0