италијански научници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Dec 2021 11:47:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png италијански научници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Италијански научници развиваат летечки човековиден робот https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/italijanski-nauchnici-razvivaat-letechki-chovekoviden-robot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/italijanski-nauchnici-razvivaat-letechki-chovekoviden-robot/#respond Thu, 09 Dec 2021 11:47:19 +0000 https://kurir.mk/?p=606062

Роботите полека ги прошируваат своите операции вон контролираните лабораториски средини – во „хаосот“ на архитектонската инфраструктура во реалниот свет, каде што одењето од точка А до точка Б стана предизвик. Така, компанијата „Роботикс“ од Италија, сега работи на развој на робот-хеликоптер со облик на човек. Даниеле Пучи, шеф на лабораторијата на Италијанскиот институт за технологија, кој инсталираше целосно функционален џет-пак на човековидниот синтетички робот „Ајронкаб“ (iRonCub – железно младенче), полага надеж дека тоа еден ден ќе полета како „Железниот човек“ (Iron Man). Човековидните роботи имаат предност во однос на езотеричните конструкции и беспилотните летала кога станува збор за одговор на катастрофи, бидејќи тие можат полесно да се справуваат со светот што веќе е дизајниран за човечките потреби. Меѓутоа, во случај на природна катастрофа, инфраструктурата наменета за обична човечка употреба, може да биде и непроодна, со што ќе се поништат придобивките од хуманоидниот робот. Но, со комбинирање на хуманоидниот дизајн со можноста за летање, тимот на Пучи сака да ги искористи најдобрите аспекти на двете технологии. -Ваквите роботи комбинираат манипулација со воздух и човековидна роботика и на тој начин летечките роботи би можеле да ги надминат пречките и да ги прошират своите можности. Односно, ќе можат да одат, летаат, да ракуваат и пренесуваат предмети, притоа нудејќи енергетски ефикасни решенија, велат научниците. Тимот истражувачи верува дека ваквите системи еден ден би можеле да дејствуваат како спасувачи во разни природни катастрофи во кои годишно умираат околу 90.000 луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/italijanski-nauchnici-razvivaat-letechki-chovekoviden-robot/feed/ 0
Стотина италијански научници упатија апел за итни мерки против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotina-italijanski-nauchnici-upatija-apel-za-itni-merki-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotina-italijanski-nauchnici-upatija-apel-za-itni-merki-protiv-koronavirusot/#respond Fri, 23 Oct 2020 14:07:47 +0000 https://kurir.mk/?p=419848

Повеќе од сто италијански научници од различни професионални сфери упатија апел до претседателот и премиерот на Италија, изразувајќи загриженост во врска со секојдневното зголемување на бројот на лица заразени со Ковид-19. Тие во писмото наведуваат дека е потребно, паралелно со мерките за зачувување на економијата и работните места, да се зачува и правото на индивидуално и колективно здравје на граѓаните, во согласност со Уставот. „Неопходно е да се преземат итни и ефективни мерки, во следните два или три дена, со цел да се запре загрижувачкото ширење на коронавирусот, за да не ги броиме жртвите на Ковид-19 во стотици на ден во наредните денови“, напишаа научниците во пораката до највисоките политички власти на Италија. Како што пренесуваат италијанските медиуми, меѓу поддржувачите се најистакнатите италијански научници, меѓу кои и претседателот на Академијата на науките „Линчеи“, професорот Џорџо Париси. Поддржувачите се научници, универзитетски професори и членови на истражувачки институти, кои не се директно вклучени во донесувањето мерки против ширењето на Ковид-19, но, во услови на загрижувачки раст на инфекцијата, решија да апелираат до властите да преземат итни и одлучни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotina-italijanski-nauchnici-upatija-apel-za-itni-merki-protiv-koronavirusot/feed/ 0
Италијански научници открија каква клима сака коронавирусот, следниот месец под ризик овие земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-nauchnici-otkrija-kakva-klima-saka-koronavirusot-sledniot-mesec-pod-rizik-ovie-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-nauchnici-otkrija-kakva-klima-saka-koronavirusot-sledniot-mesec-pod-rizik-ovie-zemji/#respond Sat, 04 Apr 2020 11:35:15 +0000 https://kurir.mk/?p=327204

Двајца италијански научници, Франческо Фиќетола и Диего Руболини од државниот Универзитет во Милано, открија дека коронавирусот, односно Ковид-19, повеќе го сака ладното и суво време, а со позабавено темпо се шири на висока температура и висока влажност. Резултатите од истражувањето кои што се објавени на интернет страницата medRixix, го креваат алармот кај земјите од јужната хемисвера на светот (опфаќајќи ја Јужна Америка, Јужна Африка, Аустралија и Нов Зеланд) каде што пандемијата би можела да удри уште посилно во наредните месеци. Двајцата научници до ваквиот резултат стигнале откако го проучиле ширењето на Ковид-19 во повеќе од 100 земји како и помали места во целиот свет. Според нив инфекцијата побрзо се шири на ниска влажност и просечна температура од 5 степени. Инаку, на висока температура и висока влажност на воздухот карактеристична за тропските земји, се чини дека епидемијата се шири со позабавено темпо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-nauchnici-otkrija-kakva-klima-saka-koronavirusot-sledniot-mesec-pod-rizik-ovie-zemji/feed/ 0
Италијански научници го изолираа новиот коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-nauchnici-go-izoliraa-noviot-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-nauchnici-go-izoliraa-noviot-koronavirus/#respond Mon, 03 Feb 2020 06:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=298368

Италијански научници од Националниот институт за заразни болести го изолираа новиот коронавирус, објавија италијанските медиуми. – Ова е меѓународно значајна вест. Ова создава повеќе можности за разбирање и проучување на вирусот за да се спречи неговото ширење, рече италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза. Институтот во Рим ќе ги стави на располагање овие резултати на други земји за да може истражувањето да продолжи. Експертите во светот веќе се во трка да ја развијат вакцината. Со изолирање на вирусот, научниците во Рим добија чист микробен примерок од заразено лице наместо да ги одгледуваат во лабораторија. Научниците од Римскиот институт испитуваат и неколку случаи за кои се сомневаат дека се коронавирус. Два случаи се веќе потврдени во Италија,а станува збор за кинески туристи кои се заразиле во матичната земја. Научниците рекоа дека биле во можност да го изолираат вирусот во рок од 48 часа по дијагностицирањето. Пред неколку дена, австралиски научници успеаја да создадат коронавирус во лабораторија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-nauchnici-go-izoliraa-noviot-koronavirus/feed/ 0